GFZ 1635 AC Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GFZ 1635 AC Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GFZ 1635 AC Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GFZ 1635 AC Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GFZ 1635 AC Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GFZ 1635 AC Professional BOSCH
Македонски...... Страница 121
Srpski ...... Strana 127
Slovenščina ....Stran 131
Hrvatski ....Stranica 136
1-2: ниска честота
3-4: средна честота
5-6: висока честота
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВА
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
122 | Македонски
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или ислучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или
вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се
предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го потпрете на вас, тоа єе биде нестабилно и може да изгубите контрола.
По завршувањето на работењето исключете го електричниот алат и извадете го листот за пила од исечокот дури тогаш кога тој ќе застане. На тој начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно да го оставите електричниот алат.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неостри листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар.
▶ Не го блокирајте листот за пилата по ислучувањето со странично контра-притискање.
Листот за пила може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување и може да предизвика електричен удар.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење на дрва, пластика и лесни градежни материјали без држење со рака. Тој е погоден за праволиниски и резови со вдлабнување. Треба да внимавате на препораките за листови за пилата.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Meq
(2) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(3) Копче за подесување на претходното избирање бројот на работни одови
(4) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
(5) Прекинувач за включување/исклучување
(6) Рачка (изолирана површина на рачката)
(7) Црево за издувни гасови ^4
(8) Млазници за всисување
(9) SDS-копче за отклучување на сечилото на пилата
(10) Запци за млазниците за всисување
(11) Штитник за листот на пилата
(12) Сечило за пила ^4
(13) Навртка со нарецкана глава за дополнителната рачка
(14) Дистанциона цевка за дополнителната рачка
(15) Назабена навртка за дополнителната рачка
(16) Завртка за дополнителната рачка
124 | Македонски
(17) Зафаćачи на сечилата за пила
(18) Чивија за заклучување на листот за пила
(19) Водилка за листот за пилата
A) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Електрична пила„лисичина опашка“ | GFZ 16-35 AC | |
| Број на дел/артикл | 0 601 637 7.. | |
| Номинална јачина W 1600 | ||
| Број на работни одови во празно n_0 | min^-1 | 850–2600 |
| Работен од mm 50 | ||
| Должина на мечот mm 350 | ||
| Тежина согласноEPTA-Procedure 01:2014 | kg 5,8 | |
| Класа на заштита | ☐/II | |
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-11.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 92 dB(A); ниво на звучна јачина 103 dB(A). Несигурност K=5 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-11:
Сечење на шперплоча со сечило за пила TF 350 M: a_n,B=5 m/s^2, K=1,5 m/s^2 ,
Сечење на дрвени греди со сечило за пила TF 350 M: a_h,WB=5 m/s^2 , K=1,5 m/s ^2 .
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текст на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ За време на користењето на електричниот алат секогаш ставете го штитникот на сечилото за пила.
Дополнителна рачка
Монтирање на дополнителна рачка (види слики А-С)
Ставете ја дистанционата цевка (14) во отворот на кукиштето и затегнете ја со навртката со нарецкана глава (13).
Извлечете ја дополнителната рачка (2) и ставете ја со двете страни на дистанционата цевка (14).
Ставете ја завртката (16) на дополнителната рачка и дистанционата цевка и затегнете ја со назабената навртка (15).
Навалување на дополнителната рачка (види слика D)
Дополнителната рачка (2) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.
Олабавете ја назабената навртка (15) и навалете ја дополнителната рачка (2) во саканата позиција.
Повторно затегнете ја назабената навртка.
Подесување на дополнителната рачка (види слика E)
За сечење во близина на рабови, поместете ја странично дополнителната рачка (2).
Олабавете ја завртката со нарецкана глава (13) и притиснете ја дополнителната рачка (2) со дистанционата цевка (14) во саканата позиција. Повторно затегнете ја завртката со нарецкана глава.
Вметнување/менување на листовите за пила
▶ При ставање или при замена на електричниот алат носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Избирање на листови за пила
Изберете листови за пила во согласност со материјалот за обработка.
За сечење на лесни градежни материјали одбирајте само листови од цврст метал, но не и листови за дрво или пластика.
Вметнување на сечилата за пила (види слики G-H)
Свртете го електричниот алат со основната плоча нагоре. Доколку е потребно, извадете ги млазниците за
всисување (8). Повлечете ги млазниците за всисување од запците (10) и извадете ги наназад.
Најпрво ставете го сечилото за пила, чијшто зафаćач (17) е поблизу до моторот.
