GBK80LN - клима уред GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBK80LN GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Електричен бојлер (комбиниран со разменувач на топлина) |
| Модел | GBK80LN |
| Волумен | 80 L |
| Номинален притисок | 0.6 MPa |
| Тежина (празен/полн) | 51 kg / 131 kg |
| Моќност на електричен грејач | 2000 W |
| Напон на приклучок | 230 V~ |
| Класа на заштита | I |
| Степен на заштита | IP 25 |
| Време на загревање до 75°C | 3 h 05 min |
| Количина на мешана вода на 40°C | 151 L |
| Потрошувачка на енергија (24h на 65°C) | 1.39 kWh/24h |
| Антикорозивна заштита | Емајлирано & Mg анода |
| Димензии (A x B x C) | 803 x 207 x 345 mm |
| Дијаметар | 500 mm |
| Водни приклучоци | G 1/2 (влез/излез), G 3/4 (повратен цев) |
| Површина на разменувач на топлина (за GBK модели) | 0.72 m² |
| Макс. влезна температура на греење | 85°C |
| Топлински проток на предавател | 14400 W |
| Инсталација | Монтиран на ѕид, само во вертикална положба |
| Вклучен сигурносен вентил | Да, потребен е повратен сигурносен вентил |
| Гаранција | Погледнете во овластен сервис |
Често поставувани прашања - GBK80LN GORENJE
Прашања на корисниците за GBK80LN GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот клима уред во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBK80LN - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBK80LN на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBK80LN GORENJE
Упатства за употреба 35
Упатства за употреба 39
Почитуван купувач, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ!
Грејачот е изработен согласно со важечките стандарди и официјално испитан, исто така за него се издадени сертификат за безбедност и сертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички карактеристики се наведени на натписната таблица која е залепена помеѓу приклучните цевки. На водоводна и електрична мрежа греалката смее да ја приклучува само за тоа оспособено стручно лице. Посегање во нејзината внатрешност заради поправка, одстранување на варовник и проверка или замена на анодата за заштита од корозија може да врши само за тоа овластена сервисна служба.
ВГРАДУВАЊЕ
Греалката вградете ја што поблиску до изливното место. На ѕидот прицврстете ја со две завртки за ѕидови, со номинален пречник од најмалку 8 mm. Ѕидовите и таваните со слаба носивост морате, на местото каде што ќе ја прикачите греалката, соодветно да ги зајакнете. Греалките GBK прицврстувајте ги на ѕид само вертикално. Водорамно на таван можете да ги прицврстувате само греалките GBL 50 и GBL 80. Прицврстување на тие греалки на ѕид или на под не е правилно бидејќи можат да се оштетат.
| Тип | GBL 50 GB | 80 GBK 80 L/D | GBK 100 L/D | GBK 120 L/D | GBK 150 L/D | GBK 200 L/D | |
| Модел | GBL 50 N | GBL 80 N | GBK 80 LN/RN | GBK 100 LN/RN | GBK 120 LN/RN | GBK 150 LN/RN | GBK 200 LN/RN |
| Зафатнина [I] | 50 | 80 | 80 | 100 | 120 | 150 | 200 |
| Номинален притисок [MPa] | 0,6 | ||||||
| Тежина / наполнет со вода [kg] | 27/77 | 33/113 | 51/131 | 56/156 | 62/182 | 72/222 | 90/290 |
| Протиекорозиона заштита на котелот | Емајлиран / Mg анода | ||||||
| Јачина на електричниот грејач [W] | 2000 | ||||||
| Приклучен напои [V~] | 230 | ||||||
| Заштитна класа | I | ||||||
| Степей заштите | IP 25 | ||||||
| Време на загревање до 75 ст 1) [h] | 155 | 305 | 305 | 355 | 435 | 545 | 740 |
| Количество на мешана бобе при 40 ст [I] | 80 | 117 | 151 | 189 | 226 | 276 | 360 |
| Употреба на енергија 2) [kWh/24h] | 1,20 | 1,46 | 1,39 | 1,58 | 1,77 | 2,05 | 2,50 |
1) Време на загревање на целокупната зафатнина на греалката со електричниот грејач при влезна температура на студена вода од водовод до 15 °C.
2) Енергиските загуби при одржувањето на постојаната температура во греалката на 65 °C и при температура на околината 20 °C, мерени според ДИН 44532.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРЕНОСИТЕЛОТ ТОПЛИНА
| GBK 80 L/D | GBK100 L/D | GBK 120 L/D | GBK 150 L/D | GBK 200 L/D | |
| Номинален притисок [MPa] | 0,6 | ||||
| Најголема влезна температура на грејната течност [°C] | 85 | ||||
| Површина на преносителот [m2] | 0,72 | 0,88 | |||
| Топленток на преносителотнатоплина3) [W] | 14400 | 17600 | |||
3) грејна течност: влезна температура 70 °C, проток 3000 l/h.
