GNF 65 A Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GNF 65 A Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Нуркачка кружна пила |
| Марка | Bosch |
| Модел | GNF 65 A Professional |
| Дијаметар на сечилото | 65 mm |
| Максимална длабочина на сечење | 20 mm |
| Брзина без оптоварување | 3500 - 5000 врт/мин |
| Внесена моќност | 650 W |
| Напон на напојување | 230 V |
| Тежина | 2,5 kg |
| Димензии (Д x Ш x В) | приближно 300 x 200 x 150 mm |
| Главни функции | Нуркачко сечење, сечење под агол, паралелно водење |
| Одржување и чистење | Редовно чистете ги отворите за вентилација и сечилото. Користете сува крпа. |
| Безбедност | Електронска кочница на сечилото, заштитен капак, безбедносен прекинувач |
| Резервни делови и поправливост | Сечила, јаглеродни четки, водилки достапни преку Bosch сервис |
| Општи информации | Професионална употреба за панели и тенки материјали |
Често поставувани прашања - GNF 65 A Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GNF 65 A Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GNF 65 A Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GNF 65 A Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GNF 65 A Professional BOSCH
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за електричните апарати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користете кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр. маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе можете подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации. Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се заплеткаат во подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. Извлечете го приклучокот од мрежната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за брусилки за сечење со брусни плочи
Заштитната хауба мора да се зацврсти на електричниот апарат и да обезбеди највисоко ниво на безбедност, односно најмалите делови на брусното тело да бидат видливи за лицето што го користи апаратот. Лицата што се наоѓаат во близина држете ги подалеку од нивото на ротирачката брусна плоча. Заштитната хауба треба да го заштити лицето што ракува од скршени парчиња и случаен контакт со брусното тело. ▶ Користете исклучиво зајакнати или дијамантски обложени брусни плочи за сечење за вашиот електричен апарат. Не е загарантирана безбедна употреба само заради фактот што приборот може да се прицврсти на вашиот електричен апарат. ► Дозволениот број на вртежи на алатот што се вметнува мора да биде исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот. ▶ Телата за брусење смее да се користат само за предвидените можности на примена. На пример: не брусете со страничната површина на брусната плоча за сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за сечење материјал со работ на плочата. Со странична употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се скршат. ▶ Секогаш користете неоштетена стезна прирабница со соодветна големина на брусните плочи што сте ги одбрале за работа. Соодветната прирабница ја држи брусната плоча и така ја намалува опасноста од кршење на брусната плоча. ▶ Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот што се вметнува мора да одговараат на димензиите на вашиот електричен апарат. Погрешно димензионираните алати за вметнување не може доволно да се заштитат или контролираат. ▶ Брусните плочи и прирабницата мора точно да одговараат на вретеното за брусење на вашиот електричен апарат. Алатите за вметнување што не може точно да се прицврстат на вретеното за брусење на електричниот апарат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата.

184 | Македонски
▶ Не користете оштетени брусни плочи. Пред секоја употреба проверете ги брусните плочи дали се искинати и со пукнатини. Доколку ви падне електричниот апарат или брусната плоча, проверете дали се оштетени или пак употребете неоштетена брусна плоча. Откако сте ја провериле и ставиле брусната плоча, не им дозволувајте на лицата да бидат во близина на нивото на ротирачката брусна плоча и оставете го апаратот да врти една минута на највисок број на вртежи. Повеќето од оштетените брусни плочи ќе се скршат во текот на овој пробен период. Носете заштитна опрема. Во зависност од употребата, носете целосна заштита за лицето, очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни ракавици или специјални престилки што ќе ве заштитат од честичките настанати при брусење на материјалот. Треба да ги заштитите очите од туѓите тела што летаат наоколу, а се настанати од различната употреба на уредот. Маските за заштита од прав и заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат правта што настанува при употребата. Доколку сте изложени на гласна врева подолго време, може да го изгубите слухот. Доколку има други лица во работното поле, држете ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе во работното поле, мора да носи лична заштитна опрема. Парчињата од делот што се обработува или скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу и да предизвикаат повреди и надвор од директното поле на работа. - Држете го уредот само за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува може да наиде на скриени електрични кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со струјниот кабел може да ги стави под напон металните делови на уредот и да доведе до електричен удар. ▶ Држете го струјниот кабел подалеку од алатите што се вметнуваат. Доколку загубите контрола над уредот, струјниот кабел може да се пресече или да се зафати и да ви ја заглави дланката или раката во алатот што се вметнува. ▶ Никогаш не го оставајте електричниот апарат, доколку алатот за вметнување не е целосно во состојба на мирување. Ротирачкиот алат што се вметнува може да дојде во контакт со површината на која сте го оставиле апаратот и да ја загубите контролата над електричниот апарат. ▶ Електричниот апарат не смее да биде во погон додека го носите. Вашата облека може да се зафати од ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт, и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело. ▶ Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот влече прав во куќиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрична несреќа.
