GWS 18V15 S Professional - Мелница за кафе BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GWS 18V15 S Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GWS 18V15 S Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Мелница за кафе во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GWS 18V15 S Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GWS 18V15 S Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GWS 18V15 S Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа.
sr Originalno uputstvo za rad
sl.1zvima navedila
hr Originalne upute za rad
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност на електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност.
Грешките настанати како резултат
од непридржување до безбедносните напомени и
упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, єе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата,алиштата и ракавиците треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или сетот на батерии од електричниот алат, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на мокните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за аголни брусилки
Безбедносни предупредувања за брусење, шмирглање, жичано четкање и абразивно сечење
▶ Овој електричен алат е наменет да функционира како алат за брусење, шмирглање, жичано четкање или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции приложени подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/или тешки повреди.
▶ Операциите како на пр. полирање не се препорачува да се вршат со овој електричен алат.
Операциите за кои не е наменет електричниот алат може да предизвикаат опасност и лична повреда.
He користете дополнителна опрема која не е специјално дизајнирана и не е препорачана од производителот на алатот. Само затоа што дополнителната опрема може да се вгради во вашиот електричен алат, не значи дека може да се обезбеди безбедно работење.
▶ Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максимальната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
▶ Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира.
Навојот за монтирање на дополнителната опрема мора да одговара на осовината за монтирање на брусилката. За дополнителна опрема која се монтира со прирабницата, насадениот отвор мора да одговара на дијаметарот на спојната прирабница. Дополнителната опрема која не е соодветна на хардверот на електричниот алат не може да одржува рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да предизвика губење на контрола.
▶ Не користете оштетена дополнителна опрема. Пред употреба проверете ја дополнителната опрема, како на пр., абразивните дискови за иверки и струготини, заштитната подлога за отвори, стружење или претерано абење, жичаната четка за олабавени или пукнати жици. Ако електричниот алат или дополнителната опрема падне, проверете дали е оштетена или инсталирајте неоштетена дополнителна опрема. По проверката и инсталирањето на дополнителната опрема, вие и лујето во близина поместете се подалеку од површината на ротирачката опрема, и включете го електричниот алат на максимальна брзина без оптоварување една минута. Оштетената дополнителна опрема вообичаено се расипува во текот на овој тест период.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка, којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи спречување на остатоци што се распрескуваат при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на
интензивна бучава може да доведе до губење на слухот.
Луғето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчиња од делот што го обработувате или расипана дополнителна опрема може да експлодира и распрска и да предизвика повреда надвор од непосредната работна површина.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете со дополнителната опрема, за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со жица под напон, може да ги изложи металните делови на електричниот алат под напон и операторот може да добие струен удар.
▶ Не го оставајте електричниот алат долу додека дополнителната опрема не запре целосно.
Ротирачката опрема може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша контрола.
▶ Не го вклучувајте електричниот алат додека го држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка дополнителна опрема може да ја закачи вашата облека, со повлекување на дополнителната опрема кон вашето тело.
Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Вентилаторот на моторот повлекува прав во кукиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електричен удар.
▶ Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали.
He користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар.
Одбивање и поврзани предупредувања
Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга дополнителна опрема. Приклештувањето или закачувањето предизвikuва брзо маневрирање на ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна, предизвikuва присилно насочување на неконтролираниот електричен алат во спротивен правец од ротирањето на опремата во точката на навалување. На пример, ако абразивен диск е закачен или приклештен од делот што го обработувате, острицата на дискот која влегува во приклештената точка може да се зарие во површината на материјалот и дискот да се помести или ослободи. Дискот може да скокне или одбие од операторот, во зависност од насоката на движење на дискот во точката на приклештување. Абразивните дискови, исто така, може да се искршат под овие услови. Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да
се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки приложени подолу.
Цврсто држење на електричниот алат и позиционирање на вашето тело и рака за да се овозможи отпор на силите на одбивање. Секогаш користете помошна рачка, доколку има, за максимальна контрола на одбивањето или силата на вртење при вклучување. Операторот може да ги контролира реакциите на силата на вртење или силите на одбивање, доколку се преземаат соодветни превентивни мерки.
