VS120E - машини за вакуумско пакување GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот VS120E GORENJE во PDF формат.

GORENJE VS120E - машини за вакуумско пакување
📄 182 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE VS120E - page 33
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Машина за вакуумско пакување
Бренд Gorenje
Модел VS120E
Димензии (Ш x Д x В) Прибл. 400 x 200 x 100 mm
Тежина Прибл. 3,5 kg
Напојување 220-240 V, 50/60 Hz
Потрошувачка на енергија 110 W
Вакуумски притисок До -0,8 bar
Ширина на запечатување 30 cm
Макс. ширина на кеса 30 cm
Функции Вакуумско запечатување, пулсен вакуум, само запечатување, надворешно вакуумско црево
Тип на контрола Електронски допирни копчиња
Материјал Горен дел од нерѓосувачки челик, тело од пластика
Време на вшмукување Прилагодливо
Време на запечатување Автоматско
Складирање на кеси Внатрешен оддел за ролна и секач
Вклучени додатоци 5 вакуумски кеси, надворешно црево за конзерви
Одржување Исчистете со влажна крпа; исушете темелно
Безбедност Автоматско исклучување, заштита од прегревање
Достапни резервни делови Лента за запечатување, вакуумска пумпа, заптивки
Гаранција 2 години
Сертификати CE, RoHS

Често поставувани прашања - VS120E GORENJE

Може ли да користам кеси за вакуум од кој било бренд со Gorenje VS120E?
Да, VS120E работи со повеќето стандардни вакуумски кеси и ролни со ширина до 30 см. За најдобри резултати, користете текстурирани кеси компатибилни со надворешни вакуумски машини.
Како да го исчистам вакуумскиот простор?
Исклучете го уредот и избришете ја внатрешноста со мека влажна крпа. Избегнувајте абразивни средства за чистење. Осигурете се дека лентата за запечатување и заптивката се без остатоци од храна.
Машината не запечатува правилно. Што треба да проверам?
Прво, проверете дали лентата за запечатување е чиста и неоштетена. Исто така, осигурете се дека кесата е правилно поставена и дека капакот е цврсто затворен. Ако проблемот продолжи, времето на запечатување можеби треба да се прилагоди.
Може ли да запечатам течности како супи?
Да, но користете ја функцијата пулсен вакуум за контрола на вшмукувањето и спречување на вшмукување течност во машината. Претходно замрзнете или користете сад со надворешното црево.
Колку време е потребно за вакуумско запечатување на кеса?
Обично 10-20 секунди во зависност од големината на кесата и содржината. Машината автоматски застанува кога ќе се постигне вакуум.
Што прави функцијата „Само запечатување“?
Оваа функција ја запечатува кесата без вакуум. Корисно за правење кеси со прилагодена големина од ролна пред полнење.
Дали VS120E е погоден за маринирање?
Да, ефектот на брзо маринирање се постигнува со вакуумско запечатување: вакуумот ги проширува порите на храната, овозможувајќи маринадата побрзо да навлезе.
Може ли да го користам надворешното црево за конзерви?
Да, VS120E вклучува надворешно вакуумско црево за употреба со специјални капаци за контејнери (не се вклучени). Ова овозможува вакуумирање во тегли и конзерви.
Како да ја чувам машината кога не ја користам?
Исчистете и исушете ја машината, потоа чувајте на суво место со капакот малку отворен за да спречите мириси. Уредно завиткајте го кабелот.
Каде можам да најдам резервни ленти за запечатување?
Резервни делови може да се нарачаат од официјалната сервисна служба на Gorenje или од овластени продавачи. Бројот на делот често е наведен во упатството.

Прашања на корисниците за VS120E GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот машини за вакуумско пакување во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник VS120E - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. VS120E на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК VS120E GORENJE

Упатства за употреба МК

Instruction manual GB

Инструкции за употреба BG

МК Упатства за употреба....31

EN Instruction manual 43

RO Manual de utilizare ....53

BG Инструкции за употреба .....117

При употреба на овој електричен апарат, секогаш земете ги предвид безбедносните упатства и предупредувања, вклучително и овде дадените:

