GWS 26230 LVI Professional - Мелница за кафе BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GWS 26230 LVI Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GWS 26230 LVI Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Мелница за кафе во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GWS 26230 LVI Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GWS 26230 LVI Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GWS 26230 LVI Professional BOSCH
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност на електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност.
Грешките настанати како резултат
од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори,
метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или ислучување од струја на електричниот алат.
Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, ће доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата,алиштата и ракавиците треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ће ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или сетот на батерии од електричниот алат, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на моќните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за аголни брусилки
Безбедносни предупредувања за брусење, шмирглање, жичано четкање и абразивно сечење
▶ Овој електричен алат е наменет да функционира како алат за брусење, шмирглање, жичано четкање
или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции приложени подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/или тешки повреди.
▶ Операциите како на пр. полирање не се препорачува да се вршат со овој електричен алат.
Операциите за кои не е наменет електричниот алат може да предизвикаат опасност и лична повреда.
He користете дополнителна опрема која не е специјално дизајнирана и не е препорачана од производителот на алатот. Само затоа што дополнителната опрема може да се вгради во вашиот електричен алат, не значи дека може да се обезбеди безбедно работење.
▶ Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира.
Навојот за монтирање на дополнителната опрема мора да одговара на осовината за монтирање на брусилката. За дополнителна опрема која се монтира со прирабницата, насадениот отвор мора да одговара на дијаметарот на спојната прирабница. Дополнителната опрема која не е соодветна на хардверот на електричниот алат не може да одржува рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да предизвика губење на контрола.
He користете оштетена дополнителна опрема. Пред употреба проверете ја дополнителната опрема, како на пр., абразивните дискови за иверки и струготини, заштитната подлога за отвори, стружење или претерано абење, жичаната четка за олабавени или пукнати жици. Ако електричниот алат или дополнителната опрема падне, проверете дали е оштетена или инсталирајте неоштетена дополнителна опрема. По проверката и инсталирањето на дополнителната опрема, вие и лујето во близина поместете се подалеку од површината на ротирачката опрема, и включете го електричниот алат на максимальна брзина без оптоварување една минута. Оштетената дополнителна опрема вообичаено се расипува во текот на овој тест период.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка, којашто ги запира малите абразивни
парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи спречување на остатоци што се распрескуваат при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на слухот.
Луфето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчиња од делот што го обработувате или расипана дополнителна опрема може да експлодира и распрска и да предизвика повреда надвор од непосредната работна површина.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металлите делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
▶ Тргнете го настрана кабелот од ротирачка дополнителна опрема. Ако изгубите контрола, кабелот може да се пресече или закачи и вашата дланка или рака може да влезе во ротирачката дополнителна опрема.
He го оставајте електричниот алат долу додека дополнителната опрема не запре целосно.
Ротирачката опрема може да ја зафати површината да го повлече електричниот алат надвор од ваша контрола.
▶ Не го вклучувајте електричниот алат додека го држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка дополнителна опрема може да ја закачи вашата облека, со повлекување на дополнителната опрема кон вашето тело.
▶ Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Вентилаторот на моторот повлекува прав во кукиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електричен удар.
▶ Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали.
He користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар.
Одбивање и поврзани предупредувања
Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга дополнителна опрема. Приклештувањето или закачувањето предизвikuва брзо маневрирање на ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна, предизвikuва присилно насочување на неконтролираниот електричен алат во спротивен правец
од ротирањето на опремата во точката на навалување. На пример, ако абразивен диск е закачен или приклештен од делот што го обработувате, острицата на дискот која влегува во приклештената точка може да се зарие во површината на материјалот и дискот да се помести или ослободи. Дискот може да скокне или одбие од операторот, во зависност од насоката на движење на дискот во точката на приклештување. Абразивните дискови, исто така, може да се искршат под овие услови. Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки приложени подолу.
Цврсто држење на електричниот алат и позиционирање на вашето тело и рака за да се овозможи отпор на силите на одбивање. Секогаш користете помошна рачка, доколку има, за максимальна контрола на одбивањето или силата на вртење при вклучување. Операторот може да ги контролира реакциите на силата на вртење или силите на одбивање, доколку се преземаат соодветни превентивни мерки.
