ZHRN641K - шпорет ZANUSSI - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ZHRN641K ZANUSSI во PDF формат.
| Вид на производ | Вградена плоча за готвење |
| Бренд | Zanussi |
| Модел | ZHRN641K |
| Број на зони за готвење | 4 |
| Технологија на греење | Греење со зрачење |
| Дијаметри на зоните за готвење | Пред лево: 21,0 cm Зад лево: 14,5 cm Пред десно: 14,5 cm Зад десно: 18,0 cm |
| Номинална моќност на зоните | Пред лево: 2300 W Зад лево: 1200 W Пред десно: 1200 W Зад десно: 1800 W |
| Електрично напојување | 220-240 V / 400 V 2N, 50-60 Hz |
| Вкупна моќност | 6,5 kW |
| Тип на управување | Сензорски копчиња |
| Приказ | Ниво на готвење, индикатор за преостаната топлина |
| Главни функции | Вклучување/Исклучување, избор на зона, подесување на нивото на готвење, автоматско исклучување |
| Безбедност | Автоматско исклучување, индикатор за преостаната топлина, уред за безбедност на деца (препорачано) |
| Одржување и чистење | Чистење со специјален стругалка за стакло, неабразивен детергент |
| Компатибилност на садови | Рамни и дебели дна, дијаметар прилагоден на зоната |
| Потрошувачка на енергија | 191,9 Wh/kg (плоча за готвење) |
| Код на производ (PNC) | 949 492 416 00 |
| Производство | Романија |
| Служба за поддршка | www.zanussi.com/support |
| Вклучен кабел за напојување | Да, тип H05V2V2-F (минимална температура 90 °C) |
Frequently Asked Questions - ZHRN641K ZANUSSI
Прашања на корисниците за ZHRN641K ZANUSSI
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот шпорет во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ZHRN641K - ZANUSSI и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ZHRN641K на марката ZANUSSI.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ZHRN641K ZANUSSI
МК Упатство за ракување 123
Добиете совети за користење, брошури, водич за решавање проблеми, информации за сервисирање и поправка: www.zanussi.com/support
Можноста за промени е задржана.
СОДРЖИНА
- БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ....123
- БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА.... 125
- МОНТАЖА....128
- ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ....130
- СЕКОДНЕВНА УПОТРЕБА.... 131
- ПОМОШ И СОВЕТИ.... 132
- НЕГА И ЧИСТЕЊЕ....133
- РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ.... 133
- ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ.... 135
- ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ....135
- ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА....136
1. АБЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтирање и користење на апаратот, ве молиме внимателно да ги прочитате приложените упатства. Производителот не сноси одговорност за направена повреда или штета кои се резултат на неправилна монтажа или употреба. Секогаш чувајте ги упатствата на сигурно и безбедно место за подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
- Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без искусство и знаење доколку тоа го прават под надзор или им биле дадени упатства како безбедно да го употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите поврзани со него.
- Апаратот не смее да биде во дофат на деца меѓу 3 и 8 годишна возраст и лица со многу обемни и сложени пречки во развојот освен ако не се под постојан надзор.
• Апаратот не смее да биде во дофат на деца помали од 3 години освен ако не се под постојан надзор.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
- Држете ја амбалажата подалеку од деца и фрлете ја соодветно.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги децата и
миленичињата подалеку од апаратот кога тој работи
или кога се лади. Достапните делови може да станат
жешки за време на употребата.
- Ако апаратот има уред за заштита на деца, треба да вклучи.
- Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат апаратот без надзор.
1.2 Општа безбедност
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат за време на употребата. Треба да се внимава да не се допираат грејачите.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Готвењето на површина за готвење со маст или масло без надзор може да биде опасно и да доведе до пожар.
• НИКОГАШ не гаснете орган со вода, туку исключете го апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак или со специјално противпожарно кебе.
• ВНИМАНИЕ: Апаратот не смее да биде доставен преку надворешен уред за прекинување, како на пример тајмер или да биде поврзан на струја кога се гаси и пали постојано со помош на уред.
• ВНИМАНИЕ: Процесот на готвење мора да виде надгледуван. Кратките процеси на готвење мора да бидат постојано надгледувани.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од орган: Не чувајте предмети на површините за готвење. -
Металните предмети, како што се ножеви, виљушки, лажици и капаци, не треба да се оставаат на површината за готвење бидејки може да се вжештат.
-
Не користете го апаратот пред да го монтирате во вградената конструкција.
- Не користете чистач на пареа за чистење на апаратот.
- Ако стакло-керамичката / стаклената површина е напукната, исклучете го апаратот за да ја избегнете можноста од струен удар Во случај апаратот да е поврзан со штекерот со разводна кутија, извадете ја спојката за да го исклулите апаратот од струја. Во секој случај контактирајте го Овластениот сервис.
• Доколку кабелот за напојување се оштети, треба да се замени од страна на производителот, овластен сервисен претставник или слично квалификувани лица за да се избегне опасност.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете само заштитици за плоча за готвење направени од страна на производителот на апаратот за готвење или оние кои се наведени во упатствата за користење како погодни или заштитници за плоча за готвење кои се дел од самиот апарат. Користењето на несоодветни заштитници за површина за готвење може да предизвика незгода.
Апаратот мора да го монтира само квалификувано лице.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или оштетување на апаратот.
- Извадете ја целата амбалажа.
- Немојте да монтирате ниту да користите оштетен апарат.
- Следете ги инструкциите за монтирање дадени со апаратот.
- Одржувајте минимална оддалеченост од другите апарати и делови.
- Секогаш внимавјте кога го пренесувате апаратот затоа што е тежок. Секогаш
- Зачепете ги засечените површини со заптивач за да спречите влагата да предизвика надигнување.
- Заштитете го дното на апаратот од пареа и влага.
- Не го монтирајте апаратот во близина на врата или под прозорец. На овој начин ће спречите некој жежок сад за готвење да падне од апаратот кога вратата или прозорецот се отворени.
- Ако апаратот е монтиран над фиоки, внимавајте просторот помеѓу дното на апаратот и горната фиока да е доволен за циркулација на воздух.
- Дното од апаратот може да се загрее. Уверете се дека сте монтирале шперплоча, плоча направена од иверица или некој друг незапалив
материјал за раздвојување под апаратот за да спречите пристап до дното.
- Плочата за разделување мора да ја покрие областа под површината за готвење веднаш.
2.2 Поврзување со струја

