MO 20MW - микробранова печка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MO 20MW GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Микробранова печка |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | MO 20MW |
| Капацитет | 20 L |
| Микробранова моќност | 700 W |
| Потрошувачка на енергија | 1050 W |
| Напон | 230 V / 50 Hz |
| Димензии (Ш x Д x В) | 45 x 35 x 25 cm |
| Тежина | 11 kg |
| Ротирачка чинија | Да, 25 cm дијаметар |
| Тајмер | До 99 минути |
| Функција за одмрзнување | Да, по тежина |
| Нивоа на моќност | 6 нивоа |
| Тип на врата | Странично отворање со рачка |
| Внатрешно светло | Да |
| Детска брава | Да |
| Чистење | Избришете ја внатрешноста со влажна крпа |
| Достапност на резервни делови | Стаклена ротирачка чинија, прстен за тркалање, осигурувач |
Често поставувани прашања - MO 20MW GORENJE
Прашања на корисниците за MO 20MW GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот микробранова печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MO 20MW - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MO 20MW на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MO 20MW GORENJE
Микробрановата печка
Микробранова печка
Микробранова печка
Микробранова печка
Микробранова печка
МК Упатства за употреба .... 33
GB Instruction manual 44
Пред употреба внимателно прочитајте ги упатствата и грижливо чувајте ги!
Основни технички карактеристики
Потрошувачка на енергија: 230V \~ 50Hz, 1200W
Излезна моќ: 700W
Работна фреквенција: 2450 MHz
Надворешни димензии: 452mm (Д) × 262mm (В) × 335 mm (Ш)
Внатрешни димензии (комора): 315mm (Д) × 198mm (В) × 297 mm (Ш)
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE).
Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.
Совети пред да повикате сервисер
- Ако печката воопшто не работи, ако екранот е празен, т.е. го снема натписот од екранот:
а) Проверете дали печката е соодветно приклучена. Ако не е, извадете го приклучокот од штекерот, почекајте десет секунди и повторно цврсто приклучете го во штекерот. б) Проверете да не прегорел електричниот осигурувач, т.е. главниот безбедносен прекинувач (FIT) да не го прекинал електричниот тек. Ако тоа не е причина за проблемот, пробајте на истиот штекер да приклучите друг апарат.
- Ако микробрановата печка не работи:
а) Проверете да не е програмирано времето на работење. б) Проверете дали е вратата цврсто затворена и дали е активирано безбедносното затворање. Ако не е, печката нема да започне со емитирање на микробранова енергија.
Пречки со радиосигнали
Работењето на микробрановата печка може да предизвика пречки на вашиот радио, телевизиски или друг сличен приемник. Ако дојде до пречки, може да ги ублажите или да ги отстраните со следните мерки:
а) Исчистете ја површината на вратата и површините на печката каде се затвора. б) Поставете го радио, односно телевизискиот приемник што подалеку од микробрановата печка. в) За радио, односно телевизискиот приемник употребете соодветно наместена антена, која ќе овозможи што посилен прием на сигналот.
Поставување
- Отстранете ја целата амбалажа од внатрешноста на печката и на вратата.
- Кога ќе ја отстраните амбалажата, проверете да не дошло до видливи оштетувања на печката, пред сè:
- изместена врата,
- оштетена врата,
- вдлабнатини или дупки на стаклениот прозорец на вратата или на екранот,
- вдлабнатини во внатрешноста (комората) на печката. Ако забележите некое од наведените оштетувања, НЕ употребувајте ја печката.
- Микробрановата печка тежи 10,5 kg; поставете ја на водорамна подлога што е довольно цврста да ја издржи нејзината тежина.
- Овој уред не е наменет за употреба од лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или без искуство и знаење, освен ако не се под надзор или не се поучени од страна на лице одговорно за нивната безбедност за употребата на уредот. Внимавајте на децата за да не си играат со уредот.
- НЕ ставајте ништо на печката.
- Поставете ја печката најмалку осум сантиметри подалеку од страните и десет сантиметри од задниот ѕид, за да обезбедите доволна вентилација.
- Не отстранувајте ја погонската греда на вртливата подлога.
- Како и за секој друг апарат, важи дека децата може да ја користат исклучиво под внимателен надзор.
ВНИМАНИЕ – Овој апарат треба да се заземји.
Штекерот на кој е приклучена печката мора да биде лесно достапен.
За работа на печката и е потребно најмалку 1,2 KVA.
При местење на печката препорачуваме да се посоветувате со сервисер.
ВНИМАНИЕ: печката има внатрешна заштита во форма на осигурувач 250V, 10A.
ВАЖНО – во случај на замена на приклучокот или кабелот.
