GORENJE TGRK80LNG - Chauffe-eau instantané et chauffe-eau

TGRK80LNG - Chauffe-eau instantané et chauffe-eau GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TGRK80LNG GORENJE во PDF формат.

📄 56 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE TGRK80LNG - page 24
Погледни прирачник : Deutsch DE English EN Hrvatski HR Македонски MK Slovenščina SL Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Product Type Комбиниран бојлер (електричен + топлински изменувач за надворешен извор на енергија)
Model TGRK80LNG (TGRK 80 D/L)
Volume 71.3 L
Dimensions (H x D) 790 mm x 454 mm (приближен дијаметар)
Weight (empty/full) 32 kg / 110 kg
Power Source Електрично: 230 V~, 2000 W; Топлински изменувач: до 4.15 kW (во зависност од температурата на медиумот)
Energy Efficiency Class C
Annual Electricity Consumption 1428 kWh
Temperature Range 10 °C до 65 °C (препорачано еко поставување на 55 °C)
Rated Pressure 0.6 MPa (6 bar)
Protection Class I
Degree of Protection IP23
Water Connections G 3/4 (ладен влез син, топол излез црвен)
Heating Element Power 2000 W
Heat Exchanger Surface 0.25 m²
Heat Exchanger Volume 0.72 L
Tank Material Емајлиран челик со магнезиумска анода за заштита од корозија
Safety Features Сигурносен вентил (задолжителен), термички прекинувач на 130 °C, биметаллен термометар, контролна ламба за работа на греење
Installation Requirements Вертикално монтирање на ѕид со завртки ≥ 8 mm; квалификуван персонал; затворен или отворен систем; циркулациона линија опционална
Maintenance Периодична проверка на сигурносниот вентил и магнезиумската анода; чистење со благ детергент; отстранување на каменец од овластен сервис
Warranty Conditions Гаранцијата за корозија на резервоарот важи само со редовни проверки на анодата од овластен сервис

Frequently Asked Questions - TGRK80LNG GORENJE

Која е препорачаната температура за заштеда на енергија?
Поставете го копчето на термостатот на еко позицијата, која ја одржува водата на приближно 55 °C. Ова го намалува таложењето на варовник и загубите на топлина во споредба со повисоки температури.
Зошто капе вода од сигурносниот вентил?
Капењето е нормално поради ширењето на водата при загревање. Сигурносниот вентил го ослободува вишокот притисок. Проверете дали вентилот не е блокиран и одведувајте го капењето во одвод. Ако капењето е прекумерно, размислете да инсталирате експанзионен резервоар од 3 литри.
Како да проверам дали сигурносниот вентил работи?
Периодично отворајте го вентилот со вртење на рачката или одвртување на навртката. Треба да тече вода од излезот. Ако не, вентилот може да е блокиран и треба да се исчисти од овластен сервис.
Може ли да го поврзам бојлерот со соларен систем или централно греење?
Да, моделот TGRK има вграден топлински изменувач за дополнителни извори на енергија. Поврзете го грејниот медиум со црвениот (влез) и синиот (излез) приклучок на топлинскиот изменувач. Обезбедете правилно регулирање на температурата.
Како да спречам замрзнување во зима?
Ако грејачот не се користи, поставете го термостатот на позиција за заштита од мраз (означена со снегулка) за да одржува околу 10 °C и оставете го вклучен. Ако го исклучувате, испразнете го резервоарот целосно со отворање на топлата чешма и користење на одводниот приклучок или сигурносниот вентил.
Што да направам ако водата не се грее?
Проверете дали напојувањето е вклучено и термостатот е правилно поставен. Контролната ламба укажува на греење. Ако ламбата е исклучена, термичкиот прекинувач може да се активирал поради прегревање. Контактирајте овластен сервис за поправка.
Колку често треба да ја проверувам магнезиумската анода?
Проверувајте ја анодата во интервали препорачани во гарантниот сертификат (обично на секои 1-2 години). Редовното проверување е потребно за одржување на гаранцијата за корозија на резервоарот.
Може ли да го инсталирам бојлерот во бања?
Да, но следете ги барањата на стандардот IEC 60364-7-701. Грејачот мора да го инсталира квалификуван персонал и да биде поставен подалеку од директен воден спреј за да се одржи заштитата IP23.
Што покажува биметалниот термометар?
Термометарот ја покажува приближната температура на местото на инсталација на куќиштето. Не е прецизно мерење; вистинската температура на водата се поставува од термостатот на дното.
Како да го чистам надворешниот дел?
Користете благ раствор на детергент и мека крпа. Избегнувајте растворувачи, абразиви или силни хемикалии кои можат да ја оштетат површината.

