BOSCH GBH 228 F Professional - приклучок

GBH 228 F Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBH 228 F Professional BOSCH во PDF формат.

📄 233 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GBH 228 F Professional - page 160
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GBH 228 F Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBH 228 F Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBH 228 F Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBH 228 F Professional BOSCH

Македонски...... Страница 160

Srpski ...... Strana 167

Slovenščina ....Stran 173

Hrvatski ....Stranica 180

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел

соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.

▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.

Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.

Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.

▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.

▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.

▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.

Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.

▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате

електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.

Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.

▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.

▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.

▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.

Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

Безбедносни напомени за чекани

Безбедносни упатства за сите типови работа

▶ Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.

▶ Користете дополнителни рачки, доколку се испорачани со алатот. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди.

▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за опремата за сечење и прицврстувачот да не дојдат во контакт со скриена

жица. Ако опремата за сечење и прицврступачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.

Безбедносни упатства при користење на долги бургии со ротирачки хилти

Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Притискајте само во директна линија со бургијата и не вршете преголем притисок. Бургиите може да се искриват и скршат, со што може да изгубите контрола и да се повредите.

Дополнителни безбедносни напомени

Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исключете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување и може да предизвика електричен удар.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Кратко по употребата не ги допирајте алатите за вметнување или соседните делови на куќиштето. За време на работата тие може да бидат многу жешки и да предизвикаат изгореници.
▶ Алатот за вметнување може да се заглави за време на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и цврсто држете го електричниот алат со двете раце. Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз електричниот алат.
▶ Бидете внимателни за време на кршењето со длето. Деловите што пагаат од материјалот за кршење може да ги повредат присутните или себе си.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GBH 228 F Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните алати со електронска регулација и лев/десен тек се исто така погодни за завртување.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Брзозатегнувачка заменлива глава за дупчење (GBH 2-28 F)
(2) SDS-plus заменлива глава за дупчење (GBH 2-28 F)
(3) Прифат на алат SDS-plus
(4) Капак за заштита од прав
(5) Чаура за заклучување

(6) Прстен за заклучување на заменливата глава за дупчење (GBH 2-28 F)
(7) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(8) Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување
(9) Прекинувач за включување/исклучување
(10) Копче за отклучување за прекинувачот за запирање на удари/вртежи
(11) Прекинувач за запирање на удари/вртежи
(12) Копче за подесување на граничникот за длабочина
(13) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(14) Граничник за длабочина
(15) Рачка (изолирана површина на рачката)
(16) Отвори за подесување
(17) Прифат за главата за дупчење (GBH 2-28 F)
(18) Предна чаура за брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (GBH 2-28 F)
(19) Затезен прстен за брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (GBH 2-28 F)
(20) Всисување правGDE 16 Plus ^a)
(21) Капаче за собирање прав ^a)
(22) Универзален држач со SDS-plus-вратило за прифат ^a)
a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Чекани за дупчење GBH 2-28 GBH 2-28 GBH 2-28 F GBH 2-28 F
Број на дел3 611 B67 5..3 611 B67 55.3 611 B67 6..3 611 B67 6B.
3 611 B67 5B.3 611 B67 65.
Контрола на бројот на вртежи● ● ● ●
Тек на лево/десно ● ● ● ●
Заменлива глава за дупчење – – ● ●
Номинална јачина W 880 850 880 850
Број на удари min-10–40000–40000–40000–4000
Јачина на поединечен удар согласно EPTA-Procedure 05:2016J 3,2 3,2 3,2 3,2
Номинален број на вртежи min-10–13000–13000–13000–1300
Прифат на алатотSDS-plusSDS-plusSDS-plusSDS-plus
Дијаметар на грлото на вретенотоmm50505050
Макс. дијаметар на дупката
– Бетонmm28282828

Чекани за дупчење GBH 2-28 GBH 2-28 GBH 2-28 F GBH 2-28 F

Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-6.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува:
Ниво на звучен притисок dB(A)89 89 89 89
Ниво на звучна јачина dB(A)100 100 100 100
Несигурност K dB3 3 3 3

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-6:

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,

како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Дополнителна рачка

▶ Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (13).
▶ Осигурајте се дека дополнителната рачка е секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на работата може да ја изгубите контролата врз вашиот електричен алат.

Навалување на дополнителната рачка (види слика А)

Дополнителната рачка (13) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.

– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (13) во правец спротивно на стрелките од часовникот и

навалете ја (13) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (13) во правец на стрелките од часовникот. Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на кукиштето.

Бирање на глава за дупчење и алат

За ударно дупчење и длетување потребни Ви се SDS-plus-алати, што ќе се вметнат во SDS-plus-главата за дупчење.

За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за завртување се користат алати без SDS-plus (на пр. бургија со цилиндрично вратило). За овие алати потребна ви е брзозатегнувачка глава за дупчење.

Менување на главата за дупчење

Вадење/ставање на заменливата глава за дупчење

GBH 2-28 F

– Извлечете го наназад прстенот за заклучување на заменливата глава за дупчење (6), држете го цврсто во оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS-plus-заменливата глава за дупчење (2) одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1).
- Откако ће ја извадите, заштитете ја заменливата глава за дупчење од нечистотија.

