M12 CCS44 - Пила MILWAUKEE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот M12 CCS44 MILWAUKEE во PDF формат.
| Тип на производ | Безжична кружна пила |
| Марка | Milwaukee |
| Модел | M12 CCS44 |
| Напон | 12 V (постојан напон) |
| Брзина на празен h | 3600 min⁻¹ |
| Дијаметар на сечилото | 140 mm |
| Отвор на сечилото | 20 mm |
| Дебелина на сечилото | 1,0 mm |
| Број на заби | 18 |
| Макс. длабочина на сечење под 0° | 44 mm |
| Макс. длабочина на сечење под 45° | 33 mm |
| Макс. длабочина на сечење под 50° | 27 mm |
| Тежина (со Li-Ion батерија 2,0-6,0 Ah) | 2,9 до 3,15 kg |
| Препорачани батерии | M12B... (Li-Ion) |
| Препорачани полначи | M12-18 C, M12-18 FC, M12-18 AC, M12 C4 |
| Ниво на звучен притисок | 82 dB(A) (несигурност K=3 dB) |
| Ниво на звучна моќ | 93 dB(A) (несигурност K=3 dB) |
| Вибрации (сечење дрво) | 1,46 m/s² (несигурност K=1.5 m/s²) |
| Електрична кочница | Да, запирање за околу 2 секунди |
| Заштита на батеријата од преоптоварување | Да, автоматско запирање и трепкачко светло |
| Работна температура | -18°C до +50°C |
| Одржување | Чистење со сува крпа, одржувајте суво и без масло |
| Резервни делови | Користете исклучиво додатоци на Milwaukee |
| Поправливост | Овластен сервисен центар на Milwaukee |
| Општи информации | Во согласност со CE директивите, стандарди EN 62841 |
Frequently Asked Questions - M12 CCS44 MILWAUKEE
Прашања на корисниците за M12 CCS44 MILWAUKEE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник M12 CCS44 - MILWAUKEE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. M12 CCS44 на марката MILWAUKEE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК M12 CCS44 MILWAUKEE
Изолирана површина на дршката
Од безбедносни причини оваа машина е обезбедена со прекинувач кочница така што прекинувачот за вклучување не може да се заклучи во включена позиција.
Прилагодете ја длабочината на засекот во зависност од густината на обработуваното парче. Нешто помалку од цел забец од сечилото треба да биде видлив под работното парче.
Доколку е потребно корегирање на аголот од 90° водечката површина кон сечилото на пилата, користет го шрафот за корекција.
| ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИЕлекторнската циркуларното сечило | M12 CCS44 |
| Производен број 4482 26 05 ... | ... 000001-999999 |
| Брзина без оптоварување 3600 min | -1 |
| Сечило на пила дијаметар х дијаметар на отвор 140 x 20 mm | |
| Густина на запците на сечилото на пилата 1,0 mm | |
| Назабен лист 18T | |
| Макс. Длабочина на сечење при 0° / 45° / 50° 44 / 33 / 27 mm | |
| Волтажа на батеријата 12 V | |
| Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (Li-Ion 2,0 Ah ... 6,0 Ah) 2,9 kg... 3,15 kg | |
| Препорачана температура на околината за работа -18°C ... +50°C | |
| Препорачани комплети акумулаторски батерии M12B... | |
| Препорачани полначи | M12-18 C, M12-18 FC;M12-18 AC; M12 C4 |
| Информации за бучаватаИзмерените вредности се одредени согласно стандартот EN 62841. А-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува: | |
| Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A))Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A))Носте штитник за уши. | 82,0 dB(A)93,0 dB(A) |
| Информации за вибрацииВкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 62841.Дрво: Вибрациска емисиона вредност an,wНесигурност K | 1,46 m/s21,5 m/s2 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуват. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исключен алатот или кога е включен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.: одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни
напомени, упатства, цртежи и податоци, коишто ги добивате заедно со уредот. Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.

НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА РАЧНИ КРУЖНИ ПИЛИ
Постапка на пилење
a) ☐ Opasnost: Држете ги рацете настрана од зоната на сечење. Држете ја другата рака на помошната рачка или кукиштето на моторот. Доколку пилата ја држите со двете раце, не можете да се пресечете од сечилото.
b) Не посегајте под обработуваното парче. Заштитата не може да Ве заштити од сечилото под обработуваното парче.
с) Прилагодете ја длабочината на засекот во зависност од густината на обработуваното парче. Нешто помалку од цел забец од сечилото треба да биде видлив под работното парче.
d) Никогаш не го држете парчето кое се обработува со раце или преку нога. Обезбедете го на стабилна површина. Важно е соодветно да ја потпирате работата како би ја минимизирале телесната изложеност, виткањето на сечилото или губењето контрола.
Македонски
e) Држете го електричниот алат за изолираните површини кога вршите операција каде што приборот за сечење може да дојде во контакт со скриени жици.
Контактот со водови што спроведуваат напон, става и метални делови од електро-апаратот под напон и доведува до електричен удар.
f) При ракување со рачна пила користете бариера или водилка под прав агол. Ова ја подобрува прецизноста на резот и го намалува ризикот од свиткување на сечилото.
g) Секогаш користете сечила со соодветна големина и форма (дијамантски наспроти кружни) или крупски пили. Сечила кои не одговараат на монтираниот хардвер на пилата ќе се движат неправилно предизвикувајки губење на контролата.
h) Никогаш не користете оштетени или несоодветни средства за чистење или ... Тие средства и... Се специјално наменети за вашата пила, за оптимални перформанси и сигурност при користењето.
Причини и начин на спречување на повратен ефект.
повратниот ефект е ненадејна реакција при откршување, свиткување или изместување на сечилото, и предизвикува неконтролираното сечило од пилата да се крене и да излезе од обработуваното парче кон оној кој работи.
кога сечилото е откршено или цврсто завиткано од ...затворањето, запците на сечилото и реакцијата на моторот ја турка брзо назад кон оној кој работи со неа.
доколку сечилото се извитка или се измести во сечењето, забецот на надворешниот раб на сечилото може да се зарие во горната површина на дрвото правејки сечилото да излезе од лежиште и да скокне кон оној кој работи.
Повратниот ефект е резултат на неправилна употреба на пилата и/или некоректни работни процедури или услови и може да биде избегнат со превземање на соодветни претпазливи постапки наведени подолу.
a) Држете цврсто со двете раце кои се поставени да пружат отпор при повратен удар. Поставете го вашето тело од било која страна на сечилото, но не во негова линија. Повратниот удар може да предизвика пилата да потскокне наназад, но јачината на повратниот удар може да биде контролирана од операторот доколку се преземени соодветни мерки на претпазливост.
b) Кога сечилото се свиткало, или прекин на сечењето од било која причина, ослободете го прекинувачот и држете го ножот во материјалот без да делувате, се додека не дојде до потполно запирање на сечилото. Никогаш не се обидувајте да ја тргнете пилата или да ја повлечете наназед додека сечилото се движи или може да се појави повратен удар.Испитајте ги и преземете корективни чекори за да ја елиминирате причината за свиткување на сечилото.
с) По рестартирање на пилата во обарботуваното парче, центрирајте го сечилото на пилата во крвината и проверете запците на пилата да не се навлезени во материјалот. Доколку листот од пилата се заглави, истиот може да го поткрене работното парче и да предизвика повратен удар кога машината се рестартира.
d) Потпирајте ги големите панели како би го минимизирале ризикот од свиткување на сечилото и повратен удар. Големите панели имаат тенденција да се свиткаат под сопствената тежина. Мора да биде поставена потпора под панелот од двете страни, блиску до линијата на сечење и блиску до работ на панелот.
e) Не користете отапени или оштетени сечила.
Ненаострните или не соодветно поставените сечила создаваат остра кривина која предизвijuва интензивно триење, виткање на сечилото и повратен удар.
f) Длабочината на сечилото и прилагодливиот заклучувач на рачката мора да биде стегнат и обезведен пред да се сече. Доколку се промени подесувањето за време на сечењето може да дојде со свиткување иповратен удар.
g) Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување во постоечки сидови или други армирани површини. Ако сечилото на пилата дојде во контакт со предмети скриени под површината, може да ги блокира и да предизвика повратен удар.
Функција на долниот заштитен поклопец
а) Проверете ја долната заштита дали е соодветно затворена пред секоја употреба. Не работете со пилата доколку долната заштита не се движи слободно и не се затвора моментално. Никогаш не ја затегнувајте ниту врзувајте долната заштита во отворена позиција.
Доколку пилата падне ненамерно, долната заштита може да се свитка. Кренете ја долната заштита со повлекување на рачката и осигурете се дека се движи слободно не допирајки до сечилото или било кој друг дел под било кој агол и длабочина на засек.
b) Проверете го функционирањето на федерот на долната заштита. Доколку заштитата и федерот не се отвораат соодветно, мора пред употреба да бидат сервисирани. Долната заштита може да функционира тромо поради оштетените делови, лепливи остатоци или насобрани делчиња.
с) Долната заштита треба да биде рачно повлечена само при специјални резови како „резови со забодување,, или „сложени резови„. Кренете ја долната заштита со повлекување на рачката веднаш штом сечилото влезе во материјалот, долната заштита мора да биде отпуштена. При секое друго сечење, долната заштита мора да работи автоматски.
d) Секогаш гледајте долната заштита да го покрива сечилото пред пилата да ја спуштите на маса или под. Незаштитено лизгање на сечилото ће предизвика пилата да тргне наназад, сечејки се што ће се најде на патот. Бидете свесни за потребното време за кое сечилото престанува да работи, по ослободувањето на прекинувачот.


Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете систем за ансорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за материјалот се сече.
Користете само ножеви за сечење дрво, специфицирани во овој прирачник, кои се во согласност со EN 847-1.
Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на вашиот електро-алат.
Не го фиксирајте прекинувачот во позиција он-включено кога ја користите пилата држејжи ја со рака.
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на оваа машина!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз машината.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасности од пожар, од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата батерија или полночат и пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го прегревањето на забчаниците.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Електорнската циркуларното сечило може да сече надолжно и триаголно прецизно во дрво.
ЕЛЕКТРИЧНА КОЧНИЦА
При ослободување на притискачот од прекинувачот дискот за сечење се запира во рок од 2 секунди преку електричната кочница. Но, електричната кочница може да дејствува и одложено. Понекогаш електричната кочница не е делотворна. Доколку електричната кочница не дејствува почесто, во тој случај пилата мора да биде донесена до овластен сервис- центар на Milwaukee. Дури по постигнување на состојба на мирување на дискот за сечење извлечете ја пилата од обработуваниот материјал.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50oC (122oФ) го намалуваат траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по употреба. Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на батерија (ризик од краток спој).
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Во случај на преоптоварување на батериите поради енормно висока потрошувачка на електрична енергија, на пр. екстремно висок број на вртежни моменти, заглавување на оперативната алатка, неочекувано сопирање или краток спој, електричната алатка прекинува со работа и по 2 секунди автоматски се ислучува. За повторно вклучување ослободете го притискачот на прекинувачот, а потоа повторно включете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење се додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за полнење може да се продолжи со работа. Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно да ја напоните и активирате.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЮНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни материи. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исключиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван. При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Македонски
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз машината.
Уверете се дека алатката е ислучена од напојување пред да го прикачите или отстраните сечилото.
Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.
Некои средства за чистење ја оштетуваат пластиката или други изолирани делови.
Одржувајте го апаратот чист и сув како и неизвалкан од истечено масло и масти.
Проверете ја функцијата на заштитните хауби.
Редовно одржување и чистење обезбедува долг век и безбедно ракување.
Вентиляциските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.
Оддалечувајте редовно прашина. Внатре во пилата оддалечувајте натрупени струготини, да се избегна ризик на пожар
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси). Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кaj: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS)
2006/42/EC
2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-5:2014
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018

Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба.

Секогаш при користење на машината носете ракавици.

Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз машината.

Дополнителна опрема - Не е включена во стандардната, а достапна е како додаток.

Електричните апарати и батериите што се полнат не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните апарати и батериите треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици.

Насока на вртење

Брзина без оптоварување
Напон

Истосмерна струја

Евроазиска ознака за сообразност