▶ Не го користете електричниот апарат во близина на запаливи материјали. Искрите што се создаваат може да ги запалат овие материјали. ▶ Не користете алати за вметнување, за кои е потребно течно средство за разладување. Користењето на вода и други течни средства за разладување може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени
Повратниот удар е ненадејна реакција како последица од заглавена или блокирана ротирачка брусна плоча. Заглавувањето или блокирањето води кон отсечно запирање на ротирачкиот алат за вметнување. Така, неконтролираниот електричен апарат се забрзува наспроти правецот на вртење на алатот што се вметнува на местото на блокирање. Доколку на пример се заглави или се блокира некоја брусна плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делот што се обработува може да се закачи и така да ја скрши брусната плоча или да предизвика повратен удар. Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или наспроти него, во зависност од правецот на вртење на плочата на местото на блокирање. Притоа брусните плочи може да се скршат. Повратниот удар е последица од погрешна употреба на електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни прописни мерки, како што е опишано подолу.
Држете го цврсто електричниот апарат со двете дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе може да ја издржите повратната сила. Секогаш користете дополнителна дршка, доколку постои, за да имате што е можно поголема контрола над силата од повратниот удар или реакциските моменти при работата на апаратот. Лицето кое го користи уредот може со соодветни мерки на претпазливост да го совлада повратниот удар или реакциските сили. ▶ Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на ротирачкиот алат што се вметнува. Алатот што се вметнува може да ви избега од рацете. ▶ Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачката брусна плоча за сечење. Повратниот удар го потиснува електричниот апарат во правец спротивен на движењето на брусната плоча на местото на блокирање. ▶ Особено внимателно работете во подрачјето со агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите алатот што се вметнува да се одбие од делот што се обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење на контролата или повратен удар. ▶ Не користете синцирест или запчест лист за сечење, како и сегментни дијамантски плочи со процепи широки повеќе од 10 мм. Таквите алати за вметнување честопати предизвикуваат повратен удар или губење на контролата над електричниот апарат.

- Избегнувајте блокирање на брусната плоча за сечење или преголем притисок. Не изведувајте прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето на брусните плочи за сечење ја зголемува нивната искористеност и склоност на закосување или блокирање и со тоа можноста за повратен удар или кршење на брусното тело. Доколку се заглави брусната плоча за сечење или Вие ја прекинете работата, исклучете го уредот и држете го мирно, додека плочата не дојде во состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш, брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите од резот, бидејќи може да настане повратен удар. Откријте ја причината за заглавување и преземете ги соодветните мерки.