He ја ставајте раката во близина на ротирачката дополнителна опрема. Дополнителната опрема може да се одбие преку вашата рака.
He го позиционирајте вашето тело во областа каде електричниот алат се движи, доколку настане одбивање. Одбивањето ќе го придвижи алатот во спротивен правец од движењето на дискот во точката на закачување.
▶ Обрнете посебно внимание при изработка на агли, остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и закачување на дополнителната опрема. Аглите, острите ивици или отскокнувањето може да доведат до закачување на дополнителната опрема и да предизвикаат губење на контрола или одбивање.
▶ Не поврзувајте пила со ланец, сечило за резбање на дрво или пила со запци. Овие сечила
предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола.
Безбедносни предупредувања специфични за брусење и абразивно сечење
▶ Користете само видови на дискови, коишто се препорачуваат за вашиот електричен алат, и специфична заштита дизајнирана за избраниот диск. Дискови коишто не се дизајнирани за дадениот електричен алат не може соодветно да се заштитат и не се безбедни.
▶ Површината за брусење на централните потиснати дискови мора да се инсталира под рамнината на заштитниот поклопец. Неправилно монтиран диск којшто се протега преку рамнината на заштитната рамка не може соодветно да се заштити.
▶ Заштитата мора да биде безбедно прицврстена на електричниот алат, и соодветно поставена за да обезбеди максимальна безбедност, така што минимален дел од дискот да биде изложен кон операторот. Заштитата го заштитува операторот од
скршените парчиња на дискот, случаен контакт со дискот и искри коишто можат да ја запалат облеката.
▶ Дисковите мора да се користат само за соодветни намени. На пример: не користете диск за сечење за странично брусење. Абразивните дискови за сечење се наменети за периферно брусење, страничните сили што се применуваат на овие дискови може да предизвикаат нивно распарчување.
Секогаш користете неоштетени прирабници за дискови со правилна величина и форма за вашиот избран диск. Соодветните прирабници за дискови го потпираат дискот со што се намалува можноста од кршење на дискот. Прирабниците за дискови за сечење може да се разликуват од прирабниците за дискови за брусење.
He употребувајте користени дискови од поголеми електрични алати. Диск наменет за поголеми моќни алати не е соодветен за големи брзини на мали алати и може да се распрснат.
Дополнителни безбедносни предупредувања специфични за абразивно сечење
He go "притискајте" дискот за сечење и не применувајте прекумерен притисок. Не настојувајте да направите прекумерно длабок засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и навалување на дискот во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот.
He застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск.
Кога дискот, во текот на операцијата, се движи подалеку од вашето тело, одбивањето може да го придвижи ротирачкиот диск и моќниот алат директно кон вас.
Kogа дискот се навалува или кога го прекинува сечењето заради некоја причина, исключете го алатот и држете го неподвижен додека дискот целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го извадите дискот за сечење од засекот додека се движи или може да дојде до одбивање. Проверете и преземете поправно дејство за да ја елиминирате причината за навалување на дискот.
He започнувајте повторно со сечење во делот што го обработувате. Почекајте додека дискот да достигне целосна брзина и внимателно влезете повторно во засекот. Дискот може да се навали, придвижи или одбие ако го рестартирате моќниот алат во делот што го обработувате.
▶ Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го обработувате за да го намалите ризикот од приклештување и одбивање на дискот. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под делот што го обработувате покрај линијата на засекот и покрај ивицата на делот што го обработувате на двете страни на дискот.
▶ Користете дополнителни мерки за претпазливост кога правите “цебен засек” во постоечки сидови
или други слепи површини. Климав диск може да пресече цевки за гас или вода, електрични жици или предмети кои може да предизвикаат одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за шмирглање
▶ Не користете преголема шмиргла. Следете ги упатствата на производителите, кога бирате шмиргла. Големите шмирgli кои ја надминуваат подлогата за шмирглање претставуваат опасност и може да предизвикаат закачување, кинење на дискот или одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за жичано четкање
▶ Внимавајте бидејки четката исфрла жичани влакна дури и за време на вообичаени операции. Не ги преоптоварувајте жиците со преоптоварување на четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во облека и/или кожа.
