WS 8125 MX - некатегоризирано AEG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот WS 8125 MX AEG во PDF формат.

📄 51 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice AEG WS 8125 MX - page 47
Погледни прирачник : Français FR Čeština CS Dansk DA Deutsch DE Ελληνικά EL Magyar HU Latviešu LV Македонски MK Português PT Svenska SV
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : AEG

Модел : WS 8125 MX

Категорија : некатегоризирано

Преземете ги упатствата за вашиот некатегоризирано во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник WS 8125 MX - AEG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. WS 8125 MX на марката AEG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК WS 8125 MX AEG

Технички Податоци, Упатство За Употреба, Специфицирани Услови На Употреба, Еу-декларација За Сообразност, Главни Врски, Одржување, Симболи Ве мoлиме прочитаjте го и чувајте го ова упатство!

Electronica încorporată va păstra o viteză constantă chiar sub sarcina crescută. Dacă maşina este în suprasarcină, viteza va redusă până când sarcina va scadea. SIMBOLURI Va rugăm citiţi cu atenţie instrucţiunile înainte de pornirea maşinii. Purtaţi întotdeauna ochelari de protecţie când utilizaţi maşina. Întotdeauna scoateţi stecherul din priză înainte de a efectua intervenţii la maşină. Accesoriu - Nu este inclus în echipamentul standard , disponibil ca accesoriu Nu aruncaţi scule electrice în gunoiul menajer! Conform directivei europene nr. 2002/96/EC referitor la aparate electrice şi electronice uzate precum şi la transpunerea acesteia în drept naţional, sculele electrice trebuiesc colectate separat şi introduse într-un circit de reciclare ecologic. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина. УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА Заеднички безбедносни упатства за брусење, мазнење со хартија за шмирглање, за работа со четки со жица и за брусење со делење a) Овој електро-алат треба да се употребува како шлајферица, шлајферица со хартија за шмирглање, четка со жица и машина за брусење со делење. Почитувајте ги сите безбедносни упатства, упатства за работа, прикази и податоци што ги добивате заедно со електричниот алат. Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/ или до тешки повреди. б) Не се препорачува, со овој уред да се извршуваат полирачки работи. Реализацијата на работни операции, за кои апаратот не е наменет, предизвикува ризици што со себе можат да повлечат сериозни повреди за луѓето. в) Не употребувајте прибор што не е предвиден и препорачан од производителот специјално за овој електро-алат. Доколку извесен прибор можете да го прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не претставува гаранција за сигурно употреба. г) Дозволениот број на вртежи на приборот мора да биде најмалку толку голем колку што е максималниот број на вртежи зададен на електро-алат. Приборот што се врти побргу од дозволеното, може да се скрши и

д) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот мора да соодветствуваат со податоците за димензиите на вашиот електро-алат. Приборите со несоодветна димензија не можат да бидат соодветно заштитени или контролирани. ѓ) Дисковите за брусење, фланшовите, дисковите (подножјата за брусење) или друг прибор мора прецизно да соодветствуваат на осовината на вашиот електро-алат. Приборот што не одговара прецизно во осовината на електро-алатот, се врти нерамномерно, вибрира мошне јако и може да доведе до губење на контролата. е) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја употреба извршете контрола, како на пример на дисковите за брусење по однос на расцепи и пукнатини, на подножјата за брусење по однос на пукнатини, изабаност или голема искористеност, на четките со жици по однос на лабави или скршени жици. Ако електро-алатот или приборот паднат, проверете, дали тие се оштетени или употребете неоштетен прибор. Ако приборот сте го провериле и го употребувате, тогаш вие и лицата, кои се наоѓаат во близина, треба да бидете вон доменот на ротирачкиот прибор и оставете го приборот да работи една минута со максимален број на вртежи. Оштетениот прибор најчесто се крши во овој тест-период. ж) Носете опрема за лична заштита. Зависно од употребата, користете целосна визуелна заштита, заштита за очите или заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прашина, заштита за ушите, заштитни ракавици или специјална престилка, со која се заштитувате од ситни честички од шлајфувањето и од материјалот. Очите треба да бидат заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни употреби. Заштита маска од прашина и за дишење мора да ја филтрираат прашината што се создава при работата. Доколку сте подолго време изложени на гласна бучава, тоа може да предизвика губење на слухот. з) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа, мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од директниот делокруг на