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен удар.
- Секое поврзување со струја треба да биде направено од квалификуван електричар.
• Апаратот мора да биде заземјен. - Пред да се изведуваат какви било работи, проверете дали апаратот е исклучен од струја.
- Проверете дали параметрите на плочката со спецификации се компатибилни со електричната моćност на мрежата на електрична енергија.
- Проверете дали апаратот е правилно монтиран. Лабав и несоодветен кабел за струја или приклучок (ако е применливо) може да предизвика прегревање на терминалот.
- Користете соодветен кабел за струја.
- Не оставајте ги каблите да се заплеткаат.
- Проверете дали е монтирана заштитата од струен удар.
- Користете клема за да го ослободите кабелот од напон.
- Проверете дали кабелот за струја или приклучокот (ако е применливо) го допира топлиот апарат или топлите садови за готвење кога го поврзувате апаратот со штекери во близина.
- Не користете адаптери со повеке прилучоци и продолжни кабли.
- Потрудете се да не го оштетите приключокот за струја (ако е применливо) или кабелот за струја. Контактирајте го нашиот Овластен сервисен центар или електричар за да го смените оштетениот кабел.
- Заштитата од електричен удар на активните и изолираните делови мора да се поврзе на таков начин што нема да може да се извади без алатки.
- Поврзете го приклучокот за струја со штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали приключокот за струја е пристапен по монтирањето.
• Доколку штекерот е лабав, не приклучувајте го приклучокот за струја.
- Не влечете го кабелот за да го исклучите апаратот од струја. Секогаш повлекувајте го приклучокот за струја.
- Користете само соодветни уреди за изолација: заштитни прекинувачи на линија, осигурувачи (осигурувачи на вртење извадени од држачот), заземјување и контактори.
- Електричната инсталација мора да има изолациски уред кој што ви овозможува да го ислучите апаратот од приклучокот за струја од сите полови. Изолацискиот уред мора да има контактен отвор со ширина од најмалку 3 мм.
2.3 Употреба