Жиците во приклучниот кабел се обоени во согласност со следните ознаки:
Зелено-жолта: заземјување
Сина: неутрална
Кафеава: жива фаза
Бидејќи боите на жиците на приклучниот кабел на апаратот можеби не одговараат сосема на ознаките на приклучокот, почитувајте го следното:
Жицата што е обоена зелено-жолто приклучете ја на терминалот на приклучокот означен со буквата E или симболот за заземјување ⊥, т.е.
терминалот обоен во зелено или зелено-жолто.
Сината жица приклучете ја на терминалот означен со буквата N или со црна боја.
Кафеавата жица приклучете ја на терминал означен со буквата L или со црвена боја.
Важни упатства
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - За да го намалите ризикот од изгореници, електричен удар, пожар, телесни повреди или големо количество на микробранова енергија:
- Пред употреба на микробрановата печка прочитајте ги сите упатства.
- Некои производи, на пример цели јајца или затворена амбалажа (затворени тегли или шишенца за детска храна со цуцла) може да пукнат, затоа не загревајте ги во микробранова печка. Другите детали побарајте ги во прирачникот за готвење.
- Микробрановата печка користете ја само за предвидени намени, во согласност со описите и упатствата во овој прирачник.
- Како и кај секој друг апарат, потребен е строг надзор кога ја употребуваат деца.
- Не употребувајте ја микробрановата печка ако не работи правилно, ако е оштетена или ако ви паднала од рацете.
- За да се намали ризикот од пожар во внатрешноста на печката:
а) Внимавајте да не ја преварувате храната. Ако во печката се присутни запални материјали за полесно готвење, на пример хартија или пластика, внимателно следете го процесот на печење.
б) Пред да ставите кесе во печката, отстранете ги затворачите од жица.
в) Ако се запали внатрешноста на печката, оставете ја вратата затворена, исклучете ја печката од штекер или прекинете ја електричната струја со помош на главниот прекинувач.
Безбедносни упатства за општа употреба
Во продолжение наведуваме неколку општи правила што, како и за сите апарати, треба да се почитуваат за да обезбедат најдобро работење на печката.
- Кога ја употребувате печката, стаклената подлога, рачката на моторот, склопката, како и лежиштето-обрач треба да бидат секогаш наместени.
- Печката употребувајте ја само за подготовка на храна, а никогаш за, на пример, сушење облека, хартија или други непрехранбени производи или за стерилизација.
- Не активирајте ја печката кога е празна бидејќи со тоа можете да ја оштетите.
- Во внатрешноста на печката не чувајте ништо, а особено не списанија, книги за готвење и сл.
- Не користете ја печката за зимница, т.е. за конзервирање храна бидејќи микробрановите печки не го овозможуваат тоа. Несоодветно конзервираната храна може да се расипе, а нејзиното консумирање е опасно.
- Не варете јајца со лушпа бидејќи може да пукнат. Може да се случи при варење да пукне и излупено јајце. Секогаш гответе ги покриени, а по завршувањето почекајте минута пред да го отстраните капакот.
- Не гответе храна обвиткана со мембрана, како жолчки, компир, пилешки цигер и сл. доколку претходно не ја продупчите обвивката на повеќе места со виљушка.
- Не ставајте ништо во отворите на надворешното куќиште.
- Никогаш не отстранувајте поединечни делови од печката, н.пр. нозе, спојки и сл.
- Не гответе храна директно врз стаклената подлога. Храната се става во/на соодветен сад.
ВАЖНО - КУЈНСКИ ПОМАГАЛА ШТО НЕ СМЕАТ ДА СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА
- Не употребувајте метални садови или лонци со метални дршки.
- Не употребувајте ништо со метален раб или украс.
- Не употребувајте затворачи за пластични ќесиња од жица, прекриени со хартија.
- Не употребувајте садови од меламин, тој содржи материјал што ја апсорбира микробрановата енергија. Поради тоа храната може да пукне или да загори, а времето на готвење ќе биде подолго.
- Не употребувајте садови и шишиња со тенко грло бидејќи при загревањето во микробранова печка може да пукнат.
- Не употребувајте обични термометри за месо или за слатки, постојат специјални термометри за микробранова печка што може да ги користите.
- Помагалата за микробранова печка користете ги со почитување на упатствата од нивните производители.
- Не обидувајте се да пржите храна во микробранова печка.
- Не заборавајте дека микробрановата печка ја загрева само течноста во садот или во чашата, а не и садот. Затоа, дури и кога капакот или садот не се жешки на допир, храната, т.е. течноста, ќе ослободува пареа или ќе врие кога ќе ја извадите од печката, исто како и при нормално готвење.
