GORENJE OTG80SLSIMB - Chauffe-eau instantané et chauffe-eau

OTG80SLSIMB - Chauffe-eau instantané et chauffe-eau GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот OTG80SLSIMB GORENJE во PDF формат.

📄 48 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE OTG80SLSIMB - page 21
Погледни прирачник : Deutsch DE English EN Македонски MK Slovenščina SL Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Електричен бојлер (складирање)
Модел OTG80SLSIMB
Капацитет 78.8 L
Номинален притисок 0.6 MPa (6 bar)
Празна тежина 31 kg
Полна тежина 111 kg
Моќност на греење 2000 W
Напон 230 V~
Класа на заштита I
Заштита од продор IP24
Класа на енергетска ефикасност C
Опсег на термостат 10 °C до 75 °C
Температура на еко поставка 55 °C
Време на греење (10 °C до 65 °C) 2 h 37 min
Материјал на резервоарот Емајлиран челик со магнезиумска анода
Инсталација Вертикална ѕидна монтажа
Потребен сигурносен вентил Номинален притисок 0.6 MPa (6 bar)
Услов за гаранција Подложен на редовни инспекции на анодата
Одржување Годишна инспекција од овластен сервис
Водни приклучоци G1/2 инч

Frequently Asked Questions - OTG80SLSIMB GORENJE

Како да ја поставам температурата на водата?
Свртете го копчето на термостатот за да ја поставите саканата температура помеѓу 10 °C и 75 °C. Препорачаното поставување за економична работа е позицијата 'еко', која ја одржува водата на приближно 55 °C.
Што прави поставката 'еко'?
Поставката 'еко' ја одржува водата на 55 °C, намалувајќи го создавањето на камен и загубите на топлина во споредба со повисоките температури, што резултира со поефикасна работа.
Како да го спречам замрзнувањето на бојлерот?
Ако не се користи подолг период, не исклучувајте го напојувањето; термостатот ќе одржува минимална температура од околу 10 °C за да спречи замрзнување. Ако го исклучите напојувањето, испразнете го бојлерот темелно.
Може ли да инсталирам запорен вентил помеѓу бојлерот и сигурносниот вентил?
Не. Инсталирањето на запорен вентил помеѓу бојлерот и сигурносниот вентил е забрането бидејќи би ја нарушило функцијата за заштита од притисок на сигурносниот вентил.
Како да го испразнам бојлерот?
Прво, исклучете го бојлерот од напојувањето. Потоа, отворете ја славината за топла вода на поврзан миксер. Водата може да се испразни низ влезната цевка со помош на T-спојка или низ сигурносниот вентил со вртење на неговата рачка или капа. Забележете дека останува малку вода внатре; за да ја отстраните, мора да го отстраните грејниот прирабница.
Што означува контролното светло?
Контролното светло означува дека грејниот елемент работи. Кога водата ќе ја достигне поставената температура, термостатот го исклучува грејниот елемент и светлината се гаси.
Кој е потребниот номинален притисок на сигурносниот вентил?
Сигурносниот вентил мора да има номинален притисок од 0.6 MPa (6 bar), што одговара на номиналниот притисок на бојлерот. Го спречува притисокот да го надмине номиналниот притисок за повеќе од 0.1 MPa (1 bar).
Колку често треба да ја проверувам магнезиумската анода?
Редовните инспекции се задолжителни за одржување на гаранцијата против корозија на резервоарот. Периодот помеѓу инспекциите не треба да го надминува интервалот наведен во гарантниот сертификат. Обично се препорачува годишна инспекција од овластен сервисен давател.
Може ли да го чистам надворешниот дел со растворувачи или абразиви?
Не. Користете само благи детергентни раствори за чистење. Растворувачите и абразивите можат да ја оштетат површината.
Дали овој бојлер е погоден за повеќе точки на користење?
Да, кога е инсталиран во затворен притисочен систем, може да снабдува повеќе точки на користење. За само една точка, користете отворен гравитациски систем со неповратен вентил.

Прашања на корисниците за OTG80SLSIMB GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Chauffe-eau instantané et chauffe-eau во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник OTG80SLSIMB - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. OTG80SLSIMB на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК OTG80SLSIMB GORENJE

Упатства за употреба

21

GORENJE OTG80SLSIMB - 1

⚠️ Апаратот можат да го употребуваат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, психички или ментални способности или со недостаток на искусства, односно знаење, доколку се под надзор или се поучени за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности.