Прашања на корисниците за TGRK80LNG GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Chauffe-eau instantané et chauffe-eau во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TGRK80LNG - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TGRK80LNG на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TGRK80LNG GORENJE

Упатства за употреба 24

GORENJE TGRK80LNG - 1

⚠️ Апаратот можат да го употребуваат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, психички или ментални способности или со недостаток на искусства, односно знаење, доколку се под надзор или се поучени за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
⚠️ Децата не смеат да си играат со апаратот.
⚠️ Чистење и одржување на апаратот не смеат да го вршат деца без надзор.
⚠️ Вградувањето мора да биде изведено во согласност со важечките закони и според упатствата на производителот. Мора да биде изведено од стручно оспособен монтер.
⚠️ Во случај на затворен систем под притисок, на доводната цевка за вода на греалката за вода (бојлерот) при прилучувањето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил со номинален притисок од 0,6 MPa (6 бари), 0,9 MPa (9 бари) или 1,0 MPa (10 бари) (видете го запишаното на таблицата за идентификација), кој оневозможува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 MPa (1 бар) над номиналниот.
⚠️ Од одводниот отвор на безбедносниот вентил може да капи вода. Заради тоа, одводниот отвор мора да биде отворен на атмосферски притисок.
⚠️ Испустот на безбедносниот вентил мора да биде насочен во насока надолу и на простор каде што нема да замрзнува.
За правилно работење на сигурносниот вентил, треба периодично да се врши контрола, да се отстрани бигорот и да се провери да не е блокиран сигурносниот вентил.
⚠️ Помеѓу греалката за вода (бојлерот) и сигурносниот вентил не е дозволено да се вградува вентил за затворање, затоа што со тоа се оневозможува притисната безбедност на греалката за вода (бојлерот)!
⚠️ Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода!
⚠️ Греалката за вода е заштитена во случај на откажување

на работниот термостат со додатна топлотна заштита. Во случај на откажување на термостатот, во согласност со безбедносните стандарди, водата во греалката за вода (бојлерот) може да достигне температура до 130°C. При изведувањето на водоводните инсталации, задолжително треба да се земе предвид дека е можно да дојде до наведените температурни преоптоварувања.

⚠️ Ако сакате греалката за вода (бојлерот) да ја исключите од електричната мрежа, мора да ја испуштите водата од греалката за вода поради опасност од замрзнување.
⚠️ Ве молиме да не ги поправате сами евентуалните оштетувања на греалката, туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

GORENJE TGRK80LNG - 2

Нашите производи се опремени со компоненти кои што не се штетни за животната средина и здравјето и се изработени со можност што поедноставно да се расклопат и рециклираат во последната фаза од нивниот работен циклус.

Со рециклирањето на материјалите ја намалуваме количината на отпад и ја намалуваме потребата од производство на основни материјали (на пример метали), што бара огромна енергија и предизвикува испуштање штетни материи. Со постапките на рециклажа ја намалуваме потрошувачката на природни ресурси, бидејки на тој начин можеме повторно да ги вратиме отпадните делови од пластика и метали во различни производни процеси. За повеće информации во врска со системот за фрлање отпадоци посетете го својот центар за исфрлање на отпадоците или трговецот каде што бил купен производот.

Почитуван купувач, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ! ВЕ МОЛИМЕ, ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.

Греалката е изработена согласно со важечките стандарди и уредно испробана, исто така за неа се издадени цертификат за безбедност и цертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички карактеристики се наведени на табличката, што е залепена помеѓу прилучните цевки на апаратот. Приклучувањето на бојлерот на електричната или водоводната мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Интервенирањето во неговата внатрешност поради поправки, отстранување на бигор или поради проверка или заменување на противкорозијска заштитна анода, може да ги врши само овластена сервисна служба.

