H45W - Пречистувач на воздух GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот H45W GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Овлажнител на воздух |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | H45W |
| Серија | Myst Breeze |
| Напојување | 220-240 V ~ 50 Hz |
| Потрошувачка на енергија | 25 W |
| Капацитет на резервоарот за вода | 4.0 L |
| Излез на магла | До 350 ml/h |
| Поставки за ниво на влажност | 3 нивоа (Ниско, Средно, Високо) |
| Тип на контрола | Допирни копчиња |
| Индикаторско светло | RGB прстен (бела, сина, зелена, лимета, црвена) |
| Ниво на бучава | ≤ 38 dB |
| Безбедносни карактеристики | Автоматско исклучување, заштита од низок водостој, заштита од прегревање |
| Материјал | ABS пластика |
| Димензии (Ш x Д x В) | 200 x 200 x 300 mm |
| Тежина | 1.5 kg |
| Метод на чистење | Избришете со влажна крпа, периодично чистете го резервоарот со благ детергент |
| Тип на филтер | Нема (ултразвучна технологија) |
| Покриеност на просторија | До 25 m² |
| Гаранција | 2 години |
Често поставувани прашања - H45W GORENJE
Прашања на корисниците за H45W GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пречистувач на воздух во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник H45W - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. H45W на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК H45W GORENJE
Скала за нивото на водата
| SI-3 - | HR / BIH-7 - | SRB / BIH / MNE-11 - | GB-15 - | DE / AT-19 - | RO-23 - | SK-27 - |
| PL-31 - | CZ-35 - | BG-39 - | RU-47 - | HU-51 - | UA-55 - | |
| Испуст за пареаКапакРезервоар за вода | Ознака за ниво на водаКопче за вклучување/исклучувањеи показател на работење | Копче за дотерување на нивото нанавлажнување (работење на апаратот)ОсноваСтруен кабел | ||||
При употреба на апаратот, придржувајте се до следните основни безбедносни предупредувања. Внимателно прочитајте го ова упатство и употребувајте го апаратот исклучиво во согласност со него. // Пред да го приклучите апаратот во струја, проверете дали наведениот напон соодветствува на напонот во вашата домашна електрична мрежа. // Во случај струјниот кабел да е оштетен, заменете го со соодветен кабел за струја. Струјниот кабел или уредот за намотување на струјниот кабел може да ги замени единствено „Горење“, овластен сервис или центар за поправки на „Горење“ или соодветно обучен професионалец. // Осигурете се дека струјниот кабел не допира топли површини. // Апаратот користете го и чувајте го исклучиво во затворена просторија и на суво место. // Не употребувајте го апаратот доколку ви паднал, доколку е оштетен, доколку се чувал на отворено или бил испуштен или потопен во вода. // Не користете го апаратот со несоодветни приклучоци или продолжни кабли. // За да спречите евентуални повреди, вашата коса, лабави делови од облеката, прстите или други делови на телото не смеат да дојдат во контакт со вентилите или подвижните делови на апаратот. // Апаратот може да го користат деца на возраст од 8 години или повеќе, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или без искуство или знаење, под услов да се под надзор во текот на користењето на апаратот или да им биле дадени релевантни упатства во врска со користењето на апаратот на безбеден начин, како и под услов да ги разбираат можните опасности. Децата треба да бидат под надзор додека го користат апаратот и не смеат да си играат со него. // Деца не смеат да го чистат или да го одржуваат апаратот, освен доколку не се на возраст од најмалку 8 години и под надзор. Погрижете се навлажнувачот и струјниот кабел секогаш да бидат вон дофат на деца (на растојание од најмалку еден метар). // По употребата на апаратот или по негово одржување, ставете го на подот, исклучете го и извлечете го струјниот кабел од штекерот. // Не исклучувајте го апаратот од струја со влечење на струјниот кабел. // Апаратот е наменет исклучиво за домашна употреба.
ОПАСНОСТ
Не потопувајте го апаратот во вода или во друга течност и не плакнете го под млаз вода. Исто така, не допирајте го струјниот кабел или приклучокот со влажни раце. За да спречите струен удар, никогаш не отворајте ја основата.
ПОСЕБНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Следниот текст е опис на безбедносните предупредувања со цел да се спречат физички повреди или оштетување на имот на корисниците или на други лица. Внимателно прочитајте го текстот и осигурете се дека сте ја разбрале содржината. Не користете го апаратот во простории во кои релативната влажност надминува 50% или е речиси со влажност на вода. Не изложувајте го апаратот на екстремна топлина или студ. Не користете го апаратот на отворено. Не вклучувајте го навлажнувачот доколку во резервоарот нема вода. Не ставајте предмети на апаратот и не дозволувајте некој да застане или да седне на него. Не покривајте го генераторот на пареа кога апаратот е вклучен во струја. Не насочувајте ја пареата кон мебелот или кон електрични апарати. Доколку апаратот испушта невообичаен звук, мирис на запалено или чад, веднаш исклучете го од струја пред да го поместите, чистите, полните или да го празните или пред да вршите некаква друга одржување. Не користете метални или цврсти предмети за чистење на апаратот. За да избегнете физички повреди или оштетување на имотот, не распрскувајте запаливи супстанции во близина на апаратот. Исто така, не прскајте го апаратот со вода и не користете хемиски средства за чистење како алкохол, солна киселина, итн. Не ставајте садови со вода, лекови или запаливи материи на апаратот. Не блокирајте ги влезните или излезните отвори на апаратот со други предмети. Не покривајте го навлажнувачот со крпа или ќебе. Додека работи, апаратот треба да биде поставен на сува, рамна и стабилна површина и треба да се остави растојание од најмалку 30 см околу апаратот. Не оставајте го апаратот на директна сончева светлина. За да спречите електромагнетна интерференција, чувајте го апаратот подалеку од телевизори, радија, микро-бранови печки и други апарати. За да спречите несреќи, не расклопувајте го и не модификувајте го апаратот без претходно одобрение. Ниво на бучава – најмногу 38 dB.
