XL 300 - SKIL - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit
Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil XL 300 SKIL au format PDF.
Téléchargez la notice de votre неопределено au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice XL 300 - SKIL et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil XL 300 de la marque SKIL.
MODE D'EMPLOI XL 300 SKIL
Овој алат е наменет за суво брусење на дрво, пластика, метал и гитувани и обоени површини Овој алат не е наменет за професионална употреба Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување 3
A Потпорна подлошка B Штраф на перничињата C Шмиргла за пескарење D Кутија за прашина E Копче за извлекување на додатокот за прашина F Продолжение за правосмукалка G Индикатор за ниво на прашината H Прекинувач за вклучување/исклучување J Тркалце за избор на брзината на брусење (7455) K Отвори за вентилација
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Сите упатства мора да се прочитаат. Непочитување на долу наведените упатства може да предизвика струен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги сите предупредувања и напатствија за во иднина. Поимот "електричен алат", кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приклучен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приклучен кабел). 1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди. b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина. Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа. c) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото каде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот. 2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Никако не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар. b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, рерни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено. c) Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага. Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар. d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар. e) Кога го употребувате полначот надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на
продолжен кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар. Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар. БЕЗБЕДНОСТ НА ЛУЃЕ Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеиозни повреди. Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда. Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите штекерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приклучен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди. Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наоѓа во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода. Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации. Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата, облеката и ракавиците држете ги подалеку од деловите кои се движат. Комотната облека, накитот или долгата коса може да бидат фатени во деловите кои се движат. Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и фаќање прашина, проверете дали се вклучени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината. ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат ќе работите подобро и посигурно во наведената функционална област. Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се поправи. Извлечете го штекерот од приклучокот пред извршување на било какви подесувања на
Нивото на бучава додека работите може да изнесува повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите • Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да шредизвика алергии и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или луѓето во близина); носете маска за прашина и работете со правосмукалки доколку можете да ги поврзете • Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмукалки доколку можете да ги поврзете • Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите • Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна облека и заштита за коса (доколку имате долга коса) • Зацврстете го материјалот кој го обработувате (обработка која е зацврстена со стеги или во менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце) • При брусење на метал доаѓа до појава на искри; не користете кутија за прашина/правосмукалка а останатите лица и запалливи материјали треба да се наоѓаат подалеку од местото каде се работи ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА • Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на алатот кои се движат; кабелот држете го на задната страна, на страна од алатот • Не допирајте го брусниот диск кој се движи • Во случај да дојде до електричен или механички дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од приклучокот • Ако кабелот се оштети или пресече за време на работата, веднаш исклучете го и не го допирајте ПО УПОТРЕБА • Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го моторот и проверете дали сите подвижни делови се застанати
апаратот, замена на приборот или складирање. Со овие мерки на внимателност ќе се избегне невнимателното вклучување на уредот. Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица. Одржувајте го уредот со внимание. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат. Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата ќе биде полесна. Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации. СЕРВИСИРАЊЕ Поправката на Вашиот уред препуштете им ја само на обучен, стручен кадар на овластен сервисер, и само со оригиналните резервни делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да остане со зачувана безбедност.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БРУСИЛКА ОПШТИ • Овој алат не треба да го користат лица под 16 години • Овој алат не е соодветен за брусење во влажна средина • Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен; замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице • Не обработувајте никаков материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак) • Обезбедете се алатот да е исклучен од струја пред да вршите било какво подесување или замена на приборот ПРИБОР • SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор • Не користете истрошен, изабен или премногу зачепен брусен диск ПРЕД УПОТРЕБА • Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот • Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во местото каде работите; тргнете ги пред да почнете со работа • Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
Потпорни перничиња -- никогаш не користете го алатот без потпорната подлошка A !! веднаш заменетеи ги оштетените потпорни перничиња (олабавете/стегнете ги 4 штрафа B) !! исклучете го алатот од струја пред отстранување/вметнување на потпорните перничиња Поставување на брусната хартија 4 -- поставете шмиргла за пескарење од ВЕЛКРО C како што е прикажано -- доколку е потребно, најпрво исчистете го потпорното перниче !! перфорацијата на брусната хартија треба да е соодветна на перфорацијата на брусната плоча !! за вшмукување на прашина е потребна перфорирана брусна хартија !! навремено заменете ја истрошената брусна хартија
Вшмукување прашина 5 -- редовно празнете ја кутијата за прашина D за оптимално собирање на прашина За употреба на правосмукалка -- извадете ја кутијата за прашина D со притискање на прекинувачот E на левата страна и со негово држење во таа положба, во исто време, наназад треба да се извлече кутијата за прашина D -- поврзете ја правосмукалката за продолжетокот F !! не користете ја кутијата за прашина/ правосмукалката за собирање прашина кога брусите метал Индикатор за ниво на прашината 6 -- испразнете ја кутијата за прашина D кога индикаторот G станува ЦРВЕНA -- индикаторот G работи само кога алатот е вклучен -- имајте предвид дека работата на индикаторот за нивото на прашината не е гарантираната при брусење со мали брзини (7455) Прекинувач за вклучување/исклучување -- алатот вклучете/исклучете го со поместување на прекинувачот H 2 напред/назад !! алатот треба да го вклучите пред брусната површина да го допре местото каде ќе работите !! внимавајте на повратната сила од алатот при вклучување !! уредот треба да се подигне од работната површина пред тој да биде исклучен Контрола на брзината 7 (7455) За оптимални резултати на стругање на различни материјали -- со тркалцето J 2 можете да ја подесите саканата брзина на брусењето -- секогаш прилагодувајте ја брзината на употребената големина на решетка -- пред да започнете со работа, најдете ја оптималната брзина и големина на решетката со тестирање врз непотребен материјал Држење и насочување на алатот 8 !! додека работите, секогаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја -- водете го алатот паралелно со работната површина и движете го во кругови или во вкрстување -- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој сам да работи -- не го навалувајте алатот за да избегнете појава на несакани траги од брусењето -- отворите за ладење K 2 држете ги отворени Брусење -- количината на отстранетиот материјал се одредува преку изборот на хартијата за брусење, веќе поставената брзина на брусење и преку применетиот притисок !! ако го зголемите притисокот за брусење, тоа нема да доведе до зголемување на капацитетот на брусење, туку до зголемено абење на алатот и на хартијата за брусење !! никогаш не користете ја истата брусна хартија и за дрво и за метал
За определување ја оптималната големина на решетката (и брзина), абелата 9 може да се користи како упатствоFor determining the optimal grit (and speed), table 9 can be used as reference !! секогаш прво испробајте на парче стар материјал Многу други совети можете да најдете на www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ • •
Овој алат не е наменет за професионална употреба Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење K 2) -- со четкичка отстранете ја насобраната прашина од брусењето !! пред чистење извадете го алатот од приклучокот Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати -- во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА •
Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ) -- според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање -- симболот q ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде време алатот да го фрлите
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ •
Ексцентар брусилка 7445/7455 Технички податоци 1 Со целосна одговорност изјавуваме дека производот опишан кај “Технички податоци” е усогласен со следните стандарди или документи за стандардизација: EN 60745, EN 61000, EN 55014 во согласност со одредбите во директивите 2014/30/ EУ, 2006/42/EG, 2011/65/EУ
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ • Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен притисок е 82 dB(A) а нивото на звучна моќност 93 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација 7,8 м/с² (векторски збир на трите показатели; несигурност К = 1.5 м/с²) • Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 60745; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени -- користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност -- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност !! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа
Notice Facile