ВГРАДУВАЊЕ

Греалката вградете ја што поблиску до изливното место. Доколку греалката ја вградите во просторот кадешто се наоға кадата за бањање или туширање, треба задолжително да се почитуваат барањата на стандартот IEC 60364-7-701 (VDE 0100, Teil 701). Гралката прицврстете ја на сидот со две завртки за сидови, со номинален пречник од најмалку 8 мм. Сидовите и таваните со мала носилност треба на местото каде што їе ја прикачите греалката соодветно да ги зајакнете. Греалките прицврстувајте ги на сидот само вертикално.

ABCH1H2J
TGRK 80 D/L79056520522220080
TGRK 100 D/L95071521522234080
TGRK 120 D/L109086520522234080

Приклъучни и монтажни димензии на греалката [мм]

100 350 100 Десен приключок G3/4 (D) Лев приключок G3/4 461 (L) Ø454 C B H2 A G1/2 1 J H1

1 Цевка ø9 мм за надворешен сензор

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА

Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладната вода е означено со сина боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.

Бојлерот можете да го приключите на водоводната мрежа на два начина.

Затворениот систем на приклучување (под притисок) ви омозможува одземање на вода на повеće места. Отворениот систем на приклучување (проточен) ви дозволува само едно одземно место. Со оглед на одберениот систем на приклучување треба да вградите соодветна батерија за мешање.

Отворениот (проточен) систем на приклучување бара вградување на неповратен вентил кој го спречува истекувањето на водата од котелот, во случај на редукција на вода. Поради зголемувањето на водата при гreeњето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капкање вода на одливната цевка на мешалната батерија. Силното затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на капкање вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.

Затворениот систем на приклучување на одземните места бара вградување на мешална батерија за работа под притисок. На доводната цевка поради безбедност на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, која спречува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 МРа (1 бар) над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок.

Поради зголемувањето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до границата што ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејки враćањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде до појава на капкање вода од одводниот отвор на сигурносниот вентил. Капките вода можете да ги спроведете во одводот со помош на посебна инка која Ѽе ја наместите под сигурносниот вентил.

Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во местото каде што не замрзува.

Доколку веке поставената инсталација не овозможува водата што капи од повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капкањето можете да го избегнете ако кај доводната цевка на греалката вградите експанзиски сад со волумен од 3 л.

За правилно работење на безбедносниот вентил треба самите периодично да вршите контроли, да го чистите бигорот и да се проверува евентуелната блокада на безбедносниот вентил. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на бурмата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.

GORENJE TGRK80LNG - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА - 1

flowchart
graph LR
    A["Top Tank"] --> B["Valve"]
    B --> C["Reactor 1"]
    C --> D["Flow Control Unit 2"]
    D --> E["Return Line 3"]
    E --> F["Filter 4"]
    F --> G["Return Line 5"]
    G --> H["Return Line 6"]
    H --> I["Return Line 7"]
    I --> J["Return Line 8"]
    K["T"] --> L["Downward Arrow"]
    M["H"] --> N["Upward Arrow"]

Затворен систем (со притисок)

GORENJE TGRK80LNG - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА - 2

flowchart
graph TD
    A["Water Tank"] --> B["T"]
    B --> C["H"]
    C --> D["Port 3"]
    C --> E["Port 5"]
    D --> F["Return Line"]
    E --> F
    style A fill:#f9f,stroke:#333
    style B fill:#ccf,stroke:#333
    style C fill:#cfc,stroke:#333
    style D fill:#fcc,stroke:#333
    style E fill:#cff,stroke:#333

Отворен систем (прелевен)

GORENJE TGRK80LNG - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА - 3

flowchart
graph TD
    A["Повратен вод"] --> B["Process Unit"]
    B --> C["Energy Transfer Unit"]
    C --> D["Hydraulic Valve"]
    D --> E["Pressure Gauge"]
    E --> F["Return Line"]
    F --> G["Output H"]
    style B fill:#f9f,stroke:#333
    style C fill:#ccf,stroke:#333
    style D fill:#cfc,stroke:#333
    style E fill:#fcc,stroke:#333
    style F fill:#cff,stroke:#333
    style G fill:#ffc,stroke:#333

Легенда:

1 - Сигурносен вентил
2 - Пробен вентил
3 - Неповратен вентил
4 - Редуционен вентил за притисок
5 - Затворен вентил
6 - Пробна наставка
7 - Одливник со приклучок на одвод
8 - Експанзиски сад

Н - Ладна вода

T - Топла вода

Помеѓу греалката и повратниот сигурносен вентил не смеете да вградите затворен вентил бидејки со тоа ќе го оневозможите работењето на повратниот сигурносен вентил.

