VS110W - Пенкало GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот VS110W GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Вакуумска машина за запечатување (систем за чување храна) |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | VS110W |
| Напојување | 220-240V~, 50/60Hz |
| Главни функции | Вакуум/Запечати, Само запечати, Откажи, Заклучување на капакот, Индикаторски ламби (Вакуум и Запечати) |
| Материјал на заптивната лента | Грејна жица обложена со тефлон |
| Вакуумски механизам | Внатрешна вакуумска пумпа со воздушна заптивка со сунѓер |
| Компатибилност со кеси | Компатибилен со стандардни кеси и ролни за вакуумско запечатување (не се вклучени) |
| Безбедносни карактеристики | Автоматско исклучување по 30 секунди ако не се постигне вакуум; заштита од прегревање преку период на ладење |
| Чистење и одржување | Избришете го надворешниот дел со влажна крпа; не потопувајте; држете го капакот отворен кога не го користите; не мијте го капакот |
| Складирање | Чувајте на рамно, безбедно место вон дофат на деца |
| Намена | Само за домашна внатрешна употреба за чување храна и пакување на суви производи |
| Гаранција и сервис | Контактирајте го Gorenje центарот за корисници или локалниот дилер |
| Тежина (прибл.) | 2.5 kg |
| Димензии (прибл.) | 40 x 20 x 10 cm |
Често поставувани прашања - VS110W GORENJE
Прашања на корисниците за VS110W GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пенкало во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник VS110W - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. VS110W на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК VS110W GORENJE
Упатства за употреба МК
Instruction manual GB
MK Упатства за употреба 17
EN Instruction manual 23
RO Manual de utilizare 28
При употребата на овој апарат секогаш да ги земете во обѕир безбедносните упатства и предупредувања, вклучително и овие што се дадени во продолжение. Пред употреба на апаратот прочитајте ги сите упатства.
Предупредувања
- Пред да го приклучите втакнувачот во приклучница или да го извадите од неа, уверете се дека апаратот е исклучен (прекинувачот во положба OFF). Кога апаратот не го употребувате или пред чистење на истиот, исклучете го од електричната мрежа.
- Овој апарат не е играчка. Бидете посебно внимателни кога го употребувате во близина на деца. По употреба, преместете го на безбедно место, надвор од дофат на деца.
- Не употребувајте приклучоци кои не се препорачани или одобрени. Апаратот употребувајте го исклучиво за неговата определена намена.
- Ако дојде до оштетување на приклучниот кабел, веднаш прекинете ја употребата на апаратот. Кабелот нека го замени соодветно оспособен стручњак.
- Избегнувајте ги подвижните делови на апаратот.
- Не обидувајте се сами да го поправите апаратот.
- Не употребувајте го апаратот ако претрпел пад или ако е на изглед оштетен.
- Не правете го следново: не влечете го апаратот за приклучниот кабел и не носете го држејќи го само за кабелот; не затворајте ја вратата така што ќе го зафатите кабелот; не влечете го кабелот околу остри рабови или агли; не употребувајте го апаратот ако е ставен на кабелот или ако кабелот или втакнувачот се мокри.
- Апаратот да не биде никогаш во близина на жежок гас, загреана рерна што работи, електричен грејач или други жешки површини.
- Ви советуваме да не употребувате продолжен електричен кабел со овој апарат. Ако и покрај тоа употребувате продолжен кабел, неговите електрични особини мора да бидат барем еднакви со особините на апаратот.
- За да спречите оштетувања при исклучување од електричната мрежа, исклучете го апаратот така што ќе го повлечете за приклучокот, а не за кабелот.
- Пред вклучување или употреба на апаратот, уверете се дека рацете ви се суви и дека можете безбедно да го ракувате.
- Погрижете се апаратот, кога е вклучен (прекинувачот во положба "ON"), секогаш да биде поставен на стабилна подлога, на пример на маса или работна површина.
- Употреба на средства за подмачкување, како што се масла или вода, кај овој апарат не е потребна.
- При чистење, не смеете да го потопите апаратот во вода или друга течност.
- Не употребувајте го апаратот на отворен простор или на влажна подлога. Апаратот е наменет за употреба во домаќинството, во затворени простории.
