BOSCH GSR 12LI Professional - шрафцигер

GSR 12LI Professional - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSR 12LI Professional BOSCH во PDF формат.

📄 170 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации 🖨️ Печати
Notice BOSCH GSR 12LI Professional - page 125
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GSR 12LI Professional

Категорија : шрафцигер

SKIP

Frequently Asked Questions - GSR 12LI Professional BOSCH

Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSR 12LI Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSR 12LI Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSR 12LI Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи напомени за безбедност за електричните апарати Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел). Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгуб

контролата над уредот. Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ OBJ_BUCH-1010-005.book Page 124 Thursday, January 15, 2015 11:27 AMМакедонски | 125 Bosch Power Tools 1 609 92A 0WN | (15.1.15) фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено. Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар. Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани

Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната об

накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав. Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.

те ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации. Користење и ракување на батерискиот апарат Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар. Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат. Користењето друг вид батерии

е да доведе до повреди и опасност од пожар. Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат OBJ_BUCH-1010-005.book Page 125 Thursday, January 15, 2015 11:27 AM126 | Македонски 1 609 92A 0WN | (15.1.15) Bosch Power Tools премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот

Безбедносни напомени за дупчалки и

Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува или шрафот може да наиде на скриени електрични кабли. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар. Користете ги дополнителни дршки, доколку се испорачани заедно со електричниот алат. Губењето на контролата може да доведе до повреди. Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. Доколку се блокира алатот што се вметнува, исклучете го електричниот апарат. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, доколку: – се преоптовари електричниот алат или – е накривен во однос на парчето што се обработува. Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртувањ е на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти. Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од експлозија. Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните

Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно

Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее. Опис на производот и моќноста Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е одреден за зашрафување и одвртување на шрафови како и за дупчење во дрво, метал, керамика и пластика. Светлото на овој електричен апарат е наменето да го осветли директно полето на работа на електричниот апарат и не е погодно за просторно осветлување во домаќинството. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката

1 Бит за одвртувач/зашрафувач* 2 Прифат на алатот 3 Чаура за заклучување 4 Прстен за подесување на вртежниот момент 5 Прекинувач за избор на брзина 6 Копче за отклучување на батеријата* 7 Батерија* 8 Прекинувач за менување на правецот на вртење 9 Прекинувач за вклучување/исклучување 10 Лампа „PowerLight“ OBJ_BUCH-1010-005.book Page 126 Thursday, January 15, 2015 11:27 AMМакедонски | 127 Bosch Power Tools 1 609 92A 0WN | (15.1.15) 11 Рачка (изолирана површина на дршката) 12 Дупчалка со шестаголно вратило* *Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Информации за бучава/вибрации Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-2. Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A, типично изнесува 71 dB(A). Несигурност K=3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да пречекори и 80 dB(A). Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 60745: Дупчење во метал: a

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата. Технички податоци Изјава за сообразност Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите применливи одредби од директивите 2009/125/EC (одредба 1194/2012), 2011/65/EU, 2004/108/EC, 2006/42/EC вклучително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 60745-1, EN 60745-2-2. Техничка документација (2006/42/EC) при: Robert Bosch GmbH, PT/ETM9, 70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY Robert Bosch GmbH, Power Tools Division70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY15.01.2015

Полнење на батеријата (види слика A) Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе. По автоматското исклучување на електричниот апарат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се

Батериски одвртувач/зашрафувач GSR 10,8-LI Број на дел/артикл 3 601 J92 9.. Номинален напон

= 10,8 Број на празни вртежи – 1. брзина – 2. брзина min

0–400 0–1300 макс. вртежен момент при зашрафување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 Nm 30/15*

  • во зависност од употребената батерија ** ограничена јачина при температури <0
  • во зависност од употребената батерија ** ограничена јачина при температури <0

OBJ_BUCH-1010-005.book Page 127 Thursday, January 15, 2015 11:27 AM128 | Македонски 1 609 92A 0WN | (15.1.15) Bosch Power Tools За да ја извадите батеријата 7 притиснете на копчињата за отворање 6 и извлечете ја батеријата надолу од електричниот уред. Притоа не употребувајте сила. Внимавајте на напомените за отстранување. Замена на алатот (види слика B) Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Ставање на алатот за вметнување Извлечете ја чаурата за заклучување 3 нанапред и на крај ставете го алатот за вметнување до крај во прифатот за алат 2. Алатот за вметнување сам ќе се фиксира. Вадење на алатот за вметнување Извлечете ја чаурата за заклучување 3 нанапред и извадете го алатот за вметнување. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата зем