Греалката можете да ја приключите на куćната водоводна мрежа без редукциски вентил доколку притисокот во мрежата е понизок од номинаниот притисок. Доколку притисокот во мрежата го надминува номиналниот притисок, треба задолжително да вградите редукциски вентил.

Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода. Кај првото полнење отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.

Комбинираната греалка за вода TGRK има и додатно вграден цевен топлински изменувач за загревање на санитарната вода со други енергетски извори (на пример, централно загревање, сончев колектор, или топлинска пумпа).

Системот за гreeње со електрично загревање и со топлински изменувач може да делува истовремено или поединечно. Комбинираната греалка на вода приключете ја на водоводната мрежа, а покрај тоа приключете ја уште и на дополнителен енергетски извор. Влезот на грејниот медиум во топлинскиот изменувачот е означен со црвено, а излезот со сино.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: при намалување на температурата на дополнителниот извор за загревање и при овозможена циркулација на вода низ топлинскиот изменувачот може да дојде до неконтролирано одземање на топлина од

грејачот на водата. По приклучувањето на друг извор на загревање треба да се погрижите за правилно изведување на температурната регулација на дополнителниот извор.

Греалката TGRK може да ја поврзете исто и на циркулацискиот вод на топла вода. Циркулацискиот вод на топла вода овозможува да има топла вода на располагање на сите излезни приклучоци истовремено. Поврзете го повратниот вод на топла вода на приклучокот на горната страна на греалката. Пред приклучувањето мора да ги отстраните пластичните капаци и да го одвртите заптивниот чеп на горната страна на греалката.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: повратниот вод на топлата вода поврзете го пред полнењето на греалката со вода. Употребата на циркулацискиот вод їе предизвика дополнителни топлотни загуби во греалката за вода.

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА

GORENJE TGRK80LNG - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА - 1

Пред приклучувањето во електричната мрежа треба во греачот да се вгради врвка за приклучување, со минимален пречник од 1,5 мм² (H05VV-F 3G 1,5 мм²). Затоа треба да го извадите пластичниот заштитен капак.

Приклучувањето на греалката на електричната мрежа треба да се врши согласно со стандардите за електричната мрежа. Помеѓу греачот на водата и трајната инсталација

треба да биде вградена справа за одделување на сите полови од електричната мрежа согласно со националните прописи за инсталација.

230 V~ ± N L 1 2 3 4

Шема на електрично поврзување

Легенда:

1 - Приклучна спојка
2 - Термостат и двополен топлотен осигурувач
3 - Грејач
4 - Контролна ламбичка

L - Фазен спроводник
N - Неутрален спроводник
÷ - Заштитен спроводник

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред секое навлегување во нејзината внатрешност треба греалката задолжително да ја исклучите од електричната мрежа.

УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ

После приклучувањето на водоводната и електричната мрежа, греалката е подготвена за употреба. Со вртење на копчето на термостатот што се наоға на долната страна на заштитниот капак, ја бирате саканата температура на водата помеѓу 10 °C и 65 °C +5 °C/-0 °C. Препорачуваме подесување на копчето на положбата "есо". Таквото подесување е најштедливо: температурата на водата ће биде приближно 55 °C, а излачувањето на бигорот и загубата на топлината ће бидат помали во споредба со подесувањата на повисока температура. За време на работењето на електричната греалка може да се слуша и звук во греачот. Работењето на електричната греалка го покажува контролната сијаличка. На предната страна, греачот има биметален термометар што се подесува во насоката на движењето на казалките на саатот кога во греачот е присутна топлата вода. Термометарот ја прикажува температурата на местото на вградување, додека со вртење на контролното копче на термостатот ја подесувате температурата на водата во долниот дел на грејачот. Затоа овие две температури може да се разликуваат. Термометарот само приближно ја покажува температурата на водата, тој не е мерен инструмент. Доколку греалката не мислите да ја користите подолго време, треба неговата содржина да ја заштитите од замрзнување на таков начин што струјата нема да ја исклучите, а копчето на термостатот ће го подесите на положбата "*\$. При тоа подесување, греалката ће ја одржува температурата на водата на приближно 10 °C. Доколку греалката ће ја исключите од електриичната мрежа, ће треба при опасности на замрзнување, водата да ја испуштите.

