HISENSE H20MOWS4 - Микробранова печка

H20MOWS4 - Микробранова печка HISENSE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот H20MOWS4 HISENSE во PDF формат.

📄 280 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice HISENSE H20MOWS4 - page 131
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : HISENSE

Модел : H20MOWS4

Категорија : Микробранова печка

Преземете ги упатствата за вашиот Микробранова печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник H20MOWS4 - HISENSE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. H20MOWS4 на марката HISENSE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК H20MOWS4 HISENSE

Искрено ви благодариме за купувањето на овој производ. Веруваме дека наскоро ќе најдете доволно докази оти навистина може да сметате на нашите производи. За да го олесниме користењето на апаратот, го приложуваме ова сеопфатно упатство за употреба. Упатството треба да ви помогне да се запознаете со вашиот нов апарат. Ве молиме внимателно прочитајте го пред првпат да го користите апаратот

Во секој случај, проверете дали апаратот ви е испорачан неоштетен. Доколку откриете штета при транспортот, контактирајте со вашиот продажен претставник или со регионалниот магацин откај што е испорачан производот. Телефонскиот број ќе го најдете на сметката или на испратницата

Ви посакуваме многу задоволство со вашиот нов апарат за домаќинство. Апарат за домаќинство за загревање храна и пијалаци со помош на електромагнетна енергија, само за внатрешна употреба УПАТСТВО ЗА

Ова упатство е наменето за корисникот. Тука е опишана печката и како да се користи. Важи и за други типови апарати, па затоа ќе најдете описи на функции што можеби не се однесуваат на вашиот

Го задржуваме правото на промени и грешки во упатството за употреба

131ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА Никогаш не допирајте ги површините на апаратите за загревање или готвење. Тие се вжештуваат при работа. Чувајте ги децата на безбедно растојание. Постои ризик од изгореници! Микробранова енергија и висок напон! Не вадете го капакот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Апаратот и неговите пристапни делови се вжештуваат при употреба. Треба да се внимава да не се допираат грејните елементи. Децата помали од 8 години треба да се држат подалеку, освен ако не се под постојан надзор. Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со апаратот. Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или недоволно искуство и знаење ако се под надзор, т.е. ако добијат инструкции за безбедно користење на апаратот и ако ги разбираат поврзаните опасности

Децата не треба да си играат со апаратот. Тие не треба да го чистат и одржуваат, освен ако не се постари од 8 години и се под надзор. Чувајте го апаратот и неговиот кабел подалеку од дофат на деца помали од 8 години.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога апаратот работи во комбиниран режим, децата треба да ја користат печката само под надзор на возрасен поради создадените температури; (Само за моделот со грил-функција); 132• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или гумата на вратата се оштетени, печката не смее да работи

додека не ја поправи компетентно лице

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасно е кој било, освен компетентно лице, да врши сервисирање или поправка што опфаќа отстранување на капакот кој обезбедува заштита од изложување на микробранова енергија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течности и друга храна не смее да се загреваат во затворени садови бидејќи може да експлодираат.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со апаратот

Не вадете ги ногарките на печката и не блокирајте го воздухот во неа

Користете само прибор што е погоден за употреба во микробранови печки

Кога загревате храна во пластични или хартиени садови, внимавајте на печката поради можноста

Ако забележите чад, исклучете го апаратот или извадете го од струја и држете ја вратата затворена за да се задуши пламенот.

Загревањето на пијалаци во микробранова печка може да доведе до одложено еруптивно вриење, па затоа мора да се внимава при ракување со

Содржината на шишиња и теглички со храна за бебиња треба да се промеша или протресе, а температурата да се провери пред да се консумира, за да се избегнат изгореници. 133• Јајцата во лушпа и цели тврдо варени јајца не треба да се загреваат во микробранова печка, бидејќи може да експлодираат, дури и кога загревањето во печката завршило.

Кога ги чистите површините на вратата, гумата околу вратата и внатрешноста на печката, користете само благи, неабразивни сапуни или детергенти кои се нанесуваат со сунѓер или со

Печката треба редовно да се чисти и да се отстрануваат сите наслаги од храна.

Неодржувањето на печката во чиста состојба може да доведе до пропаѓање на површината, што може негативно да влијае врз векот на траење на апаратот и евентуално да доведе до опасна ситуација.