⚠️ Децата не смеат да си играат со апаратот.

Чистење и одржување на апаратот не смеат да го вршат деца без надзор.

⚠️ Вградувањето мора да биде изведено во согласност со важечките закони и според упатствата на производителот. Мора да биде изведено од стручно оспособен монтер.

⚠️ Во случај на затворен систем под притисок, на доводната цевка за вода на греалката за вода (бојлерот) при приклучувањето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил со номинален притисок од 0,6 MPa (6 бари), 0,9 MPa (9 бари) или 1,0 MPa (10 бари) (видете го запишаното на таблицата за идентификација), кој оневозможува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 MPa (1 бар) над номиналниот.

⚠️ Од одводниот отвор на безбедносниот вентил може да капи вода. Заради тоа, одводниот отвор мора да биде отворен на атмосферски притисок.

⚠️ Испустот на безбедносниот вентил мора да биде насочен во насока надолу и на простор каде што нема да замрзнува.

За правилно работење на сигурносниот вентил, треба периодично да се врши контрола, да се отстрани бигорот и да се провери да не е блокиран сигурносниот вентил.

Помеѓу греалката за вода (бојлерот) и сигурносниот вентил не е дозволено да се вградува вентил за затворање, затоа што со тоа се оневозможува притисната безбедност на греалката за вода (бојлерот)!

⚠️ Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода!

⚠️ Греалката за вода е заштитена во случај на откажување на работниот термостат со додатна топлотна заштита. Во случај на откажување на термостатот, во согласност со

безбедносните стандарди, водата во греалката за вода (бојлерот) може да достигне температура до 130°C. При изведувањето на водоводните инсталации, задолжително треба да се земе предвид дека е можно да дојде до наведените температурни преоптоварувања.

⚠️ Ако сакате греалката за вода (бојлерот) да ја исклучите од електричната мрежа, мора да ја испуштите водата од греалката за вода поради опасност од замрзнување.
Ве молиме да не ги поправате сами евентуалните оштетувања на греалката, туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

GORENJE OTG80SLSIMB - 2

Нашите производи се опремени со компоненти кои што не се штетни за животната средина и здравјето и се изработени со можност што поедноставно да се расклопат и рециклираат во последната фаза од нивниот работен циклус.

Со рециклирањето на материјалите ја намалуваме количината на

отпад и ја намалуваме потребата од производство на основни материјали (на пример метали), што бара огромна енергија и предизвикува испуштање штетни материи. Со постапките на рециклажа ја намалуваме потрошувачката на природни ресурси, бидејки на тој начин можеме повторно да ги вратиме отпадните делови од пластика и метали во различни производни процеси. За повеće информации во врска со системот за фрлање отпадоци посетете го својот центар за исфрлање на отпадоците или трговецот каде што бил купен производот.

Почитуван купувач, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ! ВЕ МОЛИМЕ, ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.

Греалката е изработена согласно со важечките стандарди и уредно испробана, исто така за неа се издадени цертификат за безбедност и цертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички карактеристики се наведени на табличката, што е залепена помеѓу прилучните цевки на апаратот. Приклучувањето на бојлерот на електричната или водоводната мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Интервенирањето во неговата внатрешност поради поправки, отстранување на бигор или поради проверка или заменување на противкорозијска заштитна анода, може да ги врши само овластена сервисна служба.

ВГРАДУВАЊЕ

Греалката вградете ја што поблиску до изливното место. Доколку греалката ја вградите во просторот кадешто се наоға кадата за бањање или туширање, треба задолжително да се почитуваат барањата на стандартдот IEC 60364-7-701 (VDE 0100, Teil 701). Гралката прицврстете ја на сидот со две завртки за сидови, со номинален пречник од најмалку 8 мм. Сидовите и таваните со мала носилност треба на местото каде што ѐе ја прикачите греалката соодветно да ги зајакнете. Греалките прицврстувајте ги на сидот само вертикално. Поради полесната контрола и менувањето на магнесиум анодата ви препорачуваме помеѓу врвот на греачот и таванот да оставите довольно слободно место (гледај ја измерата G на шемата на приклучни измери). Во спротивен случај ќе треба при спомнатиот сервисен зафат греачот да се демонтира од таванот.

