GKS 18V-68 C Professional - кружна пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GKS 18V-68 C Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Безжична кружна пила |
| Бренд | Бош |
| Модел | GKS 18V-68 C Professional |
| Напајување | Литиум-јонска батерија 18 V (компатибилна со GBA 18V... и ProCORE18V...) |
| Брзина без оптоварување | 2500 – 5000 врт/мин |
| Максимална длабочина на сечење (0°) | 68 mm |
| Максимална длабочина на сечење (45°) | 49,8 mm |
| Максимална длабочина на сечење (50°) | 45,8 mm |
| Максимален дијаметар на сечилото | 190 mm |
| Минимален дијаметар на сечилото | 184 mm |
| Отвор на сечилото | 30 mm (верзија 3 601 FB5 00.) / 20 mm (верзија FB5 04.) / 19 mm (верзија FB5 0B.) |
| Тежина (според EPTA) | 4,7 – 5,5 kg (во зависност од батеријата) |
| Димензии на основната плоча | 206 x 346 mm |
| Блокирање на вретеното | Да |
| Употреба со водечка шина | Да (систем FSN Bosch) |
| Поврзување | Bluetooth 4.2 Low Energy (преку модул GCY 42, опционално) |
| Заштитен капак | Нишалка, со автоматско затворање |
| Изфрлање на струготини | Да, со адаптер за вшмукување (дијаметар 35 mm) |
| Паралелен ограничувач | Да, вклучен |
| Дополнителна рачка | Да, отстранлива |
| Работна температура | -20 °C до +50 °C |
| Одржување | Редовно чистете ги отворите за вентилација и заштитниот капак; лесно подмачкајте ги непокриените сечила |
| Безбедност | Двојно заклучување на батеријата, заштита од повторно стартување, автоматски долен заштитен капак |
| Резервни делови | Сечила, батерии, полначи, Bluetooth модул, заштитен капак, итн. (видете ја веб-страницата на Bosch) |
Frequently Asked Questions - GKS 18V-68 C Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GKS 18V-68 C Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кружна пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GKS 18V-68 C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GKS 18V-68 C Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GKS 18V-68 C Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
s.l.izirma navodila
hr Originalne upute za rad
(11) Опора за успоредно водене
(12) Шарнирно окачен предпазен кожух
(13) Основна плоча
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
▶ Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасности од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за кружни пили
Постапки на сечење
▶ IACHOCT: Држете ги рацете подалеку од површината за сечење и од сечилото. Ставете ја другата рака на дополнителната рачка или на кујиштето на моторот. Доколку ја држите пилата со двете раце, нема да се исечете со сечилото.
▶ Не посегнувајте под делот што се обработува. Заштитниот поклопец не може да ве заштити од сечилото доколку посегнете под делот што се обработува.
▶ Прилагодете ја длабочината на сечење според дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува треба да се гледа помалку од половина запчаник од сечилото.
▶ Никогаш не го држете делот што се обработува во рака, и не го поставувајте преку нога за време на сечењето. Поставете го делот што се обработува на стабилна платформа. Многу е важно правилно да ја изведувате работата, за да ја минимизирате изложеноста на телото, заглавувањето на сечилото или губењето контрола.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за сечилото да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во долир со жица под напон, може да ги изложи металните делови на електричниот алат под напон и операторот може да добие струен удар.
▶ При процесот на сечење по должина, секогаш користете паралелен граничник или аголен граничник. Ова ја подобрува прецизноста на сечењето и ги намалува шансите за извиткување на сечилото.
▶ Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупките. Сечилата што не се совпағаат со монтираниот тврд дел на пилата, Ѽе се поместат надвор од центарот и Ѽе изгубите контрола.
▶ Никогаш не користете оштетени или неправилни подлошки за сечила или гвинтови. Подлошките за сечила и гвинтовите се специјални изработени за вашата пила, за оптимално и безбедно работење.
Одбивање и слични предупредувања
- одбивањето е ненадејна реакција на делот што се обработува заради приклештено, заглавено или нерамномерно сечило на пилата, предизвивувајки пилата да излезе од лежиштето и да отскокне кон операторот;
- кога сечилото цврсто се приклештува или заглавува поради затворање на лежиштето, тоа се гаси и моторната реакција брзо ја враćа единицата кон операторот;
– доколку сечилото се превитка или се измести за време на сечењето, запчаниците на задниот раб од сечилото може да се закопаат во горниот дел на дрвото
предизвикувајки тоа да излезе од лежиштето и да отскокне кон операторот.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки наведени подолу.
