GORENJE JMG20W - јогурт машина

JMG20W - јогурт машина GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот JMG20W GORENJE во PDF формат.

📄 44 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE JMG20W - page 36
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Јогурт машина
Бренд Gorenje
Модел JMG20W
Димензии (Ш x Д x В) 20 x 20 x 15 cm
Тежина 1.5 kg
Напојување 220-240 V, 50/60 Hz
Потрошувачка на енергија 15 W
Капацитет 7 тегли од по 150 мл
Материјал Пластично куќиште, стаклени тегли
Тајмер Да, до 12 часа
Автоматско исклучување Да
Контрола на температура Фиксна температура на ферментација (прибл. 42°C)
Светлосен индикатор Да, вклучено и активна ферментација
Чистење Стаклените тегли и капаците се погодни за машина за садови; избришете ја основата со влажна крпа
Безбедносни карактеристики Автоматско исклучување, заштита од прегревање
Достапни резервни делови Заменски тегли, капаци
Поправливост Овластени сервисни центри за поправки
Вклучени додатоци 7 стаклени тегли, 7 капаци, мерна лажица, упатство за употреба
Гаранција 2 години

Frequently Asked Questions - JMG20W GORENJE

Колку време е потребно да се направи јогурт во Gorenje JMG20W?
Типично, јогуртот ферментира во 6-12 часа во зависност од посакуваната киселост. Тајмерот овозможува поставување од 1 до 12 часа.
Може ли да користам млеко различно од кравјо?
Да, можете да користите соино, бадемово или овесно млеко. Сепак, резултатите може да варираат. Додадете стартер култура ако користите немлечно млеко.
Како да го исчистам апаратот за јогурт?
Секогаш прво исклучете од струја. Стаклените тегли и капаците се погодни за машина за садови. Избришете ја основата со влажна крпа; не потопувајте во вода.
Зошто мојот јогурт не се згуснува?
Можни причини: премногу ниска температура на млекото, недоволно време за ферментација или истечен стартер. Осигурете се дека млекото е загреано до 85°C пред ладење до 43°C.
Може ли да направам грчки јогурт?
Да, исцедете го готовиот јогурт преку газа или ситно сито 2-4 часа за да добиете погуста, грчка конзистентност.
Дали апаратот за јогурт има автоматско исклучување?
Да, автоматското исклучување се активира штом заврши тајмерот, обезбедувајќи безбедност и спречувајќи прекумерна ферментација.
Колкав е капацитетот на секоја тегла?
Секоја стаклена тегла содржи 150 ml (5 oz). Комплетот вклучува 7 тегли, вкупен капацитет 1.05 литри.
Може ли да ги користам теглите за складирање?
Да, теглите доаѓаат со капаци, па можете да го чувате јогуртот директно во нив во фрижидер до 7 дена.
Дали апаратот за јогурт е енергетски ефикасен?
Да, троши само 15 W за време на работа, што го прави многу енергетски ефикасен во споредба со рерни или методи на шпорет.
Каде можам да најдам резервни делови или упатство за употреба?
Заменски тегли и капаци се достапни од сервисните центри на Gorenje. Упатството за употреба може бесплатно да се преземе од веб-страницата на производителот.

Прашања на корисниците за JMG20W GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот јогурт машина во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник JMG20W - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. JMG20W на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК JMG20W GORENJE

Инструкции за употреба BG

Упатства за употреба МКД

Návod k obsluze CS

Подготовка на уреда за употреба:

Пред употреба на апаратот по првпат, внимателно прочитајте го ова упатство и сочувајте го за во иднина.

Опасност

Не потопувајте го апаратот во вода или во друга течност и не плакнете го под чешма.

Предупредување

Пред да го приключите апаратот на струја, проверете дали напонот наведен на апаратот е ист со напонот во вашиот дом. Не употребувајте го апаратот доколку делот за приклучување во струја, струјниот кабел или кој и да е друг дел е оштетен. Во случај да е оштетен струјниот кабел, истиот може да го замени единствено Горење, овластениот сервис и центар за поправки на Горење или соодветно обучен професионалец. Апаратот не треба да го користат деца или лица со намалени физички или психолошки способности, или, пак, лица кои немаат искусство или знаење, освен доколку таквите лица не се под надзор или не ги советува лице кое е одговорно за нивната безбедност. Не дозволувајте им на децата да си играат со апаратот. Не оставајте го апаратот да работи без надзор. Доколку забележите знаци на оштетување на кој и да е дел од апаратот, прекинете со користењето на истиот и контактирајте го најблискиот овластен сервис или центар за поправки на Горење. Не чистете го со вода потопла од 80 °C.

ВНИМАНИЕ: кога работи, апаратот се вжештува!

