TGR50SNG - Моментален бојлер и бојлер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TGR50SNG GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Гасен проточен бојлер |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | TGR50SNG |
| Димензии (В x Ш x Д) | 580 x 310 x 210 mm |
| Тежина | 10 kg |
| Напојување | Природен гас (G20) при 20 mbar |
| Номинален топлински внес | 20 kW |
| Проток на топла вода (ΔT=25°C) | 11.5 L/min |
| Палење | Електронско палење (на батерии или мрежа) |
| Безбедносни уреди | Уред за заштита од изгаснување на пламен, заштита од прегревање, функција против замрзнување |
| Подесување на температура | 45°C до 65°C (прилагодливо) |
| Клучни функции | Проточно снабдување со топла вода, старт при низок притисок на вода (≥0.1 bar) |
| Одржување | Годишен преглед од квалификуван техничар; периодично чистење на филтерот за вода |
| Достапност на резервни делови | Резервни делови достапни во сервисните центри на Gorenje; вообичаени делови вклучуваат термопар, горилник, воден вентил |
| Потребни услови за инсталација | Ѕидна монтажа; издув на чадни гасови во оџак или надвор; приклучок за гас од сертифициран инсталатер |
| Сертификација | CE, Директива за гасни апарати (2009/142/EC) |
| Гаранција | 2 години (според условите) |
Често поставувани прашања - TGR50SNG GORENJE
Прашања на корисниците за TGR50SNG GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Моментален бојлер и бојлер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TGR50SNG - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TGR50SNG на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TGR50SNG GORENJE
Упатства за употреба
34
ОПОЗОРИЛА!
⚠️ Апаратот можат да го употребуваат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, психички или ментални способности или со недостаток на искуство, односно знаење, доколку се под надзор или се поучени за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
⚠️ Децата не смеат да си играат со апаратот.
⚠️ Чистење и одржување на апаратот не смеат да го вршат деца без надзор.
⚠️ Инсталацијата мора да биде изведена во согласност со важечките прописи според упатствата на производителот. Инсталацијата мора да ја изведе стручно оспособен монтер.
⚠️ Кај затворен систем под притисок, при приклучувањето на доводната цевка на греалката за вода мора да вградите сигурносен вентил со номинален притисок од 0,6 MPa (6 бари), кој го спречува зголемувањето на притисокот во котелот за повеќе од 0,1 MPa (1 бар) над номиналниот.
⚠️ Од одводниот отвор на безбедносниот вентил може да капе вода. Заради тоа, одводниот отвор мора да биде отворен на атмосферски притисок.
⚠️ Испустот на безбедносниот вентил мора да биде насочен во насока надолу и на простор каде што нема да замрзнува.
За правилно работење на безбедносниот вентил, морате самите да изведувате редовни контроли со кои ќе го отстраните водниот камен и ќе проверите дека безбедносниот вентил не е блокиран.
⚠️ Помеѓу греалката и повратниот сигурносен вентил не смеете да вградите затворен вентил бидејќи со тоа ќе го оневозможите работењето на повратниот сигурносен вентил!
⚠️ Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода!
Во случај на откажување на работниот термостат греачот е заштитен со дополнителен термички осигурувач, но во таков случај во согласност со безбедносните стандарди водата во греачот може да ја постигне температурата дури до 130 °C. При поставувањето на водоводните инсталации задолжително треба да се земе во предвид можноста дека може да дојде до спомнатите температурни преоптоварувања.
Водата од греалката се источува со помош на доводната цевка на греалката. Во таа намена препорачливо е при вградувањето помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка на греачот да се намести посебен фитинг (Т-член) или вентил за пуштање.
Ве молиме, евентуалните оштетувања на греалката не ги поправајте сами, туку за тоа известете го најблискиот овластен сервис.
Почитуван купувачу, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ!
ВЕ МОЛИМЕ, ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.
Греалката е изработена согласно со важечките стандарди и уредно испробана, исто така за неа се издадени цертификат за безбедност и цертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички карактеристики се наведени на табличката што е залепена помеѓу приклучните цевки на апаратот. Приклучувањето на бојлерот на електричната или водоводната мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Интервенирањето во неговата внатрешност поради поправки, отстранување на бигор или поради проверка или заменување на противкорозиска заштитна анода, може да ги врши само овластена сервисна служба.
