GORENJE M500DCS - кујнски апарат

M500DCS - кујнски апарат GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот M500DCS GORENJE во PDF формат.

📄 36 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE M500DCS - page 12
Погледни прирачник : Čeština CS English EN Magyar HU Македонски MK Română RO Русский RU Slovenčina SK Slovenščina SL Українська UK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Рачен миксер со стал
Бренд Gorenje
Модел M500DCS
Подесувања на брзина 5 брзини (Fold, Blend, Mix, Cream, Whip) + Turbo и Pulse
Вклучени додатоци Матилки, куки за тесто
Сад Вклучен
Стал Да, со држач и копчиња за стал
Материјал на моторната единица Пластика
Материјал на матилките Нерѓосувачки челик
Потрошувачка на енергија 400 W (проценето)
Напон 220-240 V
Фреквенција 50-60 Hz
Ниво на бучава 72 dB(A)
Предвидена употреба Мешање, матење, шлаг и месење за домашна употреба
Безбедносни карактеристики Автоматско исклучување кога е без надзор (препорачано исклучување), безбедносна блокада за деца не е присутна
Упатства за чистење Одвојте ги матилките/куките за тесто, измијте ги во топла сапуница; избришете ја моторната единица со влажна крпа; не потопувајте
Должина на кабелот Прибл. 1,2 m (проценето)
Тежина Прибл. 2,5 kg (со стал)

Frequently Asked Questions - M500DCS GORENJE

Како да ги прикачам матилките или куките за тесто?
Осигурете се дека апаратот е исклучен и исклучен од струја. Вметнете го стеблото на матилката во една од монтажните дупки на моторната единица, турнете и завртете додека не се заклучи. Повторете за другата матилка. За куките за тесто, вметнете ја куката со пар уши во десниот отвор, а онаа со прстенест прстен во левиот отвор.
Како да ги отстранам додатоците?
Исклучете го и исклучете го апаратот од струја. Држете го копчето за ослободување притиснато и извлечете ги матилките или куките за тесто од моторната единица.
Што е Turbo функцијата и како да ја користам?
Turbo функцијата обезбедува најголема брзина за брзо мешање или шлаг. Притиснете го копчето 'Turbo' додека миксерот работи за да ја активирате. Можете исто така да го свртите избирачот на брзина на позицијата pulse за кратки импулси со голема брзина.
Може ли да ги мијам матилките и куките за тесто во машина за садови?
Прирачникот препорачува да ги миете во топла сапуница и добро да ги исушите. Користењето на машина за садови не се споменува, па рачното миење е побезбедно за да се спречи оштетување.
Како да ја исчистам моторната единица?
Избришете ја моторната единица само со влажна крпа. Не користете абразивни или растворувачки средства за чистење, и никогаш не потопувајте ја моторната единица во вода или друга течност.
За што служат различните подесувања на брзина?
Подесувањата на брзина се: 1 Fold (за суви состојки), 2 Blend (за течности), 3 Mix (за колачи), 4 Cream (за кремирање путер и шеќер), 5 Whip (за јајца и крем). Turbo и pulse обезбедуваат максимална брзина.
Дали овој миксер е погоден за месење тесто за леб?
Да, куките за тесто се дизајнирани за мешање и месење тесто. Користете соодветна брзина (Fold или Mix) и осигурете се дека тестото не е премногу тврдо за да не го преоптоварите моторот.
Кои безбедносни мерки треба да ги преземам?
Секогаш исклучувајте го апаратот од струја пред да прикачувате или отстранувате делови, чистите или го оставате без надзор. Не допирајте подвижни делови, држете го кабелот подалеку од топлина и остри рабови, и ракувајте само со суви раце. Деца на возраст од 8+ можат да го користат под надзор.
Што значи нивото на бучава од 72 dB?
72 dB е умерено ниво на бучава, споредливо со правосмукалка. Тоа е во нормален опсег за рачен миксер.
Каде можам да добијам резервни делови или сервис?
Контактирајте го Центарот за грижа на клиенти на Gorenje во вашата земја (телефонски број во гарантниот лист) или посетете локален продавач на Gorenje. Само квалификуван персонал треба да врши поправки.

Прашања на корисниците за M500DCS GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кујнски апарат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник M500DCS - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. M500DCS на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК M500DCS GORENJE

Упатства за употреба МК

МК Упатства за употреба...... 12

EN Instruction manual.... 15

RO Manual de instructiuni.... 18

Внимателно прочитајте ги овие упатства. Чувајте ги за да ги користите и во иднина.

GORENJE M500DCS - 1

  1. Копче за вклучување/исклучување, брзина и импулсна брзина
  2. Копче за отпуштање на додатоците за матење и месење
  3. Погонска единица
  4. Метлички за матење
  5. Сад
  6. Метлички за месење
  7. Основа
  8. Копче за одвојување на миксерот од основата
  9. Копче за ослободување на носачот на основата
  10. „TURBO“ копче

GORENJE M500DCS - 2

Апаратот е наменет за домашна употреба во домакинството! Употребувајте го за мешање, месење, матење и за пасирање.

Важни безбедносни упатства

Апаратот соодветствува на признаните технички правила, како и на важечките безбедносни прописи за електричните апарати. Поправките на електричните апарати може да ги изврши само стручњак. Производителот не одговара за можната штета настаната како последица на непрописна употреба или на погрешно управување. Корисникот на апаратот задолжително треба да ги почитува следниве предупредувања:

- При приклучување и ставање во погон, задолжително почитувајте ги следниве податоци наведени на натписната табла. Проверете дали напонот и фраквенцијата му одговараат на апаратот!

