DBL5030 - пегла VOX - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DBL5030 VOX во PDF формат.
| Тип на производ | Парно железо |
| Бренд | VOX |
| Модел | DBL5030 |
| Потрошувачка на енергија | Прибл. 2000 W |
| Напон | 220-240 V ~ 50/60 Hz |
| Капацитет на резервоар за вода | 250 ml (прибл.) |
| Материјал на ѓон | Нерѓосувачки челик |
| Контрола на температура | Прилагодлив копче со водич за ткаенина (Синтетика, Свила/Волна, Памук/Лен) |
| Контрола на пареа | Променлив копче за контрола на пареа |
| Функција прскање | Да, копче за прскање |
| Излив на пареа | Да, копче за излив |
| Вертикална пареа | Да |
| Суво пеглање | Да |
| Самочистење | Да, копче за самочистење |
| Индикаторска светлина | Индикатор за греење |
| Полнење вода | Преку отворот за полнење вода, означено максимално ниво |
| Препорачан тип на вода | Дестилирана вода |
| Должина на кабел | 2 m (прибл.) |
| Димензии (прибл.) | 28 x 12 x 15 cm |
| Тежина (прибл.) | 1.2 kg |
| Безбедносни карактеристики | Термостат, автоматско исклучување (не е специфицирано), заштита од прегревање |
Frequently Asked Questions - DBL5030 VOX
Прашања на корисниците за DBL5030 VOX
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот пегла во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DBL5030 - VOX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DBL5030 на марката VOX.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DBL5030 VOX
Упатство за употреба
Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство и запознајте се со вашата нова пегла пред првата употреба. Чувајте го упатството за понатамошна употреба.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ПЕГЛАТА

При употреба на пеглата, важно е да се придржувате кон следниве основни правила за безбедност:
- Проверете дали напонот во вашиот штекер одговара на напонот на уредот, кој е назначен на натписната табла на самиот уред.
- Користете ја пеглата само за предвидената намена која е опишана во ова упатство за употреба.
- Неопходен е надзор кога и да се користи било кој уред во близина на деца. Не ја оставајте пеглата без надзор кога е приключена во струја или оставена на даската за пеглање. Може да дојде до изгореници предизвикани од допир со жешките метални делови, жешката вода или пареата.
- Дежете ја пеглата вон дофат на деца.
- Пеглата никогаш не треба да се остава включена и без надзор.
- Кабелот за напојување мора да биде изваден од штекерот пред:
■ Чистење
■ Дотурање на вода или празнење на резерварот од останатата вода
■ Веднаш после употреба
- Никогаш не ја вклучувајте пеглата со оштетен кабел за напојување, после пад или било какво друго оштетување. За да избегнете ризик од удар од струја, не се обидувајте сами да ја поправите оштетената пегла, туку однесете ја на поправка во овластен сервис.
- После работа со пегла, извадете го кабелот од штекерот и оставите ја пеглата да сосема излади пред чистење или одлагање.
- Не дозволувајте кабелот за напојување да допира жешки површини
- Ако сакате да избегнете ризик од електрично оштетување на уредот, не ја потопувајте пеглата во вода ниту во било која друга течност.
ПРЕД ПРВА УПОТРЕБА
- Кога пеглата се вклучува првиот пат, нормално е да се појави помала количина на чад што їе исчезне многу брзо.
- Кога прв пат ја користите фукнијата пеглање со пареа, не ја насочувајте пареата дирекно на алиштата за пеглање, бидејки пеглата може да испушти помала количина на талог кој се насобрал во каналите за пареа.
ПОЛНЕЊЕ СО ВОДА
- Препорачуваме користење на дестилирана вода.
- Проверите дали регулаторот за јачина на пареа и регулаторот за температура се на OFF позиција.
- Држете ја пеглата нагоре така да отворот за налевање на вода биде во хоризонтална положба.
- Наполнете го резерварот за вода низ отворот за налевање на вода додека водата не дојде до интикаторот за максимально ниво на вода и никогаш не го полнете резерварот за вода повеće од оваа граница.
ПОДЕСУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА
Следете ги упатствата за пеглање кои се наогаат на декларацијата на вашите алишта. Доколку нема декларација, а знате за која ткаенина се работи, ве молиме да се придржата кон следнава табела.
Напомена: Доколку одреден материјал е од мешовит суровински состав, температурата за пеглање секогаш избирајте ја согласно најнежниот материјал.
| ткаенина | Контрола на температура | Неопходна температура |
| Синтетика | ● | Ниска температура |
| Свила,волна | ●● | Средна температура |
| Памук,лен | ●●● | Висока температура |
ПЕГЛАЊЕ СО ПАРЕА
- Ставете ја пеглата во вертикална положба, а потоа подесете го регулаторот за температура на минимална вредност/ слабо загревање
- Включете го кабелот за напојување во штекерот, а потоа подесете го регулаторот за температура на највисока температура. Сигналната ламба за температура ње се запали, како знак дека пеглата започнала со греење.
- Кога ламбата за температура ће се исклучи, то е знак дека пеглата ја постигнала зададената температура и дека е спремна за користење.
- Додека трае пеглањето,ламбата - индикатор за температура на пеглата ке продолжи самата да се вклучува и исклучува додека термостатскиот прекинувач ја одржува зададената температура (додека трае овој процес, можете непречено да продолжите со пеглањето)
- Поставете го регулаторот за јачина на пареа на посакуваната положба
- Пеглата ке почне да испушта пареа штом се постави и хоризонтална положба.