Вметнување на заменливата глава за дупчење (види слика С)

Користете само оригинална опрема во зависност од моделот и притоа внимавајте на бројот на отвори за подесување (16). Дозволени се само заменливи глави за дупчење со два или три отвори за подесување. Доколку за овој електричен алат не се користи соодветната заменлива глава за дупчење, алатот за вметнување може да испадне за време на работата.
– Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување.
– Фатете ja SDS-plus-заменливата глава за дупчење (2) одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1) со целата рака. Вметнете ја заменливата глава за дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење (17), додека не слушнете дека е вклопена.
– Резервната глава за дупчење сама се заклучува. Проверете дали е заклучена со влечење на резервната глава за дупчење.

Промена на алат

Капакот за заштита од прав (4) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен.

▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.

Ставање на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика D)

Co SDS-plus-главata за дупчење можете едноставно и лесно да го замените алатот што се вметнува без користење на дополнителни алати.

– GBH 2-28 F: Вметнете ja SDS-plus заменливата глава за дупчење (2).
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.

Co SDS-plus-alatot за вметнување може слободно да се маневрира поради системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејки дупчалката сама се центрира при дупчењето.

Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика E)

– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.

Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за дупчење

GBH 2-28 F

Ставање на алатот за вметнување (види слика F)

Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ће се оштетат при ударното дупчење или длетување.

– Вметнете ја брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1).
– Држете го цврсто затезниот прстен (19) на брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура (18) додека не дојде во позиција каде може да се вметне алатот. Држете го цврсто затезниот прстен (19) и вртете ја предната чаура (18) во правец на стрелката, додека не слушнете дека е вклопена.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.

Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај, при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува, а сепак да не се затвора.

Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура (18) во правец спротивен на стрелката. Потоа може да се затвори алатот за прифат.

– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во позиција „Дупчење“.

Вадење на алатот за вметнување (види слика G)

– Држете го цврсто затезниот прстен (19) на брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура (18) во правец на стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се извади алатот.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

Всисување прав со GDE 16 Plus (опрема) (види слика Н)

За всисувањето прав потребно е GDE 16 Plus (опрема). Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

Всисување прав со GDE 18V-26 D (опрема)

За всисувањето прав потребен е уред за всисување GDE 18V-26 D (опрема).

При употреба на GDE 18V-26 D почитувајте ги напомените за неговата намена во соодветното упатство за употреба.

За лесно собирање прав без вшмукување потребно е капаче за собирање прав (21).

Употреба

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.

Подесување на режимот на работа

Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) изберете го начинот на работа на електричниот алат.

– За да го промените начинот на работа, притиснете го копчето за отклучување (10) и свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во саканата позиција додека не слушнете дека се вклопил.

Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е ислучен! Инаку електричниот алат може да се оштети.

BOSCH GBH 228 F Professional - Подесување на режимот на работа - 1

Позиција за ударно дупчење во бетон или камен

BOSCH GBH 228 F Professional - Подесување на режимот на работа - 2

Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за Завртување

BOSCH GBH 228 F Professional - Подесување на режимот на работа - 3

Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото Во оваа позиција, прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11)не се вклопува.

BOSCH GBH 228 F Professional - Подесување на режимот на работа - 4

Позиција за Длетување

Поставете го правецот на вртење

Со прекинувают за менување на правецот за вртење (7) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувают за вклучување/исклучување (9) е притиснат, ова не е возможно.

▶ Прекинувачот за менување на правецот на вртење (7) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.

Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек.

– Тек на десно: свртете го прекинувачот за правец на вртење (7) од двете страни до крај во позиција ←

– Тек на лево: свртете го прекинувачот за правец на вртење (7) од двете страни до крај во позиција →

Вклучување/исклучување

  • За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувают за вклучување/исклучување (9).
    – За фиксирање на прекинувают за вклучување/исклучување (9) држете го истиот притиснат и дополнително притиснете на копчето за фиксирање (8).
    – За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9). При фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (9), најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.

Подесување на бројот на вртежи/удари

Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку Ѽе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (9).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) се постинува мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.

Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)

Длетото може да го фиксирате во 36 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.

  • Ставете го длетото во прифатот за алат.
    – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во позиција „Vario-Lock“.
    – Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување.
    – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат їе се фиксира.
    – Поставете го правецот на вртење за длетување на десен тек.

Совети при работењето

Подесување на длабочината на дупчење (види слика J)

Со граничникот за длабочина (14) може да се утврди длабочината на дупчење X.

– Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (12) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (13).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (14) мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus (3). Инаку, доколку SDS-plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.

Брзо исклучување (Kickback Control)

BOSCH GBH 228 F Professional - Брзо исклучување (Kickback Control) - 1

Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува.

– За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9) и потоа притиснете го двапати.

Вметнување на битови за одвртувач (види слика К)

▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.

За користење на битовите за одвртувач потребен ви е университетен држач (22) со SDS-plus-вратило за прифат (опрема).

– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на университетный држач.
- Ставете еден бит за одвртувач на универсалниот држач. Користете само битови што се соодветни на главата за завртување.
– За вадење на универсалниот држач вметнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете го универсалниот држач (22) од прифатот за алат.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.

– Исчистете го прифатот за алат (3) по секоја употреба.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GBH 228 F Professional - Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под: - 1

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GBH 228 F Professional

Категорија : приклучок