BOSCH GWS 18V125C Professional - мелница

GWS 18V125C Professional - мелница BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GWS 18V125C Professional BOSCH во PDF формат.

📄 465 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GWS 18V125C Professional - page 322
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GWS 18V125C Professional

Категорија : мелница

Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GWS 18V125C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GWS 18V125C Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GWS 18V125C Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност на електрични алати

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат Bosch Power Tools 1 609 92A 6YN | (28.07.2021)322 | Македонски од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични

u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата,алиштата и ракавиците треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови. u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или сетот на батерии од електричниот алат, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова 1 609 92A 6YN | (28.07.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 323 упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на моќните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за аголни брусилки Безбедносни предупредувања за брусење, шмирглање, жичано четкање и абразивно сечење u Овој електричен алат е наменет да функционира како алат за брусење, шмирглање, жичано четкање или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции приложени подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/или тешки повреди. u Операциите како на пр. полирање не се препорачува да се вршат со овој електричен алат. Операциите за кои не е наменет електричниот алат може да предизвикаат опасност и лична повреда. u Не користете дополнителна опрема која не е специјално дизајнирана и не е препорачана од производителот на алатот. Само затоа што дополнителната опрема може да се вгради во вашиот електричен алат, не значи дека може да се обезбеди безбедно работење. u Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде. u Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира. u Навојот за монтирање на дополнителната опрема мора да одговара на осовината за монтирање на брусилката. За дополнителна опрема која се монтира со прирабницата, насадениот отвор мора да одговара на дијаметарот на спојната прирабница. Дополнителната опрема која не е соодветна на хардверот на електричниот алат не може да одржува рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да предизвика губење на контрола. u Не користете оштетена дополнителна опрема. Пред употреба проверете ја дополнителната опрема, како на пр., абразивните дискови за иверки и струготини, заштитната подлога за отвори, стружење или претерано абење, жичаната четка за олабавени или пукнати жици. Ако електричниот алат или дополнителната опрема падне, проверете дали е оштетена или инсталирајте неоштетена дополнителна опрема. По проверката и инсталирањето на дополнителната опрема, вие и луѓето во близина поместете се подалеку од површината на ротирачката опрема, и вклучете го електричниот алат на максимална брзина без оптоварување една минута. Оштетената дополнителна опрема вообичаено се расипува во текот на овој тест период. u Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка, којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи спречување на остатоци што се распрскуваат при Bosch Power Tools 1 609 92A 6YN | (28.07.2021)324 | Македонски работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на

u Луѓето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчиња од делот што го обработувате или расипана дополнителна опрема може да експлодира и распрска и да предизвика повреда надвор од непосредната работна површина. u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете со дополнителната опрема, за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со жица под напон, може да ги изложи металните делови на електричниот алат под напон и операторот може да добие струен удар. u Не го оставајте електричниот алат долу додека дополнителната опрема не запре целосно. Ротирачката опрема може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша

u Не го вклучувајте електричниот алат додека го држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка дополнителна опрема може да ја закачи вашата облека, со повлекување на дополнителната опрема кон вашето тело. u Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Вентилаторот на моторот повлекува прав во куќиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електричен удар. u Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали. u Не користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар. Одбивање и поврзани предупредувања Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга дополнителна опрема. Приклештувањето или закачувањето предизвикува брзо маневрирање на ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна, предизвикува присилно насочување на неконтролираниот електричен алат во спротивен правец од ротирањето на опремата во точката на навалување. На пример, ако абразивен диск е закачен или приклештен од делот што го обработувате, острицата на дискот која влегува во приклештената точка може да се зарие во површината на материјалот и дискот да се помести или ослободи. Дискот може да скокне или одбие од операторот, во зависност од насоката на движење на дискот во точката на приклештување. Абразивните дискови, исто така, може да се искршат под овие услови. Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки приложени подолу. u Цврсто држење на електричниот алат и позиционирање на вашето тело и рака за да се овозможи отпор на силите на одбивање. Секогаш користете помошна рачка, доколку има, за максимална контрола на одбивањето или силата на вртење при вклучување. Операторот може да ги контролира реакциите на силата на вртење или силите на одбивање, доколку се преземаат соодветни превентивни мерки. u Не ја ставајте раката во близина на ротирачката дополнителна опрема. Дополнителната опрема може да се одбие преку вашата рака. u Не го позиционирајте вашето тело во областа каде електричниот алат се движи, доколку настане одбивање. Одбивањето ќе го придвижи алатот во спротивен правец од движењето на дискот во точката на закачување. u Обрнете посебно внимание при изработка на агли, остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и закачување на дополнителната опрема. Аглите, острите ивици или отскокнувањето може да доведат до закачување на дополнителната опрема и да предизвикаат губење на контрола или одбивање. u Не поврзувајте пила со ланец, сечило за резбање на дрво или пила со запци. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола. Безбедносни предупредувања специфични за брусење и абразивно сечење u Користете само видови на дискови, коишто се препорачуваат за вашиот електричен алат, и специфична заштита дизајнирана за избраниот диск. Дискови коишто не се дизајнирани за дадениот електричен алат не може соодветно да се заштитат и не се безбедни. u Површината за брусење на централните потиснати дискови мора да се инсталира под рамнината на заштитниот поклопец. Неправилно монтиран диск којшто се протега преку рамнината на заштитната рамка не може соодветно да се заштити. u Заштитата мора да биде безбедно прицврстена на електричниот алат, и соодветно поставена за да обезбеди максимална безбедност, така што минимален дел од дискот да биде изложен кон операторот. Заштитата го заштитува операторот од скршените парчиња на дискот, случаен контакт со дискот и искри коишто можат да ја запалат облеката. u Дисковите мора да се користат само за соодветни намени. На пример: не користете диск за сечење за странично брусење. Абразивните дискови за сечење се наменети за периферно брусење, страничните сили 1 609 92A 6YN | (28.07.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 325 што се применуваат на овие дискови може да предизвикаат нивно распарчување. u Секогаш користете неоштетени прирабници за дискови со правилна величина и форма за вашиот избран диск. Соодветните прирабници за дискови го потпираат дискот со што се намалува можноста од кршење на дискот. Прирабниците за дискови за сечење може да се разликуваат од прирабниците за дискови за брусење. u Не употребувајте користени дискови од поголеми електрични алати. Диск наменет за поголеми моќни алати не е соодветен за големи брзини на мали алати и може да се распрснат. Дополнителни безбедносни предупредувања специфични за абразивно сечење u Не го “притискајте” дискот за сечење и не применувајте прекумерен притисок. Не настојувајте да направите прекумерно длабок засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и навалување на дискот во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот. u Не застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск. Кога дискот, во текот на операцијата, се движи подалеку од вашето тело, одбивањето може да го придвижи ротирачкиот диск и моќниот алат директно

u Кога дискот се навалува или кога го прекинува сечењето заради некоја причина, исклучете го алатот и држете го неподвижен додека дискот целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го извадите дискот за сечење од засекот додека се движи или може да дојде до одбивање. Проверете и преземете поправно дејство за да ја елиминирате причината за навалување на дискот. u Не започнувајте повторно со сечење во делот што го обработувате. Почекајте додека дискот да достигне целосна брзина и внимателно влезете повторно во засекот. Дискот може да се навали, придвижи или одбие ако го рестартирате моќниот алат во делот што го обработувате. u Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го обработувате за да го намалите ризикот од приклештување и одбивање на дискот. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под делот што го обработувате покрај линијата на засекот и покрај ивицата на делот што го обработувате на двете страни на дискот. u Користете дополнителни мерки за претпазливост кога правите “џебен засек” во постоечки ѕидови или други слепи површини. Климав диск може да пресече цевки за гас или вода, електрични жици или предмети кои може да предизвикаат одбивање. Безбедносни предупредувања специфични за

u Не користете преголема шмиргла. Следете ги упатствата на производителите, кога бирате шмиргла. Големите шмиргли кои ја надминуваат подлогата за шмирглање претставуваат опасност и може да предизвикаат закачување, кинење на дискот или одбивање. Безбедносни предупредувања специфични за жичано

u Внимавајте бидејќи четката исфрла жичани влакна дури и за време на вообичаени операции. Не ги преоптоварувајте жиците со преоптоварување на четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во облека и/или кожа. u Ако се препорачува користење на заштита за жичано четкање, не дозволувајте попречување меѓу жичаниот диск или четката со заштита. Жичаниот диск или четка може да се прошират во дијаметар заради работното оптоварување и центрифугалните сили. Дополнителни безбедносни напомени Носете заштитни очила. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. u Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/ исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр. по вадење на акумулаторот. Со тоа ќе спречите неконтролирано рестартирање на уредот. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен Bosch Power Tools 1 609 92A 6YN | (28.07.2021)326 | Македонски краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. u Внимание! При користењето на електричниот алат со Bluetooth

