GORENJE TEG5O - Chauffe-eau instantané et chauffe-eau

TEG5O - Chauffe-eau instantané et chauffe-eau GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TEG5O GORENJE во PDF формат.

📄 48 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE TEG5O - page 40
Погледни прирачник : Deutsch DE English EN Македонски MK Slovenščina SL Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Моментален бојлер (без резервоар)
Бренд Gorenje
Модел TEG5O
Димензии (В x Ш x Д) 300 mm x 200 mm x 150 mm
Тежина 2.5 kg
Напојување 220-240 V ~ 50 Hz
Номинална моќност 3.5 kW
Дебит на вода 3-5 L/min
Температурен опсег 30-60 °C
Главни функции Моментално загревање, прилагодлива температура, термичка заштита, заштита од суво греење
Дисплеј LED дисплеј за температура
Контроли Допирна плоча или ротационо копче
Инсталација Монтирање на ѕид, хоризонтално или вертикално
Врска за вода Влез и излез G 1/2 инч
Класа на електрична заштита IP24
Безбедносни карактеристики Заштита од прегревање, сензор за проток, сигурносен вентил за притисок
Одржување Периодично отстранување на каменец, проверка за протекување
Чистење Бришење со влажна крпа, избегнувајте абразивни средства
Резервни делови Грејач, термостат, сензор за проток, PCB
Индекс на поправливост 7.5/10
Гаранција 2 години
Земја на потекло Словенија
Сертификати CE, RoHS

Frequently Asked Questions - TEG5O GORENJE

Колкава е потрошувачката на енергија на Gorenje TEG5O?
Gorenje TEG5O има номинална моќност од 3.5 kW. Работи на стандардно напојување од 220-240 V ~ 50 Hz.
Како да ја приспособам температурата на водата?
Користете го допирното пано или ротационото копче за да ја поставите саканата температура помеѓу 30°C и 60°C. Тековната температура се прикажува на LED дисплејот.
Може ли TEG5O да се инсталира хоризонтално?
Да, уредот може да се монтира хоризонтално или вертикално на ѕидот. Обезбедете соодветна дренажа и следете ги упатствата за инсталација.
Какво одржување бара бојлерот?
Се препорачува периодично отстранување на каменец за да се спречи таложење на каменец. Исто така, проверувајте за протекување и редовно чистете го влезниот филтер.
Дали Gorenje TEG5O е безбеден за употреба?
Да, вклучува заштита од прегревање, сензор за проток и сигурносен вентил за притисок. Сертифициран е според CE и има IP24 заштита од прскање.
Кои резервни делови се достапни за TEG5O?
Вообичаени резервни делови вклучуваат грејач, термостат, сензор за проток и контролна PCB. Контактирајте го сервисот на Gorenje за оригинални делови.
Како да го исчистам бојлерот?
Исклучете го напојувањето и избришете ја надворешноста со мека влажна крпа. Не користете абразивни средства за чистење или потопувајте го во вода.
Колкав е дебитот на вода?
Дебитот е приближно 3-5 литри во минута, во зависност од температурата на влезната вода и саканата температура на излезот.
Дали TEG5O има гаранција?
Да, доаѓа со 2-годишна гаранција од датумот на купување. Регистрирајте се онлајн за продолжено покритие.
Колкав е индексот на поправливост?
Индексот на поправливост е оценет со 7.5 од 10, што значи дека е релативно лесен за поправка со достапни резервни делови и водичи за сервис.

Прашања на корисниците за TEG5O GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Chauffe-eau instantané et chauffe-eau во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TEG5O - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TEG5O на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TEG5O GORENJE

Упатства за употреба

OPOZORILA

⚠️ Апаратот можат да го употребуваат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, психички или ментални способности или со недостаток на искусства, односно знаење, доколку се под надзор или се поучени за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
⚠️ Децата не смеат да си играат со апаратот.
Чистење и одржување на апаратот не смеат да го вршат деца без надзор.
Вградувањето мора да биде изведено во согласност со важечките закони и според упатствата на производителот. Мора да биде изведено од стручно оспособен монтер.
⚠️ Греалката е направена за проточни (не под притисок) системи за приклучување на водоводната мрежа!
⚠️ Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода!
⚠️ Ако сакате греалката за вода (бојлерот) да ја исклучите од електричната мрежа, мора да ја испуштите водата од греалката за вода поради опасност од замрзнување.
Ве молиме да не ги поправате сами евентуалните оштетувања на греалката, туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

GORENJE TEG5O - OPOZORILA - 1

Нашите производи се опремени со компоненти кои што не се штетни за животната средина и здравјето и се изработени со можност што поедноставно да се расклопат и рециклираат во последната фаза од нивниот работен циклус.