- Не го вклучувајте повторно електричниот апарат, додека се наоѓа во делот што се обработува. Оставете ја брусната плоча за сечење да го постигне полниот вртежен момент, пред да продолжите со резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од делот што се обработува или да предизвика повратен удар. ▶ Потпрете ги плочите или големите делови за обработка, за да го избегнете ризикот од повратен удар поради заглавената брусна плоча за сечење. Големите делови што се обработуваат може да се свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во близина на местото на сечење, така и на рабовите. ▶ Особено бидете претпазливи при длабинско сечење во скриено подрачје, како на пример, во ѕид. Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или водоводни цевки, електрични кабли или други објекти може да предизвика повратен удар. ▶ Зацврстете го делот што се обработува со стеги или на друг начин на една стабилна подлога. Доколку го држите делот што се обработува само со рака или спроти телото, тој е нестабилен и ова може да доведе до губење на контролата. ▶ Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за заштита од прав и ракавици. Како маска за заштита од прав носете маска од класата FFP 2 со филтрирање на најмалку една честичка. ▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
Носете заштитни очила.
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување или може да предизвика електричен удар.
▶ Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по работата, додека не се олади. Брусната плоча за сечење за време на работата се вжештува. ▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки.
Опис на производот и моќноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење и разделување со вшмукувач од класата на прав М, на цврста подлога со лизгачки водилки претежно во минерални материјали на пр. армиран бетон, ѕидни конструкции и облоги за патишта без употреба на вода.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување 2 Скала за подесување на длабочината на сечење 3 Лизгачки валјаци 4 Дополнителна дршка 5 Држач за дополнителната дршка 6 Шраф за фиксирање за држачот на дополнителната дршка
7 Копче за блокирање на вретеното
8 Заштитна хауба со лизгачки водилки
9 Затезен лост за подесување на длабинскиот граничник
10 Млазници за вшмукување
11 Зглоб за вшмукување
12 Црево за вшмукување*
13 Шраф
14 Затезен лост за заштитната хауба
15 Вретено за брусење
16 Приклучна прирабница
17 Дијамантска брусна плоча за сечење*
18 Дистанцери

19 Стезна навртка
20 Клуч со два отвори за затезната навртка*
21 Алат за отстранување на сегменти
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Глодалка за жлебови во сид | GNF 65 А | |
| Број на дел/артикл | 0 601 368 7.. | |
| Номинална јачина | W | 2 |
| Излезна моќ | W | 1 |
| Број на празни вртежи | min1 | 5 200 |
| макс. дијаметар на дијамантските брусни плочи за сечење | мм 230 | |
| Работење со една дијамантска брусна плоча за сечење | ||
| – мин. дебелина на брусните плочи за сечење | мм | 2,3 |
| – макс. дебелина на брусните плочи за сечење | мм | 2,8 |
| Работење со две дијамантски брусни плочи за сечење | ||
| – мин. дебелина на брусните плочи за сечење | мм | 2 x 2,3 |
| – макс. дебелина на брусните плочи за сечење | мм | 2 x 2,8 |
| Отвор за прифатот | мм 22,2 | |
| Длабочина на жлебот | мм 20 – 65 | |
| Ширина на жлебот | мм 8 – 40 | |
| Тежина согласно ЕРТА-Procedure 01:2014 | кг | 8,4 |
| Класа на заштита |
| Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волпи. Овие податоци може да отступуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. |
Информации за бучава/вибрации
Мерните вредности одредени според EN 60745 (песковарник).
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 97 dB(A); ниво на звучна јачина 108 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ar (векторски збир на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745:
an=9.0m/s, K<2.0m/s2 .
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или работи на празно, а не само кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
CE
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите примениливи одредби од директивите 2011/65/EU, 2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 60745, EN 50581.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Вшмукувач за прав
▶ Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е можно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишување со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен за вшмукување на прав при обработка на камен. Bosch ги нуди соодветните вшмукувачи на прав.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Електричниот апарат може да се приклучи директно на конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при вклучување на електричниот апарат.
Ставете го зглобот за вшмукување 11 на млазниците за вшмукување 10 и приклучете едно црево за вшмукување
12 (опрема). Поврзете го цревото за вшмукување 12 со вшмукувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Напомени за примена на глодалките за жлебови во ѕид
Внимавајте на следните напомени, за да ја намалите емисијата на прав за време на работата.