ВГРАДУВАЊЕ
Греалката вградете ја што поблиску до изливното место. Доколку греалката ја вградите во просторот каде што се наоѓа кадата за бањање или туширање, треба задолжително да се почитуваат барањата на стандардот IEC 60364-7-701 (VDE 0100, Teil 701). Греалката прицврстете ја на ѕидот со две завртки за ѕидови, со номинален пречник од најмалку 8 мм. Ѕидовите и таваните со мала носивост треба на местото каде што ќе ја прикачите греалката соодветно да ги зајакнете. Греалките прицврстувајте ги на ѕидот само вертикално. Поради полесната контрола и менувањето на магнезиум анодата ви препорачуваме помеѓу врвот на греачот и таванот да оставите доволно слободно место (гледај ја изведбата G на шемата на приклучни измери). Во спротивен случај ќе треба при спомнатиот сервисен зафат греачот да се демонтира од таванот.
| Тип | TGR 30 S | TGR 50 S | TGR 65 S | TGR 80 S |
| Зафатнина [l] | 30 | 50 | 65 | 80 |
| Номинален притисок [MPa (bar)] | 0,6 (6) | |||
| Тежина/наполнетсо вода [kg] | 20/50 | 24/74 | 27/92 | 30/110 |
| Противкорозиона заштита на котелот | емајлирано / Mg анода | |||
| Јакост на електричната греалка [W] | 2000 | |||
| Приклучен напон [V~] | 230 | |||
| Заштитна класа | I | |||
| Степен на заштита | IP23 | |||
| Време на загревање до 65 °C 1) [h] | 0 59 | 1 38 | 2 07 | 2 37 |
| Кол. на мешана вода при 40 °C [l] | 55 | 89 | 124 | 154 |
| Потрошена енергија 2) [kWh/24h] | 1,00 | 1,45 | 1,75 | 1,85 |
1) Време на загревање на целокупната зафатнина на греалката со електричниот грејач при влезната температура на студена вода од водовод до 10 °C. 2) Енергетските загуби при одржувањето на постојаната температура во греалката на 65 °C и при температурата на околината од 20 °C, мерени според ЕН 60379.
| A | B | C | G | |
| TGR 30 S | 615 | 410 | 180 | 80 |
| TGR 50 S | 915 | 710 | 180 | 100 |
| TGR 65 S | 1135 | 930 | 180 | 130 |
| TGR 80 S | 1310 | 930 | 355 | 130 |
Приклучни и монтажни димензии на греалката [мм]

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА
Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладната вода е означено со сина боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.
Бојлерот можете да го приклучите на водоводната мрежа на два начина. Затворениот систем на приклучување (под притисок) ви овозможува одземање на вода на повеќе места. Отворениот систем на приклучување (проточен) ви дозволува само едно одземно место. Со оглед на одбраниот систем на приклучување треба да вградите соодветна батерија за мешање.
Отворениот (проточен) систем на приклучување бара вградување на неповратен вентил кој го спречува истекувањето на водата од котелот, во случај на редукција на вода. Поради зголемувањето на водата при греењето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капкање вода на одливната цевка на мешалната батерија. Силното затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на капкање вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.
Затворениот систем на приклучување на одземните места бара вградување на мешална батерија за работа под притисок. На доводната цевка поради безбедност на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, која спречува зголемување на притисокот во котелот за повеќе од 0,1 MPa (1 бар) над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок.
Поради зголемувањето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до границата што ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејќи враќањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде до појава на капкање вода од одводниот отвор на сигурносниот вентил. Капките вода можете да ги спроведете во одводот со помош на посебна инка која ќе ја наместите под сигурносниот вентил.
Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во местото каде што не замрзува.
Доколку веќе поставената инсталација не овозможува водата што капи од повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капкањето можете да го избегнете ако кај доводната цевка на греалката вградите експанзиски сад со волумен од 3 л.
За правилно работење на безбедносниот вентил треба самите периодично да вршите контроли, да го чистите бигорот и да се проверува евентуалната блокада на безбедносниот вентил. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на бурмата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.
![graph LR A["Top Tank"] --> B["Valve"] B --> C["Reactor Unit"] C --> D["Flow Control Valve"] D --> E["Return Line"] E --> F["Outlet H"] G["Tank"] --> H["Flow Indicator"] H --> I["Reactor Unit 7"] I --> J["Flow Control Valve 2"] J --> K["Return Line 3"] K --> L["Outlet H"] M["1"] --> N["Flow Indicator…](/content/2026/05/823276/images/60910fc6e4c15cb19db84bd3c005229339b53443649e66595f823c4fd9360421.jpg)
Затворен систем (со притисок)
![graph TD A["Container Tank"] --> B["T"] A --> C["H"] B --> D["Valve"] C --> E["Valve"] D --> F["Component 3"] E --> G["Component 5"] F --> H["Return Line"] G --> H style A fill:#f9f,stroke:#333 style B fill:#ccf,stroke:#333 style C fill:#ccf,stroke:#333 style D fill:#cfc,stroke:#333 style E fill:#cf…](/content/2026/05/823276/images/0b489555ba2430377edd3363c2c81527f6a3769c367a3b5782dc36504826d6ee.jpg)
Отворен систем (прелевен)
Легенда:
1 - Сигурносен вентил 2 - Пробен вентил 3 - Неповратен вентил 4 - Редуционен вентил за притисок 5 - Затворен вентил 6 - Пробна наставка 7 - Одливник со приклучок на одвод 8 - Експанзиски сад Н - Ладна вода T - Топла вода
Помеѓу греалката и повратниот сигурносен вентил не смеете да вградите затворен вентил бидејќи со тоа ќе го оневозможите работењето на повратниот сигурносен вентил.
