GBH 2-24 DF Professional - бура BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBH 2-24 DF Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на продукт | Перфоратор |
| Модел | GBH 2-24 DF Professional |
| Марка | Bosch |
| Номинална потрошувачка на енергија | 800 W |
| Брзина на празен од | 0 – 1200 мин⁻¹ |
| Број на удари | 0 – 4600 удари/мин |
| Јачина на единечен удар (EPTA) | 2,7 J |
| Макс. дијаметар на дупчење (бетон) | 24 mm |
| Макс. дијаметар на дупчење (челик) | 13 mm |
| Макс. дијаметар на дупчење (дрво) | 30 mm |
| Макс. дијаметар на дупчење (ѕидарија со шуплива круна) | 50 mm |
| Прифат за алат | SDS-plus |
| Тежина (EPTA) | 2,8 kg |
| Класа на заштита | II (двојно изолиран) |
| Напон на мрежа | 230 V (~) |
| Фреквенција | 50/60 Hz |
| Функции | Чеканско дупчење, дупчење без удар, длетување, Vario-Lock, десно-лево вртење |
| Дополнителна рачка | Да, завртлива |
| Ограничувач за длабочина | Да |
| Вшмукување на прашина (Saugfix) | Опционално се монтира |
| Содржина на пакетот | Перфоратор, дополнителна рачка, ограничувач за длабочина |
| Напомена за одржување | Одржувајте ги вентилационите отвори чисти; редовно проверувајте го капачето за заштита од прашина |
Frequently Asked Questions - GBH 2-24 DF Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GBH 2-24 DF Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот бура во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBH 2-24 DF Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBH 2-24 DF Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBH 2-24 DF Professional BOSCH
Македонски ...... Страна 130
Srpski. Strana 136
Slovensko .... Stran 141
Hrvatski.... Stranica 146
Eesti Lehekülg 152
Општи напомени за безбедност за електричните апарати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и
фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр. маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исключен електричниот апарат, пред да го приключите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го прилучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
▶ Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го включите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
▶ Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ће може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
▶ Носете соодветна облека. Не носете широко облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
Македонски|131
накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
He користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
▶ Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
▶ Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за чекани
▶ Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.
▶ Користете ги дополнителни дршки, доколку се испорачани заедно со електричниот алат. Губењето на контролата може да доведе до повреди.
Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува или шрафот може да наиде на скриени електрични кабли или сопствениот струен кабел.
Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар.
Останати напомени за безбедност и работење
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување.
▶ Зацврстете ја дополнителната дршка, при работата цврсто држете го електричниот апарат со двете дланки и погрижете се за стабилно држење на телото. Со електричниот апарат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Зада се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
▶ За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за заштафување/одвртување се користат алати без SDS-plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие алати потребна ви е брзозатегачка глава за дупчење одн. запчеста глава за дупчење.
▶ Резервната глава за дупчење сама се заклучува.
Проверете дали е заклучена со влечење на резервната
глава за дупчење.
▶ Ставете SDS-max алат за вметнување: Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш заменете го. Капакот за заштита од прав го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата
132 | Македонски
на апаратот проверете дали капакот за заштита од прав не е оштетен.
▶ Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето и да доведе до алергиски реакции, заболувања на дишните патишта и/или рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Доколку се блокира алатот што се вметнува, исключете го електричниот апарат. Одблокирајте го алатот што се вметнува.
▶ Пред вклучувањето на електричниот апарат проверете ја функционалноста на алатот што се вметнува. Доколку включите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.
▶ Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.
Ознака Значење

GBH 2-24 D GBH 2-24 DF: Чекани за дупчење Сиво означено поле: рачка (изолирана дршка)