420 C 350 B 100

445 G A G1/2 100

A B C G
OTG 50 N690470250210
OTG 80 N950735245360

Приклъучни и монтажни димензии на греалката [мм]

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА

Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладната вода е означено со сина боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.

Бојлерот можете да го приключите на водоводната мрежа на два начина. Затворениот систем на приклучување (под притисок) ви омозможува одземање на вода на повеće места. Отворениот систем на приклучување (проточен) ви дозволува само едно одземно место. Со оглед на одберениот систем на приклучување треба да вградите соодветна батерија за мешање. Отворениот (проточен) систем на приклучување бара вградување на неповратен вентил кој го спречува истекувањето на водата од котелот, во случај на редукција на вода. Поради зголемувањето на водата при греењето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капкање вода на одливната цевка на мешалната батерија. Силното затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на капкање вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.

Затворениот систем на прилучување на одземните места бара вградување на мешална батерија за работа под притисок. На доводната цевка поради безбедност на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, која спречува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 МРа (1 бар) над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок.

Поради зголемувањето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до границата што ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејки враćањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде до појава на капкање вода од одводниот отвор на сигурносниот вентил. Капките вода можете да ги спроведете во одводот со помош на посебна инка која Ѽе ја наместите под сигурносниот вентил.

Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во местото каде што не замрзува.

Доколку веке поставената инсталација не овозможува водата што капи од повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капкањето можете да го избегнете ако кај доводната цевка на греалката вградите експанзиски сад со волумен од 3 л.

За правилно работење на безбедносниот вентил треба самите периодично да вршите контроли, да го чистите бигорот и да се проверува евентуелната блокада на безбедносниот вентил. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на бурмата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.

GORENJE OTG80SLSIMB - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА - 1

flowchart
graph LR
    1["1"] --> T["T"]
    T --> 2["2"]
    2 --> 3["3"]
    3 --> 4["4"]
    4 --> a["a"]
    a --> b["b"]
    b --> 5["5"]
    5 --> 6["6"]
    6 --> 7["7"]
    7 --> H["H"]

Затворен систем (со притисок)

GORENJE OTG80SLSIMB - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА - 2

flowchart
graph TD
    A["Container Tank"] --> B["Pump"]
    B --> C["T"]
    B --> D["H"]
    C --> E["Control Valve 8"]
    D --> F["Control Valve 7"]
    style A fill:#f9f,stroke:#333
    style B fill:#ccf,stroke:#333
    style C fill:#cfc,stroke:#333
    style D fill:#fcc,stroke:#333
    style E fill:#ffc,stroke:#333
    style F fill:#fcc,stroke:#333

Отворен систем (прелевен)

Легенда:

1 - Батерија за мешање
2 - Експанзионен сад
3 - Сигурносен вентил

а - Пробен вентил

b - Неповратен вентил

4 - Одливник со приклучок на одвод
5 - Пробна наставка

6 - Редукциски вентил за притисок
7 - Затворен вентил
8 - Неповратен вентил
9 - Проточна батерија за мешање

Н - Ладна вода

T - Топла вода

Помеѓу греалката и повратниот сигурносен вентил не смеете да вградите затворен вентил бидејći со тоа єе го оневозможите работењето на повратниот сигурносен вентил.

Греалката можете да ја приключите на куїната водоводна мрежа без редукциски вентил доколку притисокот во мрежата е понизок од номинаниот притисок.

Доколку притисокот во мрежата го надминува номиналниот притисок, треба задолжително да вградите редукциски вентил.

Пред прилучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода. Кај првото полнење отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА

GORENJE OTG80SLSIMB - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА - 1

Пред приклучувањето во електричната мрежа треба во греачот да се вгради врвка за приклучување, со минимален пречник од 1,5 мм² (H05VV-F 3G 1,5 мм²). Затоа треба да го извадите пластичниот заштитен капак. Приклучувањето на греалката на електричната мрежа треба да се врши согласно со стандартите за електричната мрежа. Помеѓу греачот на водата и трајната инсталација треба да биде вградена справа за одделување на сите полови од електричната мрежа

согласно со националните прописи за инсталација.