може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на луѓе и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth

близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете електричниот алат со Bluetooth

Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото. Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за сечење, грубо брусење и четкање на метални и камени материјали без употреба на

За сечење со композитни брусни средства мора да се користи специјална заштитна хауба за сечење. При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта. Со дозволените алати за брусење електричниот алат може да се користи за брусење со брусна хартија. Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth

Low Energy модул GCY30-4 со помош на Bluetooth

-безжичната технологија помеѓу електричниот алат и мобилниот уред. Илустрирани компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Лост за отклучување на заштитниот капак (2) Стрелка за правец на вртење на куќиштето (3) Копче за блокирање на вретеното (4) LED-работна светилка (GWS 18V-10 SC) (5) Кориснички интерфејс (6) Прекинувач за вклучување/исклучување (7) Капак за Bluetooth-модулот (8)

(9) Копче за отклучување на батерија

(10) Дополнителна дршка (изолирана површина на

(11) Капак за всисување за брусење

(12) Заштитен капак за брусење (13) Приклучна прирабница со O-прстен (14) Брусна плоча (15) Брзозатезна навртка со држач (16) Лончеста плоча од тврд метал

(19) Рачка (изолирана површина на рачката) (20) Брусно вретено (21) Заштита за рацете

(24) Тркалезна навртка

(26) Дијамантска крунеста бургија

(27) Капак за всисување за сечење со лизгачки

(28) Дијамантски диск за сечење

(29) Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички

(30) Приказ за степенот на претходно избирање на бројот на вртежи (Кориснички интерфејс) (31) Копче за претходно избирање на бројот на вртежи (Кориснички интерфејс) (32) Приказ за статусот на електричниот алат (Кориснички интерфејс) (33) Приказ за заштитата од оптоварување (Кориснички интерфејс)

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. 1 609 92A 6YN | (28.07.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 327 Технички податоци Аголна брусилка GWS 18V-10 C GWS 18V-10 C GWS 18V-10 C Број на дел/артикл 3601JG30.. 3601JG32.. 3601JG31.. Номинален напон V= 18 18 18 Номинален број на вртежи

Број на вртежи во празен од

Макс. дијаметар на брусната плоча mm 100 115 125 Навој на вретеното за брусење M 10 M 14 M 14 макс. должина на навојот за вретеното за брусење mm 22 22 22 Исклучување при повратен удар ● ● ● Заштита од рестартирање ● ● ● Сопирачка за исфрлување од брзина ● ● ● Одредување на број на вртежи – – – Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014

– Со дополнителна рачка за придушување на

Растојание на сигналот s 8 8 8 Максимален опсег на сигналот

m 30 30 30 A) Номинален број на вртежи според нормата EN 60745-2-3 B) во зависност од употребената батерија C) ограничена јачина при температури <0 °C D) Мобилните уреди мора да се компатибилни со Bluetooth

Low Energy уредите (верзија 4.2) и да го поддржуваат Generic Access Profile (GAP). E) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, вклучително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. ѕидови, ормари, куфери итн.) опсегот на Bluetooth® може значително да се

Број на вртежи во празен од

4500–9000 4500–9000 4500–9000 4000–7500 Макс. дијаметар на брусната плоча mm 100 115 125 150 Навој на вретеното за брусење M 10 M 14 M 14 M 14 Макс. должина на навојот за вретеното за брусење mm 22 22 22 22 Исклучување при повратен удар ● ● ● ● Bosch Power Tools 1 609 92A 6YN | (28.07.2021)328 | Македонски Аголна брусилка GWS 18V-10 SC GWS 18V-10 SC GWS 18V-10 SC GWS 18V-10 SC Заштита од рестартирање ● ● ● ● Сопирачка за исфрлување од брзина ● ● ● ● Одредување на број на вртежи ● ● ● ● Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014

– Со дополнителна рачка за придушување на вибрациите kg 2,3–3,3 2,3–3,3 2,3–3,3 2,3–3,3 – Со стандардна дополнителна

