GHO 40-82 C Professional - Ренде BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GHO 40-82 C Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GHO 40-82 C Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Ренде во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GHO 40-82 C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GHO 40-82 C Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GHO 40-82 C Professional BOSCH
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
132 | Македонски
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за рендиња
▶ Почекајте сечилото да престане да работи пред да го спуштите алатот. Изложеното ротирачко сечило може да ја зафати долната површина, и со тоа да изгуби контрола и да предизвика сериозни повреди.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина, бидејки сечилото може да дојде во контакт со својот кабел. Сечењето на жица „под напон“ може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го наслоните на вас, тоа ќе биде нестабилно и може да изгубите контрола.
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
▶ Не ги факајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови.
▶ Не рендајте никогаш над метални предмети, клинци и завртки. Секачот и вратилото на секачот може да се оштетат и да ги зголемат вибрациите.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвikuва оштетување и може да предизвика електричен удар.
▶ При работата рендето држете го секогаш на начин што подлогата на рендето секогаш ће лежи на делот што се обработува. Инаку работата со рендето може да се навали и да доведе до повреди.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за рендање на дрвени материјали како на пр. греди и даски на цврста подлога. Тој е погоден за искосување на рабови и за правење засеци.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Вртливо копче за подесување на длабочината на стругање (изолирана површина на рачката)
(2) Исфрлувач на струготини (по избор десно/лево)
(3) Депо за сечилото на рендето/клучот
(4) Скала за подесување на длабочината на струготината
(5) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
(6) Прекинувач за включување/исклучување
(7) Поклопец за ременот
(8) Завртка за поклопецот за ременот
(9) Рачка за поместување на правецот на исфрлање на струготините
(10) Подлога на рендето
(11) V-жлебови
(12) Рачка (изолирана површина на рачката)
(13) Глава на сечилото
(14) Затезен елемент за сечилото на рендето
134 | Македонски
(15) Завртка за прицврстување на сечилото на рендето
(16) НМ/ТС-сечило на рендето
(17) Странична заштита за вратилото на сечилото
(18) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(19) Црево за всисување (∅ 35 mm) ^A
(20) Вреїчка за прав/струготини ^4
(21) Паралелен граничник ^A)
(22) Завртка за подесување на ширината на засекот ^A)
(23) Завртка за прицврстување на паралелниот/аголниот граничник ^A)
(24) Аголен граничник ^A)
(25) Завртка за блокирање на аголниот подесувач ^A
(26) Завртка за прицврстување за граничникот за длабочина на засеци ^4)
(27) Граничник за длабочина на засеци ^A)
(28) Држач на рендето при паузирање
(29) Сервисна станица ^4
A) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Ренде GHO 40-82 C | |
| Број на дел/артикл | 0 601 59A 7..0 601 59A A.. |
| Номинална јачина W 850 | |
| Излезна моїност W 450 | |
| Број на вртежи во празен од min ^-1 | 14000 |
| Длабочина на струготината mm 0 – 4,0 | |
| Длабочина на засекот mm 0 – 24 | |
| макс. ширина на рендето mm 82 | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014kg 3,2 | |
| Класа на заштита | / |
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-14.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 85 dB(A); звучна јачина 96 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-14:
$$ a _ {n} = 7, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, $$
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текст на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Промена на алат
▶ Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не го факајте секачот на рендето на рабовите за сечење. Може да се повредите од острите рабови за сечење.
Користете го само оригиналното Bosch-HM/TC-сечило за ренде.
Секачот за ренде од цврст материјал (НМ/ТС) има 2 секачи и може да се врти. Доколку двата раба на секачот се тапи, секачот на рендето (16) мора да се замени. НМ/ТС-секачот на рендето не смее дополнително да се остри.
Демонтирање на сечилото на рендето (види слика А)
За вртење или менување на ножот на рендето (16) свртете ја главата на ножот (13), додека не дојде паралелно со подлогата на рендето (10).
① Олабавете ги 2-те завртки за прицврстување (15) со клуч со внатрешна шестаголна глава (18) околу 1 – 2 вртења.
② Доколку е потребно, олабавете го затезниот елемент (14) со лесно удирање со соодветен алат, на пр. дрвен клин.
③ Склопете ја страничната заштита за вратилото на сечилото (17) надолу и со едно дрвено парче турнете го сечилото за рендето (16) странично од главата на сечилото (13).
Монтирање на сечилото на рендето (види слика В)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се обезбедува еднакво подесување на висината при менување одн. вртење.
Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот во затезниот елемент (14) и секачот на рендето (16). Внимавајте при монтажата на сечилото на рендето, тој беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на затезниот елемент (14) и да се центрира рамно на страничниот раб од задната подлога на рендето (10). На крај цврсто затегнете ги 2-те завртки за прицврстување (15) со клуч со внатрешна шестаголна глава (18).
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали се добро вметнати завртките за прицврстување (15). Свртете ја главата на секачот (13) со рака и проверете дали секачот на рендето стружи на некое место.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Редовно чистете го исфрлувают на струготини (2). За чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете соодветен алат напр. дрвено парче, компресиран воздух итн.
▶ Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално всисување постојано користете надворешен уред за всисување или вреќичка за прав/струготини.
Надворешно всисување (види слика С)
На исфрлувают за струготини од двете страни може да се приклучи црево за всисување (∅ 35 mm) (19) (опрема).
Поврзете го цревото за всисување (19) со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прав ке го најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
Сопствено всисување (види слика С)
Кај поситните работи може да приключите врејичка за прав/струготини (опрема) (20). Млазниците за всисување зацврстете ги на исфрлувают на струготини (2). Празнете ја врејичката за прав/струготини (20) редовно, за да остане оптимално собирањето на прав.
Избор на правецот на исфрлање на струготините
Со рачката за поместување (9) може да се подеси исфрлувачот на струготини (2) кон десно или лево. Притиснете го лостот за селекција (9) додека не се вклопи во крајна позиција. Избраниот правец їе се прикаже со ознака со стрелка на лостот за селекција (9).
Употреба
Начини на работа
Подесување на длабочината на стругање
Со вртливото копче (1) може да се подеси длабочината на стругање бесстепено од 0 – 4 mm со помош на скала за длабочина на струготини (4) (поделба на скалата = 0,1 mm).
Држач на рендето при паузирање (види слика G)
Држачот на рендето при паузирање (28) овозможува запирање на електричниот алат веднаш по работниот процес без опасност од оштетување на делот што се обработува или сечилото на рендето. За време на работниот процес, држачот на рендето при паузирање (28) се подига нагоре и задниот дел на подлогата на рендето се отпушта (10).
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
▶ Проверете дали можете да го притиснете прекинувают за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (6) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (6) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.
Фин старт
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на моторот и на погонскиот ремен.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
При оптоварување се намалува бројот на вртежи. Оставете го електричниот апарат неоптоварен на највисок број на вртежи во празен од околу 30 секунди да се олади.
Совети при работењето
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Сервисната станица (29) во куферот може да се употреби како направа за прифаќање на рендето, на пр. за менување на сечила.
▶ Не ја користете сервисната станица за стационарна употреба на рендето.
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете го електричниот алат со предниот дел на подлогата од рендето (10).
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
Включете го електричниот алат и водете го со иста брзина по површината што ја обработувате.
За постигнување на висококвалитетни површини, работете со мала брзина и со постојан притисок на центарот на подлогата на рендето.
При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво, како и при користење на максимальната ширина на рендето поставете мала длабочина на стругање и ев. намалете ја брзината на рендање.
Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните површини и може да доведе до брзо затнување на исфрлувают на струготини.
Само острите секачи на рендето овозможуваат добар капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на електричниот алат.
Вградениот држач на рендето при паузирање (28) овозможува продолжување на процесот на рендање откако їе прекинете, на одреден дел од парчето што се обработува:
– Електричниот алат со надолу притиснат држач на рендето при паузирање, поставете го на другото место од делот што треба да продолжи да се обработува.
– Включете го електричниот алат.
– Притиснете на предниот дел од подлогата на рендето и полека турнете го електричниот алат нанапред (①). Притоа држают на рендето при паузирање єе се притисне нагоре (②), така што задниот дел на подлогата на рендето повторно єе легне на делот што се обработува.
– Водете го електричниот алат со иста брзина по површината што се обработува (③).
V-жлебот на предната страна на подлогата на рендето овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите од делот што се обработува. Употребете го соодветниот V-жлеб според саканата ширина на засекување. Притоа поставете го рендето со V-жлеб на работ од делот што се обработува и водете го по должна на делот што се обработува.