- Секогаш сами проверувајте ја температурата на подготвената храна, а особено ако загревате или готвите храна и пијалак за децата. Препорачуваме никогаш да не консумирате храна или течност непосредно по нејзиното вадење од печката, туку да почекате неколку минути и да промешате за да се распредели рамномерно топлината.
- Откако храната е подготвена и печката е исклучена, ако содржи мешавина од масти и вода, на пример бујон за супа, оставете ја во печката уште 30–60 секунди пред да ја извадите надвор. Со тоа овозможувате мешавината да се сталожи, а истовремено спречувате вриење и создавање меурчиња кога во неа ќе ставите лажица или коцка.
- Кога подготвувате храна или пијалак, секогаш доследно почитувајте ги упатствата во книгата за готвење, т.е. во прирачникот, и не заборавајте дека некои видови храна, на пр. божиќен пудинг, мармалад и пита со мелено месо, се загреваат многу брзо. Храната со висок процент на масти или шеќер не загревајте ја и не гответе ја во пластични садови.
- Помагалата за готвење што ги употребувате може да се загреат заради топлината што ја испушта храната во нив. Тоа важи особено ако врз садот или рачката е ставена пластична фолија. Затоа можеби ќе ви требаат кујнски ракавици.
Приказ на основните составни делови

1 - Безбедносен систем за затворање на вратата. 2 - Прозорец 3 - Лежиште-обрач 4 - Стаклена подлога - послужавник 5 - Управувачка плоча
Помагала
- Додаток (квачило): поставено на осовината на моторот на дното на перната.
Намена: ја врти подвижната плоча.
- Обрачот за лежиште: поставете го на средина на долната страна (дното) на рерната.
Намена: ја држи подвижната плоча.
- Подвижна плоча: поставете ја на обрачот за лежиште, така што на средината ќе навлезе на додатокот (квачилото).
Намена: подвижната плоча е основна површина за готвење, односно за приготвување храна. Можете едноставно да ја извадите и измиете.
ВАЖНО: Не ја користете рерната ако обрачот за лежиште и подвижната плоча не се на своето место!
Надзорна плоча

- Копче за регулирање на време (0-30 минути)
- Копче за регулирање на јачина (степени)
Како работи микробрановата печка
Микробрановите се високофреквентни електромагнетни бранови; енергијата што ја произведуваат овозможува загревање, односно готвење на храната без промена на нејзиниот облик и боја. Во микробрановата рерна можете да одмрзнувате, брзо подгревате или готвите храна.
Принцип на работење
- Кога храната се врти на подвижната плоча, зраците што ги емитува електромагнетот (магнетронот) рамномерно се распоредуваат; така храната е рамномерно зготвена.
- Храната ги прима зраците до длабочина од приближно 2,5 см (1 инч). Готвењето понатаму продолжува така што топлината се шири низ храната.
- Времето на готвење се разликува во зависност од типот на храната и нејзините карактеристики:
- количина и густина
- содржина на вода односно влага
- почетна температура (разладена храна). Со оглед на тоа дека храната во средина се готви со ширење на топлина, процесот продолжува и откако храната е извадена од рерна. Затоа оставете доволно време, кое е наведено во рецептите во оваа книжка, храната да одстои по готвењето, затоа што така ќе обезбедите:
- рамномерно готвење на храната се до сржта,
- еднаква температура низ целото парче кое се подготвува.
Проверка дали печката работи правилно
- поставете сад со вода на подвижната плоча.
- копчето за регулирање на јачината на зрачење завртете го на највисокиот степен.
- со копчето за регулирање на времето одберете време 4-5 минути. Печката мора да биде приклучена во струја, а подвижната плоча да е на место. Ако не ја одберете максималната јачина, ќе биде потребно повеќе време за водата да зоврие.
Ако се појави некој од доленаведените проблеми, пробајте да го отстраните на предложените начини.
Следните појави се вообичаени:
- кондензирана влага во внатрешноста на рерната,
- кружење на воздух околу вратата на рерната и околу куќиштето,
- одсјај на светлина во околината на вратата и куќиштето.
- пареа излегува од околината на вратата или од отворите за зрачење.
Кога ќе го свртите копчето за регулирање на времето, печката не се вклучува; Дали вратата е затворена?
Храната воопшто не е зготвена;
Дали правилно го регулиравте времето на готвење?
Дали вратата е затворена?
Дали не сте ја преоптеретиле електричната мрежа, па прегорел некој осигурувач, дали се вклучила направата за прекин на струјното коло?
Храната е преварена или недоволно варена;
Дали сте го одбрале правилно времето на приготвување?
Дали сте ја одбрале соодветната јачина на зрачење?
