EasyCut 12 06033C9001 - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EasyCut 12 06033C9001 BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Безжична сложувалка |
| Модел | EasyCut 12 (06033C9001) |
| Бренд | Bosch |
| Извор на енергија | 12V литиум-јонска батерија (се продава одделно) |
| Компатибилност со батерии | Bosch 12V Max систем |
| Должина на удар | 20 мм |
| Брзина на удар (без оптоварување) | 0-2,500 уд/мин |
| Капацитет на сечење во дрво | 65 мм |
| Капацитет на сечење во челик | 5 мм |
| Косо сечење | 0-45° со прилагодлива подножна плоча |
| Тип на сечило | Bosch T-shank сечила за сложувалка |
| Промена на сечило | Без алат, SDS систем |
| Тежина (со батерија) | 1,5 кг |
| Димензии (Д x Ш x В) | 240 x 75 x 200 мм |
| Извлекување на прашина | Компатибилно со надворешна правосмукалка |
| Безбедносни карактеристики | Копче за заклучување, штитник за сечило, рачка против лизгање |
| Одржување | Чистете со сува крпа; периодично подмачкувајте ги челичните делови |
| Достапност на резервни делови | Сечила, подножна плоча, јаглеродни четки преку Bosch сервис |
| Гаранција | 2 години (стандардна) |
| Вклучени додатоци | Сечило за сложувалка (1x), влошка против расцепување (1x), кутија за складирање |
Често поставувани прашања - EasyCut 12 06033C9001 BOSCH
Прашања на корисниците за EasyCut 12 06033C9001 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EasyCut 12 06033C9001 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EasyCut 12 06033C9001 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EasyCut 12 06033C9001 BOSCH
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за електричните апарати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено. ▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. ▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.









Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр. маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се дека електричниот апарат е исклучен пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. ▶ Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе можете подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации. Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. ▶ Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. ▶ Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. ▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. ▶ Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар. Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар. Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. ▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за сенаменски пили
Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува може да наиде на скриени електрични кабли. Контактот со струјниот кабел може да ги стави под напон металните делови на уредот и да доведе до електричен удар.









Дланките држете ги подалеку од полето на работа со убодна пила. Не посегајте под делот што се обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите за пила, постои опасност од повреда. Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат директно кон делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува. ▶ Внимавајте на тоа, основната плоча 2 да лежи стабилно на делот што се обработува. Листот за пила може да се блокира и да доведе до губење контрола над електричниот апарат. По завршување на работниот процес, исклучете го електричниот апарат и извлечете го листот за пила дури откако ќе биде во состојба на мирување. На тој начин ќе избегнете повратен удар и ќе можете безбедно да го оставите електричниот апарат. ▶ Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неострите листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар. Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. ▶ При работа на електричниот алат, постојано внимавајте на стабилно стоење, особено при користење на скали. Лизгава подлога или нестабилни површини може да доведат до загуба на балансот и контролата над електричниот уред. ▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Ланецот на пилата при преголемо оптоварување може да се скине. Во овој случај, заменете го уредот/листот за пила. ▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. ▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени, однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. ▶ Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Батеријата може да се оштети од остри предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат на непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Овој електричен алат е наменет само за домашна употреба. Тој е наменет за сечење на гранки, летви, тврдо и меко дрво. Тој е погоден за прави резови.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Лист за пилата 2 Основна плоча 3 Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување 4 Прекинувач за вклучување/исклучување 5 Батерија 6 Копче за отклучување на батеријата 7 Јамка за закачување 8 Приказ за наполнетоста на батеријата 9 Капак за прифатот на листот за пила
10 Рачка за блокирање на капакот
11 Рачка (изолирана површина на дршката)
12 SDS-прифат за листот за пилата
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.










Технички податоци
| Сенаменска пила EasyCut 12 | ||
| Број на дел/артикл | 3 603 CC9 0.. | |
| Номинален напон | V= 12 | |
| макс. длабочина на резот | мм 65 | |
| Тежина согласно | ||
| EPTA-Procedure 01:2014 | кг 0,90 | |
| Дозволена температура наоколината | ||
| – при полнење | °C | 0...+45 |
| – при работа 1) и при складирање | °C | -20...+50 |
| Препорачани батерии | PBA 10,8V...PBA 12V... | |
| Препорачани полначи | AL 11.. | |
| 1) ограничена јачина при температури <0 °C | ||
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-11.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со А, типично изнесува 75 dB(A). Несигурност K=3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да пречекори и 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на трите насоки) и несигурноста К се дадени во согласност со EN 60745-2-11:
Сечење на иверка: ah=2.5m/s2,K=1,5m/s2 .
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во Технички податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Вметнување/вадење на батеријата (види слика А)
Вметнете ја батеријата во уредот како што е прикажано. Мора да се слушне кога батеријата ќе се вклопи.
За да ја извадите батеријата 5 притиснете на копчињата за отворање 6 и извлечете ја батеријата наназад од електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Поставување/замена на сечилото (види слика В)
▶ При замена на сечилото внимавајте да не го држите уредот за или блиску до прекинувачот. При случајно притискање на прекинувачот може да дојде до повреда. ▶ При ставање или замена на листот на пилата носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба. ▶ Не влечете за ланецот и не го извлекувајте ланецот од водечката единица! Секогаш заменувајте цепосен лист за пила со друг целосен лист за пила! Не може да се замени само ланецот.
▶ Вметнувајте само чисти листови за пила. Внимавајте исто така на SDS-прифатот за лист за пила да нема струготини.
Користете само листови за пила што се соодветни за материјалот што се обработува.
Листот за пилата не треба да биде подолг отколку што е потребно за предвидениот рез.
Избегнувајте контакт со кожата, доколку сакате да замените лист од пилата, и користете неоштетени заштитни ракавици. Листот за пилата при подолго работење може да се вжешти.