Водата од греалката се источува со помош на доточната цевка на греалката. Во та намена препорачливо е при вградувањето помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка на греачот да се намести посебен фитинг (Т-член) или вентил за пуштање. Греалката можете да ја испразните и непосредно низ

безбедносниот вентил со поместување на рачката, односно вртливото мало капаче на вентилот во положба како при проверувањето на работењето.

Пред испразнувањето треба греалката да се исклучи од електричната мрежа и потоа да се отвори рачката за топла вода на приключената батерија за мешање.

После празнењето на водата низ доводната цевка во греалката останува помало количество на вода што истечува при потргнувањето на прирабницата за греење низ отворот на прирабницата за греење.

Надворешноста на бојлерот чистете ја со неагресивен раствор на прашок за перење. Не употребувајте разредувачи или груби средства за чистење.

Со редовни сервисни прегледи ќе овозможите исправно работење и долг век на употреба на греалката за вода (бојлерот). Гаранцијата за корозијата на котелот важи ако сте ги извршиле пропишаните редовни прегледи за истрошеност на заштитните аноди. Периодот помеѓу поединечните редовни прегледи не смее да биде подолг од наведеното во гарантната изјава. Прегледите мора да ги изведуваат овластени сервисери кои ќе ви го евидентираат прегледот во гарантниот лист за производот. Со прегледот се прегледува истрошеноста на антикорозивната заштитна анода и по потреба се чисти бигорот што се набира во внатрешноста на бојлерот, во зависност од квалитетот, количината и температурата на потрошената вода.

Ве молиме, евентуелните оштети на греалката да не ги поправате сами туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

ТипTGRK 80 D TGRK 80 LTGRK 100 D TGRK 100 LTGRK 120 D TGRK 120 L
Определен профил на оптоварувањеMLL
Класа на енергетска ефикасност ^1) C C C
Енергетска ефикасност при загревање на вода ( wh ) ^1) [%]36,037,137,0
Годишна употреба на електрична енергија ^1) [kWh]142827622770
Дневна употреба на електрична енергија ^2) [kWh]6,69812,85012,901
Поставена температура на термостатот"eco""eco""eco"
Вредност "smart"0 0 0
Зафатнина[l]71,390,7108,0
Кол. на мешана вода при 40 °C V40 ^2) [l]88130143
Време за загревање од 10°C до 65°C[h]2:203:103:46
Номинален притисок[MPa (bar)]0,6 (6)
Тежина/наполнетсо вода[kg]32/11038/13542/159
Противкорозиона заштита на котелотемајлирано / Mg анода
Јакост на електричната греалка[W]2000
Приклучен напон[V~]230
Заштитна класаI
Степен на заштитаIP23
Приклучок за повратен водG 3/4

Табелата со податоци важи само за греење со електричен грејач и не се однесува на загревање со разменувач на топлина.

1) Уредба на комисија EU 812/2013; EN 50440
2) EN 50440

ТипTGRK 80 D/LTGRK 100 D/LTGRK 120 D/L
Номинален притисок[MPa (bar)]0,6 (6)
Загреана површина ПТ[m2]0,250,4
Волумен ПТ[l]0,721,86
Грејна моć ПТ3)[kW]4,153)5,355)6,654)10,556)
Температура на грејачкиот медиум во ПТ[°C]5 до 85

3) 50-70 °C, 105 l/h; 4) 50-70 °C, 167 l/h; 5) 60-80 °C, 134 l/h; 6) 60-80 °C, 265 l/h

Упатствата за употреба може да ги најдете и на нашата веб-локација:

http://www.gorenje.com.

OPOZORILA

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : TGRK80LNG

Категорија : Chauffe-eau instantané et chauffe-eau