Во внатрешноста на перната се појавуваат искри;
Дали користите садови со метални украси или ивици?
Дали во перната сте оставиле вилушка или некој друг метален предмет?
Дали алуминиумската фолија е прилепена за уидот на перната?
НИВО НА ЈАЧИНАТА НА ЗРАЧЕЊЕ
| Висока (Хигх) | 100% |
| Средно висока (Медиум Хигх) | 85% |
| Средна (Медиум) | 66% |
| Средна ниска (Медиум лоњ) | 48% |
| Ниска (Лоњ) | 17% |
| Одмрзнување (Дефрост) | 40% |
Брз водич за ракување
Рачно одмрзнување на храна
Функцијата одмрзнување Ви овозможува одмрзнување на месо, пилиња и риба.
Поставете ја замрзнатата храна на средината на подвижната плоча и затворете ја вратата.
- Копчето за регулирање на јачината на зрачење свртете го на дефрост (одмрзнување), помеѓу средно (медиум) и средно ниска (медиум лоњ) јачина на зраците.
- Со копчето за регулирање на време одберете го соодветното време за одмрзнување.
Во продолжение е опишана постапката како да зготвите или загреете храна. СЕКОГАШ проверете ја регулираната температура пред да се тргнете до запалената печка. Најпрвин сместете ја храната на средината на подвижната плоча и затворете ја вратата.
- Копчето за јачина на зрачење поставете го на највисокиот степен (Хигх, максимална јачина 700 W).
- Со копчето за регулирање на време одберете го саканото време на траење на готвењето. Осветлувањето во внатрешноста на рерната ќе почне да свети и подвижната плоча да се врти.
- Со вртење на копчето за регулирање на јачината можете да ја менувате јачината на зраците во текот на готвењето.
Прекинување на готвењето
- За привремено прекинување со готвењето:
- отворете ја вратата и готвењето се прекинува, за продолжување, затворете ја вратата.
- За целосно прекинување на готвењето, свртете го копчето за регулирање на времето на 0.
| Помагала за готвење | Соодветно за употреба | Напомена |
| Алуминиумска фолија | Внимателно | Може да користите помали парчиња за заштита на поединечни делови од храната против прегревање. Доколку фолијата е премногу или ако е преблиску до страните може да дојде до појава на искри. |
| Плоча за запекување на храната | Да | Не загревајте ги повеће од 8 минути. |
| Порцелан и глинени садови | Да | Може да се користи доколку нема метални украси |
| Садови од картон и полиестер за єднократна употреба | Да | Некои видови на замрзната храна се во таква амбалажа. |
| Амбалажа од брзоприпремената храна-чаши од стиропор, Хартиени кеси,/весници | ДаНеНеТакалена амбалажа-огноотпорни садови.Фини стаклени садови и чаши Стакленици | Соодветно за подгревање, но полистиренот при претерано загревање може да се растопи.Може да се запали.Може да предизвика искри.Соодветно, доколку нема метални украси.Кај брзо загревање осетливото стакло може да пукне.Тргнете го капакот, соодветно само за загревање. |
Чистење на микробрановата печка
За да го спречите таложењето на маснотиите и остатоците од храната, редовно чистете ги следните делови на микробрановата печка:
- внатрешната и надворешната површина,
- вратата и затворачите на вратата,
- подвижната плоча и обрачот за лежиште.
Секогаш проверете дали затварачите на вратата се чисти и дали вратата се затвара добро.
- Надворешната површина изчистете ја со мека крпа и топла вода, со малку средство за чистење.
- Одстранете ги евентуалните капки маснотии или флеки на внатрешната површина и на обрачот за лежиште, со крпа натопена во благ раствор на детергент, измијте и исушете.
- За да ги омекнете втврдените остатоци од храна и го одстраните непријатниот мирис, поставете чаша со растворен сок од лимон на подвижната плоча и десетина минути загревајте ја перната на максимална јачина.
- Стаклената подвижна плоча можете да ја миете и во машина за миење садови; измијте ја по потреба.
ВНИМАНИЕ!
Не истурајте вода на отворите за зрачење, никогаш не користете груби средства и помагала за чистење или хемиски разредувачи. Посебно внимание посветете на чистењето на затварачите на вратата; спречете да се насобере нечистотија на нив која би можела да го спречи нејзиното правилно затварање.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Не го фрлајте апаратот во нормален домашен отпад, туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство.
Не е за комерцијална употреба!
Корисни совети како и дополнителни упатства за печење со микробранови можете да најдете на нашата веб-страница:
http://microwave.gorenje.com
ГОЛЕМО УЖИВАЊЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА ВИ ПОСАКУВА
Проверете дали вратата е затворена?