Цврсто држете ја пилата со двете дланки и поставете ги рацете така што ќе бидат отпорни на силите на одбивањето. Поставете го телото на едната страна од сечилото, но никако паралелно со него. Одбивањето може да предизвика пилата да отскокне наназад, но операторот може да ги контролира силите на одбивање доколку ги преземе соодветните мерки за претпазливост.
Koga сечилото се навалува или кога прекинува сечењето од која било причина, отпуштете го активаторот и држете го уредот неподвижен сё додека сечилото целосно не запре. Никогаш не ја отстранувајте пилата или не ја вметнувајте додека сечилото е во движење бидејки може да дојде до одбивање. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за навалување на сечилото.
▶ При рестартирање на пилата додека се наоға во делот што се обработува, насочете ја кон центарот на засекот така што запците да не го зафакаат материјалот. Ако пилата се навали, може да се приближи или да се одбие од работното парче додека е во процес на рестартирање.
▶ Potпрете ги големите делови што се обработуваат за да го намалите ризикот од приклештување или одбивање на сечилото. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под двете страни на делот што го обработувате, покрај линијата на засекот и покрај работ на делот што го обработувате.
▶ Не користете тапи или оштетени сечила.
Ненаострени или несоодветно поставени сечила прават тесни засеци создавајки прекумерно триење, извиткување на сечилото или одбивање.
Длабочината на сечилото и рачките за прилагодување на косината мора да се прицврстат и да се осигураат пред да се направи засекот. Ако прилагоденото сечило се подигне за време на сечењето, може да предизвика навалување и одбивање.
▶ Обрнете дополнительно внимание при сечење во постоечки сидови или други празнини. Испакнато сечило може да пресече предмети кои може да предизвикаат одбивање.
Функција на долен заштитен поклопец
▶ Пред секоја употреба проверете дали е правилно затворен долниот штитник. Не работете со пилата доколку долниот штитник не може слободно да се движи и веднаш се затвора. Никогаш не го стегајте или не го врзувајте долниот штитник додека е отворен. Ако пилата случајно падне, долниот штитник
може да се извитка. Подигнете го долниот штитник со повлекување на рачката, и уверете се дека слободно се движи, и не го допирајте сечилото ниту некој друг дел, на аглите и длабочината на засекот.
▶ Проверете ја работата на пружината на долниот заштитен поклопец. Доколку заштитниот поклопец и пружината не функционираат правилно, мора да се сервисираат пред употреба. Долниот заштитен поклопец може добавно да работи поради оштетени делови, лепливи наслаги или наталожена нечистотија.
▶ Долниот штитник може рачно да се повлече за одредени засеци, како што се „убодни засеци“ и „аголни засеци”. Подигнете го долниот штитник со повлекување на рачката, и кога сечилото Ѽе го пробие материјалот, долниот штитник мора да се отпушки. За сите останати засеци, долниот штитник автоматски Ѽе работи.
Секогаш внимавајте долниот штитник да го покрива сечилото пред да ја спуштите пилата на работна маса или на под.Незаштитено, разлабавено сечило ће предизвика враќање на пилата наназад, и сечење на сё со што ће дојде во допир. Внимавајте на времето што му е потребно на сечилото откако прекинувачот ће се ослободи.
Дополнителни безбедносни напомени
▶ Не ги факајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови.
▶ Не работете со пилата над глава. Тогаш немате доволна контрола врз електричниот алат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Не го фиксирајте електричниот алат. Тој не е предвиден за работа на маса за сечење.
▶ При „длабински рез“ и неаголни резови треба да се постави водилката на пилата за да го спречи страничното поместување. Страничното поместување може да доведе до заглавување на листот на пилата и до повратен удар.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
▶ Не сечете железни метали. Струготините би можеле да го запалат вшмукувачот за прав.
▶ Носете маска за заштита од прав.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
▶ Внимание! При користењето на електричниот алат со Bluetooth ^ може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Истотака не може целосно да се исклучи можноста за повреда на луфе и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth ^ во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете електричниот алат со Bluetooth ^* во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и спликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за правење на должински и напречни резови на дрво со рамни и коси резови.
Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth ^ Low Energy модул GCY 42 со помош на Bluetooth ^ -безжичната технологија помеѓу електричниот алат и мобилниот уред.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
(2) Прекинувач за включување/исклучување
(3) Кориснички интерфејс ^a)
(4) Дополнителна рачка
(5) Лост за подесување за аголот на косо сечење
(6) Пеперутка-завртка за паралелниот граничник
(7) Скала на закосени агли
(8) Ознака за сечење 45° (0° при GKS 18V-68 GC)
(9) Ознака за сечење 0° (45° при GKS 18V-68 GC)
(10) Копче за блокирање на вретеното
(11) Паралелен граничник
(12) Осцилаторен заштитен капак
(13) Основна плоча
(14) Лост за подесување на осцилаторен заштитен капак
(15) Пеперутка-завртка за претходно избирање на аголот на косо сечење ^a)
(16) Заштитен капак
(17) Скала за подесување на длабочината на сечење
(18) Исфрлувач на струготини
(19) Батерија ^b)
(20) Капак Bluetooth® Low Energy модул GCY 42
(21) Bluetooth® Low Energy модул GCY 42 ^b)
(22) Копче за претходен избор на длабочината на резот ^a)
(23) Рачка за претходен избор на длабочината на резот
(24) Рачка (изолирана површина на рачката)
(25) Вретено на пилата
(26) Приключна прирабница
(27) Сечило за кружна пила ^b)
(28) Стезна прирабница
(29) Затезна завртка со подлошка
(30) Копче за отклучување на батерија ^b)
(31) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(32) Кутија за прав/струготини ^b)
(33) Пар стеги ^b)
(34) Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс) ^31
(35) Приказ за ЕКО режим (Кориснички интерфејс) ^a)
(36) Копче за претходно избирање на бројот на вртежи (кориснички интерфејс) ^a)
(37) Приказ за степенот на вртежи/режимот (кориснички интерфејс) ^a)
(38) Ознака за паметен телефон (Кориснички интерфејс) ^a)
(39) Приказ за статусот на електричниот алат (Кориснички интерфејс) ^a)
(40) Приказ за температура (Кориснички интерфејс) ^a)
(41) Шина водилка ^b)
(42) Црево за издувни гасови ^b)
(43) Дел за сврзување ^a|b
(44) Жлеб за системот со шина водилка од Bosch и Mafell ^a)
(45) Жлеб за системот со шина водилка од Festool и Makita ^a)
b) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Рачна кружна пила GKS 18V-68 GC GKS 18V-68 GC GKS 18V-68 GC
| Број на дел | 3 601 FB5 10. 3 601 FB5 14. 3 601 FB5 1B. | |||
| Номинален напон V= 18 18 18 | ||||
| Број на вртежи во празен од ^A) | min ^-1 | 2500–5000 | 2500–5000 | 2500–5000 |
| Макс. длабочина на резот | ||||
| – при агол на косо сечење 0° mm 68 68 68 | ||||
| – при агол на косо сечење 45° mm 49,8 | 49,8 | 49,8 | ||
| – при агол на косо сечење 50° mm 45,8 | 45,8 | 45,8 | ||
| Блокада за вретеното ● ● ● | ||||
| Користење со систем со пила за вдлабнување FSN | ● ● ● | |||
| Димензии на основната плоча mm 206 x 346 | 206 x 346 | 206 x 346 | ||
| макс. дијаметар на сечилото за пила | mm | 190 | 190 | 190 |
| Мин. дијаметар на сечилото за пила | mm | 184 | 184 | 184 |
| Макс. дебелина на сечилото на пилата | mm | 2,0 | 2,0 | 2,0 |
| Мин. дебелина на сечилото на пилата | mm | 1,0 | 1,0 | 1,0 |
| Отвор за прифатот | mm 30 20 19 | |||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^B) | kg | 4,7–5,5 | 4,7–5,5 | 4,7–5,5 |
| Препорачана околна температура при полнење | °C | 0 ... +35 | 0 ... +35 | 0 ... +35 |
| Дозволена околна температура при полнење ^C) и при складирање | °C | -20 ... +50 | -20 ... +50 | -20 ... +50 |
| Компатибилни акумулаторски батерии | GBA 18V...ProCORE18V... | GBA 18V...ProCORE18V... | GBA 18V...ProCORE18V... | |
| Препорачани акумулаторски батерии за целосно полнење | ProCORE18V...≥ 5,5 Ah | ProCORE18V...≥ 5,5 Ah | ProCORE18V...≥ 5,5 Ah | |
| Препорачани полначи | GAL 18...GAX 18...GAL 36... | GAL 18...GAX 18...GAL 36... | GAL 18...GAX 18...GAL 36... | |
| Пренос на податоци | ||||
| Bluetooth ^* | Bluetooth ^* 4.2(Low Energy) ^D) | Bluetooth ^* 4.2(Low Energy) ^D) | Bluetooth ^* 4.2(Low Energy) ^D) | |
| Растојание на сигналот | s | 8 | 8 | 8 |
Рачна кружна пила GKS 18V-68 GC GKS 18V-68 GC GKS 18V-68 GC
Максимален опсег на сигналот ^E) m 30 30 30
A) Мерено при 20-25 °C со батерија ProCORE18V 8.0Ah.
