AQT 37-13+ - високопритисен чистач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AQT 37-13+ BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Чистач под висок притисок |
| Бренд | Bosch |
| Модел | AQT 37-13+ |
| Номинална влезна моќност | 1,7 kW |
| Максимална температура на водоснабдување | 40 °C |
| Дозволен притисок | 13 MPa |
| Номинален притисок | 9 MPa |
| Номинален проток | 5,5 l/min |
| Минимален проток на водоснабдување | 6,2 l/min |
| Максимален влезен притисок | 1 MPa |
| Функција autostop | Да |
| Тежина (според EPTA 01:2014) | 7,83–8,82 kg |
| Класа на заштита | II |
| Ниво на звучен притисок | 78 dB(A) |
| Гарантирано ниво на акустична моќност | 91 dB(A) |
| Вредност на вибрациска емисија | 2 m/s² |
| Самовшмукувачки | Да (со соодветен комплет) |
| Заштита со диференцијална склопка | Препорачана (30 mA) |
| Максимална должина на водоводното црево | 7 m |
| Препорачан дијаметар на водоводното црево | 12,7 mm (1/2") |
| Минимален пресек на продолжниот кабел | 1,5 mm² до 20 m, 2,5 mm² до 50 m |
| Вклучени додатоци | Пиштол за прскање, млазница, пиштол, црево под висок притисок, воден филтер, повратен вентил |
| Препорачано складирање | Да се чува заштитено од мраз, да се испразни пумпата пред подолго складирање |
Frequently Asked Questions - AQT 37-13+ BOSCH
Прашања на корисниците за AQT 37-13+ BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот високопритисен чистач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AQT 37-13+ - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AQT 37-13+ на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AQT 37-13+ BOSCH
Македонски ...... Страна 185
Srpski....Strana 193
Slovensko .... Stran 201
Hrvatski.... Stranica 209
Eesti Lehekülg 216
Безбедносни напомени
Толкување на символите

Општи безбедносни правила.

Никогаш не насочувајте ја пералката директно кон луге, животни,
електрични уреди или компоненти. Внимание: Високопритисните пералки можат да бидат опасни, ако се користат несоодветно.

Во склад со важечките прописи уредот не смее да се користи прикачен
директно на водоводната мрежа без системски сепаратор.
Користете системски сепаратор како ИЕЦ 61770 Вид БА.
Водата којашто минува низ системски сепаратор веке не е погодна за пиење.
Bosch Power Tools F 016 L81 441 | (22.9.16)
186 | Македонски
Безбедносни правила за високопритисната пералка

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките
настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимателно прочитајте ги упатствата и предупредувањата, бидејки содржат важни информации за безбедна работа.
Освен информациите дадени во упатството за ракување, почитувајте ги и општите безбедносни правила и прописите за превенција на незгоди.
Приклучување на струја
▶ Волтажата прикажана на
натписната плочка мора да биде
иста со волтажата на електричната
мрежа.
▶ Советуваме овој уред да биде приклучен на струја преку утикач со заштитен уред за заостаната струја што се активира при промена на јачината на струјата од 30 mA.
▶Исклучувајте ја машината од напојување секогаш кога не ја користите, па макар и само на кратко.
▶Електричната инсталација мора да биде во склад со стандартот IEC 60364-1.
▶ Ако кабелот е оштетен, мора да биде заменет од страна на произведувачот, неговиот овластен сервисер или подеднакво квалификуван сервис, со цел да се избегне незгода.
▶ Ниикогаш не допирајте го утикачот со мокри раце.
▶ Не извлекувајте го кабелот од утикачот додека машината работи.
▶ Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги напојниот или продолжниот кабел, бидејки на тој начин можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од топлина, масло и оштри рабови.
▶ Не користете ја машината ако се оштетени некои важни делови, како на пример високопритисното црево, пиштолот или некој од сигурносните прекинувачи.
▶Внимание: Несоодветните продолжни кабли можат да бидат опасни.
▶ Ако користите продолжен кабел, врската меѓу продолжниот и напојниот кабел мора да биде водоотпорна. Продолжниот кабел мора да има попречен пресек според спецификациите во упатството за работа и да биде заштитен од вода. Врската не смее да се наога во вода.
▶ Kога се менува напојниот кабел или некој негов дел, заштитата од вода или механичката стабилност на машината мора во потполност да се чувват.