ПРСКАЊЕ
- Притиснете го копчето што го активира испуштањето на ситни капки вода. Користете го овој спреј за влажнење на облеката која се пегла, ако е потребно.
Напомена: Кога се користи функцијата прскање вода, проверете дали во резервоарот има довольно вода. При првото користење на водниот млаз, можеби ће биде потребно неколку пати едно по друго да го притиснете копчето за прскање, додека не ја стартувате функцијата прскање.
ПЕГЛАЊЕ СО МЛАЗ ПАРЕА ИЛИ ВЕРТИКАЛНО ПЕГЛАЊЕ СО ПАРЕА
- Притиснете го копчето за исфрлање млаз пареа и пеглата їе исфрли силен млаз водена пареа, која продира длабоко во ткаенината и помага да ги испегла најсложените превои и изгужвани делови од ткаенината. Почекајте неколку секунди пред повторно да го притиснете копчето за млаз пареа.
- Со повремено притискање на копчето за млазот пареа можете исто така да пеглате држејки ја пеглата во исправена положба (завеси, гардероба која претходно сте ја закачиле да виси итн.)
Напомена: Функцијата на млазот пареа исклучиво може да се користи на висока температура. Кога индикаторот за температура ће се исклучи, престанете со испуштање на млазот пареа- продолжете со притискање на копчето и со пеглање кога ламбата повторно ће се вклучи.
ПЕГЛАЊЕ "НА СУВО"
За пеглање без користење на водена пареа, постапите спрема упатствата во делот ПЕГЛАЊЕ НА ПАРЕА, со тој исклучок што регулаторот за јачина на пареата мора да остане во позиција OFF( кој означува дека пареата не се користи).
ФУНКЦИЈА "САМОСТОЈНО ЧИСТЕЊЕ"
Оваа функција ја чисти внатрешната плоча за пеглање и ги отстранува нечистотиите.
Ja препорачуваме нејзината употреба на секои 12-15 дена.
— Подесите го регулаторот за јачина на пареата на положба "0"(без пареа)
— Наполнете го резервоарот до индикаторот за максимально ниво вода.
— Подесете го регулаторот за температура на MAX и почекајте да се вклучи сигналната ламба.
— Извлечете го кабелот за напојување од штекерот и притиснете го копчето за самостоятельно чистење се додека не почне да излегува вода, пареа и нечистотии.
— Кога ње се олади плочата, можете да ја пребришете со мокра крпа.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ПЕГЛАТА
-По завршување со употреба, подигнете ја пеглата и свртете го отворот за полнење на резервоарот за вода надолу, за да ја испразните преостаната вода од резервоарот.
-Приключете го кабелот во штекер, а потоа поставете го регулаторот за температурата во максималната позиција ("MAX") и оставете го включен 1-2 минути да испари целата останата вода. После тоа исключете ја пеглата и и извлечете го кабелот од штекерот и оставете пеглата да се олади, пред да ја складирате на место предвидено за чување.
ВНИМАНИЕ:
Кога пеглата е включена во напојување, корисникот не смее да ја остави без надзор.
Доколку кабелот за напојување е оштетен, обратете се во продавница или овластен сервис за поправка.
За било какви поправки, замена на делови, вклучувајки и замена на кабелот за напојување или приклучокот, како и за било какви подесувања, задолжително да се обратите на овластено стручно лице, или однесете го уредот во овластен сервис.
Уредот не содржи заменливи делови.
Не се обидувајте сами да го отворите уредот.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
-
Овој уред не е наменет за користење од страна на лица(вклучувајки и деца) со намалени физички, сензорни и ментални способности, како ни од страна на лица со недоволно искусство и знаење, посебно ако овие лица не се довольно обучени освен ако се под надзор на лица кои се одговорни за нивна безбедност.
-
Децата мора секогаш да се држат под буден надзор кога се во близина на електричен уред, како и да не си играат со него.
-
.Пеглата не смее да се остави без надзор, цело време додека е приключена на напојување.
-
Задолжително исключете го кабелот за напојување пред ставање на вода во резервоарот за вода на пеглата( ова се однесува на пеглите на пареа опремени со функција за прскање на вода).
-
За време на користењето на пеглата, отворот за полнење на резероарот со вода не смее да биде отворен. Консултирајте го упатството за безбедно полнење на резервоарот со вода( оа важи за пегли на пареа под притисок).
-
Пеглата смее да се користи ислучиво на сталак која со неа се испорачува на купувачот(ова важи за бежични пегли).
-
Пеглата не е наменета за секојдневна употреба во дома Kinство(ова важи за пегли за патување).
- Пеглата смее ислучиво да се користи и поставува на стабилна површина.
- Кај пеглите со сталак, проверете дали површината на која се постаува е стабилна
- Пеглата не смее да се користи доколку е оштетена и доколку на неа има видливи знаци на оштетување или протекување.

ЗНАЧЕЊЕ НА ПРЕШКРТАНАТА КАНТА ЗА ГУБРЕ:
Не го фрлајте електричниот отпад заедно со несортираното комунално губре, туку однесете го во посебни собирни центри за отстранување на електронскиот отпад.
Контактирајте ја локалната општина, ако ви се потребни информации во врска со постоечкиот систем за собирање на електричен отпад.
Ако електронскиот отпад се отстранува на депонии, опасни супстанции може да навлезат во земјата и преку водата во земјата да стигнат до синцирот на исхрана, и на тој начин да предизвикуваат штета за вашето здравје и благосостојба.
При замена на старите апарати за нови, продавачот е законски обврзан да го преземе вашиот стар уред на располагање бесплатно.