TCM330B - кафемашина GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TCM330B GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Апарат за кафе |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | TCM330B |
| Капацитет | 1,25 L (приближно 10 шолји) |
| Потрошувачка на енергија | 1000 W |
| Напон | 220-240 V ~ 50/60 Hz |
| Димензии (Ш x Д x В) | 250 x 200 x 350 mm |
| Тежина | 1,5 kg |
| Боја | Бела / Црна |
| Резервоар за вода | Отстранлив, проѕирен со ознаки за ниво |
| Тип на филтер | Траен или хартиен филтер (големина 4) |
| Кана за кафе | Стаклена кана со ознаки, излив без капење |
| Плоча за затоплување | Да, автоматска функција за одржување топло |
| Автоматско исклучување | Да, по 2 часа |
| Систем против капење | Да, овозможува отстранување на каната среде варење |
| Индикатори | Вклучено, варење, одржување топло |
| Индикатор за отстранување каменец | Да, свети кога е потребно отстранување каменец |
| Складирање на кабел | Вграден држач за кабел |
| Безбедносни карактеристики | Заштита од прегревање, автоматско исклучување |
| Вклучени додатоци | Кана, траен филтер, мерна лажица |
| Индекс на поправливост | Умерен; резервни делови достапни онлајн |
| Чистење | Отстранлив филтерски кош и резервоар за вода; бришете ја надворешноста |
Често поставувани прашања - TCM330B GORENJE
Прашања на корисниците за TCM330B GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кафемашина во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TCM330B - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TCM330B на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TCM330B GORENJE
Упатства за употреба МК
Упатство за употреба GB
Инструкции за употреба BG
МК Упатства за употреба ..... 11
GB Instruction manual 14
RO Instructiuni de utilizare ..... 17
BG Инструкции за употреба ..... 33
- Енергетски контакти
- Основа
- Гезве со содржина 3-4 филцани (330 ml)
- Сигнална ламба
- Рачка
- Копче за вклучување/исклучување
*220 - 240V \~ 50/60 Hz / 550 W
Максимално количество: 330 ml.
Важно
Пред употреба на апаратот внимателно прочитајте го прирачникот за употреба.
Прирачникот чувајте го, ако во иднина би ви бил повторно потребен.
Предупредување
- Проверете дали напонот на направата се совпаѓа со напонот на електричната инсталација во вашиот дом. Нашата компанија не може да преземе одговорност за евентуални дефекти кои би настанале како последица од споменатата разлика. Исто така гаранцијата не ги покрива таквите дефекти.
- Ова џезве за кафе е наменето за домашна употреба и не смее да се употребува во комерцијални или индустриски намени.
- Направата чувајте ја да не е на дофат на деца.
- Направата приклучете ја на заземјена приклучница. Заради безбедност и заштита никогаш да не употребувате непримерни продолжетоци. Ако употребувате
продолжеток, неговата приклучница мора да биде заземјена, пресекот на каблите да биде најмалку 0,75 mm².
- Направата не ставајте ја на или во близина на директен извор на топлина, како што е на пр. грејач или рерна.
- Направата ставете ја на рамна и стабилна површина. Не ставајте ја покрај маса или работен пулт.
- Приклучниот кабел не смее да виси преку работ на маса или работен пулт и не смее да дојде во контакт со други жешки направи.
- Внимавајте да не го оштетите приклучниот кабел или неговиот втакнувач. Направата не смеете да ја носите обесена на приклучниот кабел; при исклучување на приклучниот кабел од приклучница фатите за втакнувачот и никогаш не влечете за кабелот.
- Направата да не ја отворате, освен во случај на чистење и одржување. Ако приклучниот кабел или втакнувачот од која било причина се во дефект или оштетени, направата не смеете да ја употребувате. Направата да не ја поправате сами, туку поправките препуштите им ги на овластена сервисна служба.
- Ако направата не ја употребувате, или ако сакате да ја исчистите, исклучете ја од електричната мрежа и оставете ја пред чистење сосема да се олади.
- Џезвето за турско кафе можете да го употребувате само со неговото оригинално приклучно подножје. Не ставајте го на подножја од други слични електрични направи.
- Кога џезвето го полните со вода, дигнете го од приклучното подножје.
- По завршеното варење кафе, исклучете ја направата.
- Џезвето за кафе можете да го употребувате и како бокал за загревање вода. Во овој случај, кога водата ќе почне да врие, исклучете ја направата со копчето за исклучување, бидејќи направата нема да се исклучи самодејно.
- Ако остане џезвето за кафе при работењето без доволно количество вода, вградениот заштитен механизам самодејно ќе го исклучи доводот на електрична енергија. Во такви случаи, оставете го џезвето за кафе сосема да се олади пред повторно да го наполните со вода.
- Џезвето за кафе, неговото приклучно подножје и приклучниот кабел и втакнувачот НИКОГАШ да не ги потопувате во вода или некоја друга течност. Не смеете исто така
да ги миете во машина за миење садови, ниту да ги употребувате во бања или други простории со висок процент на влажност.
- Приклучното подножје и приклучните контакти на направата не смеат никогаш да бидат мокри. Ако се наводенат, исклучете ја направата пред да се обидете да ја избришете и не ја употребувајте додека сосема не се исуши.
- При чистење на апаратот, внимавајте на острите рабови.
- Не допирајте го врелиот дел од џезвето. Држете го за рачката.
- Пред да го исклучите апаратот, тргнете го џезвето од ринглата.
- Овој апарат можат да го користат деца кои веќе наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, како и лица кои немаат доволно искуство и знаење, ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.
- Чистењето и корисничкото одржување не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
Апаратот е означен согласно Европската директива 2012/19/EU за Отпадни електрични и електронски опреми. Оваа директива одредува рамка за враќање и рециклирање на отпадна електрична и електронска опрема, која важи за цела Европа.