He ја ставајте раката во близина на ротирачката дополнителна опрема. Дополнителната опрема може да се одбие преку вашата рака.
He го позиционирајте вашето тело во областа каде електричниот алат се движи, доколку настане одбивање. Одбивањето ќе го придвижи алатот во спротивен правец од движењето на дискот во точката на закачување.
▶ Обрнете посебно внимание при изработка на агли, остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и закачување на дополнителната опрема. Аглите, острите ивици или отскокнувањето може да доведат до закачување на дополнителната опрема и да предизвикаат губење на контрола или одбивање.
▶ Не поврзувајте пила со ланец, сечило за резбање на дрво или пила со запци. Овие сечила
предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола.
Безбедносни предупредувања специфични за брусење и абразивно сечење
▶ Користете само видови на дискови, коишто се препорачуваат за вашиот електричен алат, и специфична заштита дизајнирана за избраниот диск. Дискови коишто не се дизајнирани за дадениот електричен алат не може соодветно да се заштитат и не се безбедни.
▶ Површината за брусење на централните потиснати дискови мора да се инсталира под рамнината на заштитниот поклопец. Неправилно монтиран диск којшто се протега преку рамнината на заштитната рамка не може соодветно да се заштити.
▶ Заштитата мора да биде безбедно прицврстена на електричниот алат, и соодветно поставена за да обезбеди максимальна безбедност, така што минимален дел од дискот да биде изложен кон операторот. Заштитата го заштитува операторот од скршените парчиња на дискот, случаен контакт со дискот и искри коишто можат да ја запалат облеката.
Дисковите мора да се користат само за соодветни намени. На пример: не користете диск за сечење за странично брусење. Абразивните дискови за сечење се наменети за периферно брусење, страничните сили што се применуваат на овие дискови може да предизвикаат нивно распарчување.
▶ Секогаш користете неоштетени прирабници за дискови со правилна величина и форма за вашиот
избран диск. Соодветните прирабници за дискови го потпираат дискот со што се намалува можноста од кршење на дискот. Прирабниците за дискови за сечење може да се разликуват од прирабниците за дискови за брусење.
▶ Не употребувајте користени дискови од поголеми електрични алати. Диск наменет за поголеми мојни алати не е соодветен за големи брзини на мали алати и може да се распрснат.
Дополнителни безбедносни предупредувања специфични за абразивно сечење
He ro “притискајте” дискот за сечење и не применувајте прекумерен притисок. Не настојувајте да направите прекумерно длабок засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и навалување на дискот во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот.
He застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск.
Кога дискот, во текот на операцијата, се движи подалеку од вашето тело, одбивањето може да го придвижи ротирачкиот диск и моќниот алат директно кон вас.
Koga дискот се навалува или кога го прекинува сечењето заради некоја причина, исключете го алатот и држете го неподвижен додека дискот целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го извадите дискот за сечење од засекот додека се движи или може да дојде до одбивање. Проверете и преземете поправно дејство за да ја елиминирате причината за навалување на дискот.
He започнувајте повторно со сечење во делот што го обработувате. Почекајте додека дискот да достигне целосна брзина и внимателно влезете повторно во засекот. Дискот може да се навали, придвижи или одбие ако го рестартирате моќниот алат во делот што го обработувате.
▶ Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го обработувате за да го намалите ризикот од приклештување и одбивање на дискот. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под делот што го обработувате покрај линијата на засекот и покрај ивицата на делот што го обработувате на двете страни на дискот.
▶ Користете дополнителни мерки за претпазливост кога правите "чебен засек" во постоечки сидови или други слепи површини. Климав диск може да пресече цевки за гас или вода, електрични жици или предмети кои може да предизвикаат одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за шмирглање
▶ Не користете преголема шмиргла. Следете ги упатствата на производителите, кога бирате шмиргла. Големите шмирgli кои ја надминуваат подлогата за шмирглање претставуваат опасност и
може да предизвикаат закачување, кинење на дискот или одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за жичано четкање
▶ Внимавајте бидејки четката исфрла жичани влакна дури и за време на вообичаени операции. Не ги преоптоварувајте жиците со преоптоварување на четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во облека и/или кожа.