Санитарна вода: влезна температура 10 °C, излезна температура 45 °C, проток 437 l/h.
| GBL 50 G | BL 80 GBK 8 | 0 GBK 100 GB | BK 120 GBK | 150 GBK 200 | |||
| A 58 | 3 803 803 9 | 48 1103 13 | 8 1510 | ||||
| B 18 | 7 207 207 2 | 202 207 222 | 430 | ||||
| C 14 | 5 345 565 7 | 15 865 106 | 5 1050 | ||||
| D | 340 | 416 | 416 | 416 | 416 |
Мерки на апаратот за вградување и приклучување во [mm] GBK 80 - 200
GBL 50-80


ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА
Цевките за довод и одвод на вода се обоени. Доводот на студена вода е обоен со модра, а одводот на топла вода со црвена боја. Греалката можете да ја приклучите на водоводна мрежа на два начина. Затворениот, притисен систем на приклучување овозможува употреба на вода од повеќе изливни места, отворениот систем без притисок пак дозволува само едно изливно место. Зависно од избраниот систем на приклучување морате да обезбедите и соодветни мешалки батерии. Кај отворениот систем без притисок, пред греалката морате да вградите сигурносен вентил кој го спречува истечувањето на водата од котелот ако во водоводната мрежа нема вода. Кај тој систем на приклучување морате да употребите проточна мешалка батерија. Во греалката заради загревање се зголемува волуменот на водата, а тоа предизвикува капење од цевката на мешалната батерија. Капењето не можете да го спречите ниту со затегање на рачката на мешалната батерија. Со тоа можете батеријата само да ја оштетите. Кај затворениот притисен систем на приклучување морате на изливните места да употребите притисни мешалки батерии. На доводната цевка поради безбедност на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, која спречува повишување на притисокот во котелот за повеќе од 0,1 MPa над номиналниот. Кај загревањето на водата во греалката, притисокот на водата во котелот се зголемува до границата која е регулирана во сигурносниот вентил. Бидејќи враќањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да се појави капење на вода од изливниот отвор на сигурносниот вентил. Водата која капе можете да ја насочите во одводот преку ловецот, кој морате да го наместите под сигурносниот вентил. Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во место каде што не замрзува.
Во случај ако поради несоодветно изведената инсталација немате можност водата што капе од повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капењето можете да го избегнете ако кај доводната цевка на грејачот вградите експанзионен сад со волумен од 3 l. За правилна работа на повратниот безбедносен вентил, самите вршете редовни контроли на секои 14 дена. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на матицата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.
Помеѓу греалката и сигурносниот вентил не смеете да вградите затворен вентил, бидејќи со тоа ќе го оневозможите делувањето на повратниот сигурносен вентил. Греалката можете да ја приклучите на водоводна мрежа без редуцирен вентил ако притисокот во мрежата е понизок од 0,5 МПа. Ако притисокот во мрежата е над 1,0 МПа, морате да вградите два редуцирни вентила еден под друг. Пред приклучувањето на електрична мрежа, греалката морате најпрвин да ја наполните со вода. Кај првото полнење, отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.
![graph TD subgraph "Затворен систем (со притисок)" A["1"] --> B["2"] B --> C["3"] C --> D["4"] D --> E["5"] F["T"] --> G["7"] H["3"] --> I["6"] J["H"] --> K["4"] end subgraph "Отворен систем (прелевен)" L["T"] --> M["3"] N["H"] --> O["5"] P["T"] --> Q["3"] R["H"] --> S["5"] end style A fill:#f9f,stro…](/content/2026/05/823261/images/43e16a444df5c51d5d1817621ec82c93bedb5927a3e65e89f865c061305245a5.jpg)
Легенда:
1 - Сигурносен вентил, 2 - Пробен вентил, 3 - Неповратен вентил, 4 - Редуционен вентил за притисок, 5 - Затворен вентил, 6 - Пробна наставка, 7 - Одливник со приклучок на одвод, H - Ладна вода, T - Топла вода
![graph TD A["Повратен вод"] --> B["Hydraulic vessel"] B --> C["Eнергетски извор"] C --> D["Valve"] D --> E["Actuator"] E --> F["Hydraulic actuator"] F --> G["Pressure gauge"] G --> H["Return line"] H --> I["Return line"] I --> J["Return line"]](/content/2026/05/823261/images/72ac8e6cc23bd547ac890b9e011b0f486c7e8b32ca8f70a1545503f0eb05da21.jpg)
Комбинираната греалка за вода GBK функционира како и електричната греалка GB, со таа разлика што има дополнително вграден топлотен менувач за загревање на санитарна вода со други енергетски извори (на пример, централно греење, сончеви колектори или топлотна пумпа). Системите на греење со електрична греалка и со топлотен менувач можат да работат истовремено или поединечно. Комбинираната греалка за вода приклучете ја на водоводна мрежа на ист начин како греалката GB, а освен тоа можете да ја приклучите и на дополнителен енергетски извор. Влезот на грејниот медиум во топлотниот менувач е одбележан со црвена боја, а излезот со модра. Греалката GBK можете да ја поврзете и со повратниот вод за топла вода. Повратниот вод за топла вода овозможува топла вода на сите одливни места истовремено. Повратниот вод наместете го на приклучокот на горната страна на греалката. Елементите на повратниот вод можете дополнително да ги набавите кај овластените продавачи на нашите производи.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА
Пред приклучувањето на електрична мрежа, потребно е во греалката да вградите приклучен кабел и затоа морате да го извадите пластичниот заштитен капак. Тоа сторете го отстранувајќи ја плочката која е вградена во предната страна на капакот. Плочката можете да ја ослободите со помош на одвртувач кој внимателно го потискате најпрвин во отворот помеѓу вградната плочка и заштитната капа, а потоа покрај копчето на термосматот и на страната наспроти копчето. Кога ќе ја ослободите на двете страни, плочката можете да ја отстраните со рака. За да го симнете пластичниот заштитен капак, морате да го отстраните и копчето на термосматот и да ги одвртите двете прицврстувачки завртки. Постапката за наместување на заштитниот пластичен капак се одвива по обратен редослед.
