MVC72FW - Прашка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MVC72FW GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Ракометен правосмукалка за суво и влажно чистење |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | MVC72FW |
| Извор на енергија | Полна батерија преку адаптер (100-240 V AC, 50/60 Hz) |
| Време на полнење на батеријата | Прво полнење: 12 часа; следни полнења: 4-6 часа |
| Индикатор за батерија | Црвено трепка при полнење, зелено кога е полна |
| Капацитет на контејнер за прав/течност | Прибл. 0.5 L |
| Вклучени додатоци | Тесен млазник, гумeн додаток, држач за монтирање на ѕид |
| Тип на филтер | Измивачки филтер со гумена заптивка |
| Ниво на бучава | < 80 dB (A) |
| Моќ на вшмукување | Не е специфицирано (типичен ракометен) |
| Материјал на телото | Пластика |
| Безбедносни карактеристики | Не го користете без филтер; држете го подалеку од телото |
| Гаранција | 6 месеци на батерија; стандардна гаранција за уредот |
| Димензии (В x Ш x Д) | Прибл. 40 x 10 x 10 cm |
| Тежина | Прибл. 1.2 kg |
| Погоден за | Суво и течно вшмукување |
| Еколошка усогласеност | WEEE, CE, RoHS |
| Јазици на упатството | Повеќе (EN, DE, FR, итн.) |
Frequently Asked Questions - MVC72FW GORENJE
Прашања на корисниците за MVC72FW GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MVC72FW - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MVC72FW на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MVC72FW GORENJE
МК Упатства за употреба 14
EN Instruction manual 18
RO Manual de utilizare 22
BG Инструкции за употреба 42
1 Адаптер
2 Корпа за прашина/течности
3 Копче за отворање на корпата за прашина
4 Копче за вклучување/исклучување
5 Индикатор на батеријата
6 Ку́киште
7 Филтер (пластичен капак и филтер)
8 Додаток со тесен отвор
9 Гумен додаток
10 Држач за закачување на сид
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приключите апаратот на електричната мрежа, проверете дали напонот кој е наведен на апаратот или адаптерот одговара со напонот на електрична мрежа во домакинството.
При користење на правосмукалката секогаш придржувајте се до следниве основни безбедносни
мерки на претпазливост:
• Пред употреба на овој апарат, ве молиме внимателно прочитајте ги
сите упатства дадени во ова упатство за употреба и користете го апаратот само во согласност со нив.
- Не оставајте го апаратот да работи без присуство на лице однос надзор за време на употреба.
- Апаратот не е наменет за користење од страна на деца или лица со намалени физички или психолошки способности и исто така од лица кои немаат искусство и знаење за ракување со апаратот, освен ако ваквите лица го користат апаратот под надзор или водство на друго лице кое е одговорно за нивната безбедност. Не дозволувајте децата да играат со апаратот.
- Внимание: пред употреба на апаратот, внимателно склопете ги сите делови.
-
Апаратот може да се користи само во затворен простор и на суви површини.
-
Користете го апаратот само со делови кои се препорачани од производителот.
- Не користете го апаратот ако бил испуштен, ако е оштетен, ако бил чуван надвор или ако фрлен или потопен во течност.
- Пред чистење на полначот, исклучете го адаптерот од приклучокот на електричното напојување.
- Користете ги единствено адаптерот и единицата за полнење кои се во склоп на правосмукалката за полнење на апаратот. Во текот на полнењето на апаратот, адаптерот може да се вжешти. Ова е нормална појава.
- Не внесувајте какви било предмети во вентилите.
- Погрижете се отворите за вшмукување да не се затнати од прашина, коса или други нечистотии кои може да ги блокираат отворите, да го намалат протокот на воздух и да ја намалат мокта на вшмукување.
- Внимавајте вашата коса, лабави делови од облеката, прстите или други делови од телото да не дојдат во допир со отворите за вшмукување или подвижните делови на апаратот.
- Држете ги отворите за вшмукување подалеку од вашето лице и од тело.
- Држете го апаратот на суви места во внатрешни простории. Складирајте го апаратот по употреба.
- Не користете го апаратот за вшмукување на градежен материјал (како што е ситен песок, вар, цементна прашина, итн). При вшмукување, градежниот материјал може да го оштети апаратот.
- Не вшмукувајте запаливи материи, корозивни течности, или пепел предтие целосно да се оладат.
- При вшмукување на течности, не држете го апаратот со садот за прашина/течност со врвот нагоре и не накосувајте го на една страна.
- По вшмукување на течности, испразнете и исушете ја садот за
прашина/течност пред да го ставите апаратот на единицата за полнење.
- Не изложувајте ја правосмукалката на директна сончева светлина, топлина или орган.
- Исклучете ја правосмукалката по употреба.
- Исклучете го апаратот за време на полнење.
- Апаратот е усогласен со важечките германски и европски стандарди за регулирање на електрична енергија и радио интерференции.
- Овој апарат є наменет за употреба од стана на деца над 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, и лица со недостаток на пракса и знаење, ако апаратот се користи под надзор или согласно инструкции за употреба на апаратот во однос на безбедноста при употреба и доколку корисниците се запознаени и ги разбираат можните опасности кои може да произлезат од употребата на овој апарат.
- Доколку апаратот се користи од страна на деца тоа треба да биде под надзор и со посебно внимание да децата не играат со него.
- Не е дозволено деца да го чистат или одржувает апаратот освен ако не се постари од 8 години и го вршат тоа под надзор.
• Ниво на бучава: Lc< 80 dB (A)
ПОСЕБНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не користете ја правосмукалката без поставување на филтрите!
Овој апарат е ислучиво наменет за употреба во затворен простор во домакинството.
Кабел за напојување
Ако кабелот за напојување е оштетен, заменете го со соодветен кабел или со уред за навојување на кабелот набавен од најблискиот сервисен центар на Горење. Ако кабелот за напојување е оштетен може да се замени од Горење, неговиот
Отстранување на апаратот и животната средина
Ако е потребно да го замените вашиот апарат или ако истиот повеće не ви е потребен, секогаш при отстранувањето на апаратот земете ја предвид животната средина и начини со кои може да ја заштитите.
УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ
Тестирањето на овој апарат ја потврди сообразноста на истиот со следниве Европски директиви:
• 2014/35/EU
• 2014/30/EU
• 2009/125/EC
• 2011/65/EU
Оваа опрема е означена согласно Европската Директива 2012/19/EC3а отпадна електрична и електронска опрема – WEEE. Директивата ги наведува барањата за собирање и управување со отпадна електрична и електронска опрема, која се применува на територијата на Европската Унија.
ПОЛНЕЊЕ НА АПАРАТОТ
- Полнете го апаратот најмалку 12 часа пред првата употреба. При секое натамошно полнење, полнете го околу 4 до 6 часа.
Белешка: Кога батеријата е полна, црвената трепкачка сијаличка на апаратот ке стане зелена.
Совет: Доколку немате намера да го користите апаратот подолг период, исключете го адаптерот од приклучокот во струја, за да заштедите енергија.
- За да ја наполните правосмукалката, приключете го адаптерот на апаратот и включете го адаптерот во струја.
- Индикаторот за полнење ќе свети се додека апаратот е прилучен на адаптерот, а адаптерот е включен во струја.
Белешка: Индикаторот за полнење не покажува колку е полна батеријата на правосмукалката.
Белешка: Проверете дали правосмукалката е секогаш правилно приключена на адаптерот и правилно и внимателно включете го адаптерот во струја.
- Вашата рачна правосмукалка е опремена со држач за на сид. Со тоа се овозможува брз и лесен пристап до правосмукалката секогаш кога ви е потребна. Доколку се одлучите да
го монтирате држачот на сид, наша препорака е да го монтирате близу до приклучок за струја. На тој начин, можете да ја полните правосмукалката додека стои на сидниот држач.