Број на дел/артикл

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност

Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна
Ознака Значење
![]() | Носете заштитни ракавици |
![]() | Носете заштита за слухот. |
![]() | Носете заштитни очила |
![]() | Запчеста глава за дупчење |
![]() | Брзозатегачка глава |
| [4A0W] | Правец на движење |
![]() | Правец на реакција |
![]() | Следен чекор на акција |
![]() | Тек десно/лево |
| [1990] | Дупчење без удари |
| [2000] | Дупчење со чекан |
| [TO30] | Длетување |
| [2000] | Зашрафување/одвртување |
| [2000] | Vario-Lock систем |
| [2000] | Вклучување |
| [2000] | Исклучување |
| [2000] | Проверка на прекинувачот за вклучување/исклучување |
| [2000] | Отклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување |
| [X5BY] | Мал број на вртежи/удари |
![]() | Голем број на вртежи/удари |
Македонски | 133
Ознака Значење
![]() | Вшмукување |
![]() | Прифат на алатот |
![]() | Намачкајте го со масло крајот на делот каде се вметнува алатот |
| P_1 | Номинална јачина |
| E | Јачина на поединечен удар согласно EPTA-Procedure 05/2009 |
| n_0 | Број на празни вртежи |
| ∅ | Дијаметар на дупката макс. |
| Бетон | |
| Челик | |
| Дрво | |
| Sид | |
| Шуплива круна за дупчење | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | |
| Класа на заштита | |
| L_wA | Звучна јачина |
| L_pA | Звучен притисок |
| a_h | Вкупна вредност на осцилации |
| K Несигурност | |
| P1 | Номинална јачина |
| E | Јачина на поединечен удар согласно EPTA-Procedure 05/2009 |
| n0 | Број на празни вртежи |
| ∅ | Дијаметар на дупката макс. |
| Бетон | |
| Челик | |
| Дрво | |
| Сид | |
| Шуплива круна за дупчење | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | |
| Класа на заштита | |
| LwA | Звучна јачина |
| LpA | Звучен притисок |
| ah | Вкупна вредност на осцилации |
| K Несигурност | |
Обем на испорака
Чекан за дупчење, дополнителна дршка и граничник за длабочина.
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака на алатот за вметнување.
Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за дупчење во бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за зашрафување/одвртување.
Технички податоци
Техничките податоци за производот се дадени во табелата на страна 181.
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Мерните вредности на производот се дадени во табелата на страна 181.
Вредностите на емисија набучава одредени во согласност со EN 60745-2-6.
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збор на трите насоки) несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-6.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
134 | Македонски
Монтажа и користење
Следната табела ја прикажува постапката при монтажа и работа со електричниот апарат. Упатствата за користењето се прикажани на дадената слика. Во зависност од видот на примената, потребни се различни комбинации на упатства. Внимавајте на безбедносните напомени.
| Цел на користењето | Слика | Внимавајте | Страна | ||
| Изберете глава за дупчење (GBH 2-24 DF) | ![]() | 1 182 | |||
| Извадете ја резервната глава за дупчење (GBH 2-24 DF) | ![]() | 2 183 | ![]() | ||
| Вметнете ја резервната глава за дупчење (GBH 2-24 DF) | ![]() | 3 183 | ![]() | ||
| Ставете SDS-max алат за вметнување | ![]() | 4 183 | ![]() | ||
| Извадете го SDS-max алатот за вметнување | ![]() | 5 184 | ![]() | ||
| Вметнување на запчестата глава за дупчење (GBH 2-24 DF) | ![]() | 6 184 | ![]() | ||
| Вметнете ја брзозатегачката глава за дупчење (GBH 2-24 DF) | ![]() | 7 184 | ![]() | ||
| Вметнете алат со заоблено сврдло (GBH 2-24 DF) | ![]() | 8 185 | ![]() | ||
| Изберете начин на работа и правец на вртење | ![]() | 9 185 | |||
1 609 92A 2P8 | (13.7.16) Bosch Power Tools
Македонски|135
| Цел на користењето | Слика | Внимавајте | Страна | |||
| Променете ја позицијата за длетување (Vario-Lock) | ![]() | 10 186 | ![]() | ![]() | ||
| Свртете ја дополнителната дршка | ![]() | 11 187 | ||||
| Подесете ја длабочината на дупчење X | ![]() | 12 187 | ||||
| Монтирајте вшмукувач (Saugfix) | ![]() | 13 188 | ||||
| Вклучете/исклучете и поставете го бројот на вртежи | ![]() | [IMAGE] | 14 188 | ![]() | ![]() | |
| Блокирање на прекинувачот за вклучување/исклучување | ![]() | 15 189 | ![]() | ![]() | ||
| Отклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување | ![]() | 16 189 | ||||
| Бирање на опрема | - 190 | |||||
Одржување и чистење
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови їе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската регулатива
електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
136 | Srpski
Srpski
Opšta upozorenja za električne alate
UPOZORENJE Čitajte sva upozorenja i uputstva. Propusti kod pridržavanja upozo-








