- Апаратот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучително и деца) со намалени физички, сензорни или ментални способности, или лица со недостаток на искуство и знаење. Овие лица треба да го употребуваат апаратот под соодветен надзор или да бидат поучени за неговата употреба од страна на лице одговорно за нивната безбедност.
- Внимавајте децата да не си играат со апаратот.
- Ако електричниот кабел е оштетен, мора да го замени производителот, овластен сервисер или друго соодветно оспособено лице. Само на тој начин ќе избегнете дополнителна опасност.
- Кога употребувате вакуумски сад, ве молиме, најпрвин со рака истиснете го воздухот од него; на тој начин ефектот на работењето на апаратот ќе биде подобар.
- По завршеното вакуумско пакување, ве молиме, оставете го капакот на апаратот отворен. Ако го затворите, тоа може да влијае врз работењето на апаратот.
- Ве молиме не мијте го капакот на вакуумскиот сад, бидејќи тоа ќе влијае врз работењето на апаратот.
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/EЗ за електрична и електронска опрема (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.
Функции и особини
Вакуумско пакување / заварување ("Vacuum/seal"): За ишмукување на воздухот од кесичката, со самодејно веднаш преклопување на функцијата заварување на кесичката веднаш по вакуумирањето.
Само заварување ("Seal only"): за заварување
кесички без ишмукување на воздухот, така што може
да настане вакуум.
Поништување ("Cancel"): За исклучување на вакуумирањето и заварувањето, кога-годе сакате да го прекинете работењето.
Заклучување на капакот ("Cover Lock"):
отклучување или заклучување на капакот.
Притиснете ги двата тастери на левата и десната страна на капакот.
Сигнална ламба: Ја прикажува состојбата на вакуумирањето и заварувањето.
Лента за заварување: Ја активира грејната жица превлечена со тефлон, кој овозможува заварување на кесичката без да се прилепи кесичката на жицата односно лентата за заварување.
Затнувач: Притиснете ја кесичката на лентата за заварување.
Површина за ишмукување на воздухот / вакуумирање: Ќе го ишмука воздухот од кесичката и ќе ја прифати евентуалната разлеана течност.
Скица за упатствата за употреба

Чекор 1: Отворот на кесичката порамнете го така да биде под процепите за воздух.

- Само заварување ("Seal only")
- Сигнална ламба (за заварување)
- Поништување ("Cancel")
- Сигнална ламба (за вакуум)
- Вакуумирање / затинање ("Vacuum/seal")
Чекор 2: Притиснете за да се заклучи капакот.

Чекор 3: Притиснете за ослободување /
отворање на капакот.
Изработка на кесичка со употреба на ролна за кесички
- Приклучете го апаратот на извор на електрична енергија под напон 220-240 V~, потоа прекинувачот за вклучување префрлете го на положба за вклучување ("ON").
- Одмотajте ја ролната и ставете го едниот крај на кесичката преку црната гумена лента; потоа затворете го капакот, како што покажува сликата 1.
- Со двете раце посилно притиснете го капакот на двете страни надолу, покрај цртите, додека се слушнат два клика (гледајте ја сликата за Чекор 2).
- Притиснете го тастерот "Само заварување" и црвената сигнална ламба ќе засвети.
- Штом црвената ламба угасне, заварувањето на кесичката е завршено.
- Потоа одмотајте ја волната за кесички така да добиете кесичка со сакана должина. Одрежете ја и кесичката е подготвена.
Зачувување свежина со вакуумот:
- Храната што сакате да ја чувате, ставете ја во кесичката.
- Исчистете го и порамнете го отворениот крај на кесичката и внимавајте да нема брчки или гребени.
- Храната што сакате да ја чувате, ставете ја во кесичката.
- Исчистете го и порамнете го отворениот дел на кесичката. Внимавајте да на површините на отворениот дел од кесичката нема брчки или гребени.
- Уверете се дали двата раба на кесичката се наоѓаат внатре означеното подрачје (на вакуумската плоча), меѓутоа под тркалезната цевка (вакуумската пумпа), да не би дошло до бегање на воздухот (види Слика 3).
- Затворете го капакот и со двете раце посилно притиснете го на двете страни надолу, покрај цртите, додека се слушнат два клика.