Ако доводниот кабел е оштетен, мора да биде заменет од производителот, неговиот сервисер или слично квалификувано лице за да се избегне опасност.

Не оставајте кабелот да виси над работ од масата или работната површина.

За да избегнете опасна ситуација, никогаш не поврзувајте го овој апарат на надворешен тајмер или систем за далечинско управување.

Никогаш не менувајте ја светилката внатре во печката. Секогаш мора да ја замени сервисер на Хајсенс.

Не чистете го апаратот со чистачи на пареа, средства за чистење под притисок, остри предмети, абразивни средства за чистење и абразивни сунѓери и отстранувачи на дамки. 134Како и кај сите апарати, подолу се наведени одредени правила и заштитни мерки што треба да се следат за да се гарантираат врвни перформанси на оваа печка:

Кога ја користите печката, секогаш нека ви бидат наместо стаклената чинија, ротирачките краци, спојката и ротирачката шина

Освен за подготовка на храна, не користете ја печката за друга намена, како на пример, за сушење облека, хартија или други непрехранбени производи, или за стерилизирање.

Не ракувајте со печката кога е празна. Ова може да ја

Не користете ја внатрешноста на печката за складирање, како на пр., хартии, книги за готвење и сл.

Не гответе храна обвиена со мембрана, како што се жолчки од јајце, компири, пилешки џигери и сл. без претходно да ја избоцкате неколкупати со виљушка.

Не вметнувајте никаков предмет во отворите на надворешното куќиште.

Во ниеден момент не отстранувајте делови од печката како што се ногарките, спојката, шрафовите и сл.

Не гответе храна директно на стаклената чинија. Ставете ја храната во/на соодветен сад за готвење пред да ја ставите во печката. ВАЖНО – САДОВИ ЗА ГОТВЕЊЕ ШТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТАТ ВО ВАШАТА МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА

Не користете метални тави или садови со метални

Не користете ништо со метална облога.

Не користете жичени врвци обвиени со хартија на пластични кеси.

Не користете меламински садови оти тие содржат материјал што ја апсорбира микробрановата енергија. Ова може да предизвика пукање или јагленосување на садовите и ќе ја намали брзината на готвење.

Не користете садови Центура. Глазурата не е погодна за употреба во микробранова печка. Не треба да се користат чаши со затворена рачка на Корел Ливингвер (Corelle Livingware)

Не гответе во сад со ограничен отвор, како шише со тапа или запечатено шише со масло, бидејќи може да експлодираат ако се загреат.

Не користете обични термометри за месо или слатки.

Постојат специјални термометри за готвење во микробранова печка. Тие може да се користат

Приборот за микробранови печки треба да се користи само според упатствата на производителот.

Не пржете храна во печката.

Запомнете дека микробрановата печка ја загрева само течноста во садот, но не и самиот сад. Затоа, иако капакот на садот не е жежок на допир кога ќе се извади од БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ОПШТА

135печката, запомнете дека храната/течноста внатре ќе испушта исто количество пареа и/или ќе прска кога ќе се извади капакот како и кај обично готвење.

Секогаш сами проверете ја температурата на зготвената храна, особено ако загревате или готвите храна/течност за бебиња. Препорачливо е никогаш да не консумирате храна/течност директно од печката, туку оставете ја да отстои неколку минути и промешајте ја за топлината рамномерно да се распредели.

Храна што содржи мешавина од маснотии и вода, на пр., супа, треба да отстои 30-60 секунди во печката откако ќе се исклучи. Ова е за да се овозможи смесата да се смири и да се спречи клокотење кога ќе се стави лажица во храната/течноста или кога ќе се додаде коцката супа.

Кога подготвувате/готвите храна/течност, запомнете дека има одредени намирници, на пр., пудинг, џем и мелено месо, кои многу бргу се загреваат. Кога загревате или готвите храна со висока содржина на масти или шеќер, не користете пластични садови.

Садот за готвење може да се вжешти поради топлината што се пренесува од загреаната храна. Ова е особено точно ако горниот дел и рачките на садот биле покриени со пластична фолија. Можеби ќе бидат потребни држачи за ракување со садот.

За да се намали ризикот од пожар во внатрешноста на

Не преварувајте ја храната. Внимателно следете ја микробрановата печка ако внатре има хартија, пластика или други запаливи материјали за да се олесни готвењето.