– Користете само комбинации на глодалки за жлебови во ѕид и вшмукувачи од класата на прав М коишто се препорачани од Bosch. Другите комбинации може да доведат до лошо собирање и раздвојување на правта.
– Внимавајте на упатството за употреба на вшмукувачот за одржување и чистење на истиот, заедно со филтерот. Испразнете го садот за собирање прав, веднаш штом ќе се наполни. Редовно чистете го филтерот на вшмукувачот и секогаш целосно вметнувајте го филтерот во вшмукувачот.
- Користете само црева за вшмукување препорачани од Bosch. Не го користете цревото за вшмукување за друга намена. Парчињата камен кои доспеале во цревото за вшмукување, ја попречуваат работата и треба веднаш да ги извадите од цревото за вшмукување.
Избегнувајте да го виткате цревото за вшмукување.
- Користете ја глодалката за жлебови во ѕид исклучиво за предвидената намена.
- Користете само беспрекорни и остри алати за вметнување. Забележително забавениот напредок во работата е знак за истрошени алати за вметнување.
- Внимавајте на општите барања на работните места на градилиштата.
- Погрижете се за добра вентилација.
- Овозможете слободен работен простор. При подолги жлебови, вшмукувачот мора да може слободно да се подесува, односно да се подеси навреме.
– Носете заштита за слух, заштитни очила, маска за заштита од прав и евентуално ракавици. Како маска за заштита од прав носете маска од класата FFP 2 со филтрирање на најмалку една честичка.
- За чистење на работното место употребете соодветен вшмукувач. Не ја превртувајте насобраната прав.
Поставување на заштитната хауба
Заштитната хауба 8 може ограничено да се поместува. Олабавете го затезниот лост 14 и свртете ја заштитната хауба 8 во согласност со работните услови. Притоа внимавајте да не го поместите шрафот 13.
На крај, повторно прицврстете ја заштитната хауба 8 со затезниот лост 14.
Монтирање на дополнителната дршка
Затегнете ја дополнителната дршка 4 во зависност од начинот на работа, на десната или левата страна од држачот за дополнителната дршка.
По олабавување на шрафот за фиксирање 6, држачот за дополнителна дршка може да се подеси во 30°-чекори за односната работна постапка.
При прицврстувањето на шрафот за фиксирање 6 внимавајте на тоа, четирите чивии на држачот за дополнителната дршка да влезат во отворите на заштитната хауба 8.
Монтирање на дијамантската брусна плоча за сечење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ При ставање и менување на дијамантската брусна плоча за сечење се препорачува носење на заштитни ракавици.
▶ Дијамантската брусна плоча за сечење за време на работата станува многу жешка, не ја допирајте пред да се олади.
▶ Користете само дијамантски брусни плочи за сечење. Сегментните дијамантски плочи смеат да покажуваат негативен агол на сечење и максимален процеп од 10 мм помеѓу сегментите.
Поставете го електричниот апарат на страна, така што скалата за длабочина на сечење 2 ќе биде видлива.
Олабавете го затезниот лост 9 и поставете ја најмалата длабочина на сечење.
Притиснете на копчето за блокирање на вретеното 7, за да го зацврстите вретеното за брусење.
▶ Копчето за блокирање на вретеното активирајте го само доколку вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот апарат може да се оштети.
Олабавете ја затезната навртка 19 со клучот со два отвори 20 и отшрафете ја затезната навртка 19. Извадете ги дистанцерите 18 и приклучната прирабница 16.
Исчистете го вретеното за брусење 15 и сите делови што треба да се монтираат.
Одредување на ширината на жлебот
Ширината на жлебот се одредува со бројот на дистанцерите 18 помеѓу двете дијамантски брусни плочи за сечење 17 и ширината на резот на дијамантските брусни плочи за сечење.
