HOTTELFT416X - Кујнска аспиратор ELECTROLUX - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit
Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil HOTTELFT416X ELECTROLUX au format PDF.
Téléchargez la notice de votre Кујнска аспиратор au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice HOTTELFT416X - ELECTROLUX et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil HOTTELFT416X de la marque ELECTROLUX.
MODE D'EMPLOI HOTTELFT416X ELECTROLUX
Ви благодариме што одлучивте да купите апарат Electrolux. Избравте производ кој во себе го носи повеќедецениското професионално искуство и иновација. Оригинален и стилизиран, дизајниран е во склад со потребите на потрошувачите. Кога и да го употребувате, можете да бидете сигурни дека ќе Ви обезбеди одлични резултати секој пат. Добредојдовте во Electrolux. Посетете ја нашата веб-локација: За да добиете совет за употреба, брошури, решавање проблеми и информации за сервис: www.electrolux.com Регистрирајте го Вашиот производ за подобри услуги: www.registerelectrolux.com Купување додатоци, потрошен материјал и оригинални делови за Вашиот апарат: www.electrolux.com/shop
ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ И СЕРВИС
Секогаш користете оригинални резервни делови. Кога контактирате со Овластен сервисен центар, погрижете се да ги имате на располагање следните податоци: Модел, PNC (Број на производ), Сериски број. Информациите може да се најдат на плочката со спецификации. Предупредување / Внимание – Безбедносни информации Општи информации и совети Информации за животната средина Подлежи на измени без претходна најава.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Пред да го инсталирате и користите уредот, внимателно прочитајте ги дадените упатства. Производителот не е одговорен за било какви повреди или штети кои се резултат на неправилно приклучување или употреба на уредот. Овој прирачник треба да се чува на сигурно и лесно достапно место за подоцнежна употреба. 1.1 Безбедност на деца и лица со посебни потреби
• Овој уред може да се користи од страна на деца кои имаат навршено најмалку осум години, како и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или лица без релевантно искуство и знаење само под услов кога на ваквите лица им е обезбеден соодветен надзор или упатување на таквите лица како да го користат уредот на безбеден начин кој гарантира дека ги разбираат придружните ризици. • Деца на возраст од 3-8 години и лица со посебни потреби со екстензивен и комплексен карактер не смеат да имаат пристап до уредот доколку не им се обезбеди постојан надзор. • Деца на возраст под 3 години не смеат да имаат пристап до уредот доколку не им се обезбеди постојан надзор. • Деца не смеат да го користат уредот како играчка. • Деца не треба да имаат контакт со опаковката, отстранете ја на соодветен начин. • Деца и животни не смеат да имаат пристап до уредот додека работи. • Деца не смеат да вршат работи за чистење или одржување на уредот без надзор. 1.2 Општи правила за безбедност • Уредот е наменет за домашна употреба, над печки, шпорети и други слични апарати за готвење. • Пред да се пристапи кон било какви работи за одржување уредот мора да се исклучи од изворот на електрично напојување. • ВНИМАНИЕ: Деловите до кои имате пристап, може да се загреат при употребата со уреди за готвење. • За монтирање на уредот користете ги исклучиво завртките испорачани со уредот; доколку тие не се испорачани користете завртки препорачани во инструкциите за инсталација. • Не користете лепила за да го прицврстите уредот. • Минималното растојание помеѓу површината на вградната плоча на која се наоѓа приборот за готвење и долниот дел од уредот би требало да биде 65 cm, освен ако не е поинаку наведено во инструкциите за инсталација. Ако во упатствата за инсталација на вградната плоча е наведено поголемо растојание тоа треба да се земе предвид. • Испуштањето на издувниот воздух треба да биде во согласност
со законите што се применуваат на локално ниво. • Во просторијата каде што е инсталиран уредот, треба да се обезбеди добра вентилација за да се избегне ризикот од враќање на несаканите гасови назад во просторија во која има апарати кои согоруваат гас и други горива, а вклучуваат отворен оган. • Осигурајте се дека отворите за вентилација не се блокирани и воздухот што е земан апаратот да не се доставува до цевка која се користи за вентилација на чад и пареа од други уреди (централно греење, термосифон, бојлери итн.). • Додека уредот работи со други уреди, максималниот вакуум генериран во просторијата не треба да надминува 0,04 mbar. • Внимавајте да не го оштетите кабелот за напојување. За замена на оштетениот кабел за напојување, контактирајте го нашиот овластен сервисен центар или електричар. • Ако уредот е директно поврзан со извор на енергија, електричната инсталација мора да биде опремена и со раздвојувач/прекинувач, кој ќе овозможи уредот да биде целосно исклучен од изворот на напојување. Целосното исклучување мора да ги исполнува наведени условите од III категорија при зголемен напон. Уредот што се користи за исклучување мора да биде поврзан на постојната мрежа, во согласност со принципите за поврзување електрични инсталации. • Не фламбирајте под уредот. • Не користете го уредот за да вшмукување на материи и пареа од опасни или експлозивни супстанции. • Уредот треба редовно да се чисти за да се спречи уништување на површинскиот материјал. • Редовно чистете го уредот со мека крпа. • За чистење на површината на уредот не користете средства за чистење со пареа, воден млаз, абразивни средства за чистење или остри метални стругалки. Користете исклучиво неутрални детергенти. • Редовно чистете ги филтрите за маснотии (минимум еднаш на два месеци) и отстранувајте ги масните наслаги од уредот за да спречите опасност од пожар. • За чистење на внатрешноста на уредот користете крпа или четка.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА 2.1 Инсталација ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од повреда, електричен удар, изгореници или оштетувања на уредот. • Инсталирањето на уредот може да го врши само квалификувано лице. • Не инсталирајте и не користете оштетен уред. • Следете ги инструкциите за инсталирање испорачани со уредот. • Со оглед на големата тежина на уредот, секогаш при неговото преместување бидете исклучително внимателни. Секогаш користете заштитни ракавици и полни, тврди чевли. • Пред да го инсталирате уредот, целосно отпакувајте го и отстранете ги етикетите и заштитната фолија. • Не го испуштајте воздухот низ отвор во ѕидот, освен ако отворот не е дизајниран за таа намена.