- Рачката на џезвето за кафе прицврстете ја на џезвето.
- Пред првата употреба исчистете ја внатрешноста на џезвето и потоа наполнете го со вода. Оставете ја водата да зоврие, потоа исклучете ја направата.
- Излејте ја водата и оставете го џезвето да се олади. При оваа постапка џезвето да биде наполнето со вода до ознаката за максимално количество.
- По завршената постапка во џезвето ќе забележите талози од превриена вода во облик на прав. Тоа е сосема нормално и зависи од степенот на тврдост на водата во вашето место. Појавата не е штетна по здравјето на луѓето.
- Џезвето никогаш да не го вклучувате без вода.
- Пред наредното вриење на водата почекајте 15-20 секунди, и дури потоа повторно вклучете ја направата.
- Џезвето за кафе наполнете го до максимално количество -- MAX-- (330 ml.) вода, согласно вашите потреби.

- Џезвето за кафе ставете го на приклученото подножје.
- Притиснете го копчето за вклучување, ќе се запали сигналната ламба за работење и водата ќе почне да се загрева. Штом зоврие, исклучете ја направата со копчето за вклучување/исклучување.
- Не допирајте го врелиот дел од џезвето. Држете го за рачката.
- Пред да го исклучите апаратот, тргнете го џезвето од ринглата.
ВАРЕЊЕ КАФЕ:
- Со џезвето за кафе можете да сварите кафе за 3 до 4 лица.
- Џезвето за кафе наполнете го со примерно количество вода со оглед на бројот на сакани филџани кафе (330 ml. најмногу, за 3 до 4 лица).
- За средно благо кафе за едно лице, налејте 1 филџан вода, додадете една коцка шеќер и едно лажиче турско кафе во прав.
- Ставете го садот (џезвето) на електричната плоча и завртете ја рачката на саканата јачина на струјата, во зависност од количината кафе што се вари.
- Неколку пати измешајте ја содржината во џезвето.
- Штом кафето ќе зоврие, исклучете ја направата и дел од пената на кафето од површината одлејте го во филџаните (заради пена).
- Вратете го џезвето на прилучното подножје, вклучете ја направата и оставете уште еднаш да зоврие кафето, а потоа налејте го во филџаните.
- Не допирајте го врелиот дел од џезвето. Држете го за рачката.
- Пред да го исклучите апаратот, тргнете го џезвето од ринглата.
- Можете да го менувате количеството додадено кафе според вашиот сопствен вкус.
- Апаратот не е наменет за загревање млеко.
- ВНИМАНИЕ: Никогаш не го полнете садот на апаратот за кафе над максималното ниво, бидејќи топлото кафе со пена или другите течности (на пример млекото) може да се прелее во текот на загревањето.
ЧИСТЕЊЕ
При чистење на апаратот, внимавајте на острите рабови.
Пред чистење, исклучете го џезвето за кафе со помош на копчето за
вклучување/исклучување, а потоа исклучете ја направата од електрична мрежа и оставете ја сосема да се олади.
Одлејте ја евентуалната вода од гезвето, а надворешноста избришете ја со сува или малку влажна крпа.
Гезвето за кафе или прикључното подножје никогаш да не ги потопувате во вода. Исто така не смеете да ги миете во машина за миење садови.
При чистење поединечни делови на направата избегнувајте употреба на груби или јаки хемиски средства за чистење (течно белило, хлороводородна киселина, итн.).
Отстранување на бигорот:
Од хигиенски причини и заради штедење со енергија повремено од гезвето за кафе треба да се отстрани бигорот, во спротивно талози од бигор од водата ќе се таложат и запечат и ќе направат кафеав пласт на дното, што ќе влијае врз ефикасното искористување на направата.
Потенки слоеви бигор едноставно ќе отстраните со четка (да не заборавите претходно да ја исклучите направата од електричната мрежа).
Можете да употребувате средства за отстранување бигор, или бел оцет за домашна употреба.
Чистење на направата со средство за отстранување бигор: откако сте завреле нешто вода, во гезвето за кафе додајте средство за отстранување бигор во завриена вода и промешајте. Почекајте неколку моменти, потоа оставете водата да врие уште 2-3 минути, излејте ја содржината на гезвето и исплакнете ја внатрешноста со чиста вода 2-3 пати едноподруго.
Чистење на гезвето со оцет: наполнете го гезвето за кафе со оцет и оставете го да стои еден час. Потоа излејте го оцетот и гезвето темелно исплакнете го со чиста вода 2-3 пати едноподруго.
Чистење на направата со цитронска киселина: откако во гезвето сте завреле
200 ml вода, додадете цитронска киселина и оставете да делува 15 минути. Потоа излејте ја содржината на гезвето и исплакнете ја внатрешноста со чиста вода 2-3 пати едноподруго. Ако е потребно, повторете ја постапката. При употреба на цитронска киселина секогаш додавајте во гезвето нешто вода, никогаш да не го чистите без вода.
Апаратот по крајот на векот на траење да не го фрлите заедно со обични отпадоци од домаќинство, туку предадете му го на службен собирен центар за рециклирање.
Така ќе придонесете да се зачува животната средина.
Гаранција и сервис
Ако ви се потребни информации или имате тешкотии при употреба на апаратот, контактирајте го Центарот за контакт со странки на Gorenje (телефонскиот број е наведен на меѓународниот гарантен лист). Ако во вашата држава нема Центар за контакт со странки, контактирајте го сервисното одделение за апарати за дом на Gorenje.
Само за лична употреба!
Си го задржуваме правото на било какви промени.
Општ опис
Само за лична употреба!