| Лист за пила Длабочина на | Број за нарачка Материјали |
| резот | |
| Nanoblade Wood Basic | 50 мм 2 609 256 D83 Дрво, Пластика (PVC, PC, PMMA) |
| Nanoblade Wood Speed | 50 мм 2 609 256 D84 Дрво, Пластика (PVC, PC, PMMA) |
| Nanoblade Hardwood Basic | 50 мм 2 609 256 D85 Цврсто дрво, Пластика (PVC, PC, PMMA) |
| Nanoblade Wood Speed | 65 мм 2 609 256 D86 Дрво, Пластика (PVC, PC, PMMA) |
Вметнување на листот за пилата (види слика В)
Со рачката 10 отворете го капакот 9 на SDS-прифатот за лист за пила. Вметнете го листот за пила како што е прикажано на сликата. Внимавајте на тоа, погонското вратило и крајот на листот за пила да одговараат на жлебовите на SDS-прифатот за лист за пила 12. Затворете го капакот на SDS-прифатот за лист за пила 9 и заклучете го со рачката за заклучување на SDS-прифатот за лист за пила 10, додека не слушнете да се вклопи.
Ланецот на листот за пила автоматски се затегнува.
Ако ланецот почне да се лизга или да се олабавува од водечката единица, отворете го и затворете го капакот на прифатот за лист за пила.
Вадење на листот за пилата
Отворете го лостот за заклучување 10 и целосно отворете го нагоре капакот на SDS-прифатот за лист за пила 9. Извадете го листот за пила.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или метаболни нарушувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
▶ Никогаш не го виткајте листот за пила!
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на електричниот апарат.
Наполнетата батерија 5 вметнете ја во дршката, додека не се вклопи и не легне рамно во дршката.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот апарат, притиснете ја најпрво блокадата при вклучување 3 надесно или налево.
На крај притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 4 и држете го притиснат.
Кога уредот е вклучен, може да се отпушти блокадата при вклучување 3.
За исклучување на електричниот апарат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 4.
За да заштедите енергија, вклучувајте го електричниот алат само кога го користите.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Electronic Cell Protection (ECP)“ од длабинско празнење. Доколку батеријата се испразни, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: електричниот апарат повеќе не се движи.
По автоматското исклучување на електричниот апарат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Контролирање на брзината на пилата
Брзината на пилата на вклучениот електричен алат може непрекинато да ја регулирате, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување 4.
Потребната брзина на пилата зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Се препорачува намалување на брзината на пилата при поставување на листот за пила на алатот.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Приказот за наполнетост на батеријата 8 при делумно или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување 4 неколку секунди ја прикажува состојбата на наполнетост на батеријата, а се состои од двобојна LED-светилка.
ЛЕД светло Капацитет
| Трајно зелено светло ≥30 % |
| Трајно црвено светло <30 % |
| Трепкаво црвено светло* 0 % |
| *Приказот за наполнетост на батеријата исто така свети црвено, ако батеријата е прегреана или преоптоварена. |









Македонски | 63
Совети за работа (види слики C - F)
▶ При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш користете стабилна подлога. ▶ При пилење внимавајте на правецот на сечење од напред наназад (види слика E) или од горе надолу (види слика C)! ▶ Не носете го електричниот алат на рачниот зглоб! Јамката за закачување е наменета само за складирање.
Сечете со масивен притисок за да добиете оптимален и прецизен резултат од сечењето. Дополнителниот притисок ја зголемува јачината.
Доколку се заглави листот за пилата, веднаш исклучете го електричниот апарат. Раширете го процепот што сте го направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете го електричниот апарат.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот апарат. При преголемо оптоварување или надминување на границите на дозволена температура на батеријата, електричниот апарат се исклучува. При автоматско исклучување, исклучете го електричниот апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно вклучете го електричниот апарат.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење (види слика G)
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. ▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. ▶ Чистете го листот за пила и уредот за лист за пила само кога е сув. За да отстраните длабоко навлезена нечистотија, употребете прецизна четка.
Листот за пила не мора да се одржува. Ланецот на листот за пила не мора да се подмачкува.
Редовно чистете го SDS-прифатот за лист за пила. За тоа, извадете го листот за пила од електричниот алат и тропнете лесно со алатот на рамна површина.
Јаката нечистотија на електричниот апарат може да доведе до пречки во функцијата. Поради тоа, материјалите од кои се создава многу прав при сечењето, не ги сечете од долу или над главата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на вашиот производ, како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре!










Само за земји во рамки на ЕУ

Според европската регулатива 2012/19/EU, електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:

Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт“, страна 63.
Се задржува правото на промена.
