GWS 7115 E Professional - Broyeur BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GWS 7115 E Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Broyeur во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GWS 7115 E Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GWS 7115 E Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GWS 7115 E Professional BOSCH
Македонски Страница 250
ци под напрежение то може да се предаде на метални-
жовото напрежение и честота.
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, илустрации и
спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите
упатства приложени подолу може да доведе до струен
удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и
упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните
предупредувања се однесува на електрични апарати што 1 609 92A 76F | (23.02.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 251
користат струја (кабелски) или апарати што користат
батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
u Работниот простор одржувајте го чист и добро
осветлен. Преполни или темни простории може да
u Не работете со електричните алати во експлозивна
околина, како на пример, во присуство на запаливи
течности, гасови или прашина. Електричните алати
создаваат искри коишто може да ја запалат прашината
u Држете ги децата и присутните подалеку додека
работите со електричен алат. Невниманието може
да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
u Приклучокот на електричниот алат мора да
одговара на приклучницата. Никогаш не го
менувајте приклучокот. Не користите приклучни
адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници
го намалуваат ризикот од струен удар.
u Избегнувајте телесен контакт со заземјени
површини, како на пример, цевки, радијатори,
метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик
од струен удар ако вашето тело е заземјено.
u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или
влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат,
ќе се зголеми ризикот од струен удар.
u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш
не го користете кабелот за носење, влечење или
исклучување од струја на електричниот алат.
Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри
ивици или подвижни делови. Оштетени или
заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено,
користете продолжен кабел соодветен за
надворешна употреба. Користењето на кабел
соодветен за надворешна употреба го намалува
ризикот од струен удар.
u Ако мора да работите со електричен алат на влажно
место, користете заштитен уред за диференцијална
струја (RCD). Користењето на RCD го намалува
ризикот од струен удар.
u Бидете внимателни, внимавајте како работите и
работете разумно со електричен алат. Не
користете електричен алат ако сте уморни или под
дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание додека работите со електричните алати
може да доведе до сериозна лична повреда.
u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете
заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,
маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се
лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат
за соодветни услови, ќе доведат до намалување на
u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали
прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во
струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете
или носите алатот. Носење на електричните алати со
прстот позициониран на прекинувачот или
вклучување во струја на електричните алати чијшто
прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа.
u Отстранете каков било клуч за регулирање или
француски клуч пред да го вклучите електричниот
алат. Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе
u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано
одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова
овозможува подобра контрола на електричниот алат
во непредвидливи ситуации.
u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и
накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку
од подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење
прашина и собирање предмети, проверете дали се
правилно поврзани и користени. Собирањето
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
u Не дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
u Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно
и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
u Не користете електричен алат ако не можете да го
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
Bosch Power Tools 1 609 92A 76F | (23.02.2024)252 | Македонски
u Одржување на електрични алати и дополнителна
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
u Електричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
u Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
u Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за аголни брусилки
Безбедносни предупредувања специфични за
брусење, шмирглање, жичано четкање или сечење:
u Овој електричен алат е наменет да функционира
како алат за брусење, шмирглање, жичано
четкање, дупчење или сечење. Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации приложени со овој
електричен алат. Грешките настанати како резултат
на непридржување до сите инструкции приложени
подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/
u Операциите како на пр. полирање не се
препорачува да се вршат со овој електричен алат.
Операциите за кои не е наменет електричниот алат
може да предизвикаат опасност и лична повреда.
u Не ракувајте со електричниот алат на несоодветен
начин што не е препорачан од производителот. Тоа
може да предизвика да изгубите контрола и сериозно
u Не користете дополнителна опрема која не е
специјално дизајнирана и не е препорачана од
производителот на алатот. Само затоа што
дополнителната опрема може да се вгради во вашиот
електричен алат, не значи дека може да се обезбеди
u Утврдената брзина на дополнителната опрема мора
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
u Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот електричен алат. Дополнителна
опрема со несоодветна величина не може соодветно
да се заштити и контролира.
u Димензиите на додатоците за прицврстување мора
да се совпаѓаат со димензиите на делот што треба
да се прицврсти на електричниот алат.