Отстранете ги жичените врвци од кесите пред да ја ставите кесата во печката.

Ако материјалите во печката случајно се запалат, оставете ја вратата затворена, исклучете ја печката од струја или исклучете го напојувањето кај осигурувачот или на разводната табла. 136КОНТРОЛЕН ПАНЕЛ

Ги прикажува часовникот, времето на готвење и нагодувањето. ОДМРЗНУВАЊЕ (DEFROS

Ова копче служи за одмрзнување на храната според време

МИКРОБРАНОВА (MICROW.) Со ова копче се избира степенот на силина на микробрановата печка. ЧАСОВНИК (CLOCK) Задржете го ова копче 3 секунди за да го нагодите часовникот. ТАЈМЕР (TIMER) Со ова копче се нагодува функцијата на тајмерот.

Со овие копчиња се нагодуваат времето и тежината на храната, и се избираат програмите од автоматското мени. 0 – 9 Со овие копчиња се внесува времето на готвење и

СТОП/ОТКАЖИ (STOP/CANCEL) Со ова копче се одмрзнува храната според тежина. Задржете 3 секунди за заклучување на бравата. СТАРТ/+30 СЕК (START/+30 SEC) Со ова копче се започнува брзо готвење од 30 секунди, се зголемува времето на готвење за 30 секунди (со секое притискање) или се потврдуваат нагодувањата за готвење.

Систем за безбедно заклучување на

Брановод (ве молиме не отстранувајте ја лискунската плоча што го покрива брановодот) 137УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ

Печката е опремена со дигитален часовник. Кога таа е во режим на подготвеност, часовникот може да се нагоди со притискање на копчето Clock 3 секунди.

Притиснете ги нумеричките копчиња (0-9) и внесете го времето. На пример, за да го внесете тековното време 12:30, треба да притиснете „1“, „2“, „3“, „0“. Внесениот час треба да биде во рамките од 1 до 24, а внесените минути од 0 до 59.

Притиснете го копчето START за да завршите со нагодувањето на часовникот. Ќе започне да трепка симболот „:“. Часовникот е нагоден.

Часовникот треба да ви биде нагоден пред користење на

Употребете го тајмерот (штоперицата) за да нагодите

Стиснете го копчето Timer. На екранот ќе се прикаже

Притиснете ги нумеричките копчиња (0-9) и внесете го времето на тајмерот. Најдолгото време што може да го поставите е 99 минути и 99 секунди

Стиснете START за да го потврдите нагодувањето.

Штом ќе помине времето, микробрановата ќе се огласи и ќе се врати во почетна состојба.

Кога работи кујнскиот тајмер, не може да се користат други функции.

Кога микробрановата не се користи, оваа функција ви овозможува да ја користите како тајмер.

Ве молиме проверете дали часовникот е нагоден. Има пет степени на силина, 100P, 80P, 50P, 30P и 10P. Континуирано притискајте „Microw.“ и изберете ја саканата силина. Притиснете го нумеричкото копче 0~9 за да го внесете времето на готвење, максималното време што може да се внесе е 99:99. Потоа притиснете го копчето „START/+30s“ за да ја активирате печката. Звук на зуење ве известува дека операцијата е завршена. 138НАПОМЕНА: Различна силина е погодна за различна храна. HIGH (СИЛНО) Силина од 100% за брзо и целосно варење M.High (Средно

Силина од 80% за средно експресно варење Med (Средно) Силина од 50% за готвење храна на пареа M.Low (Средно

Силина од 30% за одмрзнување храна LOW (ТИВКО) Силина од 10% за одржување на топлината За храната во автоматското мени, треба да се нагодат само видот на храната и тежината/количината. Печката ќе ви помогне во нагодување на силината и времето. На пример: Ако сакате да зготвите 2 компира, следете ги чекорите подолу:

Притискајте го копчето Компир (Potato) повеќепати за да ја изберете опцијата за тежина. За повеќе информации, погледнете ја табелата со мени за автоматско готвење.

Одредена храна можеби ќе треба да ја превртите при готвењето за целосно да се зготви и рамномерно да се

Густината и набиеноста на храната може да влијаат врз времето на готвење.

Сите времиња на готвење се само приближни; приспособете ги на преферираните вкусови и рецепти.

