EasyImpact 18V40 - Батерија BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EasyImpact 18V40 BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за EasyImpact 18V40 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Батерија во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EasyImpact 18V40 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EasyImpact 18V40 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EasyImpact 18V40 BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navpdila
hr Originalne upute za rad
Македонски...... Страница 157
Srpski ...... Strana 164
Slovenščina ....Stran 171
Hrvatski ....Stranica 177
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасности од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи
Безбедносни упатства за сите типови работа
▶ Носете штитници за уши кога извршувате ударно дупчење. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење или прицврстувачите дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Безбедносни упатства при користење на долги бургии
▶ Никогаш не користете поголема брзина од максимальната означена брзина на бургијата. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Притиснете во директна линија со бургијата, и без прекумерен притисок. Бургијата може да се искриви и да се скрши, или да изгубите контрола и да се повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
▶ Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исключете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за завртување и олабавување на завртки како и за дупчење во дрво, метал, керамика и пластика. Батериската ударна дупчалка-одвртувач EasyImpact 18V-40 е дополнително наменета за ударно дупчење во цигли.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прифат на алатот
(2) Брзозатегнувачка глава за дупчење
(3) Прстен за подесување во претходно избран вртежен момент
(4) Прстен за претходно подесување на видот на режим
(EasylImpact 18V-40)
(5) Прекинувач за избор на брзина
(6) Копче за отклучување на батерија ^a)
(7) Батерија ^a)
(8) Работно светло
(9) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(10) Прекинувач за вклучување/исклучување
(11) Рачка (изолирана површина на рачката)
(12) Универзален држач за битови ^a)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Батериска дупчалка-одвртувач EasyDrill 18V-40 EasyImpact 18V-40 | |||
| Број на дел | 3 603 JD8 0.. | 3 603 JD8 1.. | |
| Номинален напон V= 18 18 | |||
| Број на вртежи во празен од ^A) | |||
| – 1. Брзина min | -1 | 0–430 | 0–430 |
| – 2. брзина min | -1 | 0–1 630 | 0–1 630 |
| Макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 ^A) | Nm 32/23 38/20 | ||
| Макс. вртежен момент ^A) | Nm 40 40 | ||
| Број на удари во празен од ^A) | min ^-1 | – 0–24 450 | |
| Макс. дупка-∅ (1./2. брзина) | |||
| – Сид mm – 13 | |||
| – Челик mm 13 13 | |||
| – Дрво | mm 30 30 | ||
| Опсег на затегнување на главата | mm 13 13 | ||
| Макс. навртување-∅ | mm 8 8 | ||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^B) | kg | 1,3 (1,5 Ah)–1,6 (6,0 Ah) | 1,4 (1,5 Ah)–1,7 (6,0 Ah) |
Батериска дупчалка-одвртувач EasyDrill 18V-40 EasyImpact 18V-40
A) Мерено при 20–25 °C со батерија PBA 18V 2.0Ah.
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури < 0 °C
D) Следните полначи не се компатибилни со PBA батерија: AL 1814 CV Professional, AL 1820 CV Professional, AL 1860 CV Professional, AL 2215 CV Professional
Информации за бучава/вибрации
EasyDrill 18V-40 EasyImpact 18V-40
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-1.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува
| Ниво на звучен притисок | dB(A) | 74 | 91 |
| Ниво на звучна јачина | dB(A) | - | 99 |
| Несигурност К | dB | 3 | 5 |
| Носете заштита за слухот! | |||
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-1:
| Дупчење во метал: | |||
| a_h | m/s2 | < 2,5 | < 2,5 |
| K | m/s2 | 1,5 | 1,5 |
| Ударно дупчење во бетон: | |||
| a_h | m/s2 | - | 25 |
| K | m/s2 | - | 3,0 |
| Завртување: | |||
| a_h | m/s2 | < 2,5 | < 2,5 |
| K | m/s2 | 1,5 | 1,5 |
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на акумулаторската батерија на акумулаторската батерија
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
LED-светилките на приказот за наполнетост на акумулаторската батерија го покажуваат нивото на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето за приказот за наполнетост на батеријата за да се прикаже нивото на наполнетост. Ова е можно и со отстранета батерија.
| LED-светилка на акумулаторската батерија | Ниво на наполнетост на батеријата |
| Трајно светло 4 × зелено ≈ 75–100 % | |
| Трајно светло 3 × зелено ≈ 50–75 % | |
| Трајно светло 2 × зелено ≈ 25–50 % | |
| Трајно светло 1 × зелено ≈ 5–25 % | |
| Трепкачко светло 1 × зелено ≈ 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за включување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Електричниот алат може многу да се затопли при работа. Оставете го да се излади пред да го фатите.
Доколку прекинувают за вклучување/исклучување (10) не е притиснат, вретеното за дупчење їе се фиксира. Ова овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (2) со вртење во правец Ⓞ, додека не се стави алатот. Вметнете го алатот.
Чаурата на брзозатегнувачката глава за дупчење (2) свртете ја цврсто со рака во правец ②, додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на правецот на вртење (види слика В)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (9) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (9) налево до крај.
Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (10) и држете го притиснат.
LED светилката (8) свети доколку прекинувают за включување/ислучување (10) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (10) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3) може да го изберете потребниот вртежен момент во степени. При правилно подесување, алатот што се вметнува ће се стопира, откако завртката цврсто ће се заврти во материјалот одн. откако ће се постигне
поставениот вртежен момент. Во позицијата преоптеретената спојка е деактивирана, на пр. за дупчење или за завртување на големи завртки. На ова ниво го достигнувате максимальниот вртежен момент.
Механички избор на брзини
▶ Прекинувачот за избор на брзина (5) може да го активирате во состојба на мирување или додека работи електричниот алат. Сепак тој не смее да се активира при целосно оптоварување или максимален број на вртежи.
Брзина I:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење или за навртување.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за дупчење и ударно дупчење со мал и среден дијаметар на дупките.
Подесување на режимот на работа
EasyDrill 18V-40:

Завртување
За да навртите мали и среди завртки, поставете го прстенот за прилагодување на вртежен момент (3) на саканиот вртежен момент.

Навртување и дупчење
За да навртите мали и среди завртки, поставете го прстенот за прилагодување на вртежен момент (3) на символот „Дупчење/Навртување MAX“.
EasyImpact 18V-40:

Завртување
За да навртите мали и среди завртки, поставете го прстенот за прилагодување на претходно подесување на режимот на работа (4) на символот „Навртување“.

Поставете го прстенот во претходно избраниот вртежен момент (3) на саканиот вртежен момент. За максимален вртежен момент поставете го прстенот за претходно подесување на режимот на работа (4)
ознаката „Дупчење/Навртување MAX“.

Навртување и дупчење
За да навртите мали и среди завртки, поставете го прстенот за прилагодување на претходно подесување на режимот на работа (4) на символот „Дупчење/
Навртување MAX“.

Ударно дупчење
За ударно дупчење во сид поставете го прстенот за прилагодување на претходно подесување на режимот на работа (4) на ознаката „Ударно дупчење“.
Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувают за вклучување/исклучување (10) не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на алатот їе се фиксира (1).
Ова овозможува навртување на завртки и при испразнета батерија (7) одн. користење на електричниот алат како одвртувач.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или надминување на дозволената температура на батеријата електрониката го ислучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните граници на температура.
Совети при работењето
▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на
164 | Srpski
прекинувачот за включување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шледиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 164).