SKIL 2830 AR - Безжична дупчалка

2830 AR - Безжична дупчалка SKIL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 2830 AR SKIL во PDF формат.

📄 140 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice SKIL 2830 AR - page 118
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Карактеристики Детали
Тип на уред Некатегоризиран
Употреба Мултифункционален алат за различни домашни работи
Одржување Редовно чистење, проверка на подвижни делови
Безбедност Користете лична заштитна опрема (ЛЗО)
Општи информации Проверете ја компатибилноста со додатоци пред купување

Frequently Asked Questions - 2830 AR SKIL

Која е моќноста на SKIL 2830 AR?
SKIL 2830 AR има моќност од 2200 вати.
Како да се смени сечилото на пила SKIL 2830 AR?
За да го смените сечилото, одвртете го завртката за фиксирање на сечилото со приложениот клуч, отстранете го старото сечило и инсталирајте го новото, внимавајќи да го поставите правилно пред да ја затегнете завртката.
Која е максималната должина на сечење на SKIL 2830 AR?
Максималната должина на сечење е 300 мм.
Дали SKIL 2830 AR е опремен со заштитен систем?
Да, SKIL 2830 AR е опремен со заштитен систем за да се обезбеди безбедност на корисникот при користење.
Како да се исчисти SKIL 2830 AR по употреба?
За да го исчистите SKIL 2830 AR, исклучете го уредот, потоа користете сува крпа за бришење на површината и четка за отстранување на прав од тешко достапни места.
Која е гаранцијата на производот SKIL 2830 AR?
Обично SKIL 2830 AR доаѓа со гаранција од 2 години, но тоа може да варира во зависност од продавачот.
Може ли да го користам SKIL 2830 AR за материјали други од дрво?
SKIL 2830 AR е главно дизајниран за дрво, но може да се користи и за некои композитни материјали и пластики. Се препорачува да ги проверите спецификациите на сечилото за други материјали.
Како да ја прилагодам длабочината на сечење на SKIL 2830 AR?
За да ја прилагодите длабочината на сечење, користете го рачката за прилагодување која се наоѓа на страната на основата на пилата, одвртете ја и прилагодете ја саканата длабочина пред да ја затегнете повторно.
Дали SKIL 2830 AR може да се користи на отворено?
Да, SKIL 2830 AR може да се користи на отворено, но е важно да не се изложува на дожд или влажни услови.
Каде можам да најдам резервни делови за SKIL 2830 AR?
Резервни делови за SKIL 2830 AR можете да најдете кај овластените продавачи на SKIL или на веб-страницата на SKIL.

Прашања на корисниците за 2830 AR SKIL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Безжична дупчалка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 2830 AR - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 2830 AR на марката SKIL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 2830 AR SKIL

  • Овој алат е наменет за дупчење во дрво, метал, керамика и пластика; алатите со електронска контрола на брзината и лева/десна ротација се исто така соодветни за навртување на штрафови
  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување ③

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ①

Максимален обрт за примена како шрафцигер според ISO 5393 : 41Nm (1008 & 2830)] / 54Nm (2832)

ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ②

A Прекинувач за включување/исклучување и контрола на брзината
В Зелена лампичка на полначот

С Црвена лампичка на полначот
D Прстен за контрола на вртежниот момент
E Заклучена позиција (спојка)
F Прекинувач за менување на насоката на вртење
G Прекинувач за избор на брзината (2832)
Н Светло
J Отвори за вентилација
К Полнач

БЕЗБЕДНОСТ

ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

А ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации дадени со овој електричен алат.

Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции дадени подолу може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување. Поимот "електричен алат", кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приключен кабел).

a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина. Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа.
с) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото каде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.
a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Никано не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, rerни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
с) Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага. Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар.
d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате полначот надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на продолжен кабел

2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ

соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.

f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.

a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеизни повреди.

b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.

с) Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите штекерот во приключокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го прилучувате апаратот кој е приключен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди.

d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наоға во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.

e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.

f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата и алиштата треба да бидат подалену од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

g) Доколку може да се монтираат направи за вшмунување и фајање прашина, проверете дали се включени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.

h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при неговото користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАНЬЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

a) Не го преоперетувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат ће работите подобро и посигурно во наведената функционална област.

b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеće не може

да се включува и ислучува е опасен и мора да се поправи.

с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие мерки на внимателност ће се избегне невнимателното вклучување на уредот.

d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица.

e) Одржувајте го електричниот алат и дополнителната опрема. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.

f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ће се заглавуваат и со нив работата ће биде полесна.

g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.

h) Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

a) Полнете го акумулаторот само во апаратите за полнење кои се пропишани од страна на производителот. За апаратот за полнење кој е соодветен за определен вид на акумулатори, постои опасност од пожар, доколку се употребува со други акумулатори.

b) Користете ги електричните алати само со специфично назначени пакувања на батерии. Користењето на друг вид на батерии може да доведе до ризик од повреда или пожар.