  1. Пред употреба на овој апарат, ве молиме внимателно прочитајте ги сите упатства дадени во ова упатство за употреба и зачувајте ги за идни консултации.
  2. Пред да го приклучите втакнувачот во приклучокот или да го исклучите од него, уверете се дали капакот на апаратот е во отклучена позиција. Секогаш исклучете го апаратот од електричната мрежа кога не го употребувате или пред негово чистење.
  3. Овој апарат не е играчка. Потребно е посебно внимание кога апаратот се користи од деца или во близина на деца. По употребата, складирајте го апаратот на безбедно место надвор од дофатот на деца.
  4. Не употребувајте кеси или приклучоци кои не се препорачани или одобрени од производителот на апаратот и не користете го апаратот за други цели освен за неговата определена намена.
  5. Веднаш прекинете со користење на апаратот во случај на оштетување на приклучниот кабел. Кабелот треба да го замени соодветно стручно лице.
  6. Држете го апаратот и приклучниот кабел на соодветна оддалеченост од подвижните делови.
  7. Не допирајте го вжештениот елемент за заварување на фолија поставен на работ на капакот на апаратот. Елементот се загрева и секаков допир може да доведе до сериозни изгореници.
  8. Не обидувајте се сами да го поправите апаратот.
  9. Не влечете го и не испуштајте го апаратот. Не употребувајте го апаратот ако претрпел пад или на изглед делува оштетен.
  10. Избегнувајте да го правите следново: не влечете го апаратот за приклучниот кабел и не носете го апаратот држејќи го само за кабел, не затворајте ја вратата на начин кој би го зафатил кабелот, или не влечете го кабелот околу острите рабови или агли. Не употребувајте го апаратот ако кабелот или втакнувачот се влажни.
  11. Држете го апаратот подалеку од загреани уреди за готвење, печки, електрични грејачи или други загреани површини или извори на

топлина. Не употребувајте го овој апарат на влажни или загреани површини или извори на топлина.

  1. Употребата на продолжен приклучен кабел со овој апарат не е препорачлива. Ако и покрај препораката, се користи продолжен приклучен кабел тогаш неговиот напон мора да содејствува со или да го надминува напонот на апаратот.
  2. При исклучување на апаратот, а со цел да се избегне каква било повреда, ве молиме придржувајте го електричниот приклучок наместо приклучниот кабел.
  3. Пред вклучување или употреба на апаратот, рацете треба да се суви за безбедно користење на апаратот.
  4. Погрижете се секогаш кога апаратот е вклучен односно во позиција "ON" или за време на негова употреба да стои на стабилна, цврста подлога како маса или работен пулт.
  5. Не е потребно да се користат какви било средства за подмачкување, како на пример масла за подмачкување или вода врз овој апарат.
  6. Не смеете да потопувате кој било дел од овој апарат, како и напојниот кабел или втакнувачот во вода или друга течност.
  7. Не користете го овој апарат на отворен простор или на влажна подлога. Овој апарат е исклучиво наменет за употреба во затворен простор во домаќинството.
  8. Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучително и деца) со намалени физички, сензорни или ментални способности, и лица со недостаток на пракса и знаење, освен во случаи каде апаратот се користи под надзор или согласно инструкции за употреба на апаратот дадени од лице одговорно за нивната безбедност.
  9. Бидете внимателни и не дозволувајте апаратот да дојде до дофат на деца.
  10. Ако електричниот приклучен кабел е оштетен, мора да биде заменет од производителот, сервисер овластен од производителот или друго соодветно квалификувано лице со цел да се избегне опасност.

Ова копче има две функции, во зависност од статусот на апаратот:

  • Во позиција на мирување (stand-by), започнува со автоматска работа на вакуумирање кеси и автоматско лепење на кесата откако ќе заврши процесот на вакуумирање;
  • Доколку го притиснете копчето за време на работа на апаратот (вакуумирање и лепење), се прекинува работењето на апаратот.
  • ХРАНА (FOOD): се користи за избор на најпогодното време за лепење на кесата
  • Подесување во суви услови: за суви кеси и работи без влага, со пократко време на затоплување за цели на лепење;
  • Подесување во влажни услови: за влажни кеси или храна со влажност, со подолго време на затоплување за цели на лепење.
  • Стандардно подесување е за влажни кеси и стандартно време на лепење.
  • ПРИТИСОК (PRESSURE): овозможува прилагодување на притисокот на вакуумирање:
  • Нормално подесување: за секојдневни работи кои се зачувуваат под нормален притисок на вакуумирање.
  • Турбо подесување: со поголем притисок за поголем обем на вакуумирање.
  • Стандардно подесување е стандарден притисок на вакуумирање.
  • ЛЕПЕЊЕ (SEAL): Ова копче овозможува две функции:

- Рачно лепење на отворениот дел од кесата без функцијата за вшмукување на воздухот за да се направи кеса со употреба на ролна за кесички.

