SVC222480AA - Прашка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SVC222480AA GORENJE во PDF формат.
Прашања на корисниците за SVC222480AA GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SVC222480AA - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SVC222480AA на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SVC222480AA GORENJE
MK Упатства за употреба 22
EN Instruction manual....27
BG Инструкции за употреба ....59
Важни предупредувања
При употреба на правосмукалката треба секогаш да ги почитувате следните совети: Детално прочитајте ги овие упатства и употребувајте го апаратот во согласност со нив. // Пред да го користите апаратот за прв пат, отстранете ги сите заштитна фолија или пластика. // Никогаш не оставајте ја правосмукалката без надзор при употреба. // Пред употреба на апаратот, внимателно склопете ги сите негови делови. // Користете го апаратот само во затворени и суви простории. // Користете го апаратот ислучиво со деловите препорачани од производителот. // Не употребувајте го апаратот доколку е испуштен на земја, доколку е оштетен, доколку сте го чувале надвор или доколку ви паднал на земја или сте го потопиле во вода. // Редовно чистење може да го продолжи работниот век на апаратот. // Внимавајте косата, лабавите делови од облеката, прстите или други делови од телото да не дојдат во контакт со отворите за проток на воздух или со подвижните делови на апаратот. // Апаратот е во согласност со сите потребни стандарди во врска со електрична струја и за радио интерференции. // Апаратот не е наменет за употреба од деца или лица со нарушени физички или психолошки способности. Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеće, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без искусство или знаење, доколку истите се под надзор во текот на користењето на апаратот или доколку им се дадени соодветни упатства во врска со користење на истиот на безбеден начин и доколку ги разбираат опасностите. Децата треба да бидат под надзор додека го користат апаратот и не им дозволувајте да си играат со него. // Децата не треба да чистат или да го одржуваат апаратот, освен доколку не се постари од 8 години и тоа го прават под надзор. // По употреба исклучете го апаратот.
Опасност
Не потопувајте го главниот дел/апарат или основата за полнење во вода или било која течност и не ги плакнете под млаз вода.
Посебни предупредувања
Пред приклучување на апарат или основата за полнење со кабелот за напојување, проверете дали наведениот напон одговара на напонот на струјната мрежа во вашиот дом. // Не користете оштетена правосмукалка или основа за полнење (или адаптер – во зависност од моделот на правосмукалката). // Доколку струјниот кабел (или адаптер) е оштетен, заменете го исклучиво со оригинал резервни делови со цел да избегнете опасност. // Трансформатор е вграден во адаптерот. Отстранување или замена на адаптерот со друг не е дозволено, бидејći тоа може да доведе до опасна ситуација. // Полнете ја правосмукалката исклучиво со испорачаниот адаптер или основа за полнење. Адаптерот може да се загрее додека се полни. Ова е нормална појава. (Во зависност од вашиот модел, доколку има адаптер.) // Исклучете го апаратот додека се полни. // Никогаш не ја користете правосмукалката без наместени филтри или филтер делови. // Отворите за издувни гасови не треба да бидат блокирани за време на чистење со правосмукалка. // Користете го апаратот исклучиво за домаćинство и затворени простории. // Чувајте ги отворите за смукање чисти и слободни за да обезбедите оптимална и непречена моќ на смукање на апаратот. Препорачуваме
редовно чистење на отворените делови на цревото за смукање и отстранување на прашина, влакна или друго нешто што може да го блокира протокот на воздух. // Пред чистење на држачот или основата за полнење, исключете го од штекер. // Никогаш не користете ја правосмукалката за чистење на пепел или земја, отпушоци, кибрити, течности (пр. вода, пена за чистење на теписи), или остри и шилести предмети (кршено стакло итн.) // Чувајте ја цевката за смукање или отворениот дел на апаратот подалеку од лицето и телото. // Никогаш не користете го апаратот за чистење на градежен материјал (како што е ситен песок, вар, цементен прав, прашина од тонер итн.). Ова може да го оштети апаратот.