▶ Ако се препорачува користење на заштита за жичано четкање, не дозволувајте попречување меѓу жичаниот диск или четката со заштита. Жичаниот диск или четка може да се прошират во дијаметар заради работното оптоварување и центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни напомени
Носете заштитни очила.

Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување и може да предизвика електричен удар.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр. по снемување струја или влечење на струјниот приключок. Со тоа ќе спречите неконтролирано рестартирање на уредот.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење, грубо брусење и четкање на метални и камени материјали без употреба на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Копче за блокирање на вретеното
(2) Амортизација на вибрациите
(3) Прекинувач за включување/исклучување
(4) Дополнителна дршка (изолирана површина на дршката)
(5) Клуч со два отвори за затезна навртка ^4
(8) Затезен лост за заштитната хауба
(9) Шраф за подесување на заштитната хауба
(10) Приклучна прирабница со О-прстен
(11) Брусна плоча ^a)
(12) Лончеста плоча од тврд метал ^a)
(13) Затезна навртка
(14) Брзозатезна навртка SDS-clic ^a)
(15) Заштитна хауба за сечење
(17) Рачка (изолирана површина на рачката)
(18) Брусно вретено
(19) Дијамантски диск за сечење ^3)
(20) Капак за всисување за сечење со лизгачки водилки ^a)
(21) Заштита за рацете ^a)
a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Аголна брусилка GWS 22-180 LVI GWS 22-230 LVI GWS 24-180 LVI | ||||
| Број на дел/артикл | 3 601 H90 C.. | 3 601 H91 C.. | 3 601 H92 F.. | |
| 3 601 H90 D.. | 3 601 H91 D.. | 3 601 H92 H.. | ||
| Номинална јачина W 2200 2200 2400 | ||||
| Излезна моќност W 1500 1500 1600 | ||||
| Номинален број на вртежи min | -1 | 8500 | 6600 | 8500 |
| Макс. дијаметар на брусната плоча mm 180 230 180 | ||||
| Навој на вретеното за брусење M 14 M 14 M 14 | ||||
| Макс. должина на навојот за вретеното за брусење | mm 25 25 25 | |||
| Ограничување на стартната струја ● ● ● | ||||
| Заштита од рестартирање ● ● ● | ||||
| Исклучување при повратен удар ● ● ● | ||||
| Вртлива главна рачка – | - ● | |||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | ||||
| – Со дополнителна рачка за придушување на вибрациите | kg | 5,3 | 5,4 | 5,4 |
| – Со стандардна дополнителна рачка | kg | 5,2 | 5,3 | 5,3 |
| Класа на заштита | ☐ / II | ☐ / II | ☐ / II | |
| Аголна брусилка GWS 24-230 LVI GWS 26-180 LVI GWS 26-230 LVI | ||||
| Број на дел/артикл | 3 601 H93 F.. | 3 601 H94 F.. | 3 601 H95 F.. | |
| 3 601 H93 H.. | 3 601 H94 H.. | 3 601 H95 H.. | ||
| Номинална јачина W 2400 2600 2600 | ||||
| Излезна моćност W 1600 1650 1650 | ||||
| Номинален број на вртежи min | -1 | 6600 8500 6600 | ||
| Макс. дијаметар на брусната плоча mm 230 180 230 | ||||
| Навој на вретеното за брусење M 14 M 14 M 14 | ||||
| Макс. должина на навојот за вретеното за брусење | mm 25 25 25 | |||
| Ограничување на стартната струја ● ● ● | ||||
| Заштита од рестартирање ● ● ● | ||||
| Исклучување при повратен удар ● ● ● | ||||
| Вртлива главна рачка | ● ● ● | |||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | ||||
| – Со дополнителна рачка за придушување на вибрациите | kg | 5,5 | 5,5 | 5,6 |
| – Со стандардна дополнителна рачка | kg | 5,4 | 5,4 | 5,5 |
| Класа на заштита | ☐ / II | ☐ / II | ☐ / II | |
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отсталуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Само за електрични алати без ограничување на стартната струја: Постапките на включување создаваат краткотрајно пагање на напонот. Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки кај другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,25 омови нема пречки.