Користете само соодветни садови и проѕирна фолија за микробранова печка. Избоцкајте ја фолијата со виљушка пред готвењето. Печката овозможува одмрзнување на месо, живина и морски плодови. Времето на одмрзнување и силината ќе се прилагодат автоматски според претходно поставената тежина. Тежината на храната за одмрзнување може да биде меѓу 100g и 1500g.

Стиснете го копчето Weight Defrost и на екранот ќе се прикаже „0“.

Притиснете ги нумеричките копчиња (0-9) за да ја внесете тежината. На пример, внесете ја тежината со притискање „6“, „0“, „0“ за 600g.

При одмрзнување, печката автоматски ќе испушти звучен сигнал двапати на половина од процесот. Ова е за да ве потсети да ја превртите храната. Кога ќе го направите тоа, затворете ја вратата и притиснете START. Големи парчиња може да останат замрзнати во средината. Затоа, за време на одмрзнувањето, одвреме-навреме превртете ги и раскршете ги на помали парчиња за рамномерно да се одмрзнат. Исцедете ја течноста при одмрзнувањето, бидејќи соковите може да се загреат и да ја сварат храната. ОДМРЗНУВАЊЕ

140Печката овозможува и брзо одмрзнување.

Притиснете Time Defrost и на екранот ќе се прикаже „:“.

Притиснете ги нумеричките копчиња (0-9) за да го внесете времето на одмрзнување. На пример, со притискање на „5“, „3“, „0“ внесувате време на одмрзнување од 5 минути и 30 секунди.

Стиснете START за да го потврдите и започнете готвењето.

Големи парчиња може да останат замрзнати во средината. Затоа, за време на одмрзнувањето, одвреме-навреме превртете ги и раскршете ги на помали парчиња за рамномерно да се одмрзнат. Исцедете ја течноста при одмрзнувањето, бидејќи соковите може да се загреат и да ја сварат храната. Совети за користење на печката Користете ја оваа функција за брзо загревање (100% силина на микробрановата) или готвење на вашата храна. Во режимот на подготвеност, притиснете го копчето START и печката ќе работи 30 секунди. Со секое последователно притискање на START, времето на работа ќе се продолжува за 30 секунди.

Со повторно притискање на копчето START, времето на готвење ќе се продолжи за 30 секунди во сите програми освен во автоматскиот режим, готвењето во повеќе чекори и во режимот на автоматско одмрзнување. Користете ја оваа функција за блокирање на контролниот панел кога чистите, или за децата да не можат да ја користат печката без надзор. Сите копчиња се оневозможени во овој режим.

Блокирање: Задржете го копчето STOP околу 3

Одблокирање: Задржете го копчето STOP околу 3

ОДМРЗНУВАЊЕ СПОРЕД ВРЕМЕ

Исклучете ја печката и извадете го приклучокот за струја од ѕидниот штекер пред да ја чистите.

Одржувајте ја внатрешноста чиста. Ако на ѕидовите се налепат остатоци од храна и течност, избришете ги со влажна крпа. Не се препорачува употреба на остар детергент или абразивни средства.

Надворешната површина треба да се чисти со влажна крпа. За да се спречи оштетување на работните делови во печката, не треба да се дозволи навлегување на вода во отворите за вентилација.

Не дозволувајте контролниот панел да се навлажни. Чистете со мека, влажна крпа. Не користете детергенти, абразиви или средства што се прскаат на контролниот панел.

Ако се насобере пареа внатре или околу надворешната страна на вратата, избришете ја со мека крпа. Ова може да се случи кога микробрановата печка работи во услови на висока влажност и во никој случај не значи неисправност на апаратот.

Повремено е потребно да се извади стаклената чинија за да се исчисти. Измијте ја чинијата во топла вода со пена или во машина за миење садови.

Ротирачкиот обрач и долниот дел од внатрешноста на печката треба редовно да се чистат за да се избегне прекумерна бучава. Едноставно избришете ја долната површина со благ детергент, вода или средство за чистење прозорци и исушете ја. Ротирачкиот обрач се мие во благ раствор од пена и вода или во машина за миење садови. Од готвењето се насобира пареа при повеќекратна употреба, но тоа не ги засега долната површина или тркалцата од ротирачкиот обрач. При вадење на обрачот од внатрешноста заради чистење, внимавајте да го вратите во исправната позиција.