- Кога се користи автоматската функција на „Вакуумирање и лепење“ (“Vacuum&seal”), ова копче ја запира моторната пумпа и веднаш почнува со лепење – на кесата. На овој начин, корисникот може да го контролира притисокот на вакуумирање внатре во кесата и со тоа избегнува дробење на деликатна храна и слични работи.

graph TD A["1: VACUUM SEAL\nCANCEL"] --> B["2: Food"] B --> C["3: Sample Size\nPRESSURE"] C --> D["4: SEAL"]

GORENJE VS120E - 2

  1. ЛЕД Индикатори (LED Indicators): Го покажуваат статусот на процесот на вакуумирање или лепење и тековните подесувања на апаратот.
  2. Прекинувач за вакуумирање во садови (Vacuum container switch): Да почнете со вакуумирање во садовите за вакуумирање, капаци на тегли, затворачи на вино или други додатоци преку цевка.
  3. Тастер за ослободување/отворање (Release button): Постојат два тастера за ослободување/отворање по еден на секоја страна. Притиснете ги двата тастера за ослободување/отворање за да го отворите капакот и да го ослободите притисокот на вакуумирање внатре во апаратот.
  4. Довод на воздух (Air intake): Доводот на воздух е поврзан со комората за вакуумирање и пумпата. За вакуумирање во садови за вакуумирање на храна, затворачи на вино, итн., прикачете ја цевката на овој довод на воздух.
  5. Лента за лепење (Sealing strip): Поставете ја кесата која треба да се залепи преку оваа лента.
  6. Комора за вакуумирање: Поставете го отворениот крај на кесата внатре во комората. Воздухот се извлекува од кесата и секоја разлеана течност од кесата се собира во комората.
  7. Долен дихтунг: Се спојува со горниот дихтунг за да се запечати комората за вакуумирање. Одржувајте го дихтунгот чист и сув и заменете го при негово деформирање или оштетување.
  8. Горен дихтунг: Се спојува со долниот дихтунг за да се запечати комората за вакуумирање. Одржувајте го дихтунгот чист и сув и заменете го при негово деформирање или оштетување.
  9. Елемент за лепење: Елемент за загревање прекриен со тефлон. Се загрева и ја лепи кесата.
  10. Кука: Го заклучува капакот со основата.
  11. Простор за чување на цевка: Се користи за чување на додатната цевка (дадена како дополнителен изборен додаток, кој се користи само со сад за вакумирање на храна).

УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА I. Изработка на кеса со употреба на ролна за кесички

  1. Приклучете го апаратот на изворот на напојување со електрична енергија. Слика 1. 2. Користете ножички за да ја пресечете кесата од ролната за кесички до посакуваната должина — Слика 1.

Слика 1.

  1. Поставете го едниот крај на кесата на врвот од лентата за лепење, но не внесувајте ја во комората за вакуумирање — Слика 2.

Слика 2

4. Затворете го горниот капак и притиснете цврсто додека капакот целосно не се вклопи од двете страни — Слика 3.

Слика 3

  1. Притиснете го тастерот за лепење за започнување на процесот на лепење на кесата — Слика 4.

Слика 4

  1. Притиснете го тастерот за ослободување/отворање за да се отвори капакот и извадете ја кесата од машината. Оваа кеса е завршена и спремна за вакуумско лепење — Слика 5.

Слика 5

II. Вакуум пакување со кеса

  1. Ставете ги производите во кеса. Користете само вакуум кеси кои се специјално наменети за тоа од производителот со канали за вакуумирање.
  2. Исчистете и порамнете го отворениот крај на кесата. Уверете се дека нема прашина, набрекнувања или нерамнини на местото каде треба да се залепи кесата.
  3. Вметнете го отворениот крај на кесата во просторот на комората за вакуумирање. Уверете се дека доводот на воздух не е прекриен од кесата. – Слика 1.
  4. Притиснете го капакот со двете раце од двете страни додека не го чуете звукот кој укажува на целосно затворање од двете страни – Слика 2.
  5. Проверете го ЛЕД статусот на тастерот XPAHA ("FOOD") и тастерот за притисок на вакуумирање ("Vacuum Pressure") за да го потврдите времето на лепење во зависност од влажноста на производите кои се пакуваат (влажни или суви) и посакуваниот притисок на вакуумирање (Normal/Turbo) во согласност со видот на храната.
  6. Потоа притиснете го тастерот Вакуумирање и лепење.