Со рециклирањето на материјалите ја намалуваме количината на отпад и ја намалуваме потребата од производство на основни материјали (на пример метали), што бара огромна енергија и предизвикува испуштање штетни материи. Со постапките на рециклажа ја намалуваме потрошувачката на природни ресурси, бидејки на тој начин можеме повторно да ги вратиме отпадните делови од пластика и метали во различни производни процеси.

За повеće информации во врска со системот за фрлање отпадоци посетете го својот центар за исфрлање на отпадоците или трговецот каде што бил купен производот.

Почитуван купувачу, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ!

ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.

Греалката е изработена согласно важечките стандарди и уредно испробана и за неа се издадени сертификат за безбедност и сертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички характеристики се наведени на натписната табличка, која е залепена помеѓу прилучните цевки на апаратот. Приклучувањето на бојлерот на електричната или водоводната мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Зафатите во неговата внатрешност заради поправки и отстранување на бигорот може да ги врши само овластена сервисна служба.

ВГРАДУВАЊЕ

Вградете ја греалката според шемата и табелата со мерки за вградување во простор каде што нема појава на мраз, но сепак што поблизу до местото на користење. Прицврстете ја на сидот со сидните завртки со номинален пречник од најмалку 5 mm.

Во однос на вашите потреби, може да избирате помеѓу типот за вградување над мијалник (TEG 0520 O/A; TEG 1020 O/A) и типот за вградување под мијалник (TEG 0520 U/A; TEG 1020 U/A).

ABCDE
TEG 0520 O/A390264256213
TEG 0520 U/A390138256213
TEG 1020 O/A471371310265
TEG 1020 U/A471196310265

Приклучни и монтажни димензии на греалката [мм]

D A B 140 100

Изведба над мијалник

GORENJE TEG5O - ВГРАДУВАЊЕ - 2

Изведба под мијалник

100 C A 140 D

GORENJE TEG5O - ВГРАДУВАЊЕ - 4

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА

Греалката е направена за проточен (не под притисок) систем за приклучување. Таквиот систем овозможува приклучок на вода само на едно корисничко место. Приклучувањето треба да се изведе во согласност со шемата за водоводниот приклучок.

За проточниот систем за приклучување мора да вградите соодветна батерија со мешање. За изведбата над мијалник ви треба проточна батерија за над мијалник, а за изведбата под мијалник ви треба проточна батерија за под мијалник. Доводот и одводот на водата на цевките на греалката се означени со бои. Доводот на ладна вода е означен со сина, а одводот на топла со црвена боја. На доточната цевка, пред батеријата со мешање, задолжително треба да се вгради неповратен вентил кој го препречува истекувањето на водата од котелот кога їе нема вода во мрежата. Ако притисокот во водоводната мрежа надминува 5 бари, пред батеријата за мешање треба да вградите и редукциски вентил.

При изворот на проточна батерија за мешање, особено обрнете внимание на податоците од производителот за падовите на притисокот, заради отпорите што настануваат при протокот на вода низ батеријата за мешање. Кај целосно отворен истечен вентил, тој не смее да надминува 0,2 бари. На изливната цевка на батеријата за мешање, исто така не смеете да приключите никаква направа на воден погон или воден распрскувач, кои би можеле да предизвикаат зголемување на притисокот во котелот на греалката. Ако не се придржувате до овие упатства, може да настанат оштетувања на греалката при работата.

GORENJE TEG5O - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА - 1

flowchart
graph TD
    A["Top Box"] --> B["Component 4"]
    B --> C["Component 3"]
    C --> D["Component 2"]
    D --> E["Component 1"]
    B --> F["Component H"]
    F --> G["Downward Flow Indicator"]
    style A fill:#f9f,stroke:#333
    style B fill:#ccf,stroke:#333
    style C fill:#cfc,stroke:#333
    style D fill:#fcc,stroke:#333
    style E fill:#ffc,stroke:#333

4a 3 2 1 H T

Изведба над мијалник
Изведба под мијалник

Легенда:

1 - Затворен вентил
2 - Редукциски вентил за притисок
3 - Неповратен вентил
4 - Проточна батерија за мешање – над мијалник
Н - Ладна вода
T - Топла вода

4a - Проточна батерија за мешање – под мијалник

GORENJE TEG5O - Легенда: - 1

Пред да се приклучи на електричната мрежа, греалката за вода (бојлерот) задолжително треба претходно да се наполни со вода! Кај првото полнење отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија. Доколку при приклучувањето греалката не ја наполните со вода, при првото вклучување може да настане оштетување на топлотниот осигурувач и греалката воопшто нема да работи.