Растојание на сигналот s 8 8 8 8 Максимален опсег на сигналот

m 30 30 30 30 A) Номинален број на вртежи според нормата EN 60745-2-3 B) во зависност од употребената батерија C) ограничена јачина при температури <0 °C D) Мобилните уреди мора да се компатибилни со Bluetooth

Low Energy уредите (верзија 4.2) и да го поддржуваат Generic Access Profile (GAP). E) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, вклучително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. ѕидови, ормари, куфери итн.) опсегот на Bluetooth® може значително да се

Информации за бучава/вибрации GWS 18V-10 C GWS 18V-10 C GWS 18V-10 C 3601JG30.. 3601JG32.. 3601JG31.. Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN60745-2-3. Нивото на звук на електричниот алат оценето со Атипично изнесува Ниво на звучен притисок Ниво на звучна јачина НесигурностK Носете заштита за слухот! dB(A) dB(A)

Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN60745-2-3: Површинско брусење:

1,5 1,5 1,5 GWS 18V-10 SC GWS 18V-10 SC GWS 18V-10 SC GWS 18V-10 SC 3601JG33.. 3601JG36.. 3601JG34.. 3601JG35.. Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN60745-2-3. Нивото на звук на електричниот алат оценето со Атипично изнесува Ниво на звучен притисок Ниво на звучна јачина НесигурностK Носете заштита за слухот! dB(A) dB(A)

Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN60745-2-3: Површинско брусење:

3,5 1,5 3,5 1,5 3,5 1,5 3,0 1,5 Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е измеренo со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Поставување на Bluetooth

Low Energy модулот GCY30-4 е достапен како опрема; кај електричните алати GWS 18V-10 SC е содржан во обемот на испорака. За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY30-4 прочитајте го соодветното упатство за

Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен алат. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе. u По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се

Внимавајте на напомените за отстранување. Вадење на батеријата Батеријата (8) има два степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата (9). Bosch Power Tools 1 609 92A 6YN | (28.07.2021)330 | Македонски Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. За да ја извадите батеријата (8) притиснете на копчињата за отворање (9) и извлечете ја батеријата од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Напомена: Наполнетоста на батеријата се прикажува и на кориснички интерфејс(5) (види „User Interface (види слика B)“, Страница333). Тип на батерија GBA 18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60−100% Трајно светло 2× зелено 30−60% Трајно светло 1× зелено 5−30% Трепкаво светло 1× зелено 0−5% Тип на батерија ProCORE18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80−100 % Трајно светло 4× зелено 60−80 % Трајно светло 3× зелено 40−60 % Трајно светло 2× зелено 20−40 % Трајно светло 1× зелено 5−20 % Трепкаво светло 1× зелено 0−5 % Монтирање на заштитен уред u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“. Заштитен капак за брусење Ставете го заштитниот капак (12) на прифатот од електричниот алат, додека кодираните запци на заштитниот капак не се поклопат со прифатот. Притоа, притиснете го и држете го лостот за отклучување (1). Притиснете го заштитниот капак (12) на грлото на вретеното додека венецот на заштитниот капак не легне на прирабницата на електричниот алат и вртете го заштитниот капак додека не осетите дека се вклопил. Подесете ја позицијата на заштитната хауба (12) според потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го лостот за отклучување (1) нагоре и завртете го заштитниот капак (12) во саканата позиција. u Секогаш поставувајте го заштитниот капак(12) така што двата запци на лостот за отклучување(1) во соодветните отвори на заштитниот капак(12) ќе

u Поставете ја заштитната хауба (12) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи. u Заштитниот капак (12) смее да се врти само со притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку, електричниот алат не смее да се користи и мора да се предаде на сервисната служба. Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (12) гарантираат, дека на електричниот алат може да се монтира само еден заштитен капак што му одговара. Заштитна хауба за сечење u При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (17). u При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта. Заштитната хауба за сечење (17) се монтира како заштитна хауба за брусење (12). Капак за всисување при брусењето За брусење на бои, лакови и пластика со лончести плочи од цврст метал (16) каде што не се создава многу прав може да го користите капакот за всисување (11). Капакот за всисување (11) не е погоден за обработка на метал. На капакот за всисување (11) може да се приклучи Bosch-всисувач. Капакот за всисување (11) се монтира како и заштитниот капак (12). Обрачот со четки е заменлив. 1 609 92A 6YN | (28.07.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 331 Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка

Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (27) се монтира како заштитна хауба за брусење (12). Дополнителна рачка u Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (10). u Не го користете електричниот алат, доколку е оштетена дополнителната рачка. Не ја менувајте дополнителната рачка. Навртете ја дополнителната рачка(10) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на

Дополнителна рачка за придушување на вибрациите Дополнителната рачка за придушување на вибрациите овозможува работење со мали вибрации и пријатна и безбедна работа. u Во никој случај не ја менувајте дополнителната

Не ја користете оштетената дополнителна рачка. Заштита за дланките u За работење со гумен диск за брусење (22)или со лончеста четка/плочеста четка/ламелеста брусна плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (21). Зацврстете ја заштитата за рацете (21) со дополнителната рачка (10). Монтирање на брусни алати u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. Исчистете го вретеното за брусење (20) и сите делови за

За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (3), за да го зацврстите вретеното за брусење. u Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се

Брусни плочи/брусни плочи за сечење Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори. При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава). Редоследот на монтажата може да се види на графичката

За прицврстување користете ја брусната плоча/дискот за сечење без други алати со брзозатезната навртка (15). Користете ја брзозатезната навртка (15) само со брусната плоча/дискот за сечење до максимален дијаметар од 150mm. u Брзозатезната навртка (15)смее да се користи само за брусни плочи или дискови за сечење. u Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки (15). u При затегнување внимавајте на тоа, страната со натпис на брзозатезната навртка (15) да не покажува кон брусната плоча. u За прицврстување на брусната плоча/дискот за сечење користете ја исклучиво испорачаната брзозатезна навртка (15). Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (3), за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка (15), отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правец на стрелките на часовникот. Потоа преклопете го надолу држачот за фиксирање на брзозатезната навртка. Не е доволно затегнување на работ на дискот. Прописно прицврстената и неоштетена брзозатезна навртка (15) можете да ја олабавите со рака. За тоа отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правец спротивно на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка никогаш не ја одвртувајте со алат, туку употребете клуч со два отвори. Bosch Power Tools 1 609 92A 6YN | (28.07.2021)332 | Македонски По монтажата на приклучната прирабница и на брусната плоча/ дискот за сечење слободната должина на навојот на брусното вретено треба да изнесува најмалку 4mm. Внимавајте на цврсто вклопување на алатот за брусење, така што нема да се одврти од вретеното на крајот од електричниот алат. Во приклучната прирабница (13) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O- прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (13) мора да се замени пред понатамошна употреба. u По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови. Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза u При работењето со ламелеста брусна плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (21). Гумен диск за брусење u При работењето со гумен диск за брусење (22) секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (21). Редоследот на монтажата може да се види на графичката

Ставете го гумениот брусен диск (22) на брусното вретено (20). Цврсто притиснете го брусниот лист (23) на долната страна на гумениот брусен диск (22). Навртете ја тркалезната навртка (24) и затегнете ја со клуч со два отвори. Лончеста четка/плочеста четка u При работењето со лончеста или плочеста четка секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (21). Редоследот на монтажата може да се види на графичката

Лончестата/плочестата четка мора да се наврти на вретеното за брусење додека цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата/плочеста четка со вилушкаст клуч. Лончеста плоча од цврст метал u Употребата на лончеста плоча е дозволена само со соодветен заштитен капак. Дозволени алати за брусење Може да ги користите сите алати за брусење наведени во ова упатство за употреба. Дозволениот број на вртежи [min

] одн. периферната брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да одговара на податоците во следната табела. Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн. периферната брзина на етикетата на алатот за брусење. макс. [mm] [mm] D b d [min

75 30 M 14 9000 45 82 – M 14 9000 80 Вртење на погонската глава

u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Погонската глава може да ја вртите со чекори од 90°. Притоа, прекинувачот за вклучување/исклучување за специјалните случаи на работа може да се постави во поповолна позиција за ракување, на пр. за левораки лица. Целосно одвртете ги 4-те завртки. Внимателно навалете ја погонската глава и без да ја извадите од куќиштето ставете ја во новата позиција. Повторно навртете ги 4-те завртки. Всисување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или 1 609 92A 6YN | (28.07.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 333 заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Ставање во употреба Вметнување на батеријата Наполнетата батерија (8) притиснете ја однапред навнатре во подножјето на електричниот алат, додека не се заклучи батеријата. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6)

За фиксирање на прекинувачот за вклучување/ исклучување (6) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) нанапред надолу додека не