Македонски|187
Приклучок на вода
▶Почитувајте ги важечките прописи на Вашиот снабдевич.
▶Сите приклучни црева мораат да имаат соодветни непропусни спојки.
▶Доводното црево мора да биде со минимална големина од 12,7 mm (1/2").
▶ Уредот никогаш не треба да се користи споен директно на водоводната мрежа без повратен вентил. Водата што поминала низ повратниот вентил повеке не е исправна за пиење.
▶ Високопритисното црево не смее да се користи ако е оштетено (опасност од пукање). Оштетеното високопритисно црево мора веднаш да се замени. Користете само црева и спојки коишто ги препорачува произведувачот на уредот.
▶ Високопритисните црева, фитинзи и спојки се важни за безбедно ракување со уредот. Употребувајте само црева, фитинзи и спојки коишто ги препорачува произведувачот на уредот.
▶За напој користете само чиста или филтрирана вода.
Примена
▶ Пред употреба проверете дали уредот и дополнителната опрема се во функционална состојба и дали се безбедни за употреба. Не користете го уредот доколку не е во одлична состојба.
▶ Не насочувајте го млазот кон себе или кон други со цел за чистење на облеката или обувките.
▶ Не користете го уредот со течни растворувачи, неразредени киселини, ацетон или други средства како бензин, разредувачи или горивна нафта, бидејки нивните испарувања се лесно запалливи, експлозивни и отровни.
▶Доколку уредот се користи на места со намалена безбедност (на пример на нафтно преточувалиште) следете ги соодветните безбедносни мерки. Употребата е забранета на места на коишто постои опасност од експлозија.
▶ Уредот мора да се стави на цврста подлога.
▶ Употребувајте само детергенти коишто ги препорачува произведувачот на уредот и следете ги упатствата за употреба, одлив и безбедност дадени од произведувачот на детергентот.
▶ Сите компоненти во работниот простор коишто пренесуваат струја мора да бидат заштитени од прскање на вода.
▶ При користењето на уредот, прекинувачот пиштолот не смее да биде заглавено на позицијата «ON».
▶Носете соодветно заштитно одело од прскање на вода. Не работете со уредот во близина на луге коишто не носат заштитно одело.
▶ Ако е неопходно, носете хемиско-техничко заштитна (ХТЗ) опрема, на пример наочари или маска што
188 | Македонски
штити од прскање на вода, честички или аеросоли.
▶ Некои предмети можат да отскокнат поради високиот притисок на млазот. Ако е потребно, носете лична заштита, на пример заштитни наочари.
▶ Автомобилските гуми и нивните вентили се чистат на оддалеченост од најмалку 30 цм. Во спротивно високиот притисок на млазот може да ги оштети. Прв знак на оштетување на гума или вентил е промена на нивната боја. Оштетените автомобилски гуми и нивните вентили се опасни по живот.
▶ Не прскајте азбестни и други материјали коишто се штетни по здравјето.
▶ Не мористете нерастворени детергенти. Безбедни средства за работа се оние што не содржат киселини, алкали или состоитојки штетни по околината.
Препорачуваме детергентите да се чуваат вон дофат на деца. Ако детергентот дојде во контакт со очите, веднаш исплакнете ги со многу вода; ако се проголта детергент, веднаш обратете се кај лекар.
▶Никогаш не користете го уредот без филтер или со оштетен или валкан филтер. Користењето на уредот без филтер, или со оштетен или валкан филтер, може да ја поништи гаранцијата.
▶ После долга употреба, металлите делови можат да се вцештат. По потреба носете заштитни ракавици.
▶ Избегнувајте перење со вода под висок притисок при лоши временски услови, на пример кога постои ризик од грмотевици.
Ракување
▶ Ракувачот мора да ракува со уредот во склад со прописите. При ракувањето со уредот мора да ги земе пред вид конкретните услови. При работата мора да внимава на другите личности, а посебно на децата.
▶ Уредот треба да го користат само личности обучени за таква работа, или личности коишто се тестирани и покажале способност за ракување со уредот. Уредот не смеат да го користат деца или млади. Надгледувајте ги децата за да се осигурате дека не си играат со уредот.
▶Личности со смалени физички, сензорни или ментални способности, како и личностите без искусство смеат да го користат уредот доколку им е обезведен адекватен надзор или упатства за безбедно користење на уредот и коишто го разбираат ризикот од таквото ракување.