Дополнителната опрема која не е соодветна на
хардверот на електричниот алат не може да одржува
рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да
предизвика губење на контрола.
u Не користете оштетена дополнителна опрема. Пред
употреба проверете ја дополнителната опрема,
како на пр., абразивните дискови за иверки и
струготини, заштитната подлога за отвори,
стружење или претерано абење, жичаната четка за
олабавени или пукнати жици. Ако електричниот
алат или дополнителната опрема падне, проверете
дали е оштетена или инсталирајте неоштетена
дополнителна опрема. По проверката и
инсталирањето на дополнителната опрема, вие и
луѓето во близина поместете се подалеку од
површината на ротирачката опрема, и вклучете го
електричниот алат на максимална брзина без
оптоварување една минута. Оштетената
дополнителна опрема вообичаено се расипува во
текот на овој тест период.
u Носете лична заштитна опрема. Во зависност од
примената, користете штитник за лице,
безбедносни или заштитни очила. Како што е
соодветно, носете маска за заштита од прашина,
штитници за уши, ракавици и работничка
престилка, којашто ги запира малите абразивни
парчиња или парчиња од делот што го
обработувате. Заштитата за очи мора да спречува
навлегување остатоци што се распрскуваат при
работењето. Маската против прав или респираторот
мора да ги филтрира честичките што се генерираат
при работењето. Долготрајна изложеност на
интензивна бучава може да доведе до губење на
u Луѓето во ваша близина треба да бидат оддалечени
од работниот простор. Секој што влегува во
работниот простор мора да носи лична заштитна
опрема. Парчиња од делот што го обработувате или
расипана дополнителна опрема може да експлодира и
распрска и да предизвика повреда надвор од
непосредната работна површина.
u Држете го електричниот алат за изолираната
површина додека сечете за да не дојде во контакт
со скриена жица или со неговиот кабел. Ако
1 609 92A 76F | (23.02.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 253
опремата за сечење дојде во допир со „жица под
напон“, може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон“ и операторот може да
u Тргнете го настрана кабелот од ротирачка
дополнителна опрема. Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или закачи и вашата
дланка или рака може да влезе во ротирачката
дополнителна опрема.
u Не го оставајте електричниот алат долу додека
дополнителната опрема не запре целосно.
Ротирачката опрема може да ја зафати површината и
да го повлече електричниот алат надвор од ваша
u Не го вклучувајте електричниот алат додека го
држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка
дополнителна опрема може да ја закачи вашата
облека, со повлекување на дополнителната опрема
u Редовно чистете ги воздушните вентили на
електричниот алат. Вентилаторот на моторот
повлекува прав во куќиштето, а претераната
акумулација на метален прав може да предизвика
опасност од електричен удар.
u Не работете со електричниот алат во близина на
запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат
u Не користете дополнителна опрема за која се
потребни течни разладувачи. Користењето вода или
други течни разладувачи може да доведе до смрт или
Предупредувања за одбивање и слични
Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или
закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга
дополнителна опрема. Приклештувањето или
закачувањето предизвикува брзо маневрирање на
ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна,
предизвикува присилно насочување на
неконтролираниот електричен алат во спротивен правец
од ротирањето на опремата во точката на навалување.
На пример, ако абразивен диск е закачен или
приклештен од делот што го обработувате, острицата на
дискот која влегува во приклештената точка може да се
зарие во површината на материјалот и дискот да се
помести или ослободи. Дискот може да скокне или одбие
од операторот, во зависност од насоката на движење на
дискот во точката на приклештување. Абразивните
дискови, исто така, може да се искршат под овие услови.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветни оперативни постапки или услови и може да
се избегне со преземање на соодветните превентивни
мерки приложени подолу.
u Цврсто држете го електричниот алат и поставете го
телото и рацете така што ќе овозможите отпор на
силите на одбивање. Секогаш користете помошна
рачка, доколку има, за максимална контрола на
одбивањето или силата на вртење при вклучување.
Операторот може да ги контролира реакциите на
силата на вртење или силите на одбивање, доколку се
преземат соодветни превентивни мерки.
u Не ја ставајте раката во близина на ротирачката
дополнителна опрема. Дополнителната опрема може
да се одбие преку вашата рака.
u Не го позиционирајте вашето тело во областа каде
електричниот алат се движи, доколку настане
одбивање. Одбивањето ќе го придвижи алатот во
спротивен правец од движењето на дискот во точката
u Обрнете посебно внимание при изработка на агли,
остри рабови и др. Избегнувајте отскокнување и
закачување на дополнителната опрема. Аглите,
острите рабови или отскокнувањето може да доведат
до закачување на дополнителната опрема и да
предизвикаат губење на контрола или одбивање.
u Не закачувајте сечило за длабење, сегментирани
дијамантски дискови со периферна празнина
поголема од 10mm или назабено сечило за пила.
Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење
Безбедносни предупредувања специфични за
u Користете само видови на дискови специјално
наменети за вашиот електричен алат и соодветната
заштита за избраниот диск. Дискови коишто не се
дизајнирани за дадениот електричен алат не може
соодветно да се заштитат и не се безбедни.
u Површината за брусење на централните потиснати
дискови мора да се инсталира под рамнината на
заштитниот поклопец. Неправилно монтиран диск
којшто се протега преку рамнината на заштитната
рамка не може соодветно да се заштити.
u Заштитата мора да биде безбедно прицврстена на
електричниот алат, и соодветно поставена за да
обезбеди максимална безбедност, така што
минимален дел од дискот да биде изложен кон
операторот. Заштитата го заштитува операторот од
скршените парчиња на дискот, случаен контакт со
дискот и искри коишто можат да ја запалат облеката.
u Дисковите мора да се користат само за соодветни
намени. На пример: не користете диск за сечење за
странично брусење. Абразивните дискови за сечење
се наменети за периферно брусење, страничните сили
што се применуваат на овие дискови може да
предизвикаат нивно распарчување.
u Секогаш користете неоштетени прирабници за
дискови со правилна величина и форма за вашиот
избран диск. Соодветните прирабници за дискови го
потпираат дискот со што се намалува можноста од
кршење на дискот. Прирабниците за дискови за
сечење може да се разликуваат од прирабниците за
Bosch Power Tools 1 609 92A 76F | (23.02.2024)254 | Македонски
u Не употребувајте користени дискови од поголеми
електрични алати. Диск наменет за поголеми
електрични алати не е соодветен за големи брзини на
мали алати и може да се распрсне.
u Кога користите дискови со двојна намена, секогаш
користете ја соодветната заштита за работата што
ја вршите. Ако не го користите соодветниот штитник,
истиот може да не заштитува правилно и со тоа може
сериозно да се повредите.
Дополнителни безбедносни предупредувања
специфични за сечење:
u Не го “притискајте” дискот за сечење и не
применувајте прекумерен притисок. Не
настојувајте да направите прекумерно длабок
засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува
оптоварувањето и осетливоста на виткање и
навалување на дискот во засекот и можноста за
одбивање или кршење на дискот.
u Не застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск.
Кога дискот, во текот на операцијата, се движи
подалеку од вашето тело, одбивањето може да го
придвижи ротирачкиот диск и моќниот алат директно
u Кога дискот се навалува или кога го прекинува
сечењето заради некоја причина, исклучете го
алатот и држете го неподвижен додека дискот
целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го
извадите дискот за сечење од засекот додека се
движи или може да дојде до одбивање. Проверете и
преземете соодветно дејство за да ја елиминирате
причината за навалување на дискот.
u Не започнувајте повторно со сечење во делот што
го обработувате. Почекајте додека дискот да
достигне целосна брзина и внимателно влезете
повторно во засекот. Дискот може да се навали,
придвижи или одбие ако го рестартирате моќниот алат
во делот што го обработувате.
u Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го
обработувате за да го намалите ризикот од
приклештување и одбивање на дискот. Големите
делови што ги обработувате се искривуваат под
својата тежина. Потпирачите мора да се стават под
делот што го обработувате покрај линијата на засекот и
покрај ивицата на делот што го обработувате на двете
u Користете дополнителни мерки за претпазливост
кога правите “џебен засек” во постоечки ѕидови
или други слепи површини. Климав диск може да
пресече цевки за гас или вода, електрични жици или
предмети кои може да предизвикаат одбивање.
u Не обидувајте се да длабите. Преголемиот притисок
на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста
на виткање и искривување на дискот во засекот и
можноста за одбивање или кршење на дискот, што
може да доведе до сериозна повреда.
Безбедносни предупредувања специфични за
u Користете соодветна голема на шмиргла за дискот.