В) во зависност од употребената батерија
C) Ограничена јачина при температури <0 °C.
D) Мобилните уреди мора да се компатибилни со Bluetooth ^™ Low Energy уредите (верзија 4.2) и да го поддржуваат Generic Access Profile (GAP).
E) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, включително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. сидови, ормари, куфери итн.) опсегот на Bluetooth* може значително да се намали.
Рачна кружна пила GKS 18V-68 С GKS 18V-68 С GKS 18V-68 С
| Број на дел | 3 601 FB5 00. 3 601 FB5 04. 3 601 FB5 0B. | |||
| Номинален напон V= 18 18 18 | ||||
| Број на вртежи во празен од ^A) | min ^-1 | 2500-5000 2500-5000 2500-5000 | ||
| Макс. длабочина на резот | ||||
| – при агол на косо сечење 0° mm 68 68 68 | ||||
| – при агол на косо сечење 45° mm 49,8 49,8 49,8 | ||||
| – при агол на косо сечење 50° mm 45,8 45,8 45,8 | ||||
| Блокада за вретеното ● ● ● | ||||
| Користење со систем со пила за вдлабнување FSN | ● ● ● | |||
| Димензии на основната плоча | mm | 206 x 346 | 206 x 346 | 206 x 346 |
| макс. дијаметар на сечилото за пила | mm | 190 | 190 | 190 |
| Мин. дијаметар на сечилото за пила | mm | 184 | 184 | 184 |
| Макс. дебелина на сечилото на пилата | mm | 2,0 | 2,0 | 2,0 |
| Мин. дебелина на сечилото на пилата | mm | 1,0 | 1,0 | 1,0 |
| Отвор за прифатот | mm 30 20 19 | |||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^B) | kg | 4,7-5,5 | 4,7-5,5 | 4,7-5,5 |
| Препорачана околна температура при полнење | °C | 0 ... +35 | 0 ... +35 | 0 ... +35 |
| Дозволена околна температура при полнење ^C) и при складирање | °C | -20 ... +50 | -20 ... +50 | -20 ... +50 |
| Компатибилни акумулаторски батерии | GBA 18V...ProCORE18V... | GBA 18V...ProCORE18V... | GBA 18V...ProCORE18V... | |
| Препорачани акумулаторски батерии за целосно полнење | ProCORE18V...≥ 5,5 Ah | ProCORE18V...≥ 5,5 Ah | ProCORE18V...≥ 5,5 Ah | |
| Препорачани полначи | GAL 18...GAX 18...GAL 36... | GAL 18...GAX 18...GAL 36... | GAL 18...GAX 18...GAL 36... | |
Пренос на податоци
| Bluetooth* | Bluetooth*4.2(Low Energy) ^D) | Bluetooth*4.2(Low Energy) ^D) | Bluetooth*4.2(Low Energy) ^D) | |
| Растојание на сигналот | s | 8 | 8 | 8 |
Рачна кружна пила GKS 18V-68 С GKS 18V-68 С GKS 18V-68 С
Максимален опсег на сигналот ^E) m 30 30 30
A) Мерено при 20-25 °C со батерија ProCORE18V 8.0Ah.
В) во зависност од употребената батерија
C) Ограничена јачина при температури <0 °C.
D) Мобилните уреди мора да се компатибилни со Bluetooth ^TM Low Energy уредите (верзија 4.2) и да го поддржуваат Generic Access Profile (GAP).
E) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, включително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. сидови, ормари, куфери итн.) опсегот на Bluetooth® може значително да се намали.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-5.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 98 dB(A); ниво на звучна јачина 109 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски эбир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-5:
Сечење на дрво: a_n < 2,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , щода се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Наполнетоста на акумулаторската батерија се прикажува и на корисничкиот интерфејс (види „Прикази за Costaјба“, Страница 285).
| Трајно светло 5 × зелено 80–100 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Употребувајте само сечила за пила, чија максимально дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.
Поставување на Bluetooth® Low Energy модул GCY 42
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Ставање/менување на сечилото за кружна пила
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.
▶ Користете само листови на пила, кон одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Дозволениот број на вртежи на алатот што се вметнува мора да биде најмалку исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот алат. Приборот кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да летне од алатот.
▶ Во никој случај не користете дискови за брусење како алат за вметнување.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани сечила за пила ке го најдете на крајот од ова упатство.
При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (10) и држете го притиснато.
▶ Копчето за блокирање на вретеното (10) активирајте го само доколку вретеното на пилата е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (31) одвртете ја затезната завртка (29) во правец на вртење ①.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (12) и држете го цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница (28) и сечилото за пилата (27) од вретеното на пилата (25).
При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на моторот.
– Исчистете го сечилото за пила (27) и сите стезни делови што се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (12) и држете го цврсто.
– Поставете го сечилото за пила (27) на прилучната прирабница (26). Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да одговара на стрелката за правец на вртење на осцилаторниот заштитен капак (12).
– Поставете ја стезната прирабница (28) и затегнете ја затезната завртка (29) во правец на вртење ②. Внимавајте на правилна положба на монтирање на приклучната прирабница (26) и стезната прирабница (28).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (10) и држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (31) затегнете ја стезната завртка (29) во правец на вртење ②. Затезниот момент треба да изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегнување плус ¼ вртење.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Исфрлувают на струготини (18) слободно се врти.
На исфрлувают на струготини (18) може да се приклучи црево за всисување со дијаметар од 35 mm или кутија за прав/струготини (32).
Заради обезбедување на оптимално всисување, исфрлувают на струготини (18) мора редовно да се чисти.
Надворешно всисување
Поврзете го цревото за всисување (42) со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина єе го најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
Работа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Начини на работа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат извадете ја батеријата.
Подесување на длабочината на сечење (види слики D-E)
▶ Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запците.
GKS 18V-68 GC
Со копчето за претходен избор на длабочината на резот (22) може да се подеси длабочината на резот.
GKS 18V-68 C
Со рачката за претходен избор на длабочината на резот (23) може да се подеси длабочината на резот.
За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (13), а за поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча (13). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење (17).
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (16).
GKS 18V-68 GC
Олабавете ги лостот за подесување за аголот на косо сечење (5) и пеперутка-завртката (15). Навалете ја пилата странично. Подесете ја саканата димензија на скалата (7). Повторно затегнете ги лостот за подесување (5) и пеперутка-завртката (15).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (17).
GKS 18V-68 C
Олабавете ги лостот за подесување за аголот на косо сечење (5). Навалете ја пилата странично. Подесете ја саканата димензија на скалата (7). Повторно затегнете ги лостот за подесување (5).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (17).
Ознаки за сечење
GKS 18V-68 GC


Ознаката на резот 0° (8) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 45° (9) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при сечење под 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез.
GKS 18V-68 C

Ознаката на резот 0° (9) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 45° (8) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при сечење под 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез.
Користење на систем со пила за вдлабнување FSN
GKS 18V-68 GC
При користење на систем со пила за вдлабнување FSN може при сечењето да остане електричниот алат во прифатот за шината водилка.

Користете само ознаки за сечењето (8) при правоаголно сечење и при сечење од 45° со шината водилка.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (1) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за включување/исклучување (2).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за включување/исклучување (2) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат їе се ислучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веке.
Еко-режим
GKS 18V-68 GC
Ако го користите електричниот алат во еко-режим што штеди енергија, времетраењето на батеријата може да се продолжи до 30 %.
Ако еко-режимот е активен, на приказот за степен на вртежи/режимот (37) ће се прикаже ознаката E.
Корисничкиот интерфејс (3) служи за избирање на бројот на вртежи, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.