▶ Вклучениот уред никогаш не треба да биде оставен без надзор.
▶ Високопритисниот млаз вода којшто излегува од пиштолот предизвикува отфрлање на раката. Затоа пиштолот и копјето за прскање треба да се држат цврсто со двете раце.
Македонски|189
Транспорт
▶ Пред транспорт исключете го и обезбедете го уредот.
Одржување
▶ Пред секое чистење, одржување или замена на делови, искачете го уредот. Ако уредот работи прилучен на електрична мрежа, извадете го напојниот кабел од утикачот.
▶ Поправките на уредот се вршат само во овластен Бош сервис.
▶Може да се користат само додатна опрема и резервни делови одобрени од произведувают на уредот. Оригиналната додатна опрема и оригиналните резервни делови гарантираат дека уредот може да се користи безбедно и без расипување.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.
Ознака Значење
Употреба со соодветна намена
Уредот е соодветен за чистење места и објекти на отворено, за алати, превозни средства и пловила, доколку се користи соодветна додатна опрема и детергенти одобрени од Бош.
Уредот е наменет да се користи на амбиентална температура од 0 °C до 40 °Степени Целзиусови. Овој производ не е наменет за професионална употреба.
Технички податоци
| Високопритисна пералка AQT 35-12/ | AQT 35-12+ | AQT 37-13/AQT 37-13+ | AQT 40-13 | |
| Број на дел/артикл | 3 600 HA7 1.. | 3 600 HA7 2.. | 3 600 HA7 5.. | |
| Номинална јачина | kW 1,5 1,7 1,9 | |||
| Влезна тепература макс. | °C 40 40 40 | |||
| Прилив на вода мин. | l/min 5,8 6,2 6,6 | |||
| Дозволен притисок | MPa 12 13 13 | |||
| Номинален притисок | MPa 8 | 9 | 9 | |
| Проток | l/min 5 5,5 6 | |||
| Максимален влезен притисок | MPa 1 | 1 | 1 | |
| Аугостоп функција | ● | ● | ● | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | кг | 6,65/8,12 | 7,83/8,82 8,9 | |
| Класа на заштита | ☐ /II /II /II | ☐ | ☐ | |
| Сериски број | Видете го серискиот број (натписна плочка) | |||
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Процесот на включување создава краткотрајно пагање на напонот. Неповолните мрежни услови може да предизаикаат пречки на другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,153 омови нема пречки.
Bosch Power Tools F 016 L81 441 | (22.9.16)
190 | Македонски
Информации за бучава/вибрации
| Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60335-2-79. | 3 600 ... HA7 1.. HA7 2.. HA7 5.. | |||
| Измерените А-вредности на врева изнесуваат просечно: | ||||
| Звучна јачина | dB(A) | 83 | 78 | 83 |
| Звучен притисок | dB(A) | 93 | 90 | 94 |
| Несигурност К | dB | 2 | 1 | 2 |
| Носете звучна заштита! | ||||
| Вкупната вредност на вибрациите a_n (векторски збир на трите правщи) и несигурноста К утврдени се во согласност со стандартот EN 60335-2-79: | ||||
| Вкупна вредност на вибрациите a_n | m/s^2 | =7 | =2 | =4,7 |
| Несигурност К | m/s^2 | =2 | =2 | =1,5 |
Монтажа и користење
| Цел на користењето | Слика | Страна |
| Обем на испорака | 1 259–260 | |
| Склопена рачка | 2 261 | |
| Поврзување на копјето со пиштолот | 3 262 | |
| Поврзување на високопритисното црево/пиштолот | 4 262 | |
| Прицврстување на млазницата | 5 263–265 | |
| Приклучок на вода | 6 265 | |
| Вклучување/исклучување | 7 266 | |
| Регулација на млазот | 8 266 | |
| Прикачување на садот со детергент | 9 267 | |
| Чистење на филтерот | 10 267 | |
| Чистење на копјето | 11 268 | |
| Чување на пиштолот | 12 268 | |
| Чување на пиштолот/копјето/млазницата за време на употреба | 13 269 | |
| Поставување на цревото во отворот за црево | 14 269 | |
| Складирање | 15 269 | |
| Бирање на опрема | 16 270 | |
Вклучување
За Ваша безбедност

Внимание! Пред чистење или редовно одржување, уредот исключете го од електрично напојување. Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.