Следете ги упатствата на производителите, кога
бирате шмиргла. Големите шмиргли кои ја
надминуваат подлогата за шмирглање претставуваат
опасност и може да предизвикаат закачување, кинење
на дискот или одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за жичано
u Внимавајте бидејќи четката исфрла жичани влакна
дури и за време на вообичаени операции. Не ги
преоптоварувајте жиците со преоптоварување на
четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во
u Ако се препорачува користење на заштита за
жичано четкање, не дозволувајте попречување
меѓу жичаниот диск или четката со заштита.
Жичаниот диск или четка може да се прошират во
дијаметар заради работното оптоварување и
центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни напомени
Носете заштитни очила.
Заштитниот капак не смее да се користи
за исклучување. Со соодветен додаток,
заштитниот капак може да се користи и за
При работата, држете го електричниот
алат цврсто со двете дланки и застанете
во сигурна положба. Со електричниот алат
посигурно ќе управувате ако го држите со
u Кај алати за вметнување со внатрешни навои, како
што се четки и дијамантски-крунести бургии, мора
да се почитува максималната должина на навојот
на вретеното за брусење. Крајот на вретеното не
смее да го допира дното на алатот за вметнување.
u Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
u Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по снемување струја или влечење на струјниот
1 609 92A 76F | (23.02.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 255
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака. u Складирајте ги алатите за вметнување во објекти односно во простории кои се суви, со соодветна
температура и без опасност од замрзнување. u Пред транспорт на уредот отстранете ги алатите за вметнување. На овој начин ќе избегнете оштетување. u Поврзаните дискови за брусење и сечење имаат датум на истекување, по кој дисковите не смеат да
Опис на производот и
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и четкање на
метал, камен, пластика и композитен материјал, за грубо
брусење на метал, пластика и композитен материјал како
и за дупчење во камени материјали со дијамантска
крунеста бургија без употреба на вода. Притоа,
осигурајте се дека користите правилна заштитна хауба
(види „Употреба“, Страница259).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Електричниот алат не смее да се користи за брусење
камени материјали со дијамантска лончеста плоча.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
Копче за блокирање на вретеното
Прекинувач за вклучување/исклучување
Вртливо копче за подесување на бројот на вртежи
Клуч со внатрешна шестаголна глава
Комбиниран клуч за брусно вретено M14
Дополнителната рачка за придушување на
Стандардна-дополнителна рачка (изолирана
Капак за всисување за брусење
Завртка за фиксирање на заштитниот капак
Приклучна прирабница со O-прстен
Лончеста плоча од тврд метал
Дијамантски диск за сечење
Брзозатезна навртка
Капак за всисување за сечење со лизгачки
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Номинален број на вртежи во празен од
Макс. дијаметар на брусната плоча/дијаметар на
Аголна брусилка GWS7-115 GWS7-115E GWS7-125
Внатрешен дијаметар на дискот mm 22,2 22,2 22,2
Навој на вретеното за брусење M14 M14 M14
Макс. должина на навојот за вретеното за брусење mm 22 22 22
Заштита од рестартирање ● ● ●
Одредување на број на вртежи – ● –
/ II / II / II A) Номинален број на вртежи во празен од според ENIEC62841-2-3 за избор на соодветни алати за вметнување. Актуелниот број на
вртежи во празен од е помал од безбедносни причини и поради производните толеранции.
во зависност од користената заштитна хауба ((11), (10), (12)) и од користената дополнителна рачка ((7), (6))
C) Тежина без кабел за струја и без приклучок за струја
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе
информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно ENIEC62841-2-3.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: 95dB(A); ниво на звучна јачина
103dB(A). Несигурност K= 3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
Сечење со брусни плочи:
Брусењето тенки лимови или други материјали со мала вибрација
со голема површина може да резултира со зголемена вредност за
емисија на бучава до 15dB. Со соодветни антивибрациони
подлоги може да се намали зголемената емисија на бучава.
Зголемената емисија на бучава мора да се земе предвид и при
проценката на ризикот од јачината на бучавата и при изборот на
соодветна заштита за слухот.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (2) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Одредување на број на вртежи
Со вртливото копче за одредување на бројот на вртежи (3) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време
на користењето на алатот. Податоците во приложената табела се препорачани вредности.