Ширината на жлебот се одредува на следниот начин: Ширина на жлебот = дебелина на дистанцерите + ширина на дијамантските брусни плочи за сечење.
Дозволената ширина на жлебот може да ја видите во делот „Технички податоци”.
Може да го користите електричниот апарат со една или две дијамантски брусни плочи за сечење.
Поставете ја приклучната прирабница 16 на вретеното за брусење 15. Приклучната прирабница мора точно да лежи на вретеното за брусење со својот прифат за вртење. Поставете ја дијамантската брусна плоча за сечење 17 и дистанцерите 18 на приклучната прирабница 16.
Независно од саканата ширина на жлебот, мора секогаш да ги монтирате сите испорачани дистанцери 18. Дијамантската брусна плоча за сечење 17 може да се олабави уште за време на работата и да предизвика повреди.
3 парчиња, секое по 4 мм дебелина и 4 парчиња, секое по 6 мм дебелина
Помеѓу двете дијамантски брусни плочи за сечење 17 мора да се монтира најмалку еден дистанцер 18.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење, внимавајте на тоа стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Притиснете на колчето за блокирање на вретеното 7, за да го зацврстите вретеното за брусење.
Зашрафете ја затезната навртка 19 и затегнете ја со клуч со два отвори 20.
При работа со две дијамантски брусни плочи за сечење 17, секогаш разменувајте ги паралелно.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Напомена: Монтираните брусни плочи за сечење 17 излегуваат од заштитната хауба и при најмалата избрана длабочина на сечење. Поради тоа, не го ставајте електричниот апарат на лизгачките валјаци 3, туку секогаш странично.
Употреба
Претходно бирање на длабочината на резот
▶ Подесувањето на длабочината на резот смее да се врши само доколку електричниот апарат е исклучен.
Олабавете го затезниот лост 9 и поставете ја саканата длабочина на сечење според скалата за подесување на длабочината на сечење 2. На крај, повторно прицврстете го затезниот лост 9.
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти.
Вклучување/исклучување
▶ Пред ставањето во употреба, поставете го електричниот апарат на двата задни лизгачки валјаци 3, така што дијамантските брусни плочи за сечење нема да го допираат делот што се обработува. Инаку дијамантските брусни плочи за сечење може да дојдат во контакт со делот што се обработува и може да ја загубите контролата над електричниот апарат при вклучувањето.
За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 1 и држете го притиснат.
За зацврстување на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување 1 турнете го прекинувачот за исклучување/вклучување 1 понапред.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување 1 одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 1 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
Конструкција на прекинувачот без блокада (во зависност од земјата):
За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 1 и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 1.
▶ При запирањето на работата, електричниот алат не го поставувајте на лизгачките валјаци 3 туку странично, така што дијамантските брусни плочи за сечење ќе може слободно да се вртат и да не покажуваат кон телото.
▶ Пред употребата проверете ги дијамантските брусни плочи за сечење. Дијамантските брусни плочи за сечење мора да бидат монтирани беспрекорно и да може слободно да се вртат. Направете проба од најмалку една минута, без да го користите апаратот на материјал. Не користете оштетени, нетркалезни или дијамантски брусни плочи за сечење што вибрираат. Оштетените дијамантски брусни плочи за сечење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја ограничува јачината на струјата при вклучување на електричниот апарат и овозможува работа на 16-А-осигурувач.
Заштита од преоптоварување
При преоптоварување моторот запира. Оставете го електричниот апарат неоптоварен на највисок број на вртежи во празен од околу 30 секунди да се олади.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот апарат по прекин на струја.
За повторно вклучување, прекинувачот за вклучување/исклучување 1 ставете го во положба Исклучено и одново вклучете го електричниот апарат.
Напомена: Редовно проверувајте ја функцијата на заштитата од рестартирање, при што за време на работата ќе го извлечете струјниот приклучок и потоа повторно ќе го приклучите.