- Притиснете го тастерот за вакуумско пакување / заварување, апаратот самодејно ќе го ишмука воздухот од кесичката и ќе ја завари.
- Потоа притиснете ги двете копчиња "заклучување на капакот" и постапката е завршена.
Упатства за ефикасно ишмукување на воздухот:
- Во кесичката не ставајте премногу храна: во отворениот дел на кесичката оставете доволен простор да можете да ја легнете на плочата за вакуумско пакување.
- Внимавајте отворениот дел на кесичката да не биде мокар. Мокра кесичка потешко се стопува и соодветно заварува.
- Вакуумското пакување може да биде над се употребливо покрај чување храна и за многу други намени. Така можете од влага да заштитите опрема за логорување, на пр. кибрити, комплет за прва помош и облеки. Слично важи за сигнални ракети за итни случаи. Со вакуумско пакување можете и да спречете загуба на сјај на сребро и други драгоцености.
- Пред да ја заварите кесичката, исчистете го и порамнете нејзиниот отворен дел. Уверете се дека ништо не го пречи делот на кесичката кој имате намера да го заварите и дека нема брчки, гребени или туѓи предмети, бидејќи тие можат да предизвикаат тешкотии при заварувањето.
- Во кесичката да нема премногу воздух. Пред вакуумското пакување притиснете на кесичката за да го истерате излишниот воздух. Поголемо количество воздух во кесичката предизвикува оптоварување на вакуумската пумпа, која можеби не е доволно моќна да го ишмука целиот воздух од кесичката.
- Не обидувајте се вакуумски да пакувате предмети со остри рабови, како што се рибји коски или тврди лушпи. Острите врвови можат да ја дупнат или скинат кесичката.
- Наполнете приближно две третини од кесичката со вода, а потоа затнете го работ (без ишмукување на воздухот!). Замрзнете ја кесичката и употребете го мразот за ладилник или како облоги кај спортски повреди.
- Препорачуваме да вакуумски пакувате по една кесичка секоја минута, за да се олади апаратот.
- Ако од која било причина по триесет секунди уште не е достигнат соодветен вакуум, системот за ишмукување на воздухот самодејно ќе се исклучи. Во овој случај проверете да не пропушта кесичката, да не е можеби неправилно наместена, или да не постои друга причина за тоа.
ОТВОРАЊЕ НА ЗАВАРЕНА КЕСИЧКА
Пресечете ја кесичката со ножички токму покрај заварениот дел, на внатрешната страна на истиот.
ПОВТОРНО ЗАТВОРАЊЕ
Со овој апарат можете многубројни видови храна (на пр. пржени компирчиња односно чипс) повторно да ги затворите во оригиналната амбалажа. Следете ги упатствата под точка "Зачувување свежина со вакуумот" на оваа страница.
Забелешка: Вакуумскиот апарат не е можно да се употребува непосредно за вакуумско пакување во садови или шишиња за конзервирање.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Систем за вакуумско пакување
- Пред почетокот на чистење секогаш исклучете го апаратот од електричната мрежа.
- Апаратот никогаш не го потопувајте во вода или друга течност.
- За чистење на апаратот не употребувајте абразивни односно груби средства за чистење, бидејќи со нив можете да ја огребете површината.
- Куќиштето на апаратот избришете го со влажна крпа или сунѓер и блага сапуница.
- Внатрешноста на апаратот ја чистите така што со хартиена крпа ги избришете евентуалните остатоци од храна или течност.
- Пред повторна употреба апаратот темелно да го исушите.
Кесички за чување храна
- Материјалот за кесички исчистете го во топла вода и блага сапуница, потоа кесичките (односно материјалот за нив) темелно да го исплакнете. Пред повторна употреба темелно да се исушат.
- Кесички можете да ги миете и во горната кошара на вашата машина за миење садови, така што ќе ги завртите со внатрешната страна нанадвор. Кесичката ставете ја вертикално, така што водата може да истекува од нејзината внатрешност. Пред повторна употреба кесичката темелно да ја исушите.
Забелешка: Кесички во кои сте чувале сурово месо, риби или масна храна, не се препорачливи за повторна употреба.