230 V~ ± N L 5 2 1 v> 3 4

Легенда:

1 - Термостат
2 - Топлински осигурувач
3 - Грејач
4 - Контролна ламбичка
5 - Приклучна спојка

L - Фазен спроводник
N - Неутрален спроводник
12 - Заштитен спроводник

Шема на електрично поврзување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред секое навлегување во нејзината внатрешност треба греалката задолжително да ја исклучите од електричната мрежа.

УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ

После приклучувањето на водоводната и електричната мрежа, греалката е подготвена за употреба. Со вртење на копчето на термостатот што се наога на долната страна на заштитниот капак, ја бирате саканата температура на водата помеѓу 10 °C и 75 °C. Препорачуваме подесување на копчето на положбата "есо". Таквото подесување е најштедливо: температурата на водата ће биде приближно 55 °C, а излачувањето на бигорот и загубата на топлината ће бидат помали во споредба со подесувањата на повисока температура. За време на работењето на електричната греалка може да се слуша и звук во греачот. Работењето на електричната греалка го покажува контролната сијаличка.

Доколку греалката не мислите да ја користите подолго време, треба неговата содржина да ја заштитите од замрзнување на таков начин што струјата нема да ја исключите, а копчето на термостатот ће го подесите на положбата "*\$. При тоа подесување, греалката ће ја одржува температурата на водата на приближно 10 °C. Доколку греалката ће ја исключите од електриичната мрежа, ће треба при опасноста на замрзнување, водата да ја испуштите.

Водата од греалката се источува со помош на доточната цевка на греалката. Во та намена препорачливо е при вградувањето помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка на греачот да се намести посебен фитинг (Т-член) или вентил за пуштање. Греалката можете да ја испразните и непосредно низ

безбедносниот вентил со поместување на рачката, односно вртливото мало капаче на вентилот во положба како при проверувањето на работењето.

Пред испразнувањето треба греалката да се исклучи од електричната мрежа и потоа да се отвори рачката за топла вода на приключената батерија за мешање.

После празнењето на водата низ доводната цевка во греалката останува помало количество на вода што истечува при потргнувањето на прирабницата за греење низ отворот на прирабницата за греење.

Надворешноста на бојлерот чистете ја со неагресивен раствор на прашок за перење. Не употребувајте разредувачи или груби средства за чистење.

Со редовни сервисни прегледи ќе овозможите исправно работење и долг век на употреба на греалката за вода (бојлерот). Гаранцијата за корозијата на котелот важи ако сте ги извршиле пропишаните редовни прегледи за истрошеност на заштитните аноди. Периодот помеѓу поединечните редовни прегледи не смее да биде подолг од наведеното во гарантната изјава. Прегледите мора да ги изведуваат овластени сервисери кои ќе ви го евидентираат прегледот во гарантниот лист за производот. Со прегледот се прегледува истрошеноста на антикорозивната заштитна анода и по потреба се чисти бигорот што се набира во внатрешноста на бојлерот, во зависност од квалитетот, количината и температурата на потрошената вода.

Ве молиме, евентуелните оштети на греалката да не ги поправате сами туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

Тип OTG 50 N OTG 80 N
Определен профил на оптоварувањеMM
Класа на енергетска ефикасност1)CC
Енергетска ефикасност при загревање на вода (ŋwh)1)[%]36,0 36,0
Годишна употреба на електрична енергија1)[kWh]1427 1428
Дневна употреба на електрична енергија2)[kWh]6,6926,698
Поставена температура на термостатот"eco""eco"
Вредност "smart"00
Зафатнина[l]49,178,8
Кол. на мешана вода при 40 °C V402)[l]6894
Време за загревање од 10°C до 65°C[h]1:382:37
Номинален притисок[MPa(bar)]0,6(6)
Тежина/наполнетсо вода[kg]24/7431/111
Противкорозиона заштита на котелотемајлирано / Mg анода
Јакост на електричната греалка[W]2000
Приклучен напон[V~]230
Заштитна класаI
Степен на заштитаIP24

1) Уредба на комисија EU 812/2013; EN 50440
2) EN 50440

Упатствата за употреба може да ги најдете и на нашата веб-локација:

http://www.gorenje.com.

OPOZORILA

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : OTG80SLSIMB

Категорија : Chauffe-eau instantané et chauffe-eau