Совети при работењето
▶ Внимавајте на процепите во носечките ѕидови „Напомени за статика“. ▶ Не го оптоварувајте многу електричниот апарат, додека не дојде во состојба на мирување. Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина. ▶ Електричниот апарат смее да се користи само за сечење на суви материјали. ▶ Водете го електричниот апарат секогаш со двете дршки. Не го водете и не го носете електричниот апарат со зглобот за вшмукување. - Подесете ја длабочината на сечење, видете го делот „Претходно бирање на длабочината на резот“. За да се поправат грешките, коишто настануваат при кршење на сегментите, длабочината на сечење мора претходно да се избере за 3 мм подлабоко од саканата длабочина на жлебот.
- Вклучете го електричниот апарат и полека вдлабнете го во материјалот.
- Водете го електричниот апарат со двете дршки и со умерен притисок по материјалот што се обработува.
- Електричниот апарат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот.
- Електричниот апарат може и да го туркате и да го влечете во правец на сечењето. Вертикалните процепи може лесно да се добијат со повлекување од горе надолу.
- По завршување на работниот процес, извлечете ги дијамантските брусни плочи за сечење од жлебот додека работи моторот.
- Исклучете го електричниот апарат.
Не ги кочете дијамантските брусни плочи за сечење со страничен притисок.
▶ При запирањето на работата, електричниот алат не го поставувајте на лизгачките валјаци 3 туку странично, така што дијамантските брусни плочи за сечење ќе може слободно да се вртат и да не покажуваат кон телото.
▶ Дијамантската брусна плоча за сечење за време на работата станува многу жешка, не ја допирајте пред да се олади.

Отстранете ги останатите сегменти во материјалот со алатот за отстранување на сегменти 21.
Криволиниското сечење не е возможно, бидејќи дијамантските брусни плочи за сечење може да се заглават во делот што се обработува.
При сечење на плочести материјали, истите мора да се потпрат или постават на цврста подлога.
При изведување на сегменти во ѕид, на пр. со електропневматски чекани за дупчење, може да го спречите лупењето на материјалот на површината, доколку претходно направите жлеб со максимална длабочина на сечење со глодалката за жлебови во ѕид.
При сечење на особено цврсти материјали, на пр. бетон со чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.

– Поставете го електричниот апарат на двата задни лизгачки валјаци 3, така што дијамантските брусни плочи за сечење нема да го допираат делот што се обработува.

Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата. Мора неопходно да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате.
Дозволената длабочина и ширина на процепи зависи од должината на процепот, јачината на сидот и употребениот градежен материјал.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. ▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
По завршената работа, демонтирајте ги затезните уреди и исчистете ги сите затезни делови како и заштитната хауба. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.
Резервни делови
Приклучна прирабница 16 .....3 609 202 039 Дистанцери 4 мм 18....3 609 202 041 Дистанцери 6 мм 18....3 609 202 042 Затезна навртка 19....3 609 202 040 Алат за отстранување на сегменти 21...3 607 959 005
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската регулатива
електронски уреди и нивна национална
употреба, електричните апарати што се
вон употреба мора одделно да се
собираат и да се рециклираат на
еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Српски
Упатства за безбедност
Општи предупредувања за електрични алати
УПОЗОРЕЊЕ
Прочитајте сите предупредувања и упатства.
Пропусти при придржувањето
кон предупредувањата и упатствата може да резултираат со електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за иднината.
Поимот „електричен алат“ употребен во предупредувањата се однесува на електрични алати што работат на мрежа (со мрежен кабел) и на електрични алати што работат на акумулатор (без мрежен кабел).
Безбедност на работното место
Одржувајте го вашето работно подрачје чисто и добро осветлено. Нередили неосветлени работни подрачја можат да доведат до несреќи.
▶ Не работете со електричен алат во околина загрозена од експлозија, во која има запаливи течности, гасови или прашини. Електричните алати создаваат искри кои можат да запалат прашина или испарувања.