Работен напон в 230 V AC, 50 Hz (за не ЕУ земји, 220 V, 240 V, во зависност од верзијата). Користете само одобрени продолжни кабли. Повеќе информации околу тоа можете да добиете кај областениот застапник на Бош. Кога сакате да ја користите високопритисната пералка со продолжен кабел, димензиите на кабелот треба да изнесуваат:
- За максимальна должна на кабелот 20 м пресекот треба да изнесува 1,5 мм ^2
- За максимальна должна на кабелот 50 м пресекот треба да изнесува 2,5 мм ^2
Забелешка: Ако користите продолжен кабел, тој мора да
биде заземјен преку напојната мрежа, во склад со
важечките прописи.
За дополнителни информации контактирајте лиценциран електричар или најблискиот Bosch сервис.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните продолжни кабли можат да бидат опасни. Продолжниот кабел, утикачот и спојот со продолжниот кабел мораат да бидат водоотпорни.
Споевите на каблите треба да бидат суви и да не лежат во вода.
За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД) кој се активира на отстапување од 30 mA. Резидуалниот уред треба да се проверува пред секоја употреба.
Доколку напојниот кабел е оштетен мора да го поправи Бош електричар.
Предупредување за производите кои не се за Британски пазар предвидени:
ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност машината треба да се користи со продолжен кабел. Спојот со продолжниот кабел мора да биде заштитен од прскање, направлен од гума или обложен со гума. Продолжниот кабел мора да се користи со автоматски намотувач.
Имајте на ум дека овој уред не смее да работи без вода.
Употреба
Вклучување
Монтирајте го доводното црево (не е включено со самата машина) на славина и на уредот.
Осигурајте се дека прекинувачот е во положба «О» и поврзете го уредот на струја.
Отворете ја славината.
Откочете го безбедносниот откочувач (на задната страна од дршката на пиштолот) за до го ослободите чкрапалото, местејки го на позиција. Притиснете го чкрапалото и држете го така се додека водата не протече непрекинато и додека се не истисне целиот воздух од уредот и од високопритисното чрево. Пуштете го чкрапалото. Притиснете го безбедносниот закочувач (на предната страна од дршката на пиштолот).
F 016 L81 441 (22.9.16) Bosch Power Tools
Македонски|191
Свртете го главниот прекинувач. Насочете го пиштолот надолу. Притиснете го безбедносниот откочувач за да го ослободите чкрапалото. Притиснете го чкрапалото до крај.
Аутостоп функција
Моторот на уредот автоматски се ислучува кога се отпушта чкрапалото.
Совети при работењето
Општи упатства
Осигурајте се дека притисната пералка е на ниво со подот.
Не тегнете го високопритисното црево и не влечете ја високопритисната пералка за цревото. Во таков случај пералката не е стабилна и може да се преврти.
Не газете го високопритсното црево и не возете преку него. Заштитете го високопритисното црево од оштри агли и рабови.
Не користете ротациони млазници за миење на автомобил.
Предупредување! Мијалките за тераси се погодни само за чистење равни површини! Не користете ги за скали и вертикални површини. Никогаш не допирајте ја ротирачката млазница додека работи!
Совети за работа со детергенти
▶ Користете само детергенти соодветни за употреба со високопритисни пералки.
Препорачуваме штедлива употреба на детергент, со цел на заштита на животната средина. Прочитајте го упатството за растворање на детергентот.
Препорачан начин на чистење
Чекор 1: Олабавување на нечистотијата
Користете ја високопритисната млазница за пена, или позицијата за пена на млазницата 3 во 1 штедливо додавајки детергент.
Чекор 2: Отстранување на нечистотијата
Испрскајте ја олабавената нечистотија со јак млаз.
Користење на аптернативни извори на вода
Оваа високопритисна пералка е самостоячка и дава можност за црпенье вода од резервари и извори. Многу е ВАЖНО Бош филтерот да е исчистен и да се употребува само чиста вода.
Отворени резервари и природни извори
Употребувајте го додатокот за самостояјно дозирање, кој се состои од:
– Влезна цедилка со неповратен вентил
- 3 м ојачано црево
– Универзална спојка за чистење под притисок
Со овој додаток високопритисната пералка може да исфрла вода 0,5 м над нивото на водата. Ова може да трае 15 секунди.