242 | Македонски
Информации за бучава/вибрации
| GWS 22-180 LVI GWS 22-230 LVI GWS 24-180 LVI | |||
| 3 601 H90 C.. | 3 601 H91 C.. | 3 601 H92 F.. | |
| 3 601 H90 D.. | 3 601 H91 D.. | 3 601 H92 H.. | |
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60745-2-3.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А, типично изнесува
| Звучен притисок | dB(A) | 92 | 92 | 92 |
| Звучна јачина | dB(A) | 103 | 103 | 103 |
| Несигурност К | dB | 3 | 3 | 3 |
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-3:
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60745-2-3.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А, типично изнесува
| Звучен притисок | dB(A) | 92 | 90 | 90 |
| Звучна јачина | dB(A) | 103 | 101 | 101 |
| Несигурност К | dB | 3 | 3 | 3 |
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-3:
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој уредот е исключен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Монтирање на заштитен уред
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.
Отворете го затезниот лост (8). Ставете ја заштитната хауба (6) со кодираниот заб (7) во кодираниот жлеб на вратот на вретеното сё додека сврзокот на заштитната хауба не лежи на прирабницата на електричниот алат и завртете ја заштитната хауба (6) во саканата позиција. Затворете го затезниот лост (8).
▶ Поставете ја заштитната хауба (6) на тој начин што ње го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
Може да ја промените затезната сила на затворачот на заштитната хауба (6) со олабавување или затегање на завртката за подесување (9). Внимавајте на цврстото лежиште на заштитната хауба (6) и редовно контролирајте го.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (6) гарантираат, дека на електричниот алат може да се монтира само еден заштитен капак што му одговара.
▶ При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (15).
▶ При сечењето во камен погрижете се за довольно вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (15) се монтира како заштитна хауба за брусење (6).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (20) се монтира како заштитна хауба за брусење (6).
Дополнителна рачка
▶ Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (4).
▶ Не го користете електричниот алат, доколку е оштетена дополнителната рачка. Не ја менувајте дополнителната рачка.
Навртете ја дополнителната рачка(4) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.
Амортизација на вибрациите
Vibration Control
Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на работењето.
▶ Не го употребувајте електричниот апарат, доколку е оштетен елементот за придушување.
Заштита за дланките
▶ За работење со гумен диск за брусење (23)или со лончеста четка/плочеста четка/ламелеста брусна плоча секогаш монтирајте ја заштитата за раçете (21).
Зацврстете ја заштитата за рацете (21) со дополнителната рачка (4).
Монтирање на брусни алати
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (18) и сите делови за монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење.
▶ Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Брзозатезна навртка SDS-clip
За едноставна промена на алатот за брусење без користење на други алати, наместо затезната навртка (13) можете да употребите брзозатезна навртка (14).
▶ Брзозатезната навртка (14) смее да се користи само за брусни плочи или дискови за сечење.
Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки (14).
При затегнување внимавајте на тоа, страната со натпис на брзозатезната навртка (14) да не покажува кон брусната плоча; туку стрелката мора на ознаките на индекс (27) да покажува.

text_image
(27)Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка, силно завртете ја брусната плоча во правец на стрелките на часовникот.

Прописно зацврстената, неоштетена брзозатезна навртка може да ја олабавите со вртење на нарецканиот прстен во правец спротивен на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка никогаш не ја одвртувајте со клешти, туку употребете клуч со два отвори. Поставете го
клучот со два отвори како на сликата.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на прилучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката страница.
За зацврстување на брусната плоча/дискот за сечење завртете ја затезната навртка (13) и затегнете ја со клуч со два отвора (види „ Брзозатезна навртка SDS- clic“, Страница 243).
По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови.

Во прилучната прирабница (10) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (О-прстен). Доколку недостига О-прстенот или е оштетен, прилучната прирабница (10) мора да се замени пред
понатамошна употреба.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
▶ При работењето со ламелеста брусна плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (21).
▶ При работењето со гумен диск за брусење (23) секогаш монтирајте ја заштитата за раçете (21).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Пред монтажата на гумен диск за брусење (23) ставете ги 2-та дистанцери (22) на вретеното за брусење (18).
Навртете ја тркалезната навртка (25) и затегнете ја со клуч со два отвори.