▶ Ако се препорачува користење на заштита за жичано четкање, не дозволувајте попречување меѓу жичаниот диск или четката со заштита.
Жичаниот диск или четка може да се прошират во дијаметар заради работното оптоварување и центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни напомени

Носете заштитни очила.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр. по вадење на акумулаторот. Со тоа ће спречите неконтролирано рестартирање на уредот.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Внимание! При користењето на електричниот алат со Bluetooth ^2 може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се ислучи можноста за повреда на луße и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth ^® во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете електричниот алат со Bluetooth ^® во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење, грубо брусење и четкање на метални и камени материјали без употреба на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се користи специјална заштитна хауба за сечење. При сечењето во камен погрижете се за доловно вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат може да се користи за брусење со брусна хартија. Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth® Low Energy модул GCY 42 со помош на Bluetooth® радио технологијата меѓу електричниот алат и мобилниот уред.
Илустрирани компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Лост за отклучување на заштитниот капак
(2) Стрелка за правец на вртење на кукиштето
320 | Македонски
(3) Копче за блокирање на вретеното
(4) Кориснички интерфејс
(5) Прекинувач за включување/исклучување
(6) Капак Bluetooth® Low Energy модул GCY 42
(7) Батерија ^a)
(8) Копче за отклучување на батерија ^a)
(9) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(10) Капак за всисување за брусење ^3)
(11) Приключна прирабница со О-прстен
(12) Лончеста плоча од тврд метал ^3)
(13) Брзозатезна навртка со држач
(14) Заштитен капак за брусење
(15) Брусна плоча
(16) Заштитен капак за сечење ^a)
(17) Диск за сечење ^a)
(18) Рачка (изолирана површина на рачката)
(19) Брусно вретено
(20) Заштита за рацете ^a)
(21) Гумен брусен диск ^4
(22) Брусно сечило ^a)
(23) Тркалезна навртка ^3)
(24) Лончеста четка ^a)
(25) Дијамантска крупеста бургија ^a)
(26) Капак за всисување за сечење со лизгачки водилки ^3)
(27) Дијамантски диск за сечење ^a)
(28) Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс)
(29) Приказ за ислучување при повратен удар (Кориснички интерфејс)
(30) Копче за претходно избирање на бројот на вртежи (Кориснички интерфејс)
(31) Приказ за степенот на вртежи/режимот (Кориснички интерфејс)
(32) Приказ за паметен телефон (Кориснички интерфејс)
(33) Приказ за статусот на електричниот алат (Кориснички интерфејс)
(34) Приказ за температура (Кориснички интерфејс)
(35) Ламелеста брусна плоча ^a)
a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Аголна брусилка GWS 18V-15 C GWS 18V-15 SC GWS 18V-15 SC | |||
| Број на дел/артикл | 3 601 JH6 0.. 3 601 JH6 1.. 3 601 JH6 3.. | ||
| Номинален напон V= 18 18 18 | |||
| Номинален број на вртежи ^A) | min ^-1 | 11000 11000 8500 | |
| Број на вртежи во празен од ^B) | min ^-1 | 9800 3400–9800 2600–7400 | |
| Макс. дијаметар на брусната плоча | mm 125 125 150 | ||
| Навој на вретеното за брусење M 14 M 14 M 14 | |||
| Макс. должина на навојот за вретеното за брусење | mm 22 22 22 | ||
| Исклучување при повратен удар | ● ● ● | ||
| Заштита од рестартирање ● ● ● | |||
| Сопирачка за исфрлување од брзина | ● ● ● | ||
| Одредување на број на вртежи – ● ● | |||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^C) | |||
| – Со дополнителна рачка за придушување на вибрациите | kg 2,6–3,6 2,6–3,6 2,7–3,7 | ||
| – Со стандардна дополнителна рачка | kg 2,4–3,4 2,5–3,5 2,5–3,5 | ||