Чување на апаратот за вакуумско пакување:
Апаратот чувајте го на рамно и безбедно место надвор од дофат на деца.
Упатства со оглед на вакуумска кесичка
Вакуумско пакување за ладилник Во фамилија со брзо темпо на живеење можете оброци да си подготвите однапред, потоа вакуумски да ги пакувате во поединечни порции. Така ќе бидат подготвени да кога-годе брзо ги подгреете.
Приготвување храна за во замрзнувач
- При соодветни услови за чување храна, апаратот за вакуумско пакување ви овозможува да ја зачувате храната свежа. Храната што ја пакувате да биде што посвежа.
- При замрзнување храна која мора да го зачува својот првичен облик, храната најпрвин ќе ја замрзнете, потоа вакуумски ќе ја пакувате во кесичка, а потоа вратете ја во замрзнувачот. Храна, како што е месо, јаготки, малини, рибизли и леб, можете да ја замрзнете за 24 часа, без да се појават оштетувања.
- Ако сакате вакуумски да замрзнете течна храна, на пример супа, чорба или каша, најпрвин замрзнете ја храната во сад за печење или во сад отпорен на замрзнување, а потоа вакуумски запакувајте ја, означете ја и чувајте ја во замрзнувач.
- Зеленчукот бланширајте го така што брзо ќе го сварите во врела вода или во микробранова печка. Потоа оставете го да се олади – мора да остане крцкав – и вакуумски запакувајте го во соодветни порции.
- За вакуумско пакување и замрзнување храна која не е замрзната, потребно е во кесичката да се остави приближно пет сантиметри простор, бидејќи при замрзнување храната се растегнува. Месото или рибата ставете ги на хартиена крпа, која вакуумски ја пакувате заедно со храната. Крпата ќе ја апсорбира излишната влага од храната.
- Кога ставате на чување храна како што се тортиљи, палачинки или лепчиња за хамбургери, меѓу поединечните парчиња ставете восочна хартија, односно хартија за печење. Така полесно ќе отстраните неколку парчиња, а останатото повторно затворете го и вратете го во замрзнувачот.
ИНФОРМАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНО ЧУВАЊЕ ХРАНА
Апаратот за вакуумско пакување ќе го промени начинот на кој купувате и чувате храна. Кога ќе се навикнете на вакуумско пакување, апаратот ќе стане неопходно помагало при приготвување храна. Затоа при вакуумско пакување храна со овој апарат земете ги предвид некои упатства, односно постапки, со кои ќе можете да го подобрите квалитетот и безбедноста на храната.
- Заради хемиски реакции до кои доаѓа при присуство на воздух, повисока температура и влага, покрај ензимски реакции, размножување на микроорганизми или контаминација заради инсекти, храната може да се расипе.
- Главен елемент заради кој храната ја губи својата хранлива вредност и изворната, односно природната текстура, вкус и воопшто квалитетот, е кислородот во воздухот. На повеќето микроорганизми за растење им е потребен воздух, бидејќи тој пренесува влага во храната и од неа – освен ако храната не е заштитена со водонепропустлива амбалажа. Воздухот во замрзнувачот може да ја оштети храната.
- Со вакуумско пакување ќе отстраните до 90 проценти воздух од пакетот со храна. Во воздухот има 21 процент кислород, што значи по отстранување на 90 проценти воздух, во вакуумски запакуваните пакети храна ќе остане само уште 2 до 3 проценти кислород. Општо е познато дека растењето на микроорганизмите во услови кога нивото на кислород е под 5 проценти е оневозможено.
- Воопшто постојат три категории микроорганизми: мувли, габи и бактерии. Присутни се насекаде, но тешкотии предизвикуваат само под одредени услови.
- Во средина со ниска присутност, односно ниво на кислород, или во средина без влага, мувла не може да се развива. Габи можат да се развиваат при присуство на воздух или без него, ако имаат на располагање материја, шеќер и умерени температури. Ладењето го успорува растењето на габите, а замрзнувањето сосема го запира. Бактерии можат да се размножуваат со воздух или без него.
- Посебно опасен вид на бактерија е Clostridium botulinum, која при соодветни услови, т.е. во температурен опсег помеѓу 4 и 46 °C (40 до 115 °F), може да се развива и размножува и без воздух. Поволни услови обезбедува храната што не содржи киселини, средина со ниско ниво на кислород и температура над 4 °C (40 °F), присутни подолго време.