Целосно потопете го трометражното црево во вода за да излезе од него сиот воздух. Поврзете го трометражното црево со високопритисната пералка и осигурајте се дека влезната цедалка останува во вода.
Оставете ја високопритисната пералка да работи без пиштолот за пркање, додека од цревото не потече рамномерен млаз вода. Ако таков млаз не се постигне за 25 секунди, престанете и проверете ги сите спојки. Ако водата истекува, згаснете ја високопритисната пералка и монтирајте го пиштолот и копјето.
Важно е цревото и спојките да се квалитетни, во добра состојба, цврсто и правилно монтирани. Неприцврстените спојки можат да предизвикаат лошо функционирање.
Резервари со чешми
Ако високопритисната пералка се поврзува со резервоарот преку чешма, прво монтирајте го соодветного црево на чешмата од резерварот (не е приложено). Отворете ја чешмата, пуштете да излезе целиот воздух од цревото, па потоа поврзете го цревото во високопритисната пералка.
Отстранување грешки
| Проблем Можно причина Решение | ||
| Моторот не се включува | Уредот не е включен на струја | Вклучете го уредот на струја |
| Утикачот е неисправен | Користете друг утикач | |
| Прегорен осигурувач | Заменете го осигурувачот | |
| Продолжниот кабел е оштетен | Пробајте без продолжен кабел | |
| Активирана е заштитата на моторот од прегревање | Оставете го моторот да се лади 15 минути | |
| Замрзнување | Пуштете да се одмрзнат пумпата, доводното црево и останатите делови. | |
Bosch Power Tools F 016 L81 441 | (22.9.16)
192 | Македонски
| Проблем | Можна причина | Решение |
| Моторот престанува со работа | Прегорен осигурувач | Заменете го осигурувачот |
| Погрешна волтажа | Проверете на натписната плочка дали волтажата на напојната мрежа е соодветна | |
| Активирана е зашлитата на моторот од прегревање | Оставете го моторот да се лади 15 минути | |
| Прегорен осигурувач | Преслаб осигурувач | Поврзете ја високопритисната пералка на електрично коло со соодветна јачина |
| Моторот работи, но нема притисок | Млазницата е делумно запушена или заглавена | Чистење на копјето |
| Сеслушадека моторот работи, но нема ниедна функција | Несоодветно снабдување со енергија | Проверете на натписната плочка дали волтажата на напојната мрежа е соодветна. |
| Губење на напонот поради несоодветен проболжен кабел | Проверете дали продолжниот кабел е соодветен | |
| Уредот не е користен долго време | Обратете се кај овластениот застапник на Бош | |
| Проблеми со автостоп функцијата | Обратете се кај овластениот застапник на Бош | |
| Пулсирачки притисок | Воздух во пумпата или во цревото | Вклучете ја пералката со отворен пиштол, отворена млазница, отворена славина и со низок притисок, се додека не се воспостави стабилен притисок |
| Несоодветен довод на вода | Проверете дали доводот на вода одговара со спецификациите. Големината на пресекот на доводното црево треба да изнесува најмалку 1/2" односно 13 мм | |
| Запушен воден филтер | Исчистете го водениот филтер | |
| Притиснато или свиткано доводно црево | Исправете го доводното црево | |
| Предолго високопритисно црево | Откачете го продолжетокот на високопритисното црево. Должината на цревото треба да изнесува најмногу 7 м | |
| Равномерен, но пренизок притисокЗабелешка: Некои додатоци можат да предизвикаат низок притисок | Истрошена млазница | Заменете ја млазницата |
| Истрошен старт/стол вентил Пет пати брзо притиснете го чкрапалото | ||
| Моторот работи, но има мал или нема никаков притисок | Уредот не е поврзан на вода Пуштете ја водата | |
| Запушен воден филтер | Чистење на филтерот | |
| Запушена млазница | Исчистете ја млазницата | |
| Пералката се вклучува самата од себе | Пумпата или пиштолот пропуштаат вода | Обратете се кај овластениот застапник на Бош |
| Уредот пропушта вода | Пумпата пропушта вода | Мало пропуштање е дозволено; при поголеми пропуштања контактрајте го овластениот застапник |
| Машината не го влива детергентот | Прилагодлива позиција на млазницата при висок притисок | Користете ја високопритисната млазница за пена или употребете ја позицијата за пена на млазницата 3 во 1 |
| Детертентот е премногу густ | Растворете го со вода | |
| Се употребува продолжеток на високопритисното црево | Поврзете го оригиналното црево | |
| Остатоци оддетергент или намален проток на детергент во резервоарот за детергент | Исчистете го со чиста вода иотстранете ги остатоците. Ако проблемот не се реши, обратете се во Вашиот Бош сервисен центар. | |
F 016 L81 441 (22.9.16) Bosch Power Tools
Srpski|193
Одржување и сервис
Одржување
Згаснете ги сите функции на уредот, исключете го од електрично напојување и од довод на вода.