с) Кога батериите не се користат, држете ги настрана од метални предмети како штрафчиња, парички, клучеви, клинци, навртки или други, мали предмети кои може да направат краток спој. Краткиот спој кај батериите може да предизвика изгореници или пожар.

d) При погрешна примена може да излезе течност од акумулаторот; избегнувајте контакт со неа. При случаен контакт, измијте се со вода. Ано течноста дојде во допир со очите, побарајте и лекарска помош дополнително. Течноста која

може да излезе од акумулаторот може да доведе до надразнување на кожата и изгореници.

e) Не употребувајте комплет со батерии или алат кој е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
f) Не го изложувајте комплетот со батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите инструкции за полнење и не го полнете комплетот со батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во инструкциите. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го нај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте оштетени комплети со батерии. Поправката на комплети со батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

  • Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да шредизвика алергии и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лугето во близина); носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
  • Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
  • Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите
  • Не обработувајте никаков материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
  • При промена на приборот, пренесување или прибирање на алатот, задолжително поставете го прекинувачот F ② во средна позиција (заклучено)

ПРИБОР

  • SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор
  • Користете само прибор чија дозволена брзина е во најмала рака еднаква на најголемата брзина при празен од на електричниот алат

ПРЕД УПОТРЕБА

- Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во местото каде работите; тргнете ги пред да почнете со работа

  • Секогаш проверувајте го напонот на плочката со податоци за типот на полначот
  • Зацврстете го материјалот кој го обработувате (обработка која е зацврстена со стеги или во менгеме є побезбедна отколку да ја држите со раце)
  • Користете соодветни детектори за наогање на скриени инсталации или повикајте соодветна компанија за помош (контактот со електричните линии може да доведе до струен удар; оштетувањата во гасоводна цевка може да резултира со експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација може да доведе до оштета на предмети или електричен удар)
  • Држете го алатот за изолираните површини за зафаќање кога извршувате работа при која што дополнителната опрема за сечење или прицврстување може да дојде во контакт со сокриените жици (ако дополнителната опрема за сечење и прицврстување дојдат во контакт со жица под напон може да ги електрифицираат металните делови на алатот и да предизвикаат електричен удар на операторот)
  • Во случај да дојде до електричен или механички дфект, апаратот треба веднаш да се исклучи и да се извлече приключникот од мрежната приключница

- Овој полнач може да го користат деца над 8 години како и лица со намалени физички, сензорни и ментални способности или недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со полначот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа (инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди)

  • Не ги оставајте децата без надзор (така ће се осигурате дека децата нема да си играат со полначот)
  • Не ги оставајте децата без надзор за време на чистењето или одржувањето на полначот
  • Користете само полначот на SKIL 2610Z08495 или 2610Z08496 и батеријата на SKIL 2610Z08494 со овој алат
  • Батеријата полнете ја ислучиво со испорачаниот полнач

  • Не ги допирајте контактите во полначот

  • Никогаш не ги изложувајте на дожд апаратот/ полначот/батеријата
  • Не полнете ја батеријата на влажни или мокри места
  • Оштетените полначи не ги пуштајте во работа; за таа цел треба да се предаде апаратот и полначот во овластениот SKIL сервис
  • Полначот не треба понатаму да се користи ако е оштетен кабелот или приклучникот, туку веднаш да се замени кабелот во овластен SKIL сервис или мрежната приклучница
  • Оштетената батерија не треба понатаму да се користи туку веднаш да се замени
  • Никогаш не ги расклопувајте ниту заменувајте полначот или батеријата
  • Не се обидувајте со полначот да ги полните батериите што не се предвидени за полнење
  • Дозволена температура на околината (алатка/ полнач/батерија):
    -при полнење 0...+45°C
    -при работа -20...+50°C
    -при складирање -20...+50°C

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/ ПОЛНАЧОТ/БАТЕРИЈАТА

③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Користете го полначот само во затворен простор
⑤ Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
⑥ Во допир со орган батериите ће експлодираат, затоа не ги палете батериите од која било причина
⑦ Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во просторија на температура пониска од 50°C
⑧ Не се ослободувајте од електични алати и батерии во домашниот отпад

УПОТРЕБА

  • Комбиниран прекинувач за включување/исклучување и за контрола на брзината А ②
    Брзината се контролира на степени од нула до максимум со применување помалку или повеće сила врз активаторот

- Полнење на акумулаторска батерија ⑨ !извадете ја батеријата од машинат

-полначот приключете го на мрежен напон како на илустрацијата ⑨а

-ке се запали зелената лампичка В покажувајки дека полначот е подготвен за работа⑨а

-батеријата ставете ја во полначот како на илустрацијата ⑨b

-црвената лампичка С се пали која покажува дека батеријата се полни⑨с

- по околу 3 часа (2610Z08495) / 5 часа (2610Z08496) батеријата е целосно наполнета и зелената светилка В се вклучува ⑨d