За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) наназад надолу и потоа ослободете го. u Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди. Исклучување при повратен удар При ненадејна пречка на електричниот алат, на пр. блокирање на резот при сечење, доводот на струја до моторот електронски ќе се прекине. Притоа LED-работната светилка (4) трепка бело, а приказот за статус (32)

За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/ исклучување (6) ставете го во положба Исклучено и одново вклучете го електричниот алат. Заштита од рестартирање Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја. При активирана заштита од рестартирање, приказот за статус (32) трепка црвено. За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат. Исклучување при удар Интегрираното исклучување при удар го исклучува електричниот алат, штом по пад се најде на земјата. Притоа приказот за статус (32) трепка црвено. За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат. User Interface (види слика B) User Interface (5) служи за избирање на бројот на вртежи, како и за прикажување на состојбата на електричниот

Одредување на број на вртежи

Со копчето за избор на број на вртежи (31) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата. Податоците во приложената табела се препорачани вредности. Материјал Примена Алат за

Камен Сечење Дијамантски диск за сечење и лизгачки водилки (сечењето

дозволено само со лизгачки водилки)

Зададените вредности за степенот на вртежи се референтни вредности. u Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде. Прикази за состојба Приказ за наполнетоста на батеријата (User Interface) (29) Значење/Причина Решение зелено Батеријата е полна – жолто Батеријата е речиси празна Наскоро заменете ја одн. наполнете ја

црвено Батеријата е празна Заменете ја одн. наполнете ја батеријата Приказ на заштита од преоптоварување (33) Значење/Причина Решение жолто Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија) Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади црвено Електричниот алат е прегреан и се

Оставете го електричниот алат да се олади Приказ за статусот на електричниот алат (32) Значење/Причина Решение зелено Статус OK – жолто Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата свети црвено Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата трепка црвено Исклучувањето при пречки, заштитата од рестартирање или исклучувањето при удар се активирале Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат трепка сино Електричниот алат е поврзан со мобилен уред или поставките се пренесуваат

Функции на поврзување Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY30-4 модулот на располагање ги имате следните Connectivity- функции за електричниот алат: – Регистрирање и персонализирање – Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување – Општи информации и подесувања – Управување За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY30-4 прочитајте го соодветното упатство за

Совети при работењето u Електричниот алат со активиран Bluetooth

Low Energy модул GCY30-4 е опремен со радио интерфејс. Треба да се внимава на локалните 1 609 92A 6YN | (28.07.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 335 оперативни ограничувања, на пр. во авиони или

u Внимавајте на процепите во носечките ѕидови „Напомени за статика “. u Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина. u Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување. u По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади. u Електричниот алат не го користете со држач за

u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. Доколку електричниот алат се полни електростатички, инсталираната електроника го исклучува електричниот алат. Одново притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување (6), за да може повторно да го користите електричниот алат. Грубо брусење u Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење за грубо брусење. Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето. Поместувајте го електричниот алат напред и назад со умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има

Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема) може да обработувате заоблени површини и профили. Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски температури при брусењето отколку вообичаените брусни плочи. Сечење на метал u При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (17). При сечењето со брусни плочи секогаш работете со умерено поместување нанапред по материјалот. Не правете притисок на брусната плоча за сечење, не навалувајте и не осцилирајте. Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што излегуваат со страничен противпритисок. Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот. При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е да поставите на најмалиот пресек. Сечење на камен (види слика A) u При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта. u Носете маска за заштита од прав. u Електричниот алат смее да се користи само за сечење/брусење на суви материјали. За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска брусна плоча за сечење. При користење на хаубата за всисување за сечење со лизгачки водилки (27) всисувачот на прав мора да биде дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги нуди соодветните всисувачи на прав. Вклучете го електричниот алат и поставете го со предниот дел на лизгачките водилки на делот што се обработува. Поместувајте го електричниот алат со умерено движење по материјалот што се обработува. При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на тоа. Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади. Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен. Напомени за статиката Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата DIN1053 дел 1 или прописите специфични за земјата. Мора задолжително да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате. Напомени за оптимално користење на батериите Заштитете ја батеријата од влага и вода. Bosch Power Tools 1 609 92A 6YN | (28.07.2021)336 | Srpski Складирајте ја батеријата во граници на температура од – 20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

Складирајте и третирајте го приборот со внимание. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Аголна брусилка Број на дел/артикл