Проблеми и решенија
| Проблем | Можна причина | Решение |
| Правосмукалката не работи | Батеријата е празна. Рачната правосмукалка не е правилно приключена. | Наполнете ја батеријата. Правилно включете ја рачната правосмукалката во струја. |
| Намалена моќ на вшмукување. | Садот за прав е полн. Филтерот е закукан. Закукана цевка за довод на воздух или закукан цилиндар на електричната четка. | Отстранете ја прашината. Исчистете го или заменете го филтерот. Исчистете ја електричната четка. |
| Правосмукалката не може да се наполни | Полначот не е приключен на штекер. Утикачот на полночат не е приключен во штекерот на држачот на трупот. Рачната правосмукалка не е включена на трупот. | Приклучете го полночат во штекер. Приклучете го полночат во држачот на трупот. Включете ја правосмукалката во струја. |
| По полнење апаратот работи многу кратко време. | Апаратот не е наполнет довольно. Батеријата е стара. | Полнете ја батеријата во согласност со упатствата. Сменете ја батеријата. |
Околина

По завршување на животниот век не фрлајте го апаратот со обичните домаїнски отпадоци, туку оставете го во официјалното збирно место за рециклирање. Така їе придонесете кон зачувување на околината.
Оваа опрема е обележана согласно европската насока 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Насоката ги определува барањата за собирање и постапување со отпадната електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска унија.
Гаранција и сервис
За информации или во случај на проблеми обратете се во центарот на Hisense за помош на корисници во Вашата држава (телефонскиот број їе го најдете на меѓународниот гаранциски лист). Доколку во Вашата држава нема таков центар, обратете се на локалниот продавач на Hisense или одделот на Hisense за мали апарати за домакинство.
Напомена: Гаранцијата на батеријата на правосмукалката важи 12 месеци.
Само за лична употреба!
За полесен транспорт, некои делови од апаратот се спакувани одделно и безбедно сместени во заедничката амбалажа. // Пред првата употреба, прочитајте ги и следете ги упатствата за склопување и безбедна употреба. // Апаратот е наменет за суво правосмукање во домакинството.

ДЕЛОВИ
Доколку батеријата сё уште не е инсталирана во кукиштето, внимателно вметнете ја, следејки ги упатствата на сликата. // Поврзете го горниот дел од цревото со правосмукалката, а долниот со четката за подови. Цревото е правилно инсталирано кога ќе се вметне во отворите до крај (ке се слушне звук на кликање, без оглед на тоа кое подесување го користите).
Вклучен е и сиден држач за складирање на правосмукалката и додатоците. // Следете ги приложените илустрирани упатства за монтирање на сидниот држач. // Поставете го сидниот држач на растојание од најмалку 1 метар од извори на топлина. // Додатоците може да се складираат на долниот дел од сидниот држач. // Држачот ви овозможува безбедно да ја складирате правосмукалката, така што ќе биде подготвена за употреба во секое време. // Поради својата форма, апаратот не стои самостојно.

УПОТРЕБА
Правосмукалката не е наменета за течности, стакло, отпушоци од цигари или запалени или остри предмети со оглед на тоа што секој од тие предмети може да предизвика оштетување на апаратот.
Четките и додатоците одговараат и на цревото и на правосмукалката. // Со притискање на копчето на четките и додатоците, може слободно да ги менувате. Тие имаат различни намени. Ке знаете дека се правилно прицврстени кога ќе слушнете краток клик.
– Четката за подови се користи за правосмукање на сите (суви) подни површини. Не обидувајте се да чистите многу влакнести теписи, бидејки влакната може да се заплеткаат во ролер четките и да ја оштетат правосмукалката.
- Тесната млазница е наменета за правосмукање на потесни и потешко достапни делови (кошеви, фотелји, пајажини, простор зад радијаторите...).
– Млазница со влакнеста четка (погодна за рамки, фиоки итн.).
- Сидниот држач се користи за складирање на правосмукалката. // На задната страна од правосмукалката има мал отвор, на којшто се прикачи на sidниот држач. // Не заборавајте дека sidниот држач треба да се постави на растојание од најмалку 1 метар од сите извори на топлина.

РАБОТЕЊЕ
На рачката на рачната единица има копче за вклучување/исклучување.
На екранот се прикажуваат различни функции:
- Апаратот има дигитален екран за нивото на наполнетост на батеријата, кое се прикажува дигитално за време на употребата или полнењето.
- Иконата со прецертан ролер се појавува ако некој предмет се заглави во четката. // Кога оваа икона їе светне, правосмукалката се исклучува, за да се спречи оштетување на апаратот. // Во овој случај, предметот во четката мора да се отстрани. // По отстранување на предметот, сијаличката повеќе нема да свети кога апаратот повторно їе се вклучи.
