GDS 12V115 Professional - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GDS 12V115 Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GDS 12V115 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GDS 12V115 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GDS 12V115 Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). 1 609 92A 6PS | (14.09.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 151 Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на Bosch Power Tools 1 609 92A 6PS | (14.09.2021)152 | Македонски деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за одвртувачи u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена жица. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен
u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. 1 609 92A 6PS | (14.09.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 153 Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за навртување и олабавување на завртки, како и за затегнување и олабавување на навртки во дадените граници на
Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Прифат на алатот (2) Чаура за заклучување (3) Светло „PowerLight“ (4) Копче за светилка „PowerLight“ (5) Приказ на бројот на вртежи (6) Копче за електронски избор на бројот на вртежи (7) Копче за отворање на батеријата (8)
(9) Прекинувач за менување на правецот на вртење (10) Прекинувач за вклучување/исклучување (11) Приказ за наполнетост на батеријата (12) Рачка (изолирана површина на рачката) (13)
(14) Универзален држач за битови
(15) Бит за одвртувач
(16) Алат за вметнување (на пр. жлеб на одвртувач)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Батериски ударен одвртувач GDR 12V-110 GDS 12V-115 Број на дел 3601JE00.. 3601JE01.. Номинален напон V= 12 12 Број на вртежи во празен од
Nm 110 115 Машински завртки-Ø mm M4–M12 M4–M12 макс. завртување-Ø mm 8 8 Прифат на алатот ¼"завртка со внатрешна шестаголна глава ∎ 3/8" Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014
Мерено при 20−25°C со батеријаGBA 12V 2.0Ah. B) во зависност од употребената батерија C) Ограничена јачина при температури <0 °C. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841-2-2. Нивото на звук на електричниот алат оценето соА типично изнесува: ниво на звучен притисок 87dB(A); ниво на звучна јачина 98dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN62841-2-2: Затегнување на завртки и навртки со максимална дозволена големина: a
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен алат. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе. u По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се
Вадење на батеријата (види слика A) За да ја извадите батеријата (8) притиснете на копчето за отклучување (7) и извлечете ја батеријата надолу од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила. Промена на алат u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Ставање на алатот за вметнување (види слика B) GDR 12V-110: Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред, алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот за алат (1) и повторно олабавете ја чаурата за заклучување (2), за да го блокирате алатот за вметнување. Битовите за одвртувачот(15) може да ги ставите со помош на универзален држач за битови со топчест затворач(14). Ставање на алатот за вметнување (види сликаC) u При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со 1 609 92A 6PS | (14.09.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 155 прифатот за алат, може да се олабави за време на одвртувањето. GDS 12V-115: Поставете го алатот за вметнување (16) на четириаголниот прифат за алат (1). Во зависност од системот, алатот за вметнување (16) ќе се постави на прифатот за алат со мали движења (1); ова нема влијание на функцијата/безбедноста. Вадење на алатот за вметнување Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред и извадете го алатот за вметнување.
Функционалност Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат во погон со електромотор со помош на погон и ударен
Работната постапка се дели во две фази: Завртување и Затегнување (ударен механизам во
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа ударниот механизам ја претвора силата на моторот во еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед. Ставање во употреба Вметнување на батеријата Прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) поставете го на средината, за да спречите несакано вклучување. Наполнетата батерија (8) вметнете ја во рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
Подесување на правецот на вртење (види слика D) Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (9) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е
Вртење во десно: За навртување на завртки и прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (9) на лево до крај. Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) на десно до крај. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10) и држете го притиснат. Светлото (3) свети доколку прекинувачот за вклучување/ исклучување (10) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови. За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10). Поставување на број на вртежи Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/ исклучување (10). Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување (10) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
Бирање на бројот на вртежи/удари Со копчето (6) може претходно да го изберете потребниот број на вртежи/удари во 2 степени. Притискајте го копчето (6), додека не сигнализира саканата поставка на приказот за број на вртежи (5). Избраната поставка е зачувана. Неопходниот број на вртежи/удари зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена. Вклучување/исклучување на светилката „PowerLight“ За активирање на светилката (3) притиснете го копчето (4). За да ја исклучите светилката (3)повторно притиснете го копчето (4). Приказ за наполнетост на батеријата Приказот на наполнетост на батеријата (11) при половично или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (10) за неколку секунди ја прикажува наполнетоста на батеријата и се состои од 3 зелени LED светилки. LED-светилки Капацитет Трајно светло 3 x зелено ≥ 2/3 Трајно светло 2 x зелено ≥ 1/3 Трајно светло 1 x зелено < 1/3 Трепкаво светло 1 x зелено Резерва Заштита од преоптоварување во зависност од температурата Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или надминување на дозволената температура на батеријата електрониката го исклучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните граници на температура. Совети при работењето Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот. Максималниот постигнат вртежен момент е резултат од збирот на сите поединечни вртежни моменти постигнати со удари. Максималниот вртежен момент се постигнува по времетраење на удар од 6–10секунди. По овој период, затезниот вртежен момент се зголемува
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен Bosch Power Tools 1 609 92A 6PS | (14.09.2021)156 | Македонски вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч. Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина или меко лежиште Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во последователни удари и да се пренесат во дијаграм, ќе се добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на кривата одговара на максималниот постигнат вртежен момент, а косината покажува кога е постигнат. Еден вртежен момент зависи од следните фактори: – Цврстината на завртките/навртките – Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг) – Цврстина на материјалот што се навртува – Подмачканост на завртките Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве видови на примена: – Цврсто лежиште при навртување метал на метал со користење на подлошки. Максималниот вртежен момент се постигнува по релативно кратко време на удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време на удари ѝ штети на машината. – Лежиште со пружина при навртување метал на метал, при користење на прстенести пружини, подлошки, болцни или завртки/навртки со конусно лежиште, како и при користење на продолжетоци. – Меко лежиште при навртување на пр. метал на дрво или при користење на оловни или фибер дискови како
При лежиште со пружина одн. меко лежиште максималниот вртежен момент на прицврстување е помал отколку при цврсто лежиште. Исто така е потребно значително подолго време на удари. Референтни вредности за максимален вртежен момент за затегнување на завртките Податоци во Nm, пресметано од просекот на затегнување; искористување на границата на еластичност 90 % (при број на триења μ
=0,12). Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч. Класи на цврстина според DIN 267 Стандардни завртки Завртки со висока
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на завртката според внатрешниот дијаметар на навојот. Напомена: Внимавајте, да не навлезат ситните метални делови во електричниот алат. Напомени за оптимално ракување со батеријата Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од –20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување. Повремено чистете ги отворите за проветрување и приклучоците на батеријата со мека, чиста и сува четка. Држач за појас (види сликаE) Со држачот за појас (17) може да го закачите електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на дофат во секое време. Стега во боја (види сликаF) Со стегата во боја (18) може да индивидуално да го означите електричниот алат. Одржување и сервис Одржување и чистење u Чистете ги прифатот за алат(1) и чаурата за заклучување(2) одвреме навреме. u Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот влече прав во куќиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрични опасности. u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
1 609 92A 6PS | (14.09.2021) Bosch Power ToolsSrpski | 157 Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *
Notice-Facile