- Да го включите апаратот, турнете го прекинувачот за вклучување/исклучување нанапред.
- Да го исключите апаратот, турнете го прекинувачот за вклучување/исклучување наназад.

- Ставете го саканиот додаток на тесниот отвор на апаратот. Додатокот со тесен отвор е погоден за чистење юшиња и тесни дупки или вдлабнатини. Гумениот додаток е погоден за собирање течности.
- Ако има течност во садот за прашина/течност, секогаш држете го апаратот со врвот надолу (односно со делот од рачката свртен нагоре).
Важно: Внимавајте нивото на течност никогаш да не ја надмине максималната ознака на садот за прашина/течност.
- По секоја употреба, испразнете го садот за прашина/течност и исчистете го филтерот за прашина. Мокта на вшмукување на апаратот зависи од тоа колку е чист филтерот. Апаратот їе работи подобро ако филтерот се чисти редовно.
- Најпрвин, отстранете го садот од кукиштето на правосмукалката со притискање на копчето за ослободување на садот.

- Потоа отстранете го пластичниот капак пред филтерот.

- Ако филтерот е многу нечист, исчистете го со четка или стандардна правосмукалка.
Забелешка: Ако е потребно, филтерот може да се чисти во ладна или млака вода. Во овој случај, погрижете се да биде целосно исушен пред повторна односно следна употреба.
Забелешка: Препорачуваме замена на филтерот по подолг период на користење или кога веке не може да се чисти.
- Забелешка: Погрижете се единицата за филтерот да е правилно позиционирана и поставена. Исто така проверете го гумениот дихтунг на филтерот. Ако филтерот не е поставен правилно, апаратот не може да се склопи правилно.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
По истекот на работниот век на користење на овој апарат, не фрлајте го заедно со стандартниот отпад од дома Kinството.
Однесете го апаратот во овластен центар за рециклирање. На овој начин їе допринесете во зачувување на животната средина.
За повеće информации или во случај на проблеми, ве молиме контактирајте го центарот за грижи за корисници на Горење во вашата земја (телефонскиот број е наведен во Меѓународниот Гарантен Лист). Доколку во вашата држава нема таков центар, ве молиме контактирајте го локалниот застапник на Горење или одделот на Горење за мали апарати за домаќинство.
Забелешка: Батеријата на правосмукалката има 6 месечна гаранција.
Не е за комерцијална употреба!