Не употребувајте додатоци или резервни делови од други производители, освен доколку не се изречно препорачани од Горење. Во случај на користење на такви додатоци или помошни делови, гаранцијата е неважечка. Пред да го включите апаратот, проверете дали сите компоненти се правилно инсталирани. Употребувајте го апаратот само доколку капакот е правилно ставен. Кога правите јогурт, не користете состојки чиј рок на траење е изминат или јогурт со додадени вкусови. Проверете дали апаратот е сув во текот на работењето. По употребата, во случај на некаков дефект и пред да го исчистите, секогаш исклучете го апаратот од струја. Апаратот е наменет единствено за лична употреба (во дома Kinството) и не треба да се користи за комерцијални цели. Не користете го апаратот на отворено.

Овој апарат е означена во согласност со Европската директива 2012/19/EC за отпад од електрична и електронска опрема - WEEE. Во Директивата се наведени обврските во поглед на собирањето и управувањето со отпад од електрична и електронска опрема, која е на сила во целата Европска Унија.

Подготовка на апаратот за употреба:

Отстранете ја амбалажата. Измијте ги сите делови на апаратот со млака вода и некој течен детергент. Потоа, целосно исушете ги (види поглавје „Чистење“).

Правење јогурт:

За да направите јогурт, потребни ви се само две состојки: млеко и природен јогурт (без додаден шекер или овошје).

Во големата тегла (5), подгответе смеса од млеко и 5 до 10 проценти обичен јогурт.

Пример: 1 литар млеко + 0,5 до 1 dl jogурт.

Убаво измешајте ги млекото и јогуртот додека не добиете течна смеса без грутки.

Затворете ја големата тегла со смесата со капакот на теглата (2), ставете го во апаратот и покријте го со капакот (1).

GORENJE JMG20W - Правење јогурт: - 1

За подобро пренесување на топлината, покусо време за подготвување јогурт и подобар квалитет, додајте малку вода во апаратот пред да ја ставите големата тегла со смесата од млеко и јогурт.

GORENJE JMG20W - Правење јогурт: - 2

Приключете го апаратот во струја и притиснете го копчето на контролниот панел (7).

GORENJE JMG20W - Правење јогурт: - 3

Оставете го апаратот да работи 5 до 10 часа. Не мрдајте го апаратот додека работи.

Собната температура може да влијае врз времето потребно за подготвување на јогуртот. Доколку температурата во просторијата е пониска, времето на подготвување може да се продолжи, но не може да биде подолго од 14 часа.

Кога јогуртот їе биде готов, исключете го апаратот и извлечете го струјниот кабел од штекерот.

Префрлете го јогуртот во затворен сад и ставете го во фрижидер. Оставете го да се олади.

За правење грчки јогурт, пресипете го јогуртот кога їе биде готов во малата тегла (4) преку цедалката (3).

GORENJE JMG20W - Правење јогурт: - 4

Затворете ја теглата со капакот и ставете го во фрижидер да се олади.

Колку што подолго остане јогуртот на цедалката, толку погуст ке биде.

Совети:

За најдобри резултати, најпрво затоплете го млекото до 85 °C, а потоа оставете го да се олади до 35 °C пред да го додадете јогуртот и да ја подготвите смесата.

Наместо јогурт, може да користите и суви култури. Во таков случај, следете ги упатствата на производителот на производот.

При правење нов јогурт, може да го искористите и јогуртот што веке го имате направено. Сепак, јогуртот може да се „рециклира“ на тој начин само три до четири пати. По тоа, јогуртот ке биде премногу водлест. Тогаш е време да се почне процесот со нов јогурт..

При правење грчки јогурт, не е потребно да се зема грчки јогурт како основа, но тоа єе доведе до подобри резултати.

Чистење:

Пред да го исчистите апаратот, проверете дали е ислучен од струја и дали е целосно оладен.

Не чистете го апаратот со абразивни сунгери, каустични или корозивни средства или агресивни течности како алкохол, бензин или ацетон.

Апаратот полесно се чисти доколку тоа го сторите веднаш по употребата.

Чистете го апаратот со млака вода и некој течен детергент.

Надворешноста на апаратот чистете ја со чиста, влажна крпа. Не чистете ја надворешноста на апаратот со вода и никогаш не потопувајте го апаратот во вода.

Не користете метални средства за чистење, зашто може да го оштетат апаратот.

Не мијте го апаратот или неговите делови во машина за садови.

Животна средина:

По истекот на корисниот век на апаратот, не фрлајте го заедно со обичниот отпад од дома Kinството. Однесете го во овластен центар за рециклирање. Тоа ќе помогне во зачувувањето на животната средина.

Гаранција и поправки:

За повеće информации или во случај на проблеми, ве молиме посетете ја веб страната на Горење на www.gorenje.com или контактирајте ја службата за работа со клиенти на Горење во вашата земја (телефонските броеви се наведени во Меѓунродната гаранција). Доколку нема таков центар во вашата земја, ве молиме контактирајте го локалниот дилер на Горење или одделот на Горење за мали апарати за домаќинството и апарати за лична нега.

Го задржуваме правото на промени!

Všeobecný popis:

Jogurtovač

GORENJE JMG20W - Všeobecný popis: - 1

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : JMG20W

Категорија : јогурт машина