▶ При работењето со лончеста или плочеста четка секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (21).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Лончестата/плочестата четка мора да се наврти на вретеното за брусење додека цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата/плочеста четка со вилушкаст клуч.
Дозволени алати за брусење
Може да ги користите сите алати за брусење наведени во ова упатство за употреба.
Дозволениот број на вртежи [min ^-1 ] одн. периферната брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да одговара на податоците во следната табела.
Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн. периферната брзина на етикетата на алатот за брусење.
| макс. [mm] [mm] | |||||
| D b d [min] | -1] [m/s] | ||||
| 180 | 8 | 22,2 | 8500 | 80 | |
| 230 | 8 | 22,2 | 6600 | 80 | |
| 180 | - | - | 8500 | 80 | |
| 230 | - | - | 6600 | 80 | |

100 30 M 14 8500 45
Вртење на главната рачка
GWS 24-180 LVI / GWS 24-230 LVI / GWS 26-180 LVI / GWS 26-230 LVI
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Главната рачка (28) може да се врти за 90° налево или надесно кон кукиштето на моторот. Притоа, прекинувачот за вклучување/исклучување може да се постави во поповолна позиција при изведување на посебни случаи на работа, на пр. сечење со капак за всисување со лизгачка водилка (20) или за левучари.
Извлечете ја деблокадата на дршката (29) во правец на стрелката и истовремено вртете ја главната рачка (28) во саканата позиција, додека не се вклопи.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
При работа на електричниот алат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со довольно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (3) нанапред и потоа држете го.
За зацврстување на притиснатиот прекинувач за включување/исклучување (3) вметнете го прекинувачот за исклучување/вклучување (3) понапред.
За да го исключите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) и потоа отпуштете го.
Конструкција на прекинувачот без блокада (во зависност од земјата):
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (3) нанапред и потоа држете го.
За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
▶ Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја ограничува јачината на струјата при вклучување на електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од 16-А.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш по включувањето со полн број на вртежи, ограничувањето на стартната струја и заштитата од рестартирање не работат. Електричниот алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба, видете ги адресите во дел „Сервисна служба и совети при користење“.
Исклучување при повратен удар

При ненадејна пречка на електричниот алат, на пр. блокирање на резот при сечење, доводот на струја до моторот електронски єе се прекине.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) во ислучена позиција и одново включете го електричниот алат.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) во исключена позиција и одново включете го електричниот алат.
Совети при работењето
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Внимавајте на процепите во носечките сидови „Напомени за статика“.
Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина.
▶ Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
▶ Електричниот алат не го користете со држач за сечење.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Напомена: Доколку не го употребувате алатот извлечете го струјниот приклучок од сидната приклучница. И кога е исклучен, електричниот алат има мала потрошувачка на струја- и доколку е приклучен струјниот приклучок и кога има струја.
Грубо брусење
▶ Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето. Поместувајте го електричниот алат напред и назад со умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има бразди.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема) може да обработувате заoblени површини и профили. Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолгрок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски температури при брусењето отколку вообичаените брусни плочи.
Сечење на метал
▶ При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (15).
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со умерено поместување нанапред по материјалот. Не правете притисок на брусната плоча за сечење, не навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што излегуваат со страничен противпритисок.

Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот. При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е да поставите на најмалиот пресек.
Сечење на камен
▶ При сечењето во камен погрижете се за довольно вшмукување на правта.
▶ Носете маска за заштита од прав.
▶ Електричниот алат смее да се користи само за сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за вшмукување за сечење со лизгачки водилки (20) вшмукувачет на прав мора да биде дозволен за вшмукување на правта од каменот. Bosch ги нуди соодветните вшмукувачи на прав.

Включете го електричниот алат и поставете го со предниот дел на лизгачките водилки на делот што се обработува. Поместувајте го електричниот алат со умерено движење по материјалот што се обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади. Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Напомени за статиката
Процепите во носечките сидови подлежат на нормата DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата. Мора задолжително да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот
статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
▶ При екстремни услови на примена, доколку е возможно секогаш користете уред за всисување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приключете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот алат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот алат.
Складирајте и третирајте го приборот со внимание. Доколку е потребно користење на прилучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.