ѕ) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани површини за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот кабел за напојување со струја. Контактот со водови што спроведуваат напон, става и метални делови од електро-апаратот под напон и доведува до електричен удар. и) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана од прибор што се врти. Доколку ја изгубите контролата над електро-алатот, кабелот за напојување со струја може да се исече или да се закачи и вашата рака или вашата дланка да бидат повлечени во приборот што се врти. ј) Никогаш не оставајте го електро-алатот, додека тој не постигне состојба на комплетно мирување. Електро- алатот што се врти може да дојде во контакт со површината, на којашто се остава, а на тој начин можете да ја изгубите контролата над електро-алатот. к) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе во вашето тело. л) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може да предизвика електрични опасности. љ) Не употребувајте го електро-алатот во близина на материјали што горат. Таквите материјали можат да се запалат од искри. м) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни средства за ладење. Употребата на вода или на други течни средства за ладење може да доведе до електричен удар. Повратен удар и референтни безбедносни упатства Повратниот удар претставува неочекувана реакција како последица на заглавен или блокиран прибор што се врти, како на диск за брусење, подножје за брусење, четка со жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ Определен внес .................................................................... Излез ...................................................................................... Макс. брзина без оптоварување .......................................... Дијаметар на дискот за глодање ......................................... Срце на работната оска ....................................................... Тежина без кабел .................................................................. Типично отежнато забрзување во делот на раката. .............................................................................. Типично очекувани нивоа на звук. Ниво на звучен притисок. .................................................. Ниво на јачина на звук. ...................................................... Носте штитник за уши. Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60745.

ROMÂNIA94 95 неодложно стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна насока од насоката на вртење на приборот во точката на

Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот или настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење можат исто така и да се

Повратен удар претставува последица од погрешна или неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се опишани подолу. а) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за да можете да имате максимална можна контрола над силите од повратниот удар или на моментите на реакција при пуштање во работа. Операторот може да ги контролира силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање соодветни мерки на претпазливост. б) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на прибор што се врти. Во случај на повратен удар, приборот може да биде исфрлен врз вашата рака. в) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое електро-алатот се движи во случај на повратен удар. Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока од насоката на движење на дискот за брусење на местото за спојување. г) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или повратен удар. д) Не употребувајте ланчан диск или забест диск за сечење. Таквиот прибор честопати предизвикува повратен удар или губење на контролата над електро-алатот. Специјални безбедносни упатства за шлајфување и шлајфување со делење a) Употребувајте ги исклучително алатите за брусење што се одобрени за вашиот електро-алат како и заштитната капа што е предвидена за таквите алати за брусење. Алати за брусење, коишто не се предвидени за електро-алатот, не можат да бидат доволно заштитени и се

б) Заштитната капа мора да биде сигурно поставена на електро-алатот и да биде така нагодена, што ќе се постигне максимално ниво на безбедност, тоа значи најмал дел од алатот за брусење да е насочен кон операторот. Заштитната капа треба да го штити операторот од парчиња и од случаен контакт со телото за

в) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за препорачаните можности за употреба. На пример: никогаш не брусење со страничната површина од диск за делење. Дисковите за делење се наменети за отстранување на материјал со работ на дискот. Дејството на странична сила врз овие тела за брусење може да ги скрши истите. г) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат дискот за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста од кршење на дискот за брусење. Фланшите за дискови за делење можат да се разликуваат од фланшите за други дискови за брусење. д) Не употребувајте искористени дискови за брусење од поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи кај помалите електро-алати и можат да