Напомена: Зафакачите на сечилата за пила (17) стојат во различна позиција по секое ислучување. Сликите покажуваат произволна позиција.
▶ Натписот на сечилото на пилата мора секогаш да покажува нанадвор и да биде усогласен со бојата на зафаќачот на сечилото за пила.
Притиснете го SDS-копчето за блокирање на сечилото за пила (9) и држете го притиснато. На тој начин ће се повлече чивијата за заклучување (18) а сечилата за пила ће може да се закачат.
Закачето го сечилото за пила што одговара (12) во зафајачот на сечилата за пила (17), којшто е најблиску до моторот ①. Навалете го сечилото за пила во водилката за сечилото за пила (19) и оставете го врвот на сечилото за пила да се вклопи во процепот на мечот (1).
Закачете го второто сечило за пила во слободниот зафакач на сечилата за пила (17) ②. Навалете го сечилото за пила во водилката за сечилото за пила (19). Отпуштете го SDS-копчето за блокирање на сечилото за пила (9).
Притиснете од горната страна на второто сечило за пила (12), додека врвот на сечилото за пила не се вклопи во процепот на мечот (1).
▶ Проверете дали сечилата за пилата се цврсто поставени. Лабаво поставениот лист за пила може да испадне и да Ве повреди.
Поставете го штитникот (11) на сечилата за пила (12).
Притиснете го SDS-копчето за блокирање на сечилото за пила (9). Извлечете ги двете сечила за пила (12)
истовремено на висина на зафакачот (17) од водилката за сечила за пила (19) ①.
Притиснете ги сечилата за пила (12) еден од друг по должина ② и извлечете ги едноподруго од водилката (19) ③. Доколку ги извлечете истовремено їе се заглават.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав (види слика F)
Закачете ги млазниците за всисување (8) под дршката (6) на кујиштето и оставете го да се вклопи на запците за заклучување (10).
Цврсто прикачете црево за всисување (7) (дијаметар 35 mm, дополнителна опрема) на млазниците за всисување (8). Поврзете го цревото за всисување (7) со всисувач за прав (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина їе го најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
▶ За време на вклучувањето листовите за пилата не смеат да налегнуваат ниту да допираат нешто.
За вклучување на електричниот алат, притиснете ја најпрво блокадата при вклучување (4) надесно или налево. Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и држете го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Претходно избирање на бројот на одови
Со копчето за подесување на претходното избирање на број на работни одови (3) можете истите претходно да ги изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
1–2: низок број на работни одови
3–4: среден број на работни одови
5–6: висок број на работни одови
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
При подолготрајно работење со мал број на удари, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го листот за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 min со максимален број на одови.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Доколку се блокира сечилото за пила, исключете го електричниот алат.
▶ При сечење на лесни градежни материјали, внимавајте на законските одредби и препораки на производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има тући тела како на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете ги.
Цврсто стегнете го материјалот. Не го потпирајте делот што се обработува со рака или со нога. Не допирајте предмети или под со пила што работи.
Постои опасност од повратен удар.
Извадете го штитникот за сечилата за пила (11) само за време на сечењето.
Држете го цврсто електричниот алат при поставување на делот што се обработува.
Доколку се заглават листовите за пилата, веднаш исключете го електричниот алат. Раширете го процепот што сте го направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете го електричниот алат.
По завршување на работниот процес исключете го електричниот алат.
Не го користете мечот (1) како лост за вадење на исечените парчиња дрво и сл.
Сечење со вдлабнување (види слика К)
▶ Смеат да се обработуваат само меки материјали како меко дрво, гипс картон и сл. при сечење со вдлабнување!
Електричниот алат поставете го со врвот на делот што се обработува и включете го. При сечењето мечот треба да се вдлабне внимателно во делот што се обработува, додека не се исече истиот.
Електричниот алат држете го накосо кон делот за обработка и продолжете да сечете долж линијата за сечење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
По завршување на работата исчистете ги мечот (1), водилката за сечилата за пила (19) и сечилата за пила (12).
Сечилата за пила (12) и водилката (19) не смеат да се подмачкуваат, бидејки може да се попречи всисувањето на прав.
Доколку излезот за прашина се затне, исключете го електричниот алат, извадете го всисувачот за прашина и отстранете ги прашината и струготините.
Опрема
| Сет листови за пила за дрво и пластика | 2 608 632 120 |
| Сет листови за пила од цврст метал за лесни градежни материјали | 2 608 632 123 |
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.