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од повреда, изгореници или струен удар.
- Отстранете ја целата амбалажа, етикетата и заштината фолија (ако е применливо) пред првата употреба.
- Овој апарат е само за домашна употреба.
- Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
- Погрижете се отворите за вентилација да не бидат блокирани.
- Не оставајте го апаратот без надзор додека работи.
- Поставувајте ја ринглата на „ислучено“ („off“) по секоја употреба.
- Не ставајте прибор за јадење или капаци од тенцериња на ринглите. Тие може да станат жешки.
- Не ракувајте со апаратот со влажни раце или кога тој има контакт со вода.
- Не употребувајте го апаратот како работна површина или како простор за складирање.
- Ако површината на апаратот е испукана, веднаш исключете го апаратот од струјата. Ова ќе спречи струен удар.
- Кога ставате храна во жешко масло, може да прска.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пожар и изгореници
- При загревање, маснотиите и маслото можат да испуштаат запаливи пареи. Држете го огнот или загреаните предмети подалеку од маснотиите и маслата кога готвите со нив.
- Пареата што ја испушта маслото коешто е многу жешко може да предизвика спонтано запалување.
- Искористеното масло кое може да содржи остатоци од храна, може да предизвика пожар на пониска температура од маслото што се користи за прв пат.
- Не ставајте запаливи производи или предмети натопени со запаливи средства во, блиску до, или на апаратот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување на апаратот.
- Не чувајте жешки садови за готвење на контролната табла.
- Не го ставајте капакот на жешка тава врз стаклената површина на плочата за готвење.
- Не оставајте садовите за готвење да вријат на суво.
- Внимавајте предметите или садовите за готвење да не паднат на апаратот. Може да се оштети површината.
- Не вклучувајте ги ринглите со празни садови за готвење или без садови за готвење.
- Не ставајте алуминиумска фолија на апаратот.
- Садовите за готвење направени од лиено железо, алуминиум или со оштетено дно може да предизвика гребнатини на стаклото / стаклокерамиката. Овие предмети секогаш кревајте ги кога треба да ги преместувате на површината за готвење.
- Овој апарат е наменет само за готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за загревање на простории.
2.4 Нега и чистење
- Редовно чистете го апаратот за да спречите оштетување на површинскиот материјал.
- Исключете го апаратот и оставете го да се олади пред чистењето.
- Не користете воден спреј и пареа за чистење на апаратот.
- Чистете го апаратот со мека, влажна крпа. Користете само неутрални детергенти. Не користете абразивни производи, абразивни сунгери за чистење, растворувачи или метални предмети.
2.5 Сервисирање
- За да го поправите апаратот, контактирајте со Овластениот сервисен центар. Користете само оригинални резервни делови.
- Во однос на светилите во внатрешноста на овој производ и резервните светилки што се продаваат пособно: Овие светилки се предвидени да издржат екстремни физички услови во апаратите за домакинство, како што се температура, вибрации, влажност или се предвидени за давање сигнали за работната состојба на апаратот. Тие не се предвидени да се користат за други намени и не се погодни за осветлување простории во домот.
2.6 Расходување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или задушување.
- Контактирајте со општинската власт за да добиете информации за правилно расходување на апаратот.
- Исклучете го апаратот од приклучокот за струја.
- Извадете го електричниот кабел блиску до апаратот и фрлете го.
3. МОНТАЖА

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита и сигурност.
3.1 Пред монтажата
Пред да ја монтирате површината за готвење, напишете ги информациите подолу од плочката за спецификации. Плочката со спецификации се наога на дното од куќиштето на апаратот.
Сериски број (S.N.) ......
3.2 Вградени плочи за готвење
Користете ги апаратите што се вградуваат само ако се претходно вградени во соодветни елементи за вградување и во работни површини кои ги исполнуваат стандардите.
3.3 Кабел за поврзување
- Површината за готвење се испорачува со кабел за струја.
- За да го замените оштетениот приключник за струја, користете вид на кабел: H05V2V2-F кој издржува температура од 90°C или повисока. Обратете се во локалниот сервисен центар.
3.4 Склопување
Ако ја монтирате површината за готвење под аспиратор, ве молиме да ги видите упатствата за монтирање на аспираторот за минималното растојание меѓу апаратите.

Ако користите заштитна кутија (додатен прибор), заштитното дно директно под површината за готвење не е потребно. Додатната заштитна кутија може да не е достапна во некои земји. Контактирајте со вашиот локален дистрибутер.