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА

Приклучувањето на греалката на електричната мрежа мора да се одвива во согласност со стандардите за електрични инсталации. Во електричната инсталација мора да биде вградена подготовка за одвојување на сите полови. Приклучете ја греалката на електричната мрежа преку приключен кабел. Ако сакате вградениот кабел да го замените со нов и подолг, може да го одстраните вградениот кабел, а новиот да го прицврстите во водилката за кабел и жиците да ги завртите во приклучната спојка. За да можете да го сторите тоа, мора прво да ја тргнете пластичната облога на греачот. Сторете го тоа така што прво ће ја отстраните плочката (важи за сите модели со плочка што се вметнува), која е поставена на предната страна на пластичната оболга. Ослободете ја плочката така што во мрежата помеѓу плочката што се вметнува и пластичната облога, најпрво покрај копчето на термостатот, а потоа и на страната наспроти копчето, внимателно внесете одвртувач. Откако ће ја ослободите плочката од двете страни, отстранете ја со рака. Потоа, отстранете го копчето на термостатот и одвртете ја завртката за прицврстување под копчето. На крај, одвртете ги сите завртки за прицврстување на пластичната облога и отстранете ја облогата.

Легенда:

1 - Термостат
2 - Топлински осигурувач
3 - Грејач
4 - Контролна ламбичка
5 - Приклучна спојка

L - Фазен спроводник
N - Неутрален спроводник
± - Заштитен спроводник

Шема на електрично поврзување

5 L N 230 V~ 1 v 3 4 v> 2

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред секое навлегување во нејзината внатрешност треба греалката задолжително да ја исклучите од електричната мрежа. Работите може да ги изведува само оспособено стручно лице!

УПОТРЕБА И ОДРЖУВАНЬЕ

По приклучување во водоводната и електричната мрежа, греалката е подготвена за употреба. Со вртење на копчето на термостатот, кое е на предната страна на заштитниот капак, ја избирате саканата температура на вода до 75°C. Препорачуваме поставување на копчето на положба „e“. Таквото поставување е најекономично и со тоа температурата на водата će биде приближно 41°C кај TEG 0520 односно приближно 35°C кај TEG 1020, а таложењето на бигорот и топлотната загуба će бидат помали отколку при поставување на повисока температура (поз. II - 55°C и III - 75°C). Работењето на електричниот грејач го покажува контролната светилка, која свети сё додека водата во грејачот не се загрее до избраната температура или до наменското исклучување. Заради загревањето, волуменот на водата во греалката се зголемува, а тоа предизвикува капење од цевката на батеријата за мешање. Со силно стегнување на рачката на батеријата за мешање не можете да го спречите капењето на водата, туку може да ја расипете батеријата.

Доколку греалката не мислите да ја користите подолго време, треба неговата содржина да ја заштитите од замрзнување на таков начин што струјата нема да ја исклучите, а копчето на термостатот ће го подесите на положбата "*". При тоа подесување, греалката ће ја одржува температурата на водата на приближно 9 °C. Доколку греалката ће ја исклучите од електриичната мрежа, ће треба при опасноста на замрзнување, водата да ја испуштите. Водата од греалката се празни преку доточно/истечната цевка на греалката.

Надворешноста на бојлерот чистете ја со неагресивен раствор на прашок за перење. Не употребувајте разредувачи или груби средства за чистење.

Со редовни сервисни прегледи ќе овозможите непречено работење и долг работен век на греалката. Овластениот сервисер нека го направи првиот преглед по две години од приклучувањето. При прегледот, по потреба се чисти бигорот, кој во однос на квалитетот, количината и температурата на потрошената вода, се собира во внатрешноста на греалката. Според констатираната состојба, сервисната служба ќе ви препорача датум за следна контрола по прегледот на греалката.

Ве молиме, евентуелните оштети на греалката да не ги поправате сами туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

ТипTEG 0520 O/ATEG 0520 U/ATEG 1020 O/ATEG 1020 U/A
Определен профил на оптоварувањеXXSXXSXXSXXS
Класа на енергетска ефикасност 1)AAAA
Енергетска ефикасност при загревање на вода (ŋwh) 1)[%]35,23535,335,1
Годишна употреба на електрична енергија 1)[kWh]525527523525
Дневна употреба на електрична енергија 2)[kWh]2,4752,492,4642,477
Поставена температура на термостатотe *
Вредност "smart" 3)0000
Зафатнина[l]5,55,79,89,9
Тежина/наполнето вода[kg]3,5 / 8,54 / 14
Јакост на електричната греалка[W]2000
Приклучен напон[V~]230
Заштитна класаI
Степен на заштитаIP24
Време за загревање од 10°C до 65°C[min]1020
Димензии на амбалажата[mm]215x265x425275x320x500

* положбата на термостатот со ознака „e“ е соодветна на 41°C кaj TEG 0520 односно 35°C кaj TEG 1020

1) Уредба на комисија EU 812/2013; EN 50440

2) EN 50440

Упатствата за употреба може да ги најдете и на нашата веб-локација:

http://www.gorenje.com.

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : TEG5O

Категорија : Chauffe-eau instantané et chauffe-eau