TCM300W - Моментален бојлер и бојлер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TCM300W GORENJE во PDF формат.
| Tip na proizvod | Električen aparat za tursko kafe / kotliček |
| Model | TCM300W |
| Marka | Gorenje |
| Napajawe | 220-240 V ~ 50 Hz |
| Potrošuvačka na energija | 800 W |
| Kapacitet | 300 ml (3-4 šolji) |
| Dimenzii (približno) | Visina: 20 cm, Prečnik na osnovata: 10 cm |
| Težina (približno) | 0.5 kg |
| Materijal na kuḱišteto | Plastika so metalna grejna ploča |
| Dolžina na kabelot | Približno 70 cm |
| Funkcii | Podgotovka na tursko kafe, vrieje na voda (režim kotliček) |
| Indikatorsko svetlo | Da, indikator na napojuvanje |
| Prekidač za vključuvawe/isključuvawe | Račen kopče |
| Bezbednosni karakteristiki | Zaštita od suvo vrieje (avtomatsko isključuvawe), zaštita od pregrevaje |
| Čistewe | Izbrišete go nadvošniot del so vlažna krpa; ne potapajte go vo voda; redovno odstraňuvajte kamenec so oцet ili limunska kiselina |
| Vklučeni dodatočni delovi | Podnožje za napojuvanje, držač (što se prikačuva) |
| Posebni zabeleški | Ne e za komercijalna upotreba; čuvajte gi daleku od deca; ne koristete so ošleten kabel |
Често поставувани прашања - TCM300W GORENJE
Прашања на корисниците за TCM300W GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Моментален бојлер и бојлер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TCM300W - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TCM300W на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TCM300W GORENJE
Упатства за употреба MK
Instruction manual GB
Návod na obsluhu SK
МК Упатства за употреба...... 12
GB Instruction manual.... 15
Енергетски контакти 1.
Приклучен кабел 2.
- Гезве со содржина 3-4 филцани (300 ml)
Сигнална ламба 5.
Рачка 6.
Копче за включување/исклучување 7.
220 - 240 V \~ 50 Hz
800 W
Максимално количество: 300 ml.
Важно
Пред употреба на апаратот внимателно прочитајте го прирачникот за употреба.
Прирачникот чувајте го, ако во иднина би ви бил повторно потребен.
Предупредување
Проверете дали напонот на направата се совпаѓа со напонот на електричната инсталација во вашиот дом. Нашата компанија не може да преземе одговорност за евентуални дефекти кои би настанале како последица од споменатата разлика. Исто така гаранцијата не ги покрива таквите дефекти.
Ова џезве за кафе е наменето за домашна употреба и не смее да се употребува во комерцијални или индустриски намени.
Направата чувајте ја да не е на дофат на деца.
Направата приклучете ја на заземјена приклучница. Заради безбедност и заштита никогаш не употребувајте непримерни продолжетоци. Ако употребувате продолжеток, неговата приклучница мора да биде заземјена, пресекот на каблите да биде најмалку 0,75 mm².
Направата не ставајте ја на или во близина на директен извор на топлина, како што е на пример грејач или печка.
- Направата ставете ја на рамна и стабилна површина. Не ставајте ја покрај маса или работен пулт.
- Приклучниот кабел не смее да виси преку работ на маса или работен пулт и не смее да дојде во контакт со други жешки направи.
- Внимавајте да не го оштетите приклучниот кабел или неговиот втакнувач. Направата не смеете да ја носите обесена на приклучниот кабел; при исклучување на приклучниот кабел од приклучница фатите за втакнувачот и никогаш не влечете за кабелот.
- Направата да не ја отворате, освен во случај на чистење и одржување. Ако приклучниот кабел или втакнувачот од која било причина се во дефект или оштетени, направата не смеете да ја употребувате. Направата не поправајте ја сами, туку поправките препуштите им ги на овластена сервисна служба.
- Ако направата не ја употребувате, или ако сакате да ја исчистите, исклучете ја од електричната мрежа и оставете ја пред чистење сосема да се олади.
- Гезвето за турско кафе можете да го употребувате само со неговото оригинално приклучно подножје. Не ставајте го на подножја од други слични електрични направи.
- Кога гезвето го полните со вода, дигнете го од приклучното подножје.
- По завршеното варење кафе исклучете ја направата.
- Гезвето за кафе можете да го употребувате и како бокал за загревање вода. Во овој случај, кога водата почне да врие, исклучете ја направата со копчето за исклучување, бидејќи направата нема да се исклучи самодејно.
- Ако остане гезвето за кафе при работењето без доволно количество вода, вградениот заштитен механизам самодејно ќе го исклучи доводот на електрична енергија. Во такви случаи оставете го гезвето за кафе сосема да се олади пред повторно да го наполните со вода.
- Гезвето за кафе, неговото приклучно подножје и приклучниот кабел и втакнувачот НИКОГАШ да не ги потопувате во вода или некоја друга течност. Не смеете исто така да ги миете во машина за миење садови, ниту да ги употребувате во бања или други простории со висок процент на влажност.
Приклучното подножје и приклучните контакти на направата не смеат никогаш да бидат мокри. Ако се наводенат, исклучете ја направата пред да се обидете да ја избришете и не ја употребувајте додека сосема не се исуши.