Не можете да ја користите заштитната кутија ако ја монтирате површината за готвење над печката.
4. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
4.1 Распоред на површината за готвење

1 Рингла
2 Контролна плоча
4.2 Распоред на контролна табла

Ракувајте со апаратот со помош на сензорските полиња. Екраните, показателите и звуците покажуваат кои функции работат.
| Сензор скополе | Функција Коментар | |
| 1 | ➊ | ВКЛУЧЕНО / ИСКЛУЧЕНО За вклучување и исклучување на површината за готвење. |
| 2 | ➙ | - За избор на рингла. |
| 3 | - Екран за поставување на јачината на топлината | За прикажување на поставката за температура. |
| 4 | +/- | - За поставување на поставка за јачина на топлина. |
4.3 Екрани за поставување на јачината на топлината
Екран Опис
| 0 | Ринглата е ислучена. |
| 1 - 9 | Ринглата е включена. |
Екран Опис

Има дефект.

Ринглата сè уште е топла (преостаната топлина).

Автоматско исклучување е во функција.
4.4 Показно светло за преостаната топлина

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Н Постои опасност од изгореници поради преостаната топлина.
Показателите го прикажуваат нивото на преостаната топлина за ринглите кои моментално ги користите. Показателите исто така може да се включат за околните рингли дури ако не ги користите.
Видете во поглавјата за заштита и сигурност.
5.1 Вклучување и исклучување
Допрете го Ⓞ секунда за да ја включите или да ја исклучите површината за готвење.
5.2 Автоматско исклучување
Функцијата автоматски ја исклучува површината за готвење ако:
• сите рингли се исклучени,
- не сте ја наместиле јачината на топлината откако сте ја вклучиле површината за готвење,
- ке истурите или ке ставите нешто на контролната табла повеće од 10 секунди (тенцере, ткаенина, итн.). Се огласува звучен сигнал и површината за готвење се ислучува. Отстранете го предметот или исчистете ја контролната табла.
- не исклучувајте ја ринглата и не менувате ја поставката за јачина на топлината. По одредено време се пали - и површината за готвење се исклучува.
Врската помеѓу јачината на топлината и времето после кое се исклучува површината за готвење:
| Поставување температура | Плочата за готвење се ислучува после |
| 1 - 2 6 часа | |
| 3 - 4 5 часа | |
| 5 4 часа | |
| 6 - 9 1,5 час |
5.3 Избирање рингла
За да ја изберете ринглата, допрете го сензорското поле поврзано со таа рингла. Екранот го прикажува нагодувањето на јачината (☐)
5.4 Поставување на јачината на топлината
Поставете ја ринглата.
Допрете го за да ја зголемите јачината на топлината. Допрете го за да ја намалите јачината на топлината. Допрете ги и во исто време за да ја исклучите ринглата.
6. ПОМОШ И СОВЕТИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита и сигурност.
6.1 Садови за готвење

Дното на садовите за готвење треба да е што е можно подебело и порамно.
Осигурете се дека дното на тавата е чисто и сува пред да ја ставите на површината на плочата.

Садовите за готвење од емајлиран челик и оние со алуминиумско или бакарно дно можат да предизвикаат промена на бојата на стакло- керамичката површина.
6.2 Примери на апликации за готвење