Други специјални безбедносни упатства за брусење со

а) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или премногу висок контактен притисок. Не изведувајте претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот за делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за повратен удар или за кршење на телото за брусење. б) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот за обработка во насока подалеку од себе, во случај на повратен удар електро-алатот со дискот што се врти, може да се насочи директно кон вас. в) Доколку дискот за делење се заглави или доколку прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и држете го мирно сè додека дискот не постигне состојба на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете дискот од засекот додека се врти, во спротивно може да дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја причината за заглавувањето. г) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за обработка или да предизвика повратен удар. д) Потпрете ги плочите или големите материјали за обработка, за да го намалите ризикот од повратен удар како резултат на заглавен диск за делење. Големи материјали за обработка може да свијат како последица на својата тежина. Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете страни и тоа како во близина на засекот за делење така и на работ. ѓ) Бидете особено внимателни при „сечење џебови“ кај ѕидови или во други непрегледни области. Дискот што навлегува може да предизвика повратен удар при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични водови или други објекти. Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија за шмирглање: a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за мазнење. Следете ги податоците на производителот по однос на големината на листот за мазнење. Листови за шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на листовите или да доведат до повратен удар. Специјални безбедносни упатства во врска со работата со четките со жица: a) Внимавајте на тоа, дека четката со жица во текот на вообичаената употреба губи парчињ од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците со премногу голем притисок на допир. Парчиња од жицата што се разлетуваат можат да навлезат низ тенка облека и/или во кожата. б) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да дојде до можност за допир помеѓу заштитната капа и четката со жица. Кај четките со подножје и за четкање може да дојде до зголемување на нивниот дијаметар како резултат на притисокот при допир и на центрифугалните

Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD). Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи. Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво машината е исклучена. Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при вклучена машина. Секогаш користете ја помошната рачка. Во случај на значителни вибрации или појава на други неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја најдете причината за нив. Секогаш користете ги и чувајте ги глодачките дискови согласно препораките на производителот. При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар, запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина (зона на искрење). Не користете издув за прав. Треба да се поведе соодветна грижа за искрите или честичките од камена прашина кои летаат од обработуваното парче да не дојдат во контакт со вас. При расцепување на камен мора да биде користена подлошка водилка! Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се почне со работа со машината. Парчето кое се обработува мора да се прицврсти доколку не е доволно тешко за да биде стабилно. Никогаш не го насочувајте работното парче кон глодачкиот диск со рака. При екстремни услови (пр: фино глодање метали со вретено или глодачко тркало со вулканизирани влакна), значително загадување може да се насобере одвнатре на аголната глодалка. Од безбедносни причини, во вакви услови, внатрешноста мора да биде комплетно исчистена од метални остатоци а прекинувачот на колото на моторот мора да биде сериски поврзан. Доколку прекинувачот на колото на моторот ја расипе машината мора да биде

За алатите кои се наменати за опремување со шилесто тркало за дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е доволно долга за да ја прифати должината на вретеното. За работи со делење употребувајте ја заштитната капа од програмата за прибор. ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој производ е во сообразност со следните стандарди и стандардизирани документи. EN 60745, EN 55014-1, EN 55014-2, EN 61000-3-2, EN 61000-3-3, и е во согласност со прописите 98/37/EC, 2004/108/EC Rainer Kumpf Manager Product Development Winnenden, 2007-10-09 СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА Аголната брусилка се употребува за делење и брусење со гребење (грубо гребење) на голем број материјали како на пример на метал или камен, како и за мазнење на подлоги за мазнење на пластика и за работа со четка со челична жица. Во секој случај почитувајте ги упатствата на производителите на приборот. Не го користете овој производ на било кој друг начин освен пропишаниот за нормална употреба. ГЛАВНИ ВРСКИ Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.

Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано. Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до отворите за вентилација-ризик од куршлус! Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на адреси). Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кај: AEG Elektrowerkzeuge, Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden, Germany. ЕЛЕКТРОНИКА

Вградената електроника ќе обезбеди константна брзина дури и при зголемено оптоварување. Доколку машината е преоптоварена брзината се намалува додека оптовареноста се зголемува

Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба. Секогаш носете ракавици кога ја користите

Секогаш пред спроведување на каков и да е зафат врз машината исклучете го кабелот од приклучокот. Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната, а достапна е како додаток. Не ги фрлајте електричните апарати заедно со другиот домашен отпад! Европска регулатива 2002/96/EC за одлагање на електична и електронска опрема и се применува согласно националните закони. Елекричните апарати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат одвоено собрани и вратени во соодветна рециклажна установа. МАКЕДОНСКИ МАКЕДОНСКИ96 97 WS 8-115 M WS 8-125 M WS 8-125 MX WSE 9-125 MX ...... 750 W .................750 W .................750 W ....................... 850 W ...... 410 W .................410 W .................410 W ....................... 495 W .. 10000 /min .........10000 /min .........10000 /min ......2700-10000 /min ...... 115 mm ..............125 mm ..............125 mm .................... 125 mm ......... M 14 ...................M 14 ..............M 14 ........................ M 14 ....... 1,8 kg .................1,8 kg .................1,8 kg ....................... 1,8 kg ....... 2,5 m/s