Монтирајте го паралелниот граничник (21) одн. аголниот граничник (24) со завртката за прицврстување (23) на електричниот алат. Во зависност од примената, монтирајте го граничникот за подесување на длабочината на засекот (27) со завртката за прицврстување (26) на електричниот алат.
Олабавете ја завртката за блокирање (22) и подесете ја саканата ширина на засекот. Повторно затегнете ја завртката за блокирање (22).
Поставете ја саканата соодветна длабочина на засекот со граничникот за подесување на длабочината на засекот (27).
Повторете го процесот на рендање повеće пати, додека не ја постигнете саканата длабочина на засекот. Водете го рендето со страничен притисок со налегнување.
Искосување со аголниот граничник

text_image
0-45°При закосување на засеци и површини поставете го потребниот агол на закосување со подесување на аголот (25).
Депо за сечилото на рендето/клучот
Во депото за сечилото на рендето/клучот (3) како што е прикажано на сликата, може да се сместат сечило на рендето (16) и клучот со внатрешна шестаголна глава
(18). За да ја извадите содржината на депото, извлечете го депото за сечилото за рендето/клучот (3) целосно од рендето.

text_image
(3) (18) (16)Сервисната станица (29) во куферот може да се употреби како направа за прифаќање на рендето, на пр. за менување на сечила.
▶ Не ја користете сервисната станица за стационарна употреба на рендето.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Олабавете го држачот на рендето при паузирање (28) и чистете го редовно.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.