B1200 HEAD B - кујнски апарат GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот B1200 HEAD B GORENJE во PDF формат.
| Вид на производ | Личен блендер |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | B1200 HEAD B |
| Материјал | Тритан пластика без BPA |
| Сечило | NutriBlade нерѓосувачки челик |
| Капацитет (Сад за мешање) | 600 ml (приближно) |
| Капацитет (Сад за носење) | 600 ml (приближно) |
| Поставки за брзина | Ниско, Високо, Пулс (2 сек) |
| Максимално континуирано работење | 1 минута (потоа 1 мин пауза, до 3 циклуси, потоа 3 мин ладење) |
| Потрошувачка на енергија | 300 W (приближно) |
| Напон | 220-240 V ~ 50/60 Hz |
| Безбедносни карактеристики | Безбедносен прекинувач на моторната единица, заштита од преоптоварување, автоматско исклучување |
| Безбедно за машина за садови | Само садови (горна решетка, <80°C); сечила само рачно миење |
| Вклучени додатоци | Сад за мешање, сад за носење, капак за складирање, капак за пиење, NutriBlade сечило |
| Упатство за чистење | Не потопувајте го моторниот дел; чистете со влажна крпа; не користете абразивни средства |
| Гаранција | Погледнете на веб-страницата на Gorenje или контактирајте го локалниот сервисен центар |
Frequently Asked Questions - B1200 HEAD B GORENJE
Прашања на корисниците за B1200 HEAD B GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кујнски апарат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник B1200 HEAD B - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. B1200 HEAD B на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК B1200 HEAD B GORENJE
Упатствата за употреба МК
Instruction manual EN
Инструкции за употреба BG
Splošen opis:

- Капак
- Сад за блендирање од тритан ® BPA-free
- Сечило „NutriBlade“
- Контролна табла
- Мотор
- Сад за носење од тритан ^® BPA-free
- Капак за чување на пијалакот
- Затворач на капакот
- Капак со отвор за пиење
Важно:
Пред првпат да го употребите апаратот, внимателно прочитајте го ова упатство за употреба и сочувајте го за во иднина.
Опасност
Не потопувајте го моторот во вода или во друга течност и не плакнете го под чешма.
Предупредување
Пред да го приключите апаратот на струја, проверете дали напонот назначен на дното од истиот одговара на напонот во електричната инсталација во вашиот дом. Не користете го апаратот доколку струјниот кабел или некоја друга компонента се оштетени. Доколку струјниот кабел е оштетен, истиот може да го замени единствено Горење, овластен сервис или центар за поправки на Горење или соодветно обучен професионалец.
Апаратот не треба да го користат деца или лица со намалени физички или психички способности или лица кои немаат искусство или знаење, освен доколку се под надзор или ги советуваат лица одговорни за нивната безбедност. Не дозволувајте им на деца да си играат со апаратот.
Не оставајте го апаратот да работи без надзор. Никогаш не мешајте газирани пијалаци во апаратот. Притисокот во садот може да го оштети и да доведе до сериозни повреди. Не мешајте и не преработувајте врели течности во апаратот. Доколку забележите знаци на оштетување на апаратот, престанете со употребата и контактирајте го најблискиот овластен сервис и центар за поправки на Горење. Не ставајте ги
рацете или помошните делови во близина на сечилата.
Не чистете го апаратот со вода потопла од 80 °C.
Внимание: Апаратот е наменет исклучиво за лична употреба во домакинството.
Не користете помошни или резервни делови од други производители, освен доколку не се изречно препорачани од страна на Горење. Во случај на користење такви помошни или резервни делови, гаранцијата не важи.
Пред да го включите апаратот, проверете дали сите компоненти се правилно наместени.
Моторот мора да биде сув во текот на работењето на апаратот.
Кога во садот има вода, апаратот не треба да се користи подолго од една минута.
Доколку моторот престане да работи и не може повторно да се вклучи, исклучете го апаратот од струја и оставете го да се олади пред повторно да го включите (најмалку еден час). Апаратот не е наменет за употреба на отворено.
Внимание: некои семки и коски може да испуштаат цијанид кога юе се внесат во организмот. Пред употреба, секогаш отстранувајте ги коските и семките од јаболката, сливите, праските, црешите и кајсиите!
Овој апарат е означен во согласност со Европската директива 2012/19/EC за Отпад од електрична и електронска опрема — WEEE. Во Директивата се наведени обврските за собирање и управување со отпад од електрична и електронска опрема кои се на сила во целата Европска Унија.
Подготовка за употреба на апаратот:
- Отстранете ја амбалажата.
- Исчистете го апаратот како што е објаснето во делот „Чистење“.
Употреба на апаратот:
Пред да почнете да правите сок, темелно измијте ги сите состојки. Исечкајте ги Costaјките на поситни парчиња.
Отстранете ги сите цврсти семки или коски.

Додајте ги состојките и течноста по ваш избор во садот за блендирање (1) или во сад за носење (6), така што ќе ги наполните до ознаката MAX.
Прикачете го сечилото „NutriBlade“ (2) така што ке го навртите на садот. Проверете дали сечилото е цврсто прикачено/навртено.

Ставете го садот со сечилото на моторот. На самиот дел во кој е моторот има сигурносен прекинувач. Доколку садот не е правилно наместен на моторот, апаратот нема да работи.
Приключете го апаратот на струја.

Притиснете го копчето ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ (ON/OFF). Белата сијаличка над прекинувачот почнува да трепка. Апаратот е подготовен за употреба.
Кога ќе го притиснете копчето МАЛА/ГОЛЕМА (LOW/HIGH), сијаличката над прекинувачот се пали и апаратот почнува да работи со мала брзина. Притиснете го копчето МАЛА/ГОЛЕМА, за да ја зголемите брзината на ротација.
Исклучете ја ротацијата со притискање на копчето ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ. Кога ње го притиснете копчето ПУЛС (PULSE), сијаличката над прекинувачот се пали и апаратот почнува да работи со голема брзина околу 2 секунди. Кога мешате состојки со течност, максимальното време на непрекинато на работење е 1 минута. По една минута, исклучете го апаратот и почекајте 1 минута да се олади. Такви едноминутни циклуси може да се повторуваат три пати по ред. Потоа, почекајте околу 3 минути апаратот да се олади.
По употребата, исключете го апаратот и извлечете го струјниот кабел од штекерот.
Со апаратот ракувајте исклучиво со суви раце.
Совети:
Доколку во садот има премногу состојки, а не сте додале довольно течности, смесата може да биде премногу густа. Во таков случај, costoјките на врвот на садот не може да потонат до сечилата на дното. Во таков случај, извадете го садот со прицврстеното сечило од моторот и протресете го темелно. Потоа, вратете го садот со сечилото на моторот.
Чистење:
Не чистете го апаратот со сунгери со жици, со каустични или корозивни средства за чистење или со агресивни течности, како алкохол, бензин или ацетон.
Апаратот полесно се чисти веднаш по употребата.
Расклопете го апаратот следејки ги чекорите за склопување на истиот во обратен редослед.
Не потопувајте го делот со моторот во вода и не плакнете го под чешма. Кога го чистите, користете само влажна крпа.
Сечилата не може да се мијат во машина за садови. За нивно чистење, користете топла вода и прашок. Не отстранувајте ги дихтунзите кога го чистите апаратот. Тоа може да доведе до оштетување и истекување на течности од одредени места.
Садовите може да се мијат во горната корпа на машината за садови, на пониски температури (пониски од 80 °C).
Не чистете го апаратот со метални средства за чистење, зашто тие може да го оштетат.
Животна средина:
По истекот на корисниот век на апаратот, не фрлајте го заедно со обичниот отпад од домакинството. Однесете го во овластен центар за рециклирање. Со тоа ќе помогнете во зачувувањето на животната средина.
Гаранција и сервис:
За повеće информации или во случај на проблеми, ве молиме посетете ја веб страната на Горење на www.gorenje.com или контактирајте го овластениот сервис на Горење во вашата земја (телефонските броеви се наведени на Мегународната гаранција).
Доколку во вашата земја не постои таков центар, ве молиме контактирајте го локалниот дистрибутер на Горење или Службата за мали и иновативни апарати за дома Kinство на Горење.
Го задржуваме правото на измени.