GORENJE JM20W - јогурт машина

JM20W - јогурт машина GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот JM20W GORENJE во PDF формат.

📄 44 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE JM20W - page 36
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Машина за јогурт
Бренд Gorenje
Модел JM20W
Капацитет 7 тегли од 150 ml (вкупно 1.05 L)
Број на тегли 7
Материјал на тегли Стакло
Димензии (Ш x Д x В) 30 cm x 25 cm x 25 cm
Тежина 2.5 kg
Напојување 220-240 V, 50/60 Hz
Потрошувачка на енергија 15 W
Функција Ферментирање јогурт на контролирана температура
Време на работа Тајмер: до 15 часа
Приказ LED индикаторски светла
Чистење Рачно перете тегли и капаци; избришете ја основата со влажна крпа
Безбедност Заштита од прегревање, автоматско исклучување
Резервни делови Достапни тегли, капаци и заптивка за капак
Индекс на поправливост 7/10 (заменливи делови)
Вклучени додатоци 7 стаклени тегли со капаци, мерна лажица, брошура со рецепти
Боја Бела

Frequently Asked Questions - JM20W GORENJE

Колку време е потребно за да се направи јогурт во Gorenje JM20W?
Обично 8-12 часа, во зависност од посакуваната густина и амбиенталната температура. Вградениот тајмер може да се постави до 15 часа.
Може ли да користам алтернативи без млечни производи?
Да, можете да направите јогурт од соино, бадемово или кокосово млеко. За најдобри резултати, изберете незасладени сорти и размислете за додавање на згуснувач како агар-агар.
Како да ја исчистам машината за јогурт?
Секогаш исклучете ја и оставете да се олади. Измијте ги теглите и капаците во топла сапуница или машина за садови. Избришете ја основата со влажна крпа; никогаш не ја потопувајте во вода.
Зошто мојот јогурт не се стега?
Можни причини: истечен стартер, погрешна температура или недоволно време на инкубација. Осигурете се дека млекото е загреано на 43°C пред додавање на стартер и користете свеж јогурт или стартер култура.
Може ли да направам други ферментирани храни како кефир или сирење?
Оваа машина е дизајнирана за јогурт, но можете да ја користите за темперарње на култури. За сирење, се препорачува специјализирана опрема.
Колку тегли вклучува JM20W?
Доаѓа со 7 стаклени тегли, секоја со капацитет од 150 ml, за вкупен капацитет од 1.05 литри.
Дали има автоматско исклучување?
Да, уредот има заштита од прегревање и автоматски ќе се исклучи по завршувањето на тајмерот или ако температурата надмине безбедни граници.
Колкава е потрошувачката на енергија на JM20W?
Машината за јогурт троши само 15 вати, што ја прави енергетски ефикасна за продолжена употреба.
Може ли да ги користам стаклените тегли за печење или замрзнување?
Теглите се калено стакло и можат да издржат температури во фрижидер и замрзнувач, но не се безбедни за печка. Избегнувајте нагли промени на температурата.
Каде можам да најдам резервни тегли или капаци?
Резервните делови може да се нарачаат од официјалната веб-страница на Gorenje или овластени сервисни центри. Користете само оригинални додатоци за да обезбедите соодветност и безбедност.

Прашања на корисниците за JM20W GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот јогурт машина во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник JM20W - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. JM20W на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК JM20W GORENJE

Подготовка на уреда за употреба:

Пред употреба на апаратот по првпат, внимателно прочитајте го ова упатство и сочувајте го за во иднина.

Опасност

Не го ставајте моторот на апаратот во вода или друга течност и не го плакнете под чешма.

Предупредување

Пред да го приключите апаратот на струја, проверете дали напонот наведен на апаратот е ист со напонот во вашиот дом. Не употребувајте го апаратот доколку делот за приклучување во струја, струјниот кабел или кој и да е друг дел е оштетен. Во случај да е оштетен струјниот кабел, истиот може да го замени единствено Горење, овластениот сервис и

центар за поправки на Горење или соодветно обучен професионалец. Апаратот не треба да го користат деца или лица со намалени физички или психолошки способности, или, пак, лица кои немаат искусство или знаење, освен доколку таквите лица не се под надзор или не ги советува лице кое е одговорно за нивната безбедност. Не дозволувајте им на децата да си играат со апаратот. Не оставајте го апаратот да работи без надзор. Доколку забележите знаци на оштетување на кој и да е дел од апаратот, прекинете со користењето на истиот и контактирајте го најблискиот овластен сервис или центар за поправки на Горење. Не чистете го со вода потопла од 80 °C.

ВНИМАНИЕ: кога работи, апаратот се вжештува!