Приклучувањето на греалката на електрична мрежа мора да се изведува согласно со стандардите за електрична инсталација. Бидејќи греалката нема елемент кој трајно би ја одвоил од електричната мрежа, потребно е на кабелската врска помеѓу греалката и трајната инсталација да се вгради таков прекинувач кој ги прекинува обата пола за напојување и со отворени контакти кои се меѓусебно оддалечени најмалку 3 мм.
Легенда:
1 - Термостат 2 - Биметален осигурувач 3 - Грејач (2 x 1000 W) 4 - Контролна ламбичка 5 - Приклучна спојка
L - Фазен спроводник N - Неутрален спроводник 1/2 - Заштитен спроводник

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред секое посегање во нејзината внатрешност морате греалката обврзно да ја исклучите од електричната мрежа.
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
По вклучувањето на водоводна и електрична мрежа, греалката е подготвена за употреба. Вртејќи го копчето на термостатот кое се наоѓа на предната страна на заштитниот капак, изберете ја бараната температура на водата помеѓу 25 и 75 степени. Ви препорачуваме регулација на копчето во положба "Е". Таквата регулација е најштедлива; на тој начин температурата на водата ќе биде приближно 55 степени, создавањето на варовник и топлотната загуба пак ќе бидат помали отколку кај регулирањето на повисока температура. Делувањето на електричната греалка го покажува контролната ламбичка. Греалките имаат на ивицата вграден термометар кој ја покажува температурата на водата. Ако греалката не ја употребувате подолго време, неговата содржина можете да ја заштитите од замрзнување без да ја исклучувате струјата, поставувајќи го копчето на термостатот во положба "*". Притоа греалката ќе ја одржува температурата на водата на приближно 10 степени. Ако греалката ја исклучите од електрична мрежа морате да ја испразните за да ја заштитите од замрзнување. Пред да се испушти водата, обавезно греачот мора да се исклучи од електричната мрежа. Потоа ја отвораме славината на една од батеријата за топла вода којашто е приклучена на греачот. Водата од греачот ја пуштаме низ цевката за довод. Во овој смисол ви препорачуваме да вградите помеѓу сигурносниот вентил и доводната цевка соодветен вентил за испуст или Т елемент. Доколку го немате ова монтирано, греачот можете да го испразните низ испустот на сигурносниот вентил на тој начин, да го поставите лостот односно вртливата капа на вентилот во положба како за тестирање на вентилот. По испустот на водата од греачот низ цевката за довод, во греачот ќе ви остане мало количество на вода, коешто ќе го испразните со одвртување на работ од греачот.
Надворешноста на греалката чистете ја со благ раствор од прашок за перење. Не употребувајте разредувачи и груби средства за чистење. Со редовни сервисни прегледи ќе обезбедите беспрекорно делување и долг период на употреба на греалката. Гаранцијата против рѓосување на котелот е важечка само доколку сте ги изведувале пропишаните редовни прегледи за потрошеноста на заштитните аноди. Периодот помеѓу два редовни прегледи не смее да биде подолг од 36 месеци. Прегледите мора да ги изведе овластен сервисер, којшто секој преглед ќе ви го забележи во гаранцискиот лист на производот. Притоа треба да ја провери истрошеноста на анодата за заштита од корозија и ако е потребно да го исчисти варовникот кој зависно од квалитетот, количината и температурата на употребената вода се насобрал во внатрешноста на греалката. Сервисната служба по прегледот на греалката за вода, зависно од состојбата, ќе ви ја препорача следната контрола.
Ве молиме, евентуалните оштетувања на греалката да не ги поправате сами, туку за тоа да го повикате најблискиот овластен сервис.