Материјал Примена Алат за вметнување Позиција на вртливото копче
Метал Отстранување на боја Сечило за пила 2–3
1 609 92A 76F | (23.02.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 257
Материјал Примена Алат за вметнување Позиција на вртливото копче
Метал Четкање, вадење 'рѓа Лончести четки, лист за
Метал Сечење Диск за сечење 6
Камен Сечење Дијамантски диск за сечење 6
Зададените вредности за степенот на вртежи се референтни вредности.
u Утврдената брзина на дополнителната опрема мора
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
Монтирање на заштитен уред
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење“.
Заштитен капак за брусење
Поставете го заштитниот капак (10)
на грлото на вретеното. Подесете ја
позицијата на заштитниот капак (10)
според потребите на работниот
процес. Фиксирајте го заштитниот
капак (10) така што ќе ја затегнете
завртката за фиксирање (9) со клуч
со внатрешна шестаголна глава (4).
u Поставете ја заштитната хауба (10) на тој начин што
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (10)
гарантираат, дека на електричниот алат може да се
монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Капак за всисување при брусењето
За брусење на бои, лакови и пластика со лончести плочи
од цврст метал (14) каде што не се создава многу прав
може да го користите капакот за всисување (8). Капакот
за всисување (8) не е погоден за обработка на метал.
На капакот за всисување (8) може да се приклучи Bosch-
всисувач. За таа цел, ставете го цревото за всисување со
адаптерот за всисување во предвидените делови за
вметнување на хаубата за всисување.
Заштитна хауба за сечење
u За сечење секогаш користете заштитна хауба за
сечење(11) или заштитна хауба за брусење (10)
заедно со поклопецот за сечење (12).
u При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (11) се монтира како
заштитна хауба за брусење (10).
Поклопец за сечење од пластика
Ставете го поклопецот за сечење(12) од пластика на
заштитната хауба за брусење(10) (види сликаA).
Поклопецот(12) се вклопува звучно и видливо на
заштитната хауба(10).
За демонтирање (види сликаB) отклучете го
поклопецот(12) на заштитната хауба(10) (➊) лево или
десно и извлечете го поклопецот (➋).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки(32) се
монтира како заштитна хауба за брусење.
Со прицврстување на дополнителната рачка(7)/(6) низ
заштитниот држач на хаубата за всисување до менувачот,
електричниот алат е цврсто поврзан со хаубата за
всисување. На хаубата за всисување со лизгачки
водилки(32) може да се поврзе соодветен Bosch-
всисувач за прав. За таа цел, ставете го цревото за
всисување со адаптерот за всисување во предвидените
делови за вметнување на хаубата за всисување.
Напомена: Триењето предизвикано од прашината во
цревото за всисување и додатоците за време на
всисувањето предизвикува електростатичко полнење
што корисникот може да го доживее како статичко
празнење (во зависност од факторите на животната
средина и неговата физиолошка состојба). Bosch
генерално препорачува употреба на антистатичко црево
за всисување (додаток) за всисување фина прашина и
u Секогаш монтирајте ја заштитата за раце кога
работите со гумениот брусен диск(25) или со
лончестата четка/конусната четка/дијамантската
крунеста бургија (24).
Bosch Power Tools 1 609 92A 76F | (23.02.2024)258 | Македонски
Прицврстете ја заштитата за рацете(24) со
дополнителната рачка(7)/(6).
Стандардна-дополнителна рачка/дополнителна рачка
за придушување на вибрациите
Навртете ја дополнителната рачка(7)/(6) од десно или
од лево на погонската глава во зависност од начинот на
u Користете го вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (7)/(6).
u Не продолжувајте со работа со електричниот алат,
ако дополнителната рачка (7)/(6) е оштетена. Не
вршете промени на дополнителната рачка(7)/(6).
Дополнителната рачка за
вибрациите(6)овозможува
работење со мали вибрации и пријатна и безбедна
Монтирање на брусни алати
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (23) и сите делови за
За зацврстување и олабавување на брусните алати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за
да го зацврстите вретеното за брусење.
u Притиснете го копчето за блокирање на вретеното
само кога вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја
стрелката за правец на вртење на куќиштето).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
Напомена: при монтирање на композитни брусни плочи
или дискови за сечење со помош на испорачаната
приклучна прирабница(13) и затегнувачката
навртка(20) одн. брзозатезната навртка(21) употребата
на меѓуслоеви не е потребна.