Не употребувајте додатоци или резервни делови од други производители, освен доколку не се изречно препорачани од Горење. Во случај на користење на такви додатоци или помошни делови, гаранцијата е неважечка. Пред да го включите апаратот, проверете дали сите компоненти се правилно инсталирани. Употребувајте го апаратот само доколку капакот е правилно ставен.

Кога правите јогурт, не користете состојки чиј рок на траење е изминат или јогурт со додадени вкусови. Проверете дали апаратот е сув во текот на работењето. По употребата, во случај на некаков дефект и пред да го исчистите, секогаш исключете го апаратот од струја. Апаратот е наменет единствено за лична употреба (во домакинството) и не треба да се користи за комерцијални цели. Не користете го апаратот на отворено.

Овој апарат е означен во согласност со Европската директива 2012/19/EC за отпад од електрична и електронска опрема - WEEE. Во Директивата се наведени обврските во поглед на собирањето и управувањето со отпад од електрична и електронска опрема, која е на сила во целата Европска Унија.

Подготовка на апаратот за употреба:

Отстранете ја амбалажата. Измијте ги сите делови на апаратот со млака вода и некој течен детергент. Потоа, целосно исушете ги (види поглавје „Чистење“).

Правење јогурт:

За да направите јогурт, потребни ви се само две состојки: млеко и природен јогурт (без додаден шекер или овошје). Во сад, подгответе смеса од млеко и 5 до 10 проценти обичен јогурт. Пример: 1 литар млеко + 0,5 до 1 dl јогурт. Убаво измешајте ги млекото и јогуртот додека не добиете течна смеса без грутки. Рамномерно распоредете ја смесата во стаклените тегли. Затворете ги тeglите со капаците и ставете ги во апаратот.

GORENJE JM20W - Правење јогурт: - 1

За подобро пренесување на топлината, покусо време за подготвување јогурт и подобар квалитет, додајте малку вода во апаратот пред да ги ставите тeglите со смесата од млеко и јогурт.

Приключете го апаратот во струја и притиснете го копчето на контролниот панел (5).

GORENJE JM20W - Правење јогурт: - 2

Оставете го апаратот да работи 5 до 10 часа. Не мрдајте го апаратот додека работи.

Собната температура може да влијае врз времето потребно за подготвување на јогуртот. Доколку температурата во просторијата е пониска, времето на подготвување може да се продолжи, но не може да биде подолго од 14 часа.

Кога јогуртот їе биде готов, исключете го апаратот и извлечете го струјниот кабел од штекерот.

Префрлете ги тeglите со јогурт во фрижидер и оставете ги да се оладат.

Совети:

За најдобри резултати, најпрво затоплете го млекото до 85 °C, а потоа оставете го да се олади до 35 °C пред да го додадете јогуртот и да ја подготвите смесата.

Наместо јогурт, може да користите и суви култури. Во таков случај, следете ги упатствата на производителот на производот.

При правење нов јогурт, може да го искористите и јогуртот што веке го имате направено. Сепак, јогуртот може да се „рециклира“ на тој начин само три до четири пати. По тоа, јогуртот ке биде премногу водлест. Тогаш е време да се почне процесот со нов јогурт.

Чистење:

Пред да го исчистите апаратот, проверете дали е ислучен од струја и дали е целосно оладен.

Не чистете го апаратот со абразивни сунгери, каустични или корозивни средства или агресивни течности како алкохол, бензин или ацетон.

Апаратот полесно се чисти доколку тоа го сторите веднаш по употребата.

Чистете го апаратот со млака вода и некој течен детергент.

Надворешноста на апаратот чистете ја со чиста, влажна крпа. Не чистете ја надворешноста на апаратот со вода и никогаш не потопувајте го апаратот во вода.

Не користете метални средства за чистење, зашто може да го оштетат апаратот.

Не мијте го апаратот или неговите делови во машина за садови.

Животна средина:

По истекот на корисниот век на апаратот, не фрлајте го заедно со обичниот отпад од дома Kinството. Однесете го во овластен центар за рециклирање. Тоа ќе помогне во зачувувањето на животната средина.

Гаранција и поправки:

За повеće информации или во случај на проблеми, ве молиме посетете ја веб страната на Горење на www.gorenje.com или контактирајте ја службата за работа со клиенти на Горење во вашата земја (телефонските броеви се наведени во Меѓународната гаранција). Доколку нема таков центар во вашата земја, ве молиме контактирајте го локалниот дилер на Горење или одделот на Горење за мали апарати за домаќинството и апарати за лична нега.

Го задржуваме правото на промени!

Všeobecný popis:
1 2 3 4 5

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : JM20W

Категорија : јогурт машина