GORENJE VS120E - Вакуум пакување со кеса - 1

(Vacuum&Seal). Апаратот ќе започне со процесот на вакуумирање и лепење автоматски – Слика 3.

ЗАБЕЛЕШКА: Овој производ обезбедува многу висок притисок на вакуумирање во кеса. Со цел да избегнете дробење на деликатни производи под висок притисок на вакуумирање, внимавајте на статусот на притисокот на вакуумирање во кесата и притиснете го тастерот „залепи“ ("SEAL") веднаш откако ќе се постигне посакуваниот притисок на вакуумирање. Апаратот потоа ќе ја запре пумпата и ќе продолжи со процесот на лепење на кесата.

  1. Вакуум пакувањето е завршено. Истовремено притиснете ги тастерите за ослободување/отворање на двете страни на апаратот за да се отвори капакот и да ги извадите залепените кеси. – Слика 4.

ЗАБЕЛЕШКА:

- За најдобар ефект на лепење, ве советуваме да го оставите апаратот да се излади до 1 минута пред да почнете со повторно користење. Избришете го секој вишок на течност или остатоци од храна во комората за вакуумирање по секое вакуумирање и процес на лепење.

- Не лепете неколку кеси едно по друго за да избегнете прегрејување на елементот на лепење. Апаратот нема да се вклучи ако тастерот за лепење се активира во рок од 15 секунди од последната активација.

- Вашиот апарат може да работи само со специјални кеси кои може да ги набавите од нас. Не обидувајте се да користите други кеси кои не се наменети за вакуумско пакување.

- За да отворите залепена кеса, пресечете ја кесичката со ножички токму покрај залепениот дел.

- При вакуумирање на храна со висока влажност, кесата може да се залепи двапати за да се осигурите дека е залепена цврсто. По завршувањето на првото лепење, притиснете на тастерот за лепење повторно без да го отворате капакот на апаратот. Овој начин е соодветен единствено за храна со висока содржина на влажност. При пакување на храна со ниска содржина на влажност, нема потреба да ја лепите кесата двапати. Течностите или храната во течна состојба не можат вакуумски да се пакуваат. При вакуумирање на кесите со висока содржина на влага, ве молиме исчистете го отворот на кесата пред вакуумирање и лепење.

III. Вакуумско пакување во сад за храна (изборно)

  1. Избришете го капакот на садот за храна и самиот сад и погрижете се тие да бидат чисти и суви.
  2. Ставете ги производите во садот за храна и оставете најмалку 2.5 см од просторот помеѓу храната и обрачот на капакот. Исчистете го обрачот на капакот од садот за храна и долниот дихтунг од капакот на садот за храна.

GORENJE VS120E - Вакуумско пакување во сад за храна (изборно) - 1

  1. Отворете го капакот на апаратот. Поврзете го едниот крај на цевката со доводот на воздух во просторот на комората за вакуумирање и поставете го другиот крај на цевката во централниот отвор на капакот од садот за храна. Погрижете се копчето на капакот од садот за храна да е поставено во позиција на „залепи“ (“SEAL”)-Слика 1&2.
  2. Притиснете го прекинувачот на садот за храна (поставен веднаш над доводот за воздух) за почеток на процесот на вакуумирање – Слика 3. Осигурете се дека нема пропуштање на воздух помеѓу капакот и садот за храна, употребете ја раката да го притиснете надолу копчето на капакот на почетокот од процесот на вакуумирање. Апаратот ќе запре автоматски кога ќе се постигне доволен притисок на вакуумирање.

GORENJE VS120E - Вакуумско пакување во сад за храна (изборно) - 2

  1. Ве молиме притиснете го капакот на садот за храна цврсто кога ќе ја извлечете цевката, притиснете го тастерот за ослободување/отворање за да го отворите капакот.