  • Не приклучувајте го апаратот ако е оштетен приклучниот кабел или, пак, апаратот.
  • Во случај на дефект, исключете го апаратот од електричната мрежа.
  • Секогаш исключете го апаратот од електричната мрежа кога не го употребувате или кога їе завршите со работа.
  • Приклучните кабли:

– не провлекувајте ги покрај жешки места за готвење или покрај отворен орган,

– не провлекувајте ги низ остри рабови,

– не употребувајте ги за пренесување на апаратот.

— Ако приклучниот кабел се оштети, можете да го замените само во овластен сервис.
— Старите апарати одеспособете ги за евентуална понатамошна употерба. Отстранете го апаратот на начин пропишан за тоа. За можностите за отстранување на остарените апарати и на амбалажата информирајте се кај општинската, односно регионалната управа.
— Кога апаратот сосема ће застане, извлечете го гајтанот од штекерот и заменете го приклучниот елемент. Додека работи апаратот, не ставајте ги рацете помеѓу приклучните елементи и немојте да ги допирате со каков било предмет.
- Приклучните елементи се вртат уште неколку секунди по исклучувањето на апаратот. Не допирајте ги за да не се повредите. Немојте никогаш да ги чистите приклучните елементи додека апаратот не го исключите од електричната мрежа.
— Апаратот никогаш не употребувајте го на отворено.
— Погрижете се да имате суви раце кога го употребувате апаратот.
— Кога работи апаратот, не приближуавајте ги вртливите делови или секачите до други лица или животни, бидејки може да предизвикате трајни повреди, па дури и смрт.
— Овој апарат можат да го користат деца кои веке наполниле 8 години, лица со намалени физички,

сетилни или ментални способности како и лица кои немаат довольно искусство и знаење ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.

— Чистењето и корисничкото одржувањето не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
— Ниво на бучава Lc=72 dB (A)

Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/EU за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE).

Прописот ја дава рамката за враćање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.

Пред употреба

  • Проверете дали апаратот е во добра costојба, да не е оштетен, односно истрошен поради старост или прекумерна употреба.
  • Проверете го приключниот кабел, да не е можеби оштететен
  • Проверете го прекинувачот за вклучување/исклучување на апаратот.
  • Проверете дали сите делови што сакате да ги прицврстите за апаратот се оригинални делови, кои ги препорачува производителот. НЕ монтирајте неоригинални делови на апаратот!

По употреба

Апаратот секогаш ислучувајте го од електричната мрежа кога ће завршите со работа или кога ће го оставите на работна површина. Чувајте го на суво место, надвор од дофатот на децата.

Употреба на продолжетоците

  • Метличките за мешање употребувајте ги при: мешање, матење.
  • Метличките за месење на тесто употребувајте ги при мешање и месење на тестото.

  • Продолжетокот на палковидната мешалка употребувајте го за претворање на храната во течна состојба, како и за пасирање.

  • Секогаш погрижете се апаратот да биде иклучен од електричната мрежа, кога ставате или вадите кој било од приклучните елементи!

Монтирање на метличките за мешање (месење)

  • Исклучете го апаратот од електричната мрежа.
  • Ставете го врвот на левиот продолжеток (со поголема, сива пластична ознака) во поголемиот отвор на апаратот. Лесно притиснете го и завртете, додека не слушнете дека е наместен во лежиштето.
  • Потоа ставете го врвот на десниот продолжеток (со помала, бела пластична ознака) во помалиот отвор на апаратот. Лесно притиснете го истиот и завртете додека не слушнете дека е наместен во лежиштето.

Вадење на приклучните елементи

  • Исклучете го апратот од електричната мрежа
  • Притиснете го копчето за вадење на приклучните елементи.
  • Повлечете ги приклучните елементи од отворите.

Употреба

  1. Садот ставете го на место и притиснете го носачот на миксерот додека не се заклучи (Слика 1).
  2. Ставете ги метличките за мешање или месење во отворот (Напомена: ставете го додатокот за мешање/месење со запчаникот во десниот отвор на миксерот ( слика 2).
  3. Поставете го миксерот на носачот (слика 3).
  4. Кога сакате да го откачите миксерот од носачот притиснете го копчето за одвојување на миксерот од основата (слика 4).
  5. По употребата, прво исключете го миксерот од електричната мрежа. Притиснете го копчето за отпуштање на метличките и извадете ги од миксерот. (слика 5).
  6. Кога го подигнувате носачот на миксерот, притиснете го копчето за ослободување на носачот (слика 6).
  7. Ако сакате поголема брзина, притиснете го »TURBO« копчето или ставете во позиција »М« (»1« ali »10«).
БРЗИНАОПИС
1МЕСЕЊЕОва е почетна брзина за мешање на густа и сува храна (брашно, путер, пире од компири)
2МЕШАЊЕНајдобра брзина за мешање на течни состојки и спремање на преливи за салата.
3МАТЕЊЕЗа спремање на колач, колачи и леб.
4МАТЕЊЕЗа спремање на крем од путер и шекер, непечени десерти, кремови, итн.
5МАТЕЊЕЗа матење на јајца, шекерни глазури, шлаг, течна сладка павлака итн.

Чистење и одржување

Пред чистењето, секогаш извлечете го гајтанот од штекерот!

Миксерот избришете го со влажна крпа. Не потопувајте го во вода и не чистете го под чешма!

Не употребувајте груби средства за чистење! Приклучоците на миксерот исто така можете да ги измиете со крпа и со неабразивни средства за чистење.

Апаратот не бара посебно одржување.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Не го фрлајте на апаратот во нормален домашен отпад,туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС

Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство.

Го задржуваме правото на промени!

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : M500DCS

Категорија : кујнски апарат