За прицврстување на брусната плоча/дискот за сечење
ставете ја приклучната прирабница со O-прстен(13) на
вретеното за брусење(23) и завртете ја затезната
навртка(20). Внимавајте на усогласувањето на затезната
навртка(20) во зависност од употребената брусна плоча/
диск за сечење (видете ги сликите во предниот дел од
упатството за употреба), и затегнете ја со комбинираниот
клуч (види „Брзозатезна навртка “,
u По монтажата на алатот за брусење, пред
вклучувањето, проверете дали тој е точно
монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали алатот за брусење не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Во приклучната прирабница (13)
околу венецот за центрирање е
ставен пластичен дел (O-прстен).
Доколку недостига O-прстенот или
е оштетен, приклучната
прирабница (13) мора да се замени
пред понатамошна употреба.
За едноставна промена на алатот за брусење без
користење на други алати, наместо затезната навртка
(20) можете да употребите брзозатезна навртка (21).
u Брзозатезната навртка (21)смее да се користи
само за брусни плочи или дискови за сечење.
Користете само беспрекорни, неоштетени
брзозатезни навртки (21).
При затегнување внимавајте на тоа, страната со
натпис на брзозатезната навртка (21) да не покажува
кон брусната плоча; туку стрелката мора на ознаките
на индекс (33) да покажува.
Притиснете на копчето за
блокирање на вретеното (1), за да
го зацврстите вретеното за
брусење. За да ја зацврстите
брзозатезната навртка, силно
завртете ја брусната плоча во
правец на стрелките на часовникот.
Прописно зацврстената, неоштетена
брзозатезна навртка може да ја
олабавите со вртење на
нарецканиот прстен во правец
спротивен на стрелките на
часовникот. Цврсто затегнатата
брзозатегнувачка навртка не ја
одвртувајте со клешти, туку
употребете комбиниран клуч.
Поставете го комбинираниот клуч
како што е прикажано на сликата.
Дозволени алати за брусење
Може да ги користите сите алати за брусење наведени во
ова упатство за употреба.
1 609 92A 76F | (23.02.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 259
Дозволениот број на вртежи [min
брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да
одговара на податоците во следната табела.
Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн.
периферната брзина на етикетата на алатот за брусење.
Вртење на погонската глава
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
Погонската глава може да
ја вртите со чекори од 90°.
Притоа, прекинувачот за
вклучување/исклучување
за специјалните случаи на
работа може да се постави
во поповолна позиција за
Целосно одвртете ги 4-те
завртки. Внимателно навалете ја погонската глава и без
да ја извадите од куќиштето ставете ја во новата
позиција. Повторно навртете ги 4-те завртки.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
u Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
u Не го оптоварувајте многу електричниот алат,
додека не дојде во состојба на мирување.
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика “.
u Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
u По силното оптоварување, оставете го
електричниот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
u Електричниот алат не го користете со држач за
u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Совети при работењето
u При грубото брусење со композитни брусни
средства секогаш користете ја заштитната хауба за
u Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
u При грубото брусење заштитната хауба за
сечење(11) или заштитната хауба за брусење(10)
со монтиран поклопец за сечење(12) може да удри
Bosch Power Tools 1 609 92A 76F | (23.02.2024)260 | Македонски
во делот што се обработува и да доведе до губење
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
u При употребата на композитни плочи, кои се одобрени
и за сечење и за брусење, може да се користи
заштитната хауба за сечење(11) одн. заштитната
хауба за брусење(10) со монтиран поклопец за
Површинско брусење со ламелеста брусна плоча
u При брусење со ламелеста брусна плоча секогаш
користете ја заштитната хауба за брусењето(10).
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
Површинско брусење со брусен диск
u При работењето со гумен диск за брусење (25)
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (24).
Брусењето со брусен диск може да се изврши без
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
Навртете ја тркалезната навртка(27) и затегнете ја со
комбинираниот клуч .
Лончеста четка/плочеста четка/конусна четка
u При четкањето со плочеста четка секогаш
користете ја заштитната хауба за брусење(10).
Четкањето со лончеста четка/конусна четка може
да се изврши без заштитна хауба.
u При работењето со лончеста или конусна четка
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете(24).
u Жиците на плочестите четки може да се заглават на
заштитната хауба и да се скршат ако се надминат
максимално дозволените димензии на плочестите
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
Лончестата/конусната/плочестата четка со навој M14
мора да се наврти на вретеното за брусење додека
цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за
брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење.