Отстранете ги мирисите со комбинирање на шолја вода со сок и кора од еден лимон во длабок сад за микробранова печка. Загрејте го растворот во микробрановата 5 минути, темелно избришете и исушете со мека крпа.

На крајот од векот на траење, не фрлајте го апаратот заедно со вообичаен отпад од домаќинство туку предадете го на официјално собирно место за рециклирање. Со тоа помагате да се зачува животната средина. 142МОНТИРАЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА ИНСТАЛАЦИЈА

Проверете дали сета опаковка е отстранета од внатрешната страна на вратата.

По отпакувањето, визуелно проверете ја печката за оштетувања како на пр.

Вдлабнатини или дупки на прозорецот и екранот на

Вдлабнатини во внатрешноста Ако се гледа нешто од горенаведеното, НЕ користете ја

Оваа микробранова печка тежи 10 kg и мора да биде поставена на хоризонтална површина што е доволно цврста за да ја издржи оваа тежина.

Печката мора да се постави подалеку од висока температура и пареа.

НЕ ставајте ништо врз печката.

Чувајте ја печката најмалку 20 cm подалеку од двата странични ѕида и 30 cm од горниот ѕид за да се обезбеди правилна вентилација.

НЕ отстранувајте ја погонската спојка на ротирачката

Како и кај секој апарат, неопходен е буден надзор кога печката ја користат деца. Проверете дали штекерот за наизменична струја е лесно достапен за при клучокот да може бргу да се извади во итен случај. Инаку, треба да биде можно уредот да се исклучи со помош на прекинувач од колото. Во ваков случај, се земаат предвид постојните одредби од стандардите за електрична безбедност. Производот треба правилно да се инсталира на заземјен штекер со еднофазна наизменична струја (230 V/50 Hz). ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОВ ОЈ АПАРАТ МОРА ДА БИДЕ

За оваа печка потребен е влез од 1,1 kVA, се предлага консултација со сервисен инженер при нејзино инсталирање. ВНИМАНИЕ: Оваа печка е внатрешно заштитена со осигурувач од 250 V, 8 ампери. 143Овој апарат е означен според европската директива 2012/19/ЕУ за отпадна електрична и електронска опрема (WЕЕЕ). Ова упатство е важечка рамка за враќање и рециклирање на отпадна електрична и електронска опрема низ цела Европа. ГО ЗАДРЖУВАМЕ ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ КОИ НЕ ВЛИЈАЈАТ ВРЗ ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА АПАРАТОТ

Тежина без опаковка ................................. .. Околу 10 kg Степен на бучава .................................... Lc < 58 dB (A) Микробрановата печка може да предизвика пречки на вашето радио, ТВ или слична опрема. Ако дојде до пречки, тоа може да се елиминира или намали со следниве постапки. a) Исчистете ги вратата и гумата на печката. b) Ставете ги радиото, телевизорот и сл.

подалеку од микробрановата печка

Ако печката воопшто не работи, информациите на екранот не се појавуваат или приказот исчезнал:

Проверете дали печката е безбедно приклучена. Ако не е, извадете го приклучокот од штекерот, почекајте 10 секунди и повторно безбедно приклучете го.

Проверете да не изгорел осигурувач или да не паднал главниот прекинувач. Ако тие работат правилно, проверете го штекерот со друг апарат.

Ако микробрановата енергија не функционира во печката:

Проверете дали тајмерот е нагоден.

Проверете дали вратата е добро затворена за да се активираат безбедносните блокади. Во спротивно, микробрановата енергија нема да тече во печката. Ако ништо од претходното не ја по

ситуацијата, контактирајте со најблискиот овластен сервисер. Апарат за домаќинство за загревање храна и пијалаци со помош на електромагнетна енергија, само за внатрешна употреба ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС Ако ви требаат информации или ако имате проблем, ве молиме контактирајте со Центарот за грижа за корисници на Хајсенс во вашата земја (телефонскиот број ќе го најдете во светскиот гарантен лист). Ако не постои Центар за грижа за корисници во вашата земја, одете кај вашиот локален продавач на Хајсенс или контактирајте со Севисниот оддел за домашни апарати на Хајсенс. Само за лична употреба!