Напомена: Следниве операции извршувајте ги редовно, за да обезбедите долготрајна и сигурна употреба на уредот.
Редовно проверувајте го уредот за очигледни недостатоци, како што се лабави фитинзи и истрошени или оштетени делови.
Проверете дали се неоштетени и исправно поставени cite штитници и капаци. Пред употреба извршете ги неопходните поправки и замени.
Исклучете го главниот прекинувач и притиснете го чкрапалото за да го испразните високопритисното црево. Исчистете ја пералката однадвор користејки мека четка или крпа. Не употребувајте вода, разредувачи или полирпаси. Остранете ги сите отпадоци, особенно оние на филтерот за воздух на моторот.
Складирање на крај на употребната сезона: Отстранете ја цела вода од пумпата, додека моторот работи неколку секунди и држете го притиснато чкрапалото.
Не држете други предмети на уредот.
Уредот чувајте го на место каде што не може да замране.
Осигурајте се при складирањето кабелот не е притиснат. Не притискајте го високопритисното црево.
Сервисна служба и совети при користење www.bosch-do-it.com
Секогаш при кореспонденција или нарачка на резервни делови наведете го десетцифрениот сериски број што се наога на натписната плочка.
Македонија
Д.Д.Електрис
Заштита на околината
Хемикалии опасни по животната средина не смее да се испуштаат во почвата, подземните води, бари, реки и слично.
При користењето детергенти прочитајте го упатството за употреба и почитувајте го размерот препорачан за нивното разредување.
При миењето на моторни возила треба да се почитуваат важечките прописи: Моторно масло и други мазива не смее да се испуштаат во подземните води.
Отстранување
Високопритисната пералка, додатната опрема и амбалажата треба да се сортираат за рециклажа.
Високопритисната пералка не се фрла со комуналниот отпад!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема и нејзината имплементација во државното право, отпадната електрична и електронска опрема мора посебно да се сортира и да се складишти на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Sigurnosna uputstva
2000/14/EC: Измерено ниво на звучна јачина 93 dB(A), несигурност K = 2 dB, загарантирано ниво на звучна јачина 95 dB(A); постапка за процена на сообразноста според прилог V. Категорија на производ: 27
AQT 37-13/AQT 37-13+
2000/14/EC: Измерено ниво на звучна јачина 90 dB(A), несигурност K = 1 dB, загарантирано ниво на звучна јачина 91 dB(A); постапка за процена на сообразноста според прилог V. Категорија на производ: 27
AQT 40-13
2000/14/EC: Измерено ниво на звучна јачина 94 dB(A), несигурност K = 2 dB, загарантирано ниво на звучна јачина 96 dB(A); постапка за процена на сообразноста според прилог V. Категорија на производ: 27 Техничка документација кај: *
sr AQT 35-12/AQT 35-12+
2000/14/EC: izmereni nivo ostvarene buke 93 dB(A), nepouzdanost K = 2 dB, garantovani nivo ostvarene buke 95 dB(A); postupak ocenjivanja usaglašenosti prema prilogu V. Kategorija proizvoda: 27
AQT 37-13/AQT 37-13+
2000/14/EC: izmereni nivo ostvarene buke 90 dB(A), nepouzdanost K = 1 dB, garantovani nivo ostvarene buke 91 dB(A); postupak ocenjivanja usaglašenosti prema prilogu V. Kategorija proizvoda: 27
AQT 40-13
2000/14/EC: izmereni nivo ostvarene buke 94 dB(A), nepouzdanost K = 2 dB, garantovani nivo ostvarene buke 96 dB(A); postupak ocenjivanja usaglašenosti prema prilogu V. Kategorija proizvoda: 27 Tehnička dokumentacija kod: *