- Икона на екранот што покажува дека садот за прашина е полн (дали вашиот апарат ја има оваа функци зависи од тоа дали сте ја избрале при купувањето. Водичот за почеток со употреба ће покаже дали вашиот апарат ја има оваа функција или не). Иконата за полн сад за прашина свети кога правосмукалката повеće не детектира проток на воздух. Кога оваа икона ће светне, правосмукалката се ислучува за да се спречи оштетување на апаратот. Отстранете го предметот од цревото, четката или од садот за прашина. // Откако ће го отстраните предметот, сијаличката повеće нема да свети кога апаратот повторно ће се вклучи.
- При избор на брзина, на екранот се прикажува преостанатото време на правосмукање пред да се испразни батеријата. // Правосмукалката има две брзини: „ECO“ (заштеда на батерија, максимально време на работа со едно полнење) и „BOOST“ (кратко време на работа со едно полнење, максимальна моćност на вшмукување).

ПОЛНЕЊЕ
Полнете ја правосмукалката на растојание од најмалку 1 метар од извори на топлина. // Апаратот не може да се вклучи додека се полни.
Адаптерот за кабелот за полнење на правосмукалката е включен во пакувањето. // Вметнете го адаптерот з полнење во преградата за батеријата. // Батеријата може да се полни или на сидниот држач или одделно од правосмукалката. // Извадете ја батеријата со притискање на копчето и извлечете ја од отворот. // При полнење одделно од правосмукалката, внимавајте батеријата да се полни на оддалеченост од најмалку 1 метар од извори на топлина. // За правилно враќање на батеријата на правосмукалката, мора правилно да биде порамнета со отворите (проверете ги обете страни). Кога ће биде правилно ставена, ће слушнете звук на кликање.
За време на полнењето, процентот на наполнетост на батеријата се прикажува на екранот.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА АПАРАТОТ
Доколку сакате да го замените апаратот или повеće не ви е потребен, треба да ја имате предвид и заштитата на животната средина.
Батеријата мора да се отстрани пред правосмукалката да се исфрли. // За безбедно да ја отстраните батеријата, проверете дали е целосно испразнета. Доколку апаратот нема отстранлива батерија, следете ги инструкциите во упатството. // Следете ги илустрираните упатства за правилно отстранување на батеријата.

Сад за прашина и филтри
1 Сад за прашина и филтри
Празнење на садот за прашина
Притиснете го копчето на предната страна од садот за прашина. // Садот за прашина се отвора и може да се исчисти. // Внимавајте – треба да го отворите само делот над садот за отпадоци.
Вадење на садот за прашина од правосмукалката
Извадете го цревото од правосмукалката. // За да го извадите садот за прашина, притиснете го копчето што се наоға на горниот дел од садот за прашина, т.е. веднаш над делот каде што цревото на правосмукалката се прикачува на правосмукалката. // На страната помеғу садот и правосмукалката има символ што покажува како да се отклучи и заклучи садот за прашина. // Завртете го садот за прашина и извадете го од правосмукалката. // Извадете го куқиштето на филтерот од садот за прашина. // За да го извадите филтерот, следете ги иконите за отклучување и заклучување. // Протресете го и внимателно исчеткајте го филтерот за да ја отстраните нечистотијата што се насобрала на него за време на правосмукањето. // Исплакнете го филтерот најмногу три пати и нежно исцедете го. // Оставете го темелно да се исуши пред повторна употреба (најмалку 24 часа).
Може да ги измиете и садот за прашина и кукиштето на филтерот. // Пред повторна употреба, тие мора да бидат целосно суви (оставете да се исушат најмалку 24 часа). // Внимавајте да не го натопите предниот дел од садот за прашина каде што е приклучено цревото, за да избегнете оштетување на приклучокот.
2 Замена на надворешниот филтер
На горниот дел од правосмукалката има надворешен филтер. // За безбедно отстранување, следете ги иконите за отлучување и заклучување. // Отстранете го капакот на филтерот и превртете ја правосмукалката наопаку. // Филтерот їе испадне од правосмукалката. // Протресете го и внимателно исчеткајте го филтерот за да ја отстраните нечистотијата што се насобрала на него за време на правосмукањето. // Исплакнете го филтерот најмногу три пати и нежно исцедете го. // Оставете го темелно да се исуши пред повторна употреба (најмалку 24 часа).
3 Замена на филтерот
Доколку забележите дека филтерот е оштетен, веднаш заменете го. При редовна употреба, препорачуваме да го менувате филтерот на секои 6 месеци, за да се обезбеди најдолгиот можен век на траење на правосмукалката.