!откано батеријата ће се наполни треба да се извади од полначот, со што се продолжува векот на траење на батеријата

ВАЖНО:

-ако црвената лампичка С не се пали откако ће се вметне батеријата, тоа значи дека батеријата е премногу студена или премногу врела (полначот полни само батерии кога нивната температура е меѓу 0° С и 45° С)

-литиум-јонската батеријата може да се полни во кое било време (прекинувањето на процесот на полнење не ја оштетува батеријата)
-литиум-јонската батерија не мора да биде празна пред да се полни (нема „efekt врз долготрајноста“, како кај никел-кадмиумските батерии)
-при полнење полначот и батеријата се загреваат; тоа е нормално и не претставува никаков проблем
-надворешните површини на батеријата треба да бидат суви и чисти, пред да се стави батеријата во полначот
-батеријата не смее да се вади во текот на работата на апаратот
-доколку не го користете уредот подолго време, извлечете го мрежниот приключок на полначот од прилучницата
-алатот се ислучува автоматски кога ње се испразни литиум-јонската батерија
-значително намалениот период на работа по полнењето посочува дека батеријата е стара и треба да се замени

- Промена на насоката на ротација ⑩ -ако левата/десната позиција не легнат како што треба, прекинувачот А② нема да може да стартува !менувајте ја насоката на ротацијата само кога алатот се наога во целосно мирување

- Промена на бургиите ⑪ !не употребувајте бургии со оштетена дршка

- Контрола на вртежниот момент (VariTorque) ⑫ -излезниот обрт ће се зголемува ако прстенот на активаторот D се врти од 1 кон 19; позицијата E ће го заклучи активаторот за да се овозможи дупчење или извршување тешки работи -при завртување на некоја завртка најпрво започнете со положбата 1(VariTorque) и потоа полека зголемувајте до достигнување на саканата длабочина

- Избор на механички запченик ⑬ (2832) - подесете го прекинувачот G на дозволената брзина !включете го изборот на брзини додека алатот работи бавно

LOW

-пониска брзина
-голем момент на вртење
-за завртување и дупчење на отвори со голем дијаметар
-за вибрациски навој

HIGH

-повисока брзина

-за дупчење отвори со мал дијаметар

- Заштита на батеријата Исклучува машината или спречува машината да се вклучи, кога

-оптоварувањето е преголемо висока

-температурата на батеријата не е во дозволениот опсег за температура од -20 до +50° C

-литиум-јонската батерија е скоро празна (за да ја заштити од целосно празнење)

!не продолжувајте да притискате на прекинувачот за включување/исклучување откаю алатот ће се исклучи автоматски; батеријата ће се оштети

• Светло Н ⑭
Светилката Н се вклучува автоматски кога ће го активирате прекинувачот А ②
- Држење и насочување на алатот ⑮
!додека работите, секогаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја
-отворите за ладење J② држете ги отворени -не притискајте премногу со алатот; дозволете тој сам да работи

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

- Користете соодветни бургии ⑯ !употребувајте само остри бургии

- При дупчење во метал - најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да издупчите поголема дупка - бургијата подмачкувајте ја со масло од време на време

- При навртување на штрафовите на краевите на дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да се избегне разлистување на дрвото

- За оптимална употреба на апаратот потребен е постојан притисок на завртката, особено во текот на одвртувањето

- При завртување на завртката во тврдо дрово претходно треба да се издупчи дупка

• Дупчење на дрво без разлистување ⑰

• Дупчење на дрво без прашина ⑱

• Дупчење на плочки без лизгање ⑲

- Многу други совети можете да најдете на www.skil.com

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

- Овој алат не е наменет за професионална употреба

- Секогаш одржувајте го чист апаратот и полначот -исчистете ги контактите на полначот или со алкохол или со чистач за контакти !пред чистењето на полначот треба да се извлече неговиот мрежен приключок

- Доколку алатот/полначот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати

- испратете го алатот или полначот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)

- ако полначот се расипе, испратете ги и полначот и батеријата на застапникот или во сервис на SKIL

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

- Не се ослободувајте од електични алати, батерии, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното губре (само за земјите на ЕУ)

-според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои

го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање

-символот⑧ ke ve потсетува на ова кога ke дојде време алатот да го фрлите

!пред да се фрли акумулаторската батерија во отпад, заштитите ги нејзините полови

БУЧАВА / ВИБРАЦИИ

  • Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен притисок е 76 (1008 & 2830) / <70 (2832) dB(A) а нивото на звучна моїност 87 (1008 & 2830) dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација < 2,5 м / с² (векторски збир на трите показатели; несигурност K = 1.5 м / с²)
  • Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 60745; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени
    -користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
    -кога алатот е исключен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност
    !заштитете се од ефентите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа

SKIL 2830 AR - БУЧАВА / ВИБРАЦИИ - 1

Trapano/vidator me bateri

1008/2830/2832

HYRJE

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SKIL

Модел : 2830 AR

Категорија : Безжична дупчалка