SKIL 7455 AD - Електрична брусилка

7455 AD - Електрична брусилка SKIL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 7455 AD SKIL во PDF формат.

📄 104 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice SKIL 7455 AD - page 87
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за 7455 AD SKIL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Електрична брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 7455 AD - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 7455 AD на марката SKIL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 7455 AD SKIL

  • Овој алат е наменет за суво брусење на дрво, пластика, метал и гитувани и обоени површини
  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување ③

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ①

ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ②

A Потпорна подлошка

В Штраф на перничињата

E Копче за извлекување на додатокот за прашина
F Продолжение за правосмукалка
G Индикатор за ниво на прашината
Н Прекинувач за включување/исклучување
J Тркалце за избор на брзината на брусење (7455)
К Отвори за вентилација

БЕЗБЕДНОСТ

ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации дадени со овој електричен алат.

Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции дадени подолу може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување. Поимот "електричен алат", кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приключен кабел).

a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина. Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа.
с) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото наде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.
a) Утинач мора да одговара на приклучокот. Никако не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, rerни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
с) Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага. Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар.
d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате полначот надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на продолжен кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.

f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.

a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеизни повреди.

b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.

с) Избегнувајте невнимателно включување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите штенерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приключен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди.

d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наоға во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.

e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.

f) Носете соодветна облека. Не носете широна облека или накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

g) Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и файање прашина, проверете дали се включени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.

h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при неговото користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозни повреди во дел од секунда.

4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАНЬЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

a) Не го преоперетувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат їе работите подобро и посигурно во наведената функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеće не може да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се поправи.

с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие мерки на внимателност їе се избегне невнимателното вклучување на уредот.

d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица.

e) Одржувајте го електричниот алат и дополнителната опрема. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.

f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ће се заглавуваат и со нив работата ће биде полесна.

g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.

h) Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

5) СЕРВИСИРАЊЕ

a) Електричниот алат сервисирајте го нај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.

  • Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
  • Овој алат не е соодветен за брусење во влажна средина
  • Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен; замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
  • Не обработувајте никаков материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
  • Обезбедете се алатот да е ислучен од струја пред да вршите било какво подесување или замена на приборот

ПРИБОР

- SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор

  • Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот (алатите за напон од 230V или 240V исто така може да се поврзат и на напон од 220V)
  • Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во местото каде работите; тргнете ги пред да почнете со работа
  • Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
  • Нивото на бучава додека работите може да изнесува повеće од 85 dB(A); носете заштита за ушите
  • Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да шредизвика алергии и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лугето во близина); носете маска за прашина и работете со правосмукалки доколку можете да ги поврзете
  • Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
  • Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите
  • Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
  • Зацврстете го материјалот кој го обработувате (обработка која е зацврстена со стеги или во менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
  • При брусење на метал доаға до појава на искри; не користете кутија за прашина/правосмукалка а останатите лица и запалливи материјали треба да се наоғаат подалеку од местото каде се работи
  • Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на алатот кои се движат; кабелот држете го на задната страна, на страна од алатот
  • Не допирајте го брусниот диск кој се движи
  • Во случај да дојде до електричен или механички дфект, веднаш исключете го алатот и исключете го од приклучокот
  • Ако кабелот се оштети или пресече за време на работата, веднаш исключете го и не го допирајте

ПО УПОТРЕБА

- Кога ће ја завршите работата со алатот, исключете го моторот и проверете дали сите подвижни делови се застанати

ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ

③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
⑤ Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од домаќинството

УПОТРЕБА

- Потпорни перничиња -никогаш не користете го алатот без потпорната подлошка А

!веднаш заменетеи ги оштетените потпорни перничиња (олабавете/стегнете ги 4 штрафа В)

!исключете го алатот од струја пред отстранување/вметнување на потпорните перничиња

- Поставување на брусната хартија ⑥

-поставете шмиргла за пескарење од ВЕЛКРО С како што е прикажано

-доколку е потребно, најправо исчистете го потпорното перниче

!перфорацијата на брусната хартија треба да е соодветна на перфорацијата на брусната плоча !за вшмукување на прашина е потребна перфорирана брусна хартија !навремено заменете ја истрошената брусна хартија

• Вшмукување прашина ⑦

-редовно празнете ја кутијата за прашина D за оптимално собирање на прашина

За употреба на правосмукалка

-извадете ја кутијата за прашина D со притискање на прекинувачот E на левата страна и со негово држење во таа положба, во исто време, наназад треба да се извлече кутијата за прашина D

-поврзете ја правосмукалката за продолжетокот F !не користете ја кутијата за прашина/ правосмуналката за собирање прашина нога брусите метал

- Индикатор за ниво на прашината ⑧

-испразнете ја кутијата за прашина D кога индикаторот G станува ЦРВЕНА

-индикаторот G работи само кога алатот е включен

-имајте предвид дека работата на индикаторот за нивото на прашината не е гарантираната при брусење со мали брзини (7455)

- Прекинувач за включување/исклучување

-алатот включете/исключете го со поместување на прекинувачот Н② напред/назад

!алатот треба да го включите пред брусната површина да го допре местото наде ће работите

!внимавајте на повратната сила од алатот при вклучување

!уредот треба да се подигне од работната површина пред тој да биде ислучен

• Контрола на брзината ⑨ (7455)

За оптимални резултати на стругање на различни материјали

-со тркалцето J② можете да ја подесите саканата брзина на брусењето

-секогаш прилагодувајте ја брзината на употребената големина на решетка

-пред да започнете со работа, најдете ја оптималната брзина и големина на решетката со тестирање врз непотребен материјал

• Држење и насочување на алатот ⑩

!додека работите, секогаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја

-водете го алатот паралелно со работната површина и движете го во кругови или во вкрстување

-не притискајте премногу со алатот; дозволете тој сам да работи

-не го навалувајте алатот за да избегнете појава на несакани траги од брусењето

-отворите за ладење К② држете ги отворени

- Брусење

-количината на отстранетиот материјал се одредува преку изворот на хартијата за брусење, веќе поставената брзина на брусење и преку применетиот притисок

!ако го зголемите притисокот за брусење, тоа нема да доведе до зголемување на капацитетот на брусење, туку до зголемено абење на алатот и на хартијата за брусење

!никогаш не користете ја истата брусна хартија и за дрво и за метал

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

- За определување ја оптималната големина на решетката (и брзина), абелата⑪ може да се користи како упатство

!секогаш прво испробајте на парче стар материјал

- Многу други совети можете да најдете на www.skil.com

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

- Овој алат не е наменет за професионална употреба

- Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење К②)

-со четкичка отстранете ја насобраната прашина од брусењето

!пред чистење извадете го алатот од приклучокот

- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати

-во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното губре (само за земјите на ЕУ)

-според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање

-символот⑤ ke ve потсетува на ова кога ke дојде време алатот да го фрлите

БУЧАВА / ВИБРАЦИИ

- Мерено во согласност со EN 62841 нивото на звучен притисок е 82 dB(A) а нивото на звучна моїкност 93 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација 7,8 м/с² (векторски збир на трите показатели; несигурност K = 1.5 м/с²)

- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 62841; може да се користи за да се спореди еден

алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени

-користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
-кога алатот е исклучен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност !заштитете се од ефентите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа

AL

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SKIL

Модел : 7455 AD

Категорија : Електрична брусилка