ЧЕТКА ЗА ПОДОВИ
На дното од четката има копче за вадење на ваљакот. Извлечете о осигурувачот и, од истата страна, извлечете го ваљакот од отворот. // Самиот ваљак е дизајниран така што, при правосмукање, влакната и другите остатоци ротираат кон центарот на четката. На овој начин е помала веројатноста да се оштети самиот ваљак. // Бидејки поголемиот дел од влакната се собираат во средината на ваљакот, тој полесно се чисти. // Пребришете ја долната страна на куќиштето со крпа. // Исчистете го цревото за правосмукање на четката. // Протресете го ваљакот на четката и внимателно отстранете ја со ножици секоја нечистотија и влакната што се насобрале во означениот отвор на четката. // Не влечете ги влакната, за да не ги оштетите влакната на ваљакот. // Вратете го ваљакот во четката. // Ваљакот е правилно поставен кога ће се слушне краток звук на кликање и кога страничниот осигурувач е безбедно прицврстен на куќиштето на четката.
СКЛОПУВАЊЕ ЗА ПОВТОРНА УПОТРЕБА
Вратете го исчистениот валјак назад во четката. Турнете го делот со тесниот крај во отворот и вратете го делот со „рачката“ во оригиналниот дел од четката. Ваљакот е правилно поставен кога ќе се слушне краток звук на кликање.
Пред повторно да го склопите садот за прашина, проверете дали сите компоненти се целосно суви. Влажните делови може да предизвикаат дефект на правосмукалката. // Правилно вметнете го филтерот во неговото
кукиште и следете ги иконите за да обезбедите правилно прицврстување. // Филтерот е правилно поставен кога ќе кликне на своето место. // Ако кукиштето на филтерот е правилно инсталирано, долниот дел од садот за прашина лесно се затвора, така што нема да биде потребна сила. // Ако се обидете да го затворите на сила, може да го оштетите дното на садот за прашина. // Правилно инсталирајте го филтерот на горниот дел од правосмукалката. // Филтерот е правилно поставен кога сите стрелки за заклучување се порамнети. Вратете го садот за прашина правилно на правосмукалката. Внимавајте на стрелките за заклучување. // Ке се слушне слаб звук на кликање кога садот ќе се постави во правилната положба. // Ако не успеете, повторете го процесот.
ЗАМЕНА НА ФИЛТЕРОТ
За да го продолжите животниот век на вашиот апарат, се препорачува редовно да го чистите филтерот по секоја употреба и да го менувате на секои 6 месеци редовна употреба.
СИМБОЛИ НА ГРЕШКИ
Во случај на грешка, на екранот се појавува символ за грешка.
| Символ на грешка | Символ за приказ на грешка, можна причина | Решение |
| E0 | Садот за прашина е полн и го блокира протокот на воздух | Испразнете го садот за прашина или извадете ги евентуално заглавените предмети од влезниот отвор или цревото. |
| E1 | Четката за подови не може да работи правилно поради остатоци заглавени во ваљакот | Отстранете ги остатоците заглавени во четката- ваљак и рестартирајте ја правосмукалката. |
| E2 Краток спој на моторот | Ве молиме контактирајте го нашиот постпродажен сервисен центар заради поправка. | |
| E3 | Краток спој на четката | Ве молиме контактирајте го нашиот постпродажен сервисен центар заради поправка. |
| E4 | Прекумерна струја на главниот мотор | Ве молиме контактирајте го нашиот постпродажен сервисен центар заради поправка. |
| E5 | Температурата на празнење на батеријата е превисока. Постапка | Почекајте додека температурата на батеријата не се врати во нормала. |
| E6 | Неуспешно откривање на оштетување на сензорот на термостатот | Ве молиме контактирајте го нашиот постпродажен сервисен центар заради поправка. |
| EE | Напонот на полначот не е во согласност со оригиналната конфигурација | Заменете го оригиналниот полнач. |
| ЕФ | Детекција на прекумерна струја за време на полнењето, веројатно предизвикана од прекумерно празнење на батеријата | Ве молиме контактирајте го нашиот постпродажен сервисен центар заради поправка. |
| Доколку горенаведените проблеми опстојуваат, мора да се решат. | Ве молиме контактирајте го нашиот постпродажен сервисен центар заради поправка. | |
General precautions
Само за лична употреба!