Опремата е означена во согласност со Европската директива 2012/19/E3 за електричен и електронски отпад - WEEE. Во Директивата се утврдени барањата во однос на собирање и управување со електрична и електронска опрема, кои се на сила на целата територија на Европската Унија.
| ДЕЈСТВИЕ СТАТУС | |
| Приклучете го апаратот на струја. | Стенд-бај режим |
| Накусо притиснете го копчето за вклучување/исклучување. | Апаратот е исклучен и е во режим на стенд-бај. |
| Накусо притиснете го копчето за ниво на навлажнување (работа на апаратот). | Менувајте ги режимите на работа како што следи: ниво 1, ниво 2, ниво 3. |
| Бојата на осветлениот круг е бела. | Апаратот е приклучен на струја. |
| Осветлениот круг е во различни бои. | Како што одбирате ниво 1, 2 или 3, бојата на осветлениот круг се менува |
| Бојата на осветлениот круг е сина. | Одбрано е највисокото ниво на навлажнување (работење на апаратот). |
| Бојата на осветлениот круг е зелена. | Одбрано е средно ниво на навлажнување (работење на апаратот). |
| Бојата на осветлениот круг е светло зелена. | Одбрано е најниското ниво на навлажнување (работење на апаратот). |
| Бојата на осветлениот круг е црвена. | Доколку бојата на осветлениот круг е црвена, тоа значи дека нема довольно вода во резервоарот за вода (активирана е заштита на апаратот при ниско ниво на вода) или дека резервоарот за вода не е правилно наместен. Проверете дали резервоарот за вода е полн и правилно поставен на одреденото место. Потоа повторно включете го навлажнувачот. |
| Доколку кругот свети црвено, тоа значи дека е активирана заштита од прегревање (поради недостиг на вода). Извлечете го струјниот кабел од штекерот, наполнете го резервоарот со вода и повторно приклучете го апаратот во струја. | |
| Доколку кругот свети црвено, дошло до грешка во работењето нас коректорот (преносникот). Ве молиме повикајте го сервисниот центар или вашиот локален центар за одржување. |
ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА
| ПРОБЛЕМ МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ | ||
| Навлажнувачот не работи. | Струјниот кабел не е правилно ставен во штекерот. | Ставете го струјниот кабел правилно во штекерот. |
| Мала количина вода во каналот за вода. | Наполнете го резервоарот за вода. | |
| Резервоарот за вода не е правилно поставен. | Поставете го резервоарот за вода правилно. | |
| Апаратот испушта невообичаена миризба. | Водата е валкана или подолго време не е заменета. | Исчистете го резервоарот и каналот за вода. За чистење на навлажнувачот, секогаш користете само чиста вода. |
| Апаратот испушта невообичаен звук. | Апаратот не е поставен на стабилна површина. | Поставете го апаратот на рамна и цврста површина или на подот и проверете дали стои цврсто на место. |
| Околу навлажнувачот има вода. | Го употребувате навлажнувачот во просторија без соодветна вентилација или со високо ниво на влажност. Пареата не може целосно да се распрска низ воздухот и се кондензира околу навлажнувачот. | Намалете го нивото на навлажнување (работа на апаратот) - особено во текот на нокта, додека спиете. За да ја подобрите вентилацијата и ефектот на навлажнувањето, може да се послужите и со клима уред или со вентилатор. |
| Во резервоарот има довольно вода, но навлажнувачот не работи. | Навлажнувачот е накосен и количината вода во каналот за вода е, следствено, премала. Апаратот се ислучил заради негова заштита при недоволно количество вода. | Поставете го навлажнувачот на рамна и цврста површина и проверете дали стои цврсто на место. |
| Од каналот за вода претекува вода или количината вода е преголема; како резултат на тоа, ефектот од навлажнувањето е мал, а се слуша и звук на капки вода како пагаат. | Пловакот, дихтунгот и капакот на резервоарот за вода не се правилно наместени. Капакот на резервоарот за вода е прекриен или блокиран. | Проверете дали пловакот, дихтунгот и капакот на резервоарот за вода се правилно и цврсто поставени. Проверете дали можеби капакот е блокиран. |
ЖИВОТНА СРЕДИНА
По истекот на корисниот животен век на апаратот, не исфрлајте го заедно со нормалниот отпад од домаќинството. Наместо тоа, однесете го во овластен центар за рециклирање. Со тоа се помага во зачувувањето на природата.
За повеќе информации или во случај на проблем, ве молиме јавете се во Кол-центарот на Горење во вашата земја (телефонскиот број е наведен на Меѓународната гаранција). Доколку во вашата земја нема таков центар, контактирајте го локалниот дилер на Горење или одделот на Горење за мали апарати за домаќинство.