Одредување на број на вртежи
GKS 18V-68 GC
Во основната поставка претходно се поставени 6 степени на вртежи и еко-режимот. Преку специјална апликација (Bosch Toolbox App) може да се програмираат 2 до 6 степени на вртежи.
Следната табела ги прикажува претходно подесените степени на вртежи (основни поставки) за секој програмиран број на степени.
A) ±25%
Со копчето за избор на број на вртежи (36) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.
Прикази за состојба GKS 18V-68 GC
| Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс) (34) | Значење/Причина Решение |
Зелено (2 до 5 греди) Батеријата е полна –
| Жолто (1 греда) Батеријата е речиси празна Наскоро заменете ја одн. наполнете јабатеријата |
Црвено (1 греда) Батеријата е празна Заменете ја одн. наполнете ја батеријата
| жолто Достигната е критична температура (мотор,електроника, батерија) | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади |
| црвено Електричниот алат е прегреан и сеисклучува | Оставете го електричниот алат да се олади |
| Приказ за статусот на електричниот алат (39) | Значење/Причина Решение |
зелено Статус ОК –
| жолто Достигната е критичната температура илибатеријата е речиси празна | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
| црвено Електричниот алат е прегреан илибатеријата е празна | Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
| трепка црвено Заштитата од рестартирање е активирана Исключете го и повторно включете го |
| електричниот алат ев. извадете јабатеријата и повторно ставете ја. |
Функции на поврзување
GKS 18V-68 GC
Во поврзување co Bluetooth® Low Energy GCY 42 модулот на располагање ги имате следните Connectivity-функции за електричниот алат:
– Регистрирање и персонализиране
– Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
- Општи информации и подесувања
- Управување
- Поставка на степени на вртежи
Со користење на Bluetooth®-безжичната технологија може да бидат достапни дополнителни информации на поврзаниот мобилен уред во зависност од приказот Статус на електричниот алат (39).
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.
GKS 18V-68 C
Во поврзување co Bluetooth® Low Energy GCY 42 модулот на располагање ги имате следните функции на поврзување за електричниот алат:
– Регистрирање и персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
- Општи информации
- Управување
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.
▶ Електричниот алат со вграден Bluetooth® Low Energy модул GCY 42 е опремен со далечински интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.
▶ Во предели каде Bluetooth®-радио технологијата не смее да се користи, мора да се исключат Bluetooth® Low Energy модулот GCY 42 и копчестата батерија.
Ширината на сечењето варира во зависност од користениот сечило за пила.
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина значително го намалува рокот на употреба на електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително зависит од состојбата и формата на запците на сечилото за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот, квалитетот на дрвото и од тоа дали їе се прават должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги, спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач за прав.
Паралелниот граничник (11) овозможува прецизни резови по должината на делот што се обработува, како на пример сечење на ленти со исти димензии.
Вметнете ја водечката прачка на паралелниот граничник (11) низ водилката во основната плоча (13).
Прицврстете го паралелниот граничник (11) со пеперутка-завртка (6).
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави рабови, на делот што се обработува може да зацврстите една даска или лајсна како помошен граничник и да ја водите кружната пила со основната плоча по должината на помошниот граничник.
Со помош на шината водилка (41) може да правите праволиниски резови.
Лепливиот слој го спречува лизгањето на шината водилка и ја негува површината на делот што се обработува.
Облогата на шината водилка овозможува лесно лизгање на електричниот алат.
Поставете ја кружната пила директно на шината водилка (41). Прицврстете ја шината водилка (41) со соодветни затегнувачки механизми, на пр. столарски стеги, на делот што се обработува, така што тесниот крак на шината водилка (41) ће покажува кон сечилото за пила.
Шината водилка (41) не смее да биде издадена на страната на делот што треба да се сече.
Включете го електричниот алат водете го рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење.
Со сврзниот дел (43) може да се спојат две шини водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите завртки што се наогаат на сврзниот дел.
Жлебот (44) е наменет за системи со шина водилка од Bosch и Mafell.
Жлебот (45) е наменет за системи со шина водилка од Festool и Makita.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за включување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш слободно да се движи и да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде чист. Отстранете ги прашината и струганиците со четка. Необложените сечила за пила може да се заштитат од корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на дрвото.
Остатоците од смола и лепак на сечилото за пила го нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги сечилата за пила веднаш по употребата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 286).