Направата не смеат да ја употребуваат лица (вклучително и деца) со намалени физички, подвижни или ментални способности или лица со недостаток на искуство или знаење, освен ако, со оглед на употребата на направата, не ги обучат и надзираат лица кои се задолжени за нивна безбедност.
Не дозволувајте им на деца да ја употребуваат направата како играчка.
Апаратот е означен согласно Европската директива 2002/96/EC за отпадна електрична и електронска опрема. Оваа директива одредува рамка за враќање и рециклирање на отпадна електрична и електронска опрема, што важи за цела Европа.
Рачката на гезвето за кафе прицврстете ја на гезвето.
Пред првата употреба, исчистете ја внатрешноста на гезвето и потоа наполнете го со вода. Оставете ја водата да зоврие, потоа исклучете ја направата.
Излејте ја водата и оставете го гезвето да се олади. При оваа постапка, гезвето треба да биде наполнето со вода до ознаката за максимално количество.
По завршената постапка, во гезвето ќе забележите талози од превриена вода во облик на прав. Тоа е сосема нормално и зависи од степенот на тврдост на водата во вашето место. Појавата не е штетна по здравјето на луѓето.
Гезвето никогаш не смеете да го вклучувате без вода.
- Пред наредното вриење, почекајте 15-20 секунди и дури потоа повторно вклучете ја направата.
Гезвето за кафе наполнете го до максимално количество (300 ml) вода, согласно вашите потреби.

Притиснете го копчето за вклучување, ќе се запали сигналната ламба за работење и водата ќе почне да се загрева. Штом зоврие, исклучете ја направата со копчето за вклучување/исклучување.

- Гезвето за кафе наполнете го со примерно количество вода, со оглед на бројот на сакани филџани кафе (300 ml најмногу, за 3 до 4 лица).
- За средно благо кафе за едно лице, налејте 1 филџан вода, една коцка шеќер и едно лажиче турско кафе во прав.
- Ставете го џезвето на приклучното подножје и вклучете ја направата со притискање на копчето за вклучување/исклучување.
- Неколку пати измешајте ја содржината во џезвето.
Штом кафето ќе зоврие, исклучете ја направата и одлејте малку од пената на кафето од површината во филџаните (заради пена).
- Вратете го џезвето на приклучното подножје, вклучете ја направата и оставете уште еднаш да зоврие кафето, а потоа налејте го во филџаните.
Можете да го менувате количеството додадено кафе според вашиот сопствен вкус.
ЧИСТЕЊЕ
Пред чистење, исклучете го џезвето за кафе со помош на копчето за
вклучување/исклучување, а потоа исклучете ја направата од електричната мрежа и оставете ја сосема да се олади.
Одлејте ја евентуалната вода од џезвето, а надворешноста избришете ја со сува или малку влажна крпа.
Џезвето за кафе или приклучното подножје никогаш не ги потопувајте во вода. Исто така, не смеете да ги миете во машина за миење садови.
При чистење на поединечни делови на направата, избегнувајте употреба на груби или јаки хемиски средства за чистење (течно белило, хлороводородна киселина, итн.).
Отстранување на бигорот:
Од хигиенски причини и заради штедење со енергија, повремено од џезвето за кафе треба да се отстрани бигорот. Во спротивно, талози од бигор од водата ќе се таложат и запечатат, правејќи кафеав пласт на дното, што ќе влијае врз ефикасното искористување на направата.
Потенки слоеви бигор едноставно ќе ги отстраните со четка (не заборавајте претходно да ја исклучите направата од електричната мрежа).
Можете да употребувате средства за отстранување бигор или бел оцет за домашна употреба.
Чистење на направата со средство за отстранување бигор: откако сте завреле малку вода, во џезвето за кафе додајте средство за отстранување бигор во зовриената вода и промешајте. Почекајте неколку моменти, потоа оставете ја водата да врие уште 2-3 минути, излејте ја содржината на џезвето и исплакнете ја внатрешноста со чиста вода 2-3 пати едноподруго.
Чистење на џезвето со оцет: наполнете го џезвето за кафе со оцет и оставете го да стои еден час. Потоа излејте го оцетот и
Џезвето темелно исплакнете го со чиста вода 2-3 пати едноподруго.
Чистење на направата со лимонска киселина: откако во џезвето сте завреле 200 ml вода, додадете лимонска киселина и оставете да делува 15 минути. Потоа излејте ја содржината на џезвето и исплакнете ја внатрешноста со чиста вода 2-3 пати едноподруго. Ако е потребно, повторете ја постапката. При употреба на лимонска киселина секогаш додавајте во џезвето малку вода, никогаш не го чистите без вода.
Апаратот по крајот на векот на траење не го фрлајте заедно со обични отпадоци од домаќинството, туку предадете му го на службен собирен центар за рециклирање.
Така ќе придонесете да се зачува животната средина.
Гаранција и сервис
Ако ви се потребни информации или имате тешкотии при употреба на апаратот, јавете се во Центарот за контакт со странки на Gorenje (телефонскиот број е наведен на меѓународниот гарантен лист). Ако во вашата држава нема Центар за контакт со странки, јавете се во сервисното одделение за апарати за дом на Gorenje.
Само за лична употреба!
Си го задржуваме правото на било какви промени.
Општ опис
