EFA50700X - Кујнска аспиратор AEG-ELECTROLUX - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EFA50700X AEG-ELECTROLUX во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EFA50700X - AEG-ELECTROLUX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EFA50700X на марката AEG-ELECTROLUX.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EFA50700X AEG-ELECTROLUX
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС Ви благодариме што сте купиле Electrolux апарат. Одбравте производ којшто носи со себе децении на професионално искуство и иновации. Уникатен и стилски, беше дизајниран специјално за Вас. Секогаш кога ќе го користите, можете да бидете сигурни дека ќе имате добри резултати во секое време. Добродојдовте во Electrolux. Посетете ја нашата веб страница за да: Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за сервисирање: www.electrolux.com Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги: www.electrolux.com/productregistration Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат: www.electrolux.com/shop ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА Рециклирајте ги материјалите со симболот . Ставете ја амбалажата во соодветни контејнери за да ја рециклирате. Помогнете во заштитата на живтната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од електрични и електронски апарати. Не фрлајте ги апаратите озанчени со во отпадот од домаќинството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет за рециклирање или контактирајте ја вашата општинска канцеларија. ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ Ви препорачуваме да користите оригинални делови. Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци. Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број. Предупредување / Внимание - Сигурносни информации. Општи информации и совети Информации за околината. Можноста за промени е задржана.
ВАЖНИ СОВЕТИ Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник.. Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата вклучени во овој прирачник. Аспираторот е наменет исклучиво за домашна употреба. Предупредување! Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување се додека монтажата не биде целосно комплетна. Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици Овој апарат не е наменет за користење од страна на деца или лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искуство или знаење, доколку не се под надзор или се имаат обучувано за употреба на апаратот од лице одговорно за нивната безбедност. Треба да се внимава, децата да не си играат со уредот. Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката! Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено. Просторијата мора да биде доволно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива. Издувниот воздух не смее да се предава во активен оџак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива. Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор. Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности. Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување. Пристапните делови од аспираторот можат значително да се загреат кога се користи заедно уред за готвење. Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат
правилата дадени од компетентните власти. Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО, во секој случај потребно е да се постапува во согласност со упатствата за одржување дадени во овој прирачник). Ако не се следат упатствата во однос на аспираторот и чистењето на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар. Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата вклучени во овој
Аспираторот е наменет да се користи во филтрирачка верзија со внатрешна рециркулација. Испарувањата и пареите од готвењето се апсорбираат во внатрешноста на аспираторот, се филтрираат и прочистуваат поминувајќи низ филтерот/филтрите за масти и филтерот/филтрите на активен јаглен со кои ТРЕБА да биде снабден аспираторот.
Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за Предупредување! Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.
Предупредување! Замената на струјниот кабел мора да ја изврши овластен сервис помошен центар или слично квалификувано лице. Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50cm за електричните апарати за готвење и 65cm за гасните или комбинираните апарати за готвење. Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.
Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата фреквенција со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од внатрешноста така и од надворешноста. За чистењето користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти. Да не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ! Предупредување! Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на аспираторот и замената на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Се препорачува до придржување на предложените упатства. Ние одбиваме билокаква одговорност за евентуални оштетувања на моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно одржување или неследење на наведените упатствата. Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал. Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите карактеристики за филтрирање воопшто не се менуваат. Филтерот со активен јаглен може да се пере секои два месеци (или кога системот за покажување на заситеноста на филтрите - ако е предвидено со моделот што го имате- ја покажува оваа потреба) во топла вода и соодветни детергенти или во машина за миење на садови на 65°C (во случај на перење во машина за миење на садови извршете комплетен циклус на перење без садови во внатрешноста). Истискајте го вишокот вода без да го уништите филтерот а потоа ставете го во рерната 10 минути на 100°C за целосно да го исушите. Заменете го перничето на секои 3 години и секогаш кога платното е оштетено.
Аспираторот се испорачува со командна табла со регулатор на брзините на издувување и регулатор за осветлението над плочата од шпоретот.
3. - 4. - 5. Моќ на всмукување минимална
(3.), средна (4.), максимална (5.). Користете ја најголемата брзина во случај на невообичаена концентрација на пареи во кујната. Ви препорачуваме да го вклучите издувувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го оставите да работи околу 15 минути по завршување на готвењето.
ОСВЕТЛУВАЊЕ Исклучете го уредот од струјното напојување. Предупредување! Пред да ги допрете сијаличките проверете дали се изладени. Замена на централните сијалици Користете само халогенски сијалици од 12V -20W max - G4, имајќи во предвид да не ги допирате со рацете.
Замена на страничните сијалици Користете само халогенски сијалици во форма на свеќа Ø35mm E14 28W. SQ UDHËZUES PËR PËRDORIMIN
Notice-Facile