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 | 0 ... +35 | 0 ... +35 |
Аголна брусилка GWS 18V-15 C GWS 18V-15 SC GWS 18V-15 SC
| Дозволена околнатемпература при работење ^(1) ипри складирање | °C -20 ... +50 -20 ... +50 -20 ... +50 | ||
| Компатибилни акумулаторскибатерии | GBA 18V...ProCORE18V... | GBA 18V...ProCORE18V... | GBA 18V...ProCORE18V... |
| Препорачани акумулаторскибатерии за целосно полнење | ProCORE18V... ≥ 5,5 Ah ProCORE18V... ≥ 5,5 Ah ProCORE18V... ≥ 5,5 Ah | ||
| Препорачани полначи GAL 18... | GAL 18... | GAL 18... | |
| GAX 18... | GAX 18... | GAX 18... | |
| GAL 36... | GAL 36... | GAL 36... | |
Пренос на податоци
| Bluetooth* | Bluetooth ^4.2 (Low Energy) ^E) | Bluetooth ^4.2 (Low Energy) ^E) | Bluetooth ^4.2 (Low Energy) ^E) | |
| Растојание на сигналот s 8 8 8 | ||||
| Максимален опсег на сигналот ^F) | m 30 30 30 |
A) Номинален број на вртежи според нормата EN 60745-2-3
В) мерено при 20–25 °C со батерија ProCORE18V 8.0Ah и зависно од состојбата на наполнетост на батеријата како и оперативната температура на уредот
С) во зависност од употребената батерија
D) ограничена јачина при температури <0 °C
E) Мобилните уреди мора да се компатибилни со Bluetooth ^* Low Energy уредите (верзија 4.2) и да го поддржуваат Generic Access Profile (GAP).
F) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, включително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. сидови, ормари, куфери итн.) опсегот на Bluetooth® може значително да се намали.
Информации за бучава/вибрации
GWS 18V-15 C GWS 18V-15 SC GWS 18V-15 SC
3 601 JH6 0.. . 3 601 JH6 1.. 3 601 JH6 3..
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60745-2-3.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А, типично изнесува
| Звучен притисок | dB(A) | 81 | 81 | 82 |
| Звучна јачина | dB(A) | 92 | 92 | 93 |
| Несигурност К | dB | 3 | 3 | 3 |
| Носете заштита за слухот! | ||||
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-3:
Површинско брусење:
Брусење со брусен диск:
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се
322 | Македонски
користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на длankите, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Поставување на Bluetooth® Low Energy модул GCY 42
Напомена: Кaj електрични алати GWS 18V-15 C Bluetooth Low Energy модул GCY 42 е достапен како опрема; кaj електричните алати GWS 18V-15 SC е содржан во обемот на испорака.
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ї наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (7) има два степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата (8).
Се додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
За да ја извадите батеријата (7) притиснете на копчињата за отворање (8) и извлечете ја батеријата од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , щада се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Напомена: Наполнетоста на батеријата се прикажува и на корисничкиот интерфејс (4) (види „Прикази за costојба“, Страница 327).
Монтирање на заштитен уред
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.
Ставете го заштитниот капак (14) на прифатот од електричниот алат, додека кодираните запци на заштитниот капак не се поклопат со прифатот. Притоа, притиснете го и држете го лостот за отлучување (1). Притиснете го заштитниот капак (14) на грлото на вретеното додека венецот на заштитниот капак не легне на прирабницата на електричниот алат и вртете
го заштитниот капак додека не осетите дека се вклопил. Подесете ја позицијата на заштитната хауба (14) според потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го лостот за отлучување (1) нагоре и завртете го заштитниот капак (14) во саканата позиција.
▶ Секогаш поставувајте го заштитниот капак (14) така што двата запци на лостот за отклучување (1) во соодветните отвори на заштитниот капак (14) ке влезат.