Греалката можете да ја приклучите на куќната водоводна мрежа без редукциски вентил доколку притисокот во мрежата е понизок од номиналниот притисок. Доколку притисокот во мрежата го надминува номиналниот притисок, треба задолжително да вградите редукциски вентил.
Пред приклучувањето на електричната мрежа, греалката треба најпрвин да ја наполните со вода. При првото полнење, отворете ја рачката за топла вода на мешалната батерија. Греалката е наполнета кога водата протекува низ изливната цевка на мешалната батерија.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА
Пред приклучувањето во електричната мрежа, во греачот треба да се вгради приклучен кабел со минимален пресек од 1,5 мм² (H05VV-F 3G 1,5 мм²). Затоа, треба да го извадите пластичниот заштитен капак.
Приклучувањето на греалката на електричната мрежа треба да се врши во согласност со стандардите за електричната мрежа. Помеѓу греачот на водата и трајната инсталација треба да биде вградена справа за одделување на сите полови од електричната мрежа, согласно со националните прописи за инсталација.
Легенда:
1 - Приклучна спојка 2 - Термостат и двополен топлотен осигурувач 3 - Грејач 4 - Контролна ламбичка
L - Фазен спроводник N - Неутрален спроводник ± - Заштитен спроводник

Шема на електрично поврзување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред секое навлегување во внатрешноста на греалката, задолжително исклучете ја од електричната мрежа.
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
По приклучувањето на водоводната и електричната мрежа, греалката е подготвена за употреба. Со вртење на копчето на термостатот, кое се наоѓа на долната страна на заштитниот капак, ја избирате саканата температура на водата помеѓу 25 °C и 70 °C. Препорачуваме подесување на копчето на положбата "есо". Таквото подесување е најштедливо: температурата на водата ќе биде приближно 55 °C, а излачувањето на бигорот и загубата на топлината ќе бидат помали во споредба со подесувањата на повисока температура. За време на работењето на електричната греалка, може да се слуша звук во греачот. Работењето на електричната греалка го покажува контролната сијаличка. На предната страна, греачот има биметален термометар што се подесува во насоката на движењето на казалките на часовникот кога во греачот е присутна топлата вода. Термометарот ја прикажува температурата на местото на вградување, додека со вртење на контролното копче на термостатот ја подесувате температурата на водата во долниот дел на грејачот. Затоа, овие две температури може да се разликуваат. Доколку греалката не планирате да ја користите подолго време, треба нејзината содржина да ја заштитите од замрзнување на тој начин што струјата нема да ја исклучите, а копчето на термостатот ќе го подесите на положбата "*"*. При тоа подесување, греалката ќе ја одржува температурата на водата на приближно 10 °C. Доколку греалката ја исклучите од електричната мрежа, при опасност од замрзнување ќе треба водата да ја испуштите.
Водата од греалката се источува со помош на доводната цевка на греалката. За таа намена, препорачливо е при вградувањето, помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка на греачот, да се намести посебен фитинг (Т-член) или вентил за пуштање. Греалката можете да ја испразните и непосредно низ безбедносниот вентил со поместување на рачката, односно вртливото мало капаче на вентилот, во положба како при проверувањето на работењето.
Пред испразнувањето, треба греалката да се исклучи од електричната мрежа и потоа да се отвори рачката за топла вода на приклучената батерија за мешање. После празнењето на водата низ доводната цевка, во греалката останува помало количество на вода што истекува при потргнувањето на прирабницата за греење низ отворот на прирабницата за греење.
Надворешноста на бојлерот чистете ја со неагресивен раствор на прашок за перење. Не употребувајте разредувачи или груби средства за чистење. Со редовни сервисни прегледи можете на бојлерот да му осигурате долг животен век и усовршено работење. Гаранцијата против рѓосување на котелот е важечка само доколку сте ги вршеле пропишаните редовни прегледи за потрошеноста на заштитните аноди. Периодот помеѓу два редовни прегледи не смее да биде подолг од 36 месеци. Прегледите треба да ги изведе овластен сервисер, којшто секој преглед ќе ви го забележи во гаранцискиот картон на производот. Потребно е да се провери истрошеноста на противкорозивната заштитна анода и по потреба да се очисти бигорот кој се собира во внатрешноста на бојлерот. Истовремено, сервисната служба, според согледаната состојба, ќе ви го препорача датумот за следната контрола.
Ве молиме, евентуелните оштетувања на греалката да не ги поправате сами, туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.