Податоците во табелата се само препорака.
| Поставување температура | Употребувајте за: Време (мин) | Совети | |
| 1 Одржување на топлината на зготвената храна. | колку што треба | Ставете капак на садовите за готвење. | |
| 1 - 2 Холандски сос, топење: путер, чоколадо, желатин. | 5 - 25 Мешајте од време на време. | ||
| 1 - 2 Зацврстување: ровки омлети, пржени јајца. | 10 - 40 Гответе покриено со капак. | ||
| 2 - 3 Готвење ориз и јадења со млеко, подгревање готови јадења. | 25 - 50 Додајте најмалку двапати повеće течност од количината на оризот, мешајте ги јадењата со млеко на половина на готвењето. | ||
| 3 - 4 Зеленчук, риба, месо, готвени на пареа. | 20 - 45 Додајте неколку големи лажици течност. | ||
| 4 - 5 Компири на пареа. 20 - 60 Употребете макс. 1⁄4 I вода за 750 g | |||
| компири. | |||
| 4 - 5 Готвење големи количества храна, чорби и супи. | 60 - 150 До 3 литри течност плус состојките. | ||
| 6 - 7 Благо пржење: шницли, телешко кордон блу, котлети, кофтиња, колбаси, цигер, запршка, јајца, палачинки, крофни. | колку што треба | Превртете на половина од времето. | |
| 7 - 8 Целосно пржење, рендани компанири, бифтеци, стекови. | 5 - 15 Превртете на половина од времето. | ||
| 9 Зовривање вода, варење тестенини, запржување месо (гулаш, месо за печење), помфрит во многу масло. | |||
7. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита и сигурност.
7.1 Општи информации
- Чистете ја површината за готвење по
секоја употреба.
• Секогаш употребувајте садови за готвење со чисто дно. - Гребаниците или темните дамки на површината не влијаат врз работата на површината за готвење.
- Користете специјално средство за чистење наменето за површини за готвење.
- Употребувајте специјално стругало за стаклото.
7.2 Чистење на плочата за готвење
• Веднаш отстранете: стопена пластика, пластична фолија, шекер и храна со
шеќер, во спротивно, нечистотијата може да ја оштети плочата за готвење. Внимавајте да не се изгорите. Ставете го специјалното стругало за чистење на плочата на стаклената површина под остар агол и движете го сечивото по површината.
- Извадете ги откако апаратот е доволно изладен: прстени од бигор, вода, дамки од маснотии, светкави метални промени на бојата. Чистете ја плочата за готвење со влажна крпа и неабразивен детергент. По чистењето, избришете ја плочата за готвење со мека крпа.
- Извадете ја светкавата метална боја која се губи: користете раствор од вода и оцет и чистете ја стаклената површина со влажна крпа.
8. РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита и сигурност.
8.1 Што да се направи ако...
| Не можете да ја включите или да ракувате со површината за готвење. | Апаратот не е поврзан со напојување на струја или не е правилно поврзан. | Проверете дали површината за готвење е правилно поврзана со електрично напојување. |
| Осигурувачот е прегорен. Уверете се дека осигурувачот е | причината за неисправноста.Доколку осигурувачот прегорува постојано, контактирајте со квалификуван електричар. | |
| Не ја поставувате јачината за топлина за 10 секунди. | Включете ја површината за готвење повторно и нагодете го поставувањето на температурата за помалку од 10 секунди. | |
| Истовремено сте допреле 2 илиповеće сензорски полиња. | Допирајте само по едно сензорско поле. | |
| Има дамки од вода или маснотијана контролната табла. | Исчистете ја контролната табла. | |
| Се огласува звучен сигнал и површината за готвење се исклучува.Се огласува звучен сигнал кога површината за готвење е исклучена. | Сте ставиле нешто на едно или повеće сензорски полиња. | Тргнете го предметот од сензорските полиња. |
| Површината за готвење се исклучува. | Сте ставиле нешто на сензорскотополе Ⓐ | Тргнете го предметот од сензорското поле. |
| Не се пали показното светло за преостаната топлина. | Ринглата не е жешка затоа што работела само кратко време или сензорот е оштетен. | Ако ринглата работела довольно долго за да е жешка, јавете се во овластениот сервисен центар. |
| Сензорските полиња се вжештуваат. | Садот за готвење е преголем или сте го ставиле многу блиску до контролите. | Големите садови за готвење ставајте ги на задните рингли, ако е можно. |
| Eи број се прикажани на екранот. | Има грешка на површината за готвење. | Деактивирајте ја површината за готвење и активирајте ја повторно по 30 секунди. Ако Ⓐсе вклучи повторно, исключете ја површината за готвење од електричното напојување. По 30 секунди, повторно вклучете ја површината за готвење. Ако повторно се појави проблемот, контактирајте со овластениот сервисен центар. |
| Можете да слушнете постојан звучен сигнал. | Електричното поврзување не е точно направено. | Исклучете ја површината за готвење од напојувањето со струја.Зборувајте со квалификуван електричар за да ја провери инсталацијата. |
| Eбсе вклучува. | Недостасува втората фаза од напојувањето со струја. | Проверете дали површината за готвење е правилно поврзана со електрично напојување. Извадете го осигурувачот, почекајте една минута и вратете го назад. |
8.2 Ако не можете да најдете решение...
Ако не можете самите да го решите проблемот, обратете се кај вашиот продавач или во овластениот сервисен центар. Наведете ги податоците од плочката за спецификации. Исто така наведете ја и троцифрената шифра за стакло-керамика (се наога во аголот на стаклената површина) и пораката за
грешка која се пали. Осигурете се дека правилно работите со површината за готвење. Ако неправилно сте ракувале со површината за готвење, сервисирањето од страна на сервисниот техничар или на продавачот нема да биде бесплатно, дури и во гарантниот период. Упатствата за службата за односи со корисниците и за условите на гаранцијата се наведени во гарантниот лист.
Произведено во Романија
Сериски бр. 6.5 kW
ZANUSSI