▶ Поставете ја заштитната хауба (14) на тој начин што ње го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
▶ Заштитниот капак (14) смее да се врти само со притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку, електричниот алат не смее да се користи и мора да се предаде на сервисната служба.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (14) гарантираат, дека на електричниот алат може да се монтира само еден заштитен капак што му одговара.
▶ При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (16).
▶ При сечењето во камен погрижете се за довольно вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (16) се монтира како заштитна хауба за брусење (14).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (26) се монтира како заштитна хауба за брусење (14).
Капак за всисување при брусењето
За брусење на бои, лакови и пластика со лончести плочи од цврст метал (12) каде што не се создава многу прав може да го користите капакот за всисување (10). Капакот за всисување (10) не е погоден за обработка на метал.
На капакот за всисување (10) може да се приклучи Bosch-всисувач.
Капакот за всисување (10) се монтира како и заштитниот капак (14). Обрачот со четки е заменлив.
Дополнителна рачка
▶ Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (9).
Навртете ја дополнителната рачка(9) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.
Дополнителна рачка за придушување на вибрациите
Vibration Control
Дополнителната рачка за придушување на вибрациите овозможува работење со мали
вибрации и пријатна и безбедна работа.
▶ Во никој случај не ја менувајте дополнителната рачка.
Не ја користете оштетената дополнителна рачка.
Заштита за дланките
▶ За работење со гумен диск за брусење (21)или со лончеста четка/плочеста четка/памелеста брусна плоча секогаш монтирајте ја заштитата за раçете (20).
Зацврстете ја заштитата за рацете (20) со дополнителната рачка (9).
Монтирање на брусни алати
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (19) и сите делови за монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (3), за да го зацврстите вретеното за брусење.
▶ Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава). Редоследот на монтажата може да се види на графичката страница.
За прицврстување користете ја брусната плоча/дискот за сечење без други алати со брзозатезната навртка (13). Користете ја брзозатезната навртка (13) само со брусната плоча/дискот за сечење до максимален дијаметар од 150 mm.
▶ Брзозатезната навртка (13) смее да се користи само за брусни плочи или дискови за сечење.
▶ Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки (13).
▶ При затегнување внимавајте на тоа, страната со натпис на брзозатезната навртка (13) да не покажува кон брусната плоча.
▶ За прицврстување на брусната плоча/дискот за сечење користете ја исключиво испорачаната брзозатезна навртка (13).

Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (3), за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка (13), отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правец на стрелките на часовникот. Потоа преклопете го надолу држачот за фиксирање на брзозатезната навртка. Не є довольно затегнување
на работ на дискот.

Прописно прицврстената и неоштетена брзозатезна навртка (13) можете да ја олабавите со рака. За тоа отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правец спротивно на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка никогаш не ја одвртувајте со алат, туку употребете клуч со два отвори.

text_image
≥4 mmПо монтажата на приклучната прирабница и на брусната плоча/дискот за сечење слободната должна на навојот на брусното вретено треба да изнесува најмалку 4 mm.
Внимавајте на цврсто вклопување на алатот за брусење, така што нема да се одврти од вретеното на крајот од електричниот алат.

Во приключната прирабница (11) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (О-прстен). Доколку недостига О-прстенот или е оштетен, приключната прирабница (11) мора да се замени пред
понатамошна употреба.
По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
▶ При работењето со ламелеста брусна плоча секогаш монтирајте ја заштитата за раçете (20).
▶ При работењето со гумен диск за брусење (21) секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (20).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Ставете го гумениот брусен диск (21) на брусното вретено (19).
Цврсто притиснете го брусниот лист (22) на долната страна на гумениот брусен диск (21).
Навртете ја тркалезната навртка (23) и затегнете ја со клуч со два отвори.
▶ При работењето со лончеста или плочеста четка секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (20).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Лончестата/плочестата четка мора да се наврти на вретеното за брусење додека цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата/плочеста четка со вилушкаст клуч.
Лончеста плоча од цврст метал
▶ Употребата на лончеста плоча е дозволена само со соодветен заштитен капак.
Дозволени алати за брусење
Може да ги користите сите алати за брусење наведени во ова упатство за употреба.
Дозволениот број на вртежи [min ^-1 ] одн. периферната брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да одговара на податоците во следната табела.
Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн. периферната брзина на етикетата на алатот за брусење.
| max. [mm] [mm] | |||||
| D b d [min] | ^-1 [m/s] | ||||
![]() | 115 | 7 | 22,2 | 11000 | 80 |
| 125 | 7 | 22,2 | 11000 | 80 | |
| 150 | 7 | 22,2 | 8500 | 80 | |
![]() | 115 | - | - | 11000 | 80 |
| 125 | - | - | 11000 | 80 | |
| 150 | - | - | 8500 | 80 | |
![]() | 75 30 M 14 11000 45 | ||||
![]() | 82 - M 14 11000 80 | ||||
Вртење на погонската глава (GWS 18V-15 C)
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Погонската глава може да ја вртите со чекори од 90°. Притоа, прекинувачот за вклучување/исклучување за специјалните случаи на работа може да се постави во поповолна позиција за ракување, на пр. за левораки лица.
Целосно одвртете ги 4-те
завртки. Внимателно навалете ја погонската глава и без да ја извадите од ку́киштето ставете ја во новата позиција. Повторно навртете ги 4-те завртки.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Наполнетата батерија (7) притиснете ја однапред навнатре во подножјето на електричниот алат, додека не се заклучи батеријата.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувают за включување/исклучување (5) нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред надолу додека не се вклопи.
За да го исключите електричниот алат, ослободете го прекинувают за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (5) наназад надолу и потоа ослободете го.
▶ Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Исклучување при повратен удар

При ненадејна пречка на електричниот алат, на пр. блокирање на резот при сечење, доводот на струја до моторот електронски їе се прекине. Притоа приказот за исклучување при повратен удар (29) свети.
При активирано ислучување при повратен удар приказот за статус (33) трепка црвено.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) во исключена позиција и одново включете го електричниот алат.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на доводот на струја.
При активирана заштита од рестартирање, приказот за статус (33) трепка црвено.
326 | Македонски
За повторно вклучување ставете го прекинувают за вклучување/исклучување (5) во ислучена позиција и одново включете го електричниот алат.
Исклучување при удар
Интегрираното исклучување при удар го исклучува електричниот алат, штом по пад се најде на земјата. Притоа приказот за статус (33) трепка црвено.
За повторно вклучување ставете го прекинувают за вклучување/исклучување (5) во ислучена позиција и одново включете го електричниот алат.
Корисничкиот интерфејс (4) служи за избирање на бројот на вртежи, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.
Претходно избирање на број на вртежи (GWS 18V-15 SC)
Во фабричката поставка претходно се поставени 3 степени на вртежи. Преку специјална апликација (Bosch Toolbox App) може да се програмираат до 6 степени на вртежи.
Доколку се промени бројот на степени на вртежите, вредностите на поединечните нивоа се стандартно прилагодени. Во овој случај, приказот за степенот на вртежи/режимот (31) свети бело. Доколку една вредност на вртежниот момент е индивидуално програмирана, приказот за степенот на вртежи/режимот (31) приказот за овој степен на вртежен момент свети плаво (тоа значи дека не е според основното поставување). Индивидуалното поставување на степените на вртежи е можно во чекори од по 200 min ^-1 . Внимавајте на нагорната логика на степени ( 2 ≥ 1 / 3 ≥ 2 итн.).
Следните табели ги прикажуваат претходно подесените степени на вртежи (основни поставки) за секој програмиран број на степени.
Зададените вредности за степенот на вртежи зависат од употребената батерија, состојбата на наполнетост, како и оперативната температура на уредот.
Зададените вредности за степенот на вртежи зависит од употребената батерија, состојбата на наполнетост, како и оперативната температура на уредот.