2.2 Приклучување во струја ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од пожар и струен удар. • Електричното поврзување треба да го направи квалификуван електричар. • Проверете дали параметрите на та бл и ч к ата с о п од ато ц и с е во согласност со карактеристиките на изворот на енергија. • Ако симболот ( ) не се наоѓа на табличката со податоци, уредот мора да биде заземјен.. • Секогаш користете правилно инсталиран и целосно изолиран приклучок. • Не оставајте кабелот за напојување да виси. • Не користете адаптери со повеќе приклучоци или продолжни кабли. • Ако штекерот е лабав, не поврзувајте го уредот со него. • Не исклучувајте го уредот со влечење на кабелот за напојување. Секогаш исклучувајте држејќи за приклучокот.
• Заради заштита од струен удар од деловите под напон и изолираните делови мора да се монтира така што ќе се спречи негово расклопување без алатки. • Осигурајте се дали уредот е правилно инсталиран. Лабавиот и несоодветен к а б ел з а н а п о ј у в а њ е м о ж е д а предизвика прегревање на контактите. • Уредот треба да се поврзе откако ќе се инсталира. По инсталацијата осигурајте се дали има достапен извор на енергија.
2.3 Употреба ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од повреда, изгореници и струен удар. • Уредот е наменет само за готвење. Не користете го уредот за цели различни од оние што се наведени. • Не менувајте ги спецификациите на уредот. • Не користете го уредот со мокри раце или кога сте во контакт со вода. • Употребувајте исклучиво додатоци испорачани со уредот. • За време на готвењето и пржењето, мастите и маслата не смеат да дојдат во допир со пламен или топли предмети. • Не користете непокриени решеткасти уреди за готвење. • Не користете го уредот како простор за чување на други предмети. • Не користете лупа, очила или други слични оптички уреди за директно гледање на изворот на светлина на уредот.
2.4 Сервисирање • За поправка на уредот, контактирајте го овластениот сервисен центар. • Користете само оригинални резервни делови.
2.5 Отстранување ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од повреда или задушување.
• Информации за правилно отстранување на уредот може да се добијат со контактирање на локалните власти. • Исклучете го уредот од изворот на напојување. • Исечете го кабелот за напојување близу до телото на уредот и фрлете го.
филтрите за маснотии да се чистат во зависност од нивото на користење, најмалку на секои два месеци, за да се спречи опасност од пожар. Да се чистат рачно или во машина за садови, користејќи неутрален детергент. Во случај на чистење во машина за садови, потенцијалната промена на бојата на филтрите не влијае на каков било начин врз нивното функционирање.
Модели EFT39X, EFT39K, LFT426X, LFT429X, LFT429K, EFTD26X, EFTD26W, EFTD26K, EFTF19X, EFTF19W, EFTF19K, LFT416X, LFT419X, LFT419W: Копче A: вклучување на светлото. Копче B: вклучување (прва брзина на моторот) / исклучување. Копче C: втора брзина на моторот. Копче D: трета брзина на моторот.
Модели LFT419K, LFT316X, LFT319X: 1: Прва брзина на моторот. 0: Моторот е исклучен. 2: Втора брзина на моторот. : ИСКЛУЧЕНИ светла : ВКЛУЧЕНИ светла
Активираниот јаглен филтер не може да се чисти и да се регенерира. Мора да се замени со нов – од прилика на секои четири месеци користење или почесто, во случај на особено интензивно користење.
5. МЕТОДИ НА ИНСТАЛАЦИЈА
ФИЛТРАЦИСКА ИЛИ КАНАЛСКА ВЕРЗИЈА? Аспираторот може да биде во филтрациска или каналска верзија. Треба да одлучите кој тип да се монтира. За подобри перформанси, Ви препорачуваме аспираторот да се монтира во каналска верзија (доколку тоа е можно). Каналска верзија Аспираторот го прочистува воздухот и го исфрла надвор преку издувниот канал. Филтрациска верзија
Аспираторот го прочистува воздухот и го враќа веќе прочистениот воздух повторно во просторијата.
6.ЕДИНИЦА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ
Аспираторот треба да се исклучи од електрично напојување. Модели LFT316X, LFT319X, EFT39X, EFT39K: Предупредување! Пред да ги допрете светилките, треба да сте сигурни дека тие се оладени. Заменете со светилки од ист тип (CANDLE LED 4W, 220-240V, E14, ø37mm).
ILCOS D code: DRBB/F-4-220-240-E14-37/100 Модели LFT416X, LFT419X, LFT419W, LFT419K, LFT426X, LFT429X, LFT429K, EFTD26X, EFTD26W, EFTD26K, EFTF19X, EFTF19W, EFTF19K: Ако рефлекторот се оштети, истиот може да го замени исклучиво производителот, негов сервисер или лице со слични квалификации, за да се избегне опасност.
7.ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Материјалите што го носат симболот треба да се рециклираат. Со цел да се рециклираат материјалите од опаковањата, тие треба да се стават во специјални контејнери за отпадоци. Електричниот и електронскиот отпад треба да се рециклира за да се заштити животната средина и здравјето на луѓето. Уредите означени со симболот
смеат да се мешаат и фрлаат со домашен отпад. Производот треба да се предаде во локална постројка за третман на отпад или да се контактираат локалните власти.
Notice Facile