користете сад за готвење којшто не е
поголем од дијаметарот на ринглата.
10.1 Информации за производот според EU 66/2014 што важат само за пазарот на ЕУ
Идентификација на моделот ZHRN641K
| Вид на површина за готвење Вградена површина за готвење | ||
| Број на рингли 4 | ||
| Технологија на греење Грејач што зрачи | ||
| Дијаметар на кружни рингли (∅) Лева предна | Лева задна | 21,0 cm |
| Десна предна | 14,5 cm | |
| Десна задна | 14,5 cm | |
| 18,0 cm | ||
| Потрошувачка на енергија по рингла (EC electric cooking) | Лева предна | 200,1 Wh / kg |
| Лева задна | 188,0 Wh / kg | |
| Десна предна | 188,0 Wh / kg | |
| Десна задна | 191,6 Wh / kg | |
Потрошувачка на енергија на површината за готвење (EC electric hob) 191,9 Wh / kg
EN 60350-2 - Електрични апарати за готвење за домакинства - Дел 2:
Површини за готвење - Методи за мерење перформанси
10.2 Штедење на енергија
Можете да заштедите енергија за време на секојдневното готвење ако ги следите советите дадени подолу.
- Кога ће ја загреете водата, користете само онолку колку што ви е потребно.
-
Ако е можно, секогаш ставајте капак на садот за готвење.
-
Пред да ја включите ринглата, ставете го садот на неа.
- Дното на садот треба да биде со ист дијаметар како и ринглата.
- Ставете помали садови за готвење на помалите рингли.
- Ставете го садот за готвење директно во центарот на ринглата.
- Користете ја преостаната топлина за да ја зачувата храната топла или да ја стопите.
11. ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА
Рециклирајте ги материјалите со символот
. Ставете ја амбалажата во соодветни контејнери за да ја рециклирате. Помогнете во заштитата на живтната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од електрични и електронски апарати. Не фрлајте ги
апаратите озанчени со символот во отпадот од дома Kinството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет за рециклирање или контакрајте ја вашата општинска канцеларија.
VISITE O NOSSO WEBSITE PARA:

1.2 Опште мере безбедности
Ризик од повреде или гушења.
3.2 Уградне плоче за кување
4.1 Шема површине за кување

1 Зона за кување
2 Командна табла
4.2 Преглед командне табле

| Сензор Функција Коментар | ||
| 1 | ➊ | УКЉУЧЕНО / ИСКЉУЧЕНО Служи за активирање и деактивирање плоче за кување. |
| 2 | ➙ | - Служи за избор зоне за кување. |
| 3 | - Дисплеј топлоте Служи да прикаже степен топлоте. | |
| 4 | +/- | - Служи за подешавање степена топлоте. |
5.1 Активирање и деактивирање
Додирните Ⓤ у трајању од 1 секунде да бисте активирали или деактивирали плочу за кување.
| Подешавање степе-на топлоте | Плоча за кување се деактивира након |
| 1 - 2 6 сати | |
| 3 - 4 5 сати | |
| 5 4 сата | |
| 6 - 9 1,5 сати |
5.3 Бирање зоне за кување
Подесите зону за кување.
Додирните + да бисте повећали степен топлоте. Додирните - да бисте смањили степен топлоте. Истовремено додирните + и - да бисте деактивирали зоне за кување.
6. КОРИСНИ САВЕТИ

УПОЗОРЕЊЕ!
6.1 Посуће за кување

6.2 Примери примене за кување

8. РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМА
