GT15U - Chauffe-eau instantané et chauffe-eau GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GT15U GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Електричен бојлер (под мијалник) |
| Модел | GT15U |
| Бренд | Gorenje |
| Монтажа | Под мијалник |
| Волумен | 14,9 L |
| Номинален притисок | 0,6 / 0,9 / 1,0 MPa (6/9/10 бари) |
| Моќност | 2000 W |
| Напон | 230 V~ |
| Класа на заштита | I |
| IP оценка | IP24 |
| Класа на енергетска ефикасност | A |
| Дневна потрошувачка на електрична енергија | 2,465 kWh |
| Време на загревање (10°C до 65°C) | 29 мин |
| Подесувања на температурата на термостатот | Прибл. 35°C до 75°C (позиции C, B, A, O) |
| Антикорозивна заштита | Емајлиран резервоар со магнезиум анода |
| Тежина (празен) | 11 kg |
| Тежина (полн) | 26 kg |
| Димензии (В x Ш x Д) | 500 x 350 x 310 mm |
| Приклучен навој | G1/2 |
| Безбедносни карактеристики | Потребен сигурносен вентил, термичко исклучување на 130°C, режим на заштита од мраз |
| Одржување | Периодична проверка на анодата и отстранување на каменец на секои 36 месеци |
Frequently Asked Questions - GT15U GORENJE
Прашања на корисниците за GT15U GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Chauffe-eau instantané et chauffe-eau во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GT15U - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GT15U на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GT15U GORENJE
Упатства за употреба
41
OPOZORILA
⚠️ Апаратот можат да го употребуваат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, психички или ментални способности или со недостаток на искусства, односно знаење, доколку се под надзор или се поучени за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
⚠️ Децата не смеат да си играат со апаратот.
Чистење и одржување на апаратот не смеат да го вршат деца без надзор.
⚠️ Вградувањето мора да биде изведено во согласност со важечките закони и според упатствата на производителот. Мора да биде изведено од стручно оспособен монтер.
Во случај на затворен систем под притисок, на доводната цевка за вода на греалката за вода (бојлерот) при приклучувањето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил со номинален притисок од 0,6 МРа (6 бари), 0,9 МРа (9 бари) или 1,0 МРа (10 бари) (видете го запишаното на таблицата за идентификација), кој оневозможува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 МРа (1 бар) над номиналниот.
Од одводниот отвор на безбедносниот вентил може да капи вода. Заради тоа, одводниот отвор мора да биде отворен на атмосферски притисок.
Испустот на безбедносниот вентил мора да биде насочен во насока надолу и на простор каде што нема да замрзнува.
За правилно работење на сигурносниот вентил, треба периодично да се врши контрола, да се отстрани бигорот и да се провери да не е блокиран сигурносниот вентил.
Помеѓу греалката за вода (бојлерот) и сигурносниот вентил не е дозволено да се вградува вентил за затворање, затоа што со тоа се оневозможува притисната безбедност на греалката за вода (бојлерот)!
⚠️ Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода!
Греалката за вода е заштитена во случај на откажување на работниот термостат со додатна топлотна заштита. Во случај на откажување на термостатот, во согласност со безбедносните стандарди, водата во греалката за вода (бојлерот) може да достигне температура до 130°C. При изведувањето на водоводните инсталации, задолжително треба да се земе предвид дека е можно да дојде до наведените температурни преоптоварувања.
⚠️ Ако сакате греалката за вода (бојлерот) да ја исклучите од електричната мрежа, мора да ја испуштите водата од греалката за вода поради опасност од замрзнување.
Ве молиме да не ги поправате сами евентуалните оштетувања на греалката, туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

Нашите производи се опремени со компоненти кои што не се штетни за животната средина и здравјето и се изработени со можност што поедноставно да се расклопат и рециклираат во последната фаза од нивниот работен циклус.
Со рециклирањето на материјалите ја намалуваме количината на отпад и ја намалуваме потребата од производство на основни материјали (на пример метали), што бара огромна енергија и предизвикува испуштање штетни материи. Со постапките на рециклажа ја намалуваме потрошувачката на природни ресурси, бидејки на тој начин можеме повторно да ги вратиме отпадните делови од пластика и метали во различни производни процеси.
За повеće информации во врска со системот за фрлање отпадоци посетете го својот центар за исфрлање на отпадоците или трговецот каде што бил купен производот.
Почитуван купувачу, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ!
ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.
Греалката е изработена согласно важечките стандарди и уредно испробана и за неа се издадени сертификат за безбедност и сертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички характеристики се наведени на натписната табличка, која е залепена помеѓу приклучните цевки на апаратот. Приклучувањето на бојлерот на електричната или водоводната мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Интервенирањето во неговата внатрешност поради поправки, отстранување бигор или поради проверка или замена на антикорозивната заштитна анода, може да го врши само овластена сервисна служба.
ВГРАДУВАЊЕ
Вградете ја греалката во простор каде што нема појава на мраз, но сепак што поблизу до местото на користење. Прицврстете ја на sidот со sidните завртки со номинален пречник од најмалку 5 mm.
Во однос на вашите потреби, може да избирате помеѓу типот за вградување над мијалник (GT 5 O; GT 10 O; GT 15 O) и типот за вградување под мијалник (GT 5 U; GT 10 U; GT 15 U).
Приклучни и монтажни димензии на греалката [мм]

Изведба над мијалник

Изведба под мијалник
| A | B | C | D | E | |
| GT 5 O | 396 | 270 | 256 | 260 | |
| GT 5 U | 396 | 144 | 256 | 260 | |
| GT 10 O | 500 | 398 | 350 | 265 | |
| GT 10 U | 500 | 122 | 350 | 265 | |
| GT 15 O | 500 | 398 | 350 | 310 | |
| GT 15 U | 500 | 122 | 350 | 310 |
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА
Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладната вода е означено со сина боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.
Бојлерот можете да го приключите на водоводната мрежа на два начина. Затворениот систем на прилучување (под притисок) ви овозможува одземање вода на повеće места. Отворениот систем што не е под притисок овозможува одведување на водата само од едно одводно место. Со оглед на одберениот систем на прилучување треба да вградите соодветна батерија за мешање.
За прилучување на затворен систем под притисок, на потрошувачкото место треба да се употребат батерии за мешање на водата под притисок. На доводната цевка, заради овозможување безбедност при работата на греалката за вода (бојлерот), треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, кои спречуваат зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 МРа (1 бар) над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок. Поради зголемувањето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до границата што ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејки враćањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде до појава на капење вода од одводниот отвор на сигурносниот вентил. Капките вода можете да ги
спроведете во одводот со помош на посебна инка која је ја наместите под сигурносниот вентил.
Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во местото каде што не замрзува.
Доколку сакате да избегнете капење на водата од сигурносниот вентил, на доводната цевка на греалката за вода (бојлерот) мора да се вгради експанзионен сад со волумен од најмалку 5% од волуменот на греалката за вода (бојлерот).
За правилна работа на сигурносниот вентил треба да се вршат повремени контроли за да се отстрани бигорот и да се провери дека не е блокиран сигурносниот вентил.
При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на бурмата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.
Во случај на отворен систем под притисок, на доводот на вода во греалката за вода (бојлерот) треба да се вгради неповратен вентил кој спречува истекување вода од котелот кога во мрежата єе снема вода. Кај тој систем за приклучување е довольно да се вгради и проточна мешална батерија. Поради зголемувањето на водата при греењето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капење вода на одливната цевка на мешалната батерија. Силното затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на капење вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.
Отворен систем (прелевен)

Изведба над мијалник
Затворен систем (со притисок)

Изведба под мијалник

Изведба над мијалник

Изведба под мијалник
Легенда:
1 - Сигурносен вентил
2 - Неповратен вентил
3 - Пробен вентил
4 - Редукциски вентил за притисок
5 - Затворен вентил
6 - Пробна наставка
7 - Проточна батерија со мешање – над мијалник
7a - Проточна батерија со мешање – под мијалник
8 - Одливник со приклучок на одвод
Н - Ладна вода
T - Топла вода
Помеѓу греалката за вода (бојлерот) и сигурносниот вентил не е дозволено да се вградува вентил за затворање затоа што со тоа се оневозможува заштита од притисок на греалката за вода (бојлерот)! Греалката можете да ја приключите на куќната водоводна мрежа без редукциски вентил доколку притисокот во мрежата е понизок од номиналниот притисок. Ако притисокот во мрежата го надминува номиналниот притисок, треба задолжително да се вгради редукциски вентил.
Пред да се приклучи на електричната мрежа, греалката за вода (бојлерот) задолжително треба претходно да се наполни со вода! Кај првото полнење отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА
Приклучувањето на греалката на електричната мрежа се врши преку електричен кабел со струен приклучок. Ако за приклучување на електричната мрежа се употреби нов, подолг кабел, кабелот се прицврстува во водилото за кабел, а жиците се навртуваат околу приклучната спојка. Во тој случај, греалката треба да се оддвои од електричната мрежа. Помеѓу греалката и трајната инсталација се вградува прекинувач, кој ги прекинува двата пола на напојување. Приклучувањето на греалката на електричната мрежа мора да се одвива во согласност со стандартите за електрични инсталации.
Легенда:
1 - Термостат
2 - Топлински осигурувач
3 - Грејач
4 - Контролна ламбичка
5 - Приклучна спојка
L - Фазен спроводник
N - Неутрален спроводник
± - Заштитен спроводник

Шема на електрично поврзување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред секое навлегување во нејзината внатрешност треба греалката задолжително да ја исключите од електричната мрежа. Работите може да ги изведува само оспособено стручно лице!
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
По приклучувањето на водоводната и електричната мрежа, греалката е подготвена за употреба. Со вртење на копчето на термостатот, кое е на предната страна од заштитниот капак, ја избирате саканата температура на водата меѓумин. " * " – заштита против смрзнување и 75 °C, положба " ●". Препорачуваме поставување на копчето на положба " е ". Таквото поставување е најекономично. Во таа положба, температурата на водата ње биде приближно 35 °C (GT 10, GT 15) и приближно 41 °C (GT 5), а таложењето на бигорот и топлотната загуба помали отколку при поставувањето на повисока температура:

а) Ставете го одвртувачот во отворот 1 и отстранете го капачето на копчето 2,
б) Потоа по желба поставете го ограничувачот на копчето 3 на саканата температура:
C: 35^ C
B: 45 °C
A: 55 °C
O: 75 °C
в) Повторно ставете го капачето на копчето 2 на ку́киштето од копчето.
Работењето на електричниот грејач го покажува контролната светилка, која свети се додека водата во греалката не се загрее до избраната температура или до наменското ислучување. Доколку греалката не мислите да ја користите подолго време, треба неговата содржина да ја заштитите од замрзнување на таков начин што струјата нема да ја исклучите, а копчето на термостатот ће го подесите на положбата "*". При тоа подесување, греалката ће ја одржува температурата на водата на приближно 9 °C. Доколку греалката ће ја исклучите од електриичната мрежа, ће треба при опасноста на замрзнување, водата да ја испуштите. Водата од греалката се празни преку доточната / истечната цевка на греалката.
Надворешноста на бојлерот чистете ја со неагресивен раствор на прашок за перење. Не употребувајте разредувачи или груби средства за чистење.
Со редовни сервисни прегледи можете на бојлерот да му осигурате долг животен век и усовршено работење. Гаранцијата против рғосување на котелот е важечка само доколку сте ги вршеле пропишаните редовни прегледи за потрошеноста на заштитните аноди. Периодот помеѓу два редовни прегледи не смее да биде подолг од 36 месеци. Прегледите треба да ги изведе овластен сервисер, којшто секој преглед Ѽе ви го забележи во гаранцискиот картон на производот. Потребно е да се провери истрошеноста на противкорозивната заштитна анода и по потреба да се очисти бигорот кој се собира во внатрешноста на бојлерот. Истовремено сервисната служба, според
согледаната costојба, ке ви го препорача датумот за следната контрола.
Ве молиме, евентуелните оштети на греалката да не ги поправате сами туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.
| Тип | GT 5 O | GT 5 U | GT 10 O | GT 10 U | GT 15 O | GT 15 U | |
| Определен профил на оптоварување | XXS | XXS | XXS | XXS | XXS | XXS | |
| Класа на енергетска ефикасност1) | A | A | A | A | A | A | |
| Енергетска ефикасност при загревање на вода (ŋwh)1) | [%] | 35,9 | 35,2 | 36,3 | 35,2 | 36,1 | 35,3 |
| Годишна употреба на електрична енергија1) | [kWh] | 514 | 525 | 508 | 524 | 510 | 523 |
| Дневна употреба на електрична енергија2) | [kWh] | 2,410 | 2,480 | 2,377 | 2,461 | 2,391 | 2,465 |
| Поставена температура на термостатот | e | ||||||
| Вредност "smart" | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | |
| Зафатнина | [l] | 6,2 | 6,6 | 9,8 | 9,9 | 14,8 | 14,9 |
| Номинален притисок | [[MPa(bar)] | 0,6 (6) / 0,9 (9) / 1,0 (10) | |||||
| Тежина/наполнето вода | [kg] | 6,8 / 11,8 | 8 / 18 | 11 / 26 | |||
| Антикорозивна заштита на котелот | емајлирано / Mg анода | ||||||
| Јакост на електричната греалка | [W] | 2000 | |||||
| Приклучен напон | [V~] | 230 | |||||
| Заштитна класа | I | ||||||
| Степен на заштита | IP24 | ||||||
| Време за загревање од 10°C до 65°C | [min] | 11 | 20 | 29 | |||
| Димензии на амбалажата | [mm] | 300x300x440 | 300x400x530 | 350x400x530 | |||
1) Уредба на комисија EU 812/2013; EN 50440
2) EN 50440
Упатствата за употреба може да ги најдете и на нашата веб-локација:
http://www.gorenje.com.