- Замрзнатата и исушената храна, храната што содржи многу киселина, сол или шеќер, може да биде отпорна на ботулин. Со ботулин најлесно се заразува храна без киселини, на пример месо, морска храна, маслинки обработени со натриум хидроксид (база), живина, риба, јајца и печурки, храна што содржи малку киселини, т.е. пред сè зеленчук, и храна со средно количество киселини, на пример презрели домати,
кромид, лути пиперки (чили), смокви и краставици.
- Таквата храна треба да се чува во ладилник само кратко време. Ако сакате да ја чувате подолго, замрзнете ја или изедете ја што е можно побргу откако е зготвена.
- Во некои видови сува храна, на пример во брашно и житарици, можат да се населат ларви или јајца од инсекти. Ако храната не е вакуумски спакувана, можат да се развијат ларви и така да ја контаминираат храната. Развојот на инсекти и ларви можете да го спречите со вакуумско пакување на храната.
- За да не се расипе храната пребрзо, чувајте ја на ниски температури. Така само малку микроорганизми ќе можат да се развијат без воздух.
- Ако температурата во ладилникот е повисока од 4 °C (40 °F) – особено ако е таква подолго време – ќе овозможи развој на штетни микроорганизми, затоа температурата во ладилникот нека биде 4 °C (40 °F) или помалку.
- Кога температурата во замрзнувачот изнесува 0 °F (−17 °C) или помалку, таа е соодветна за чување храна. Меѓутоа, замрзнувањето не ги уништува микроорганизмите, само го успорува или запира нивното размножување, односно развој.
- Температурата на чување кај вакуумски спакуваната храна влијае врз рокот на употреба: при секое намалување на температурата за 10 °C (18 °F), рокот на траење се продолжува за 3-4 пати.
ФУНКЦИИ
1.) Главната намена на апаратот е чување на многубројни видови храна, односно продолжување на рокот на траење, свежината и вкусот. Воопшто, вакуумски спакуваната храна ќе остане свежа до трипати подолго од храната чувана со обични методи. Кога овој апарат ќе стане неопходен дел од вашата кујна, ќе фрлате помалку храна и ќе заштедите повеќе пари.
- Згответе оброк однапред, потоа вакуумски спакувајте го и чувајте го во поединечни порции. Така подготвената вакуумска кесичка не е соодветна за подгревање во микробранова печка или за загревање во врела вода; ве молиме за подгревање да употребите обични методи за готвење.
- Подгответе храна однапред за пикници и кампување.
- Спречете оштетувања на храната поради ладниот воздух во замрзнувачот (смрзнатини).
- Храна, како што е црвено месо, риби, живина, морска храна и зеленчук, пакувајте пред да ја замрзнете.
- Пакувајте сува храна како што се грав, оревчиња и житарици, за да остане свежа подолго време. 2.) Апаратот е изработен за пакување состојки и поединечни порции храна, без оглед на тоа дали се работи за диета за поздрава исхрана, за смалување на телесната маса, или за посебни режими на исхрана заради посебни потреби. 3.) Овој систем можете да го употребите и за чување и заштита на други предмети: драгоцени предмети како што се фотографии, важни документи, колекции од марки, збирки книги, накит, карти, стрипови итн.; железни предмети, на пр. завртки, бруке и навртки; лекови, завоји и друг прибор за прва помош; итн.
Општи безбедносни упатства
Следниве безбедносни упатства произлегуваат како од научни истражувања, така и од општо познати факти, односно „здрава памет“. Тие се однесуваат на безбедно чување храна и ќе ви помагаат при подобрување на безбедноста и избирањето оптимален начин за чување на храната.
- Ако расиплива храна сте ја загреале, одмрзнувале или сте ја оставиле од температурата на ладилникот да се загрее на собна температура, веднаш да ја потрошите.
- По употреба на вакуумско пакувана храна, земете ги предвид упатствата за чување во ладилник, односно повторно вакуумско пакувајте на соодветен начин.