Отворање на садот за храна по вакуумското пакување

За да го отворите садот за храна, испуштете го воздухот најпрвин со притиснување на прекинувачот од позиција „залепи“ ("Seal") во „отворена“ ("open") позиција.

Забелешка:

  • Уверете се дека копчето на капакот на садот за храна е наместено во позиција на лепење „SEAL“ пред вакуумирање.
  • На почетокот на процесот на вакуумирање во садот за вакуумирање на храна, лесно притиснете го надолу капакот на садот или врз адаптерот за цевката неколку секунди за да се уверите дека цевката е прикачена цврсто и со тоа избегнете испуштање на воздух низ процепот помеѓу капакот и обрачот од капакот на садот за вакуумирање на храна.

- За да го испитате вакуумирањето и лепењето едноставно повлечете го капакот. Тој не смее да се помрднува.

Забелешка:

По завршувањето на вакуумското пакување ве молиме секогаш оставете го капакот на апаратот отворен. Не прицврстувајте го капакот бидејќи ова може да предизвика деформирање на сунгерестите дихтунзи и влијае врз функционирањето на апаратот.

ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

Апарат за вакуумско пакување

  1. Пред да започнете да го чистите секогаш исклучете го апаратот од напојување.
  2. Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или друга течност.
  3. Избегнувајте користење на абразивни средства или материјали за чистење на апаратот бидејќи може да ја изгребаат површината.
  4. Користете блага сапуница и топла влажна крпа за бришење на евентуални остатоци од храна.
  5. Пред повторна употреба потребно е апаратот темелно да се исуши.

Забелешка: Сунгерестите дихтунзи околу комората за вакуумирање треба да бидат целосно суви пред повторно да ги монтираме. При повторно монтирање на апаратот, обратете внимание да не предизвикате оштетување и монтирајте ги деловите во првобитната позиција за да осигурите цврсто лепење.

Додатоци

Сите вакуумски додатоци може да ги миете во топла вода со блага сапуница, но капакот не потопувајте го во вода.

  1. Самите садови за вакуумирање (не и капаците) може да ги миете во горната корпа на машината за миење садови. Сепак, капаците на садовите за вакуумирање треба да се чистат само со бришење со влажна крпа.
  2. Пред повторна употреба додатоците треба темелно да се исушат.
  3. Садовите за вакуумирање и капаците не смеат да се користат во микробранова печка или замрзнувач.

Чување на вашиот апарат за вакуумско пакување:

  1. Чувајте го апаратот на рамна подлога и на безбедно место, далеку од дофатот на деца.
  2. Уверете се дека капакот на апаратот е отклучен кога апаратот не се користи и е складиран. Држењето на капакот заклучен може да ги деформира сунгерестите дихтунзи што пак од своја страна би довело до протекување.

Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/EU за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.

Животна средина

Не го фрлајте апаратот во нормален домашен отпад, туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.

УПАТСТВА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ХРАНА

КласификацијаПрехрамбени производиТемператураСтандардно зачувувањеВакуумско зачувување
ФрижидерСвежо сирово месо5 ± 3 °C2~3денови8~9денови
Свежа риба/ морска храна5 ± 3 °C1~3 денови4~5денови
Готвено месо5 ± 3 °C4~6 денови10~14денови
Зеленчук5 ± 3 °C3~5 денови7~10денови
Овошје5 ± 3 °C5~7 денови14~20денови
Јајца5 ± 3 °C10~15 денови30~50денови
ЗамрзнувачМесо-16~-20 °C3~5 месеци>1 година
Риба-16~-20 °C3~5 месеци>1 година
Морска храна-16~-20 °C3~5 месеци>1 година
Стандардни услови (собна температура)Леб25 ± 2 °C1~2 дена6~8денови
Бисквити25 ± 2 °C4~6 месеци>1 година
Ориз/Брашно25 ± 2 °C3~5 месеци>1 година
кикиритки/мешунки25 ± 2 °C3~6 месеци>1 година
Медицински залихи25 ± 2 °C3~6 месеци>1 година
Чај25 ± 2 °C5~6 месеци>1 година

Гаранција и сервис

Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство.

Не е за комерцијална употреба!

GORENJE

Само за лична употреба!

GORENJE ВИ ПОЖЕЛАВА ПРИЈАТНИ ЧАСОВИ СО КОРИСТЕЊЕТО НА УРЕДОТ.

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : VS120E

Категорија : машини за вакуумско пакување