Со копчето за избор на број на вртежи (30) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата. Податоците во приложената табела се препорачани вредности за фабричката поставка со 3 претходно подесени степени на вртежи.
| Материјал Примена Алат за | вметнување | Степен на избор на вртежи | GWS 18V-15 SC (115/125 mm) [min ^-1 ] | GWS 18V-15 SC (150 mm) [min ^-1 ] | |
| Метал Четкање, вадење 'р'а | Лончеста четка 1 3400 2600 | ||||
| Не'р'осувач ки челик | Брусење Влакнест диск 2 6600 5000 | ||||
| Метал Грубо брусење Брусна плоча 3 max max | |||||
| Метал Сечење Брусна плоча 3 max max | |||||
| Камен Сечење Дијамантски диск за | 3 max max | ||||
▶ Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максимальната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
Прикази за состојба
| Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс) (28) | Значење/Причина Решение | |
| зелено Батеријата е полна – | ||
| жолто | Батеријата е речиси празна | Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
| црвено | Батеријата е празна | Заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
| Приказ за температура (34) | Значење/Причина Решение | |
| жолто | Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија) | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади |
| црвено | Електричниот алат е прегреан и се исклучува | Оставете го електричниот алат да се олади |
| Приказ за статусот на електричниот алат (33) | Значење/Причина Решение | |
| зелено Статус ОК | – | |
| жолто | Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
| свети црвено | Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна | Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
| трепка црвено | Исклучувањето при пречки, заштитата од рестартирање или исклучувањето при удар се активирале | Исклучете го и повторно включете го електричниот алат |
| трепка сино | Електричниот алат е поврзан со мобилен уред или поставките се пренесуваат | – |
Функции на поврзување
Приказот за паметен телефон (32) свети, ако електричниот алат има испратено информација на
мобилен уред (на пр. предупредување за температура) со помош на Bluetooth® радио технологијата.
Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY 42 модулот на располагање ги имате следните Connectivity-функции за електричниот алат:
– Регистрирање и персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
- Општи информации и подесувања
- Управување
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Поврзувањето на електричниот алат со апликацијата мора да се потврди со притискање на копчето Претходно избирање на број на вртежи (30) на кориснички интерфејс (4). Апликацијата го бара тоа при поврзувањето.
Совети при работењето
▶ Електричниот алат со вграден Bluetooth® Low Energy модул GCY 42 е опремен со далечински интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.
▶ Во предели каде Bluetooth®-радио технологијата не смее да се користи, мора да се исклучат Bluetooth® Low Energy модулот GCY 42 и копчестата батерија.
▶ Внимавајте на процепите во носечките сидови „Напомени за статика“.
▶ Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина.
▶ Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
▶ Електричниот алат не го користете со држач за сечење.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Доколку електричниот алат се полни електростатички, инсталираната електроника го ислучува електричниот алат. Одново притиснете го прекинувачот за вклучување/ислучување (5), за да може повторно да го користите електричниот алат.
Грубо брусенье
▶ Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето. Поместувајте го електричниот алат напред и назад со умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има бразди.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема) може да обработувате заoblени површини и профили. Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолгрок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски температури при брусеньето отколку вообичаените брусни плочи.
Сечење на метал
▶ При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (16).
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со умерено поместување нанапред по материјалот. Не правете притисок на брусната плоча за сечење, не навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што излегуваат со страничен противпритисок.

Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот. При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е да поставите на најмалиот пресек.
▶ При сечењето во камен погрижете се за довольно вшмукување на правта.
▶ Носете маска за заштита од прав.
▶ Електричниот алат смее да се користи само за сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за всисување за сечење со лизгачки водилки (26) всисувачот на прав мора да биде дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги нуди соодветните всисувачи на прав.

Включете го електричниот алат и поставете го со предниот дел на лизгачките водилки на делот што се обработува. Поместувајте го електричниот алат со умерено движење по материјалот што се обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Напомени за статиката
Процепите во носечките сидови подлежат на нормата DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата. Мора задолжително да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од – 20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Складирајте и третирајте го приборот со внимание.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Јани Лукровски 66; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје
E-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Mo6: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Litiyum-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжижи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 329).



