BOSCH GBL 18V120 Professional - Дувалка

GBL 18V120 Professional - Дувалка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBL 18V120 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 171 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GBL 18V120 Professional - page 120
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GBL 18V120 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Дувалка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBL 18V120 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBL 18V120 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBL 18V120 Professional BOSCH

Македонски...... Страница 120

Srpski ...... Strana 125

Slovenščina ....Stran 130

Hrvatski ....Stranica 134

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.

▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ће ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и ислучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.

▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за дувалката

▶ Не дувајте материјали штетни по здравјето, на пр. прав од буково или дабово дрво, камен, азбест. Овие материјали важат за канцерогени.
▶ Не дувајте течности. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените парчиња од производот.
За време на работата држете ги прстите подалеку од отворите на електричниот апарат. Користете ја дувалката само со прилучена млазница. Ротирачката дувалка може да Ве повреди.
▶ Погрижете се за добра проветреност на работното место.

122 | Македонски

▶ Не ги оставајте децата да го користат електричниот алат без надзор. Тие може да се повредат.
▶ Носете дополнителна заштитна опрема како заштитни очила и заштитна маска за дишење. Со носењето на заштитна опрема за соодветните работни услови се намалува изложеноста на опасни супстанци.

BOSCH GBL 18V120 Professional - | Македонски - 1

BOSCH GBL 18V120 Professional - | Македонски - 2

▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.

▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.

▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата će се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GBL 18V120 Professional - | Македонски - 3

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GBL 18V120 Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Наменета употреба

Електричниот алат е наменет за дување на материјали, кои не се штетни по здравјето (на пр. струготини, метални струготини, прав од камен итн.), коишто настануваат при сечење, дупчење или брусење. Освен тоа може со соодветна опрема да се издуваат отворите за дупчење. Електричниот алат не е наменет за дување на топли, запаливи или експлозивни материјали.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Прекинувач за включување/исклучување со избор на степени
(2) Дршка
(3) Батерија ^a)
(4) Отвор за воздух
(5) Ку́киште на моторот
(6) Млазница
(7) Копче за отворање на батеријата
(8) Вдлабнатина за приклучок на опремата
(9) Цевка за продолжување
(10) Млазница за отворот за дупчење
(11) Цевка за собирање на прав
(12) Бајонет-завртка
(13) Вдлабнатина за цевката за собирање на прав
a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Батериска дувалка GBL 18V-120
Број на дел3 601 JF5 1..
Број на вртежи во празен од min ^-1 17000
Макс. брзина на проток на воздухотm/s 75
Волумен на воздухот m ^3 /min 2,0
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014kg 1,4–2,4A)
Препорачана околнатемпература при полнење°C 0 ... +35
Дозволена околнатемпература при полнењеB)и при складирање°C –20 ... +50
Препорачани акумулаторски батерииGBA 18V...ProCORE18V...
Препорачани полначи GAL 18...GAX 18...GAL 36...
Времетраење на работењето по полнење на батеријата
– Степен на дувалката Imin/Ah 9
– Степен на дувалката IImin/Ah 5

A) во зависност од употребената батерија
В) Ограничена јачина при температури <0 °C.
Техничките податоци се на испорачаната батерија.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-1.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 82 dB(A); ниво на звучна јачина 93 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-1:

$$ a _ {n} < 2, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, $$

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вавиот електричен алат.

Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Litiyum-jonskite батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не й наштетува на батеријата. Litiyum-jonската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку батеријата е испразнета, електричниот алат се ислучува со заштитен прекинувач.

По автоматското исклучување не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.

Приказ за наполнетост на батеријата

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , вада се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Вадење на батеријата (види слики A1-A2)

Батеријата (3) има два степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата (7). Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.

– За да ја извадите батеријата (3) притиснете на копчињата за отворање (7) и извлечете ја батеријата нагоре од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтирање на опремата на дувалка (види слики B1–B3)

Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на електричниот алат, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите на опремата или тргање на електричниот алат настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат.

Можностите за комбинирање на различните делови од опремата на дувалката може да ги видите на сликата.

– Прицврстете ја бајонет-завртката (12) од опремата во вдлабнатините (8) на кујиштето на моторот или во вдлабнатините (8) на цевката за продолжување (9).
– Свртете ја бајонет-завртката за четвртина вртење во правец на стрелките на часовникот.

Монтирање на цевка за собирање на прав

При издувување од отворите за дупчење се издувуваат остатоците од дупчење во правец на операторот. Притоа се препорачува, над млазницата за отворот за дупчење (10) да се монтира цевката за собирање на прав (11).

– Вдлабнатините (13) од цевката за собирање на прав (11) ставете ги врз надворешната бајонет-завртка (12) на млазницата за отворот за дупчење (10).
– Завртете ја цевката за собирање на прав (11) за една четвртина во правец на стрелките на часовникот.

Употреба

Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на електричниот алат, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите на опремата или тргање на електричниот алат настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат.

Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

– За Вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) во позицијата I или II.
Позиција I: Дување на лесни материјали. Позиција II: Дување на тешки материјали.

– За Исклучување притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) до крај во позиција „0“.

Совети при работењето

Никогаш не дувајте нечистотија во правец на лицата, кои стојат во близина.

Секогаш држете го електричниот алат околу 3 см над подот.

Не дувајте врели, запаливи или експлозивни материи. Внимавајте влезот за воздух (4) да не вшмука нечистотии за време дувањето.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и

спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GBL 18V120 Professional - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GBL 18V120 Professional - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейката директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 124).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GBL 18V120 Professional

Категорија : Дувалка