материјалот кој го обработувате. Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Ставање во употреба Вметнување на батерија Користете само оригинални Bosch литиум-јонски батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар. Напомена: Користењето на батерии несоодветни за вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на електричниот

Прекинувачот за менување на правецот на вртење 8 поставете го на средината, за да спречите несакано вклучување. Наполнетата батерија 7 вметнете ја во дршката, додека не се вклопи и не легне рамно во

Поставете го правецот на вртење (види слика C) Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 8 може да го промените правецот на вртење на електричниот апарат. Доколку прекинувачот за

ување/исклучување 9 е притиснат ова не е

Тек на десно: За дупчење и зашрафување на шрафови притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење 8 на лево до крај. Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење 8 на десно до крај. Избирање на вртежниот момент Со прстенот за подесување на вртежниот момент 4 може да го изберете потребниот вртежен момент во 20 степени. При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се стопира, откако шрафот цврсто ќе се зашрафи во материјалот одн. откако ќе се постигне поставениот вртежен момент. Во позиција „ “ преоптеретната спојка е деактивирана, на пр. при дупчење. При одвртување на шрафови евентуално може да одберете повисока поставка одн. да поставите на ознаката

Механички избор на брзини Прекинувачот за избор на брзини 5 активирајте го само доколку електричниот апарат е во состојба на

Со прекинувачот за избор на брзини 5 може да изберете 2 обеми на брзини. Брзина I: Низок обем на вртежи; за зашрафување или работење со голем дијаметар на дупчење. Брзина II: Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на

Доколку прекинувачот за избор на брзини 5 не може да се вметне до крај, свртете го малку прифатот за алат 2 со алатот за прифат. Вклучување/исклучува

За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 9 и држете го притиснат. Лампата 10 свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 9 е напола или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови. За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 9. За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите. OBJ_BUCH-1010-005.book Page 128 Thursday, January 15, 2015 11:27 AMМакедонски | 129 Bosch Power Tools 1 609 92A 0WN | (15.1.15) Поставување на број на вртежи Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување 9. Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување 9 се постигнуваат мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи. Целосно автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock) Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 9 не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот за алат ќе се

Ова овозможува зашрафување на шрафови и при испразнета батери ја одн. користење на електричниот алат како шрафцигер. Кочница за исфрлување од брзина При отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување 9 се закочува главата за дупчење и со тоа се спречува повторното стартување на алатот што се вметнува. При зашрафување на шрафови, прекинувачот за вклучување/исклучување 9 отпуштете го дури откако шрафот цврсто ќе биде зашрафен во материјалот. На тој начин главата на шрафот нема да навлезе во материјалот. Заштита од преоптоварување во зависност од температурата При наменската употреба електричниот алат не смее да се преоптоварува. При преголемо оптоварување или работење надвор од границите на дозволената температура на батеријата се намалува бројот на врте

Дури по постигнувањето на дозволената температура на батеријата, електричниот апарат повторно работи со полн број на вртежи. Совети при работењето Електричниот апарат ставете го на шрафот само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се врти, тој може да се преврти и падне. По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот апарат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи. При дупчење во метал, користете само беспрекорно наострени HSS дупчалки (HSS=висококапацитетни за брзо сечење со челик). Програмата на опрема на Bosch гарантира квалитет. Пред зашрафување на големи, подолги шрафови во цврсти материјали, претходно издупчете

од должината на шрафот според внатрешниот дијаметар на навојот. Одржување и сервис Одржување и чистење Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме обратете се во овластената сервисна служба за Bosch електрични апарати. Одржувајте ја чистотата на прифатот за алат 2 и алатот што се вметнува, за да ја овозможите функцијата на заклучување и отклучување на чаурата за заклучување 3. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. OBJ_BUCH-1010-005.book Page 129 Thursday, January 15, 2015 11:27 AM130 | Srpski 1 609 92A 0WN | (15.1.15) Bosch Power Tools Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земји во рамки на ЕУ Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.