- Соодветно одмрзнување на храната значи да истата од замрзнувачот ја преместите во ладилник и почекате да се олади. Никогаш не одмрзнувајте храна во жешка вода или со други извори на топлина, исто така не во микробранова печка.
- Изедете ја храната што сте ја оставиле на собна температура повеќе од неколку часови, освен ако се работи за густ сос, вакуумско пакувана храна или друг начин на чување на храна во средина со ниско ниво на кислород.
- За да се олади храната побрзо, вакуумските пакети рамномерно распоредете ги по ладилникот, односно замрзнувачот.
При пакување поголеми количества месо, риби или друга храна, земете ги предвид следниве упатства:
- Пред вакуумско пакување измијте си ги рацете и измијте ги сите помагала и површини кои имате намера да ги употребите за режење и вакуумско пакување на храната.
- Расиплива храна чувајте ја во ладилник или замрзнувач веднаш по вакуумското пакување, не оставајте ја да лежи на собна температура.
- Рокот за употреба на сува храна, на пр. оревчиња, кокос или житарици, ќе биде доста подолг ако ги чувате во вакуумски пакет и во ладен и темен простор. Кислородот и високата температура предизвикуваат храна што содржи многу маснотија да добие непријатен мирис и горчлив вкус.
- Пред вакуумско да пакувате некои видови овошје и зеленчук, на пр. јаболка, банани, компир и коренест зеленчук, излупете ги. На тој начин ќе го продолжите нивниот рок на траење.
- Некои видови храна, на пр. брокола, карфиол и свежа зелка, испуштаат гасови. Таква храна пред вакуумско пакување треба да се бланшира или замрзне.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕЧКИ
Кога ќе притиснам на капакот на апаратот, не се случува ништо
- Уверете се дали е приклучниот кабел соодветно приклучен во приклучница и дали е прекинувачот за вклучување на апаратот во положба за вклучување ("on"). Проверете го работењето на приклучницата на тој начин да во неа вклучите друг апарат што работи. Ако приклучницата не работи, проверете ги осигурувачите во вашиот дом.
- Проверете го приклучниот кабел и втакнувачот и уверете се да не се оштетени. Ако се оштетени, апаратот да не го употребувате.
Воздухот не е сосема отстранет од кесичката
- За соодветно затинање односно заварување мора да биде отворениот дел на кесичката во целост во подрачјето на каналот за ишмукување на воздухот.
- Проверете ја лентата за затинање и затнувачот под капакот. Пред се проверете да нема туѓи предмети на затнувачот и дали е тој во соодветна положба. Избришете го затнувачот и порамнете го.
- Можеби во кесичката има дупка. Тоа ќе го проверите на тој начин да кесичката ја затните и во неа оставите нешто воздух, потоа па потопите ја во вода и стиснете. Ако од кесичката излегуваат меурчиња, значи дека кесичката пропушта и морате да употребите друга.
- Проверете дали е капакот сосема на свое место.
По вакуумското пакување во кесичката продрел воздух
- Брчки, трошки, маснотија или течност можат да предизвикаат пропуштање на заварениот раб на кесичката. Повторно отворете ја кесичката, избришете го нејзиниот горен внатрешен дел, порамнете го вдолж лентата за заварување и повторно заварете.
- Проверете дали е во кесичката присутна влага односно сокови. Ако има, отворете ја кесичката и повторно затнете ја, или пак употребете нова кесичка. Храна што содржи многу течност е препорачливо да се замрзне пред вакуумско да ја пакувате.
- Можеби предмети со остри рабови ја дупнале кесичката и во неа навлегол воздух. Обложите ги острите делови на содржината на кесичката со парчиња од хартиена крпа.
Апаратот за вакуумско пакување не ја затнува кесичката.
- Ако лентата за затнување се прегрее и ја стопи кесичката, дигнете го капакот и почекајте неколку минути, да се олади лентата за заварување.
- Пред повторно да ја употребите функцијата „само затнување“, апаратот нека мирува барем 15 секунди.
Животна средина
Не го фрлајте апаратот во нормален домашен отпад, туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.
Гаранција и сервис
Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, одделот за мали апарати за домаќинство.
Не е за комерцијална употреба! GORENJE ВИ ПОСАКУВА ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ УПОТРЕБАТА НА ОВОЈ АПАРАТ