Затегнете ја лончестата/конусната/плочестата четка со
За прицврстување на плочестата четка со дијаметар
22,22mm ставете ја приклучната прирабница со O-
прстен(13) на вретеното за брусење(23), завртете ја
тркалезната навртка(27) и затегнете ја со
u За сечење на метал со композитен диск за сечење
или со дијамантски диск за сечење секогаш
користете ја заштитната хауба за сечење(11) одн.
заштитната хауба за брусење(10) со монтиран
поклопец за сечење(12).
u При употребата на заштитна хауба за брусење(10)
за сечење со композитен диск за сечење постои
голем ризик да бидете изложени на искри и
честички како и делови од дискот при кршење на
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Електричниот алат секогаш мора да
се води во спротивен правец на
движење. Инаку постои опасност,
тој неконтролирано да се истисне
од резот. При сечење на профили и
четириаголни цевки, најдобро е да
поставите на најмалиот пресек.
u За сечење на метал со композитен диск за сечење
или со дијамантски диск за сечење за камен/бетон
секогаш користете ја хаубата за всисување при
сечење со лизгачки водилки(32) или заштитната
хауба за сечење(11) или заштитната хауба за
брусење (10) со монтиран поклопец за
u При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
u Носете маска за заштита од прав.
u Електричниот алат смее да се користи само за
сечење/брусење на суви материјали.
u При употребата на заштитна хауба за сечење(11),
заштитната хауба за брусење(10) или заштитната
хауба за брусење(10) со монтиран поклопец за
сечење(12) за сечење и брусење во бетон или
ѕидни конструкции, постои зголемена изложеност
на прашина и зголемен ризик од губење контрола
над електричниот алат, што може да доведе до
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за всисување за сечење со
лизгачки водилки (32) всисувачот на прав мора да биде
дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги
нуди соодветните всисувачи на прав.
1 609 92A 76F | (23.02.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 261
Вклучете го електричниот алат и
поставете го со предниот дел на
лизгачките водилки на делот што се
обработува. Поместувајте го
електричниот алат со умерено
движење по материјалот што се
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон
со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи
околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во
празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Сечење на други материјали
u При сечење на други материјали како
пластика,композитен материјал итн. со композитен
диск за сечење или карбиден диск за сечење
Carbide Multi Wheel секогаш користете ја
заштитната хауба за сечење(11) или заштитната
хауба за брусење(10) со монтиран поклопец за
сечење (12). Со користењето на хаубата за
всисување со лизгачки водилки(32) ќе постигнете
подобар резултат од всисувањето прав.
Работење со дијамантска крунеста бургија
u Користете само сува дијамантска крунеста бургија.
u При работењето со дијамантската крунеста бургија
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете(24).
Не поставувајте ја дијамантската крунеста бургија
паралелно на делот што се обработува. Навалете се во
делот што се обработува под агол и со кружни движења.
Ова ви овозможува да постигнете оптимално ладење и
подолг работен век на дијамантската крунеста бургија.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на прописите
специфични за земјата. Мора задолжително да се
придржувате до овие прописи. Пред почетокот на
работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или
надлежните градежни раководители за да се советувате.
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот алат. Електричните алати означени со
230V исто така може да се користат и на 220V.
u Држете го уредот само за изолираните рачки и
дополнителната рачка. Алатот за вметнување може
да дојде во контакт со скриени струјни кабли или
сопствениот кабел. Контактот со струјниот кабел
може металните делови на уредот да ги стави под
напон и да доведе до електричен удар.
При работа на електричниот алат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не
располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не
располагаат со соодветна регулација на јачина, може да
дојде до губење на јачината или нетипично однесување
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (2)
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (2) нанапред надолу додека не
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад
надолу и потоа ослободете го.
u Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
u При екстремни услови на примена, доколку е
возможно секогаш користете уред за всисување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување
и приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот алат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот алат.
Складирајте и третирајте го приборот со внимание.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Bosch Power Tools 1 609 92A 76F | (23.02.2024)262 | Srpski
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните алати во
домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/ЕU за
електрични и електронски уреди и нивната
имплементација во националното право, електричните
алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и
да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и
електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на луѓето поради
можното присуство на опасни материи.
EU-Изјава за сообразност
Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во
согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и
прописи и се во согласност со следните норми.
Техничка документација кај: *
Notice Facile