КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК NeoExpert SVC296749NEBL GORENJE
MK Упатства за употреба 27
EN Instruction manual....31
BG Инструкции за употреба ....59
Важни предупредувања
При употреба на правосмукалката треба секогаш да ги почитувате следните совети: Детално прочитајте ги овие упатства и употребувајте го апаратот во согласност со нив. // Пред да го користите апаратот за прв пат, отстранете ги сите заштитни фолии или пластика. // Никогаш не оставајте ја правосмукалката без надзор при употреба. // Пред употреба на апаратот, внимателно склопете ги сите негови делови. // Користете го апаратот само во затворени и суви простории. // Користете го апаратот исклучиво со деловите препорачани од производителот. // Не употребувајте го апаратот доколку е испуштен на земја, доколку е оштетен, доколку сте го чувале надвор или доколку ви паднал на земја или сте го потопиле во вода. // Редовното чистење може да го продолжи работниот век на апаратот. // Внимавајте косата, лабавите делови од облеката, прстите или други делови од телото да не дојдат во контакт со отворите за проток на воздух или со подвижните делови на апаратот. // Апаратот е во согласност со сите потребни стандарди во врска со електрична струја и радио интерференции. // Апаратот не е наменет за употреба од деца или лица со нарушени физички или психолошки способности. Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без искуство или знаење, доколку истите се под надзор во текот на користењето на апаратот или доколку им се дадени соодветни упатства во врска со користењето на истиот на безбеден начин и доколку ги разбираат опасностите. Децата треба да бидат под надзор додека го користат апаратот и не им дозволувајте да си играат со него. // Децата не треба да чистат или да го одржуваат апаратот, освен доколку не се постари од 8 години и тоа го прават под надзор. // По употреба исклучете го апаратот.
Опасност
Не потопувајте го главниот дел/апаратот или основата за полнење во вода или било која течност и не ги плакнете под млаз вода.
Посебни предупредувања
Пред приклучување на апаратот или основата за полнење со кабелот за напојување, проверете дали наведениот напон одговара на напонот на струјната мрежа во вашиот дом. // Не користете оштетена правосмукалка или основа за полнење (или адаптер – во зависност од моделот на правосмукалката). // Доколку струјниот кабел (или адаптерот) е оштетен, заменете го исклучиво со оригинални резервни делови за да избегнете опасност. // Трансформатор е вграден во адаптерот. Отстранување или замена на адаптерот со друг не е дозволено, бидејќи тоа може да доведе до опасна ситуација. // Полнете ја правосмукалката исклучиво со испорачаниот адаптер или основа за полнење. Адаптерот може да се загрее додека се полни. Ова е нормална појава. (Во зависност од вашиот модел, доколку има адаптер.) // Исклучете го апаратот додека се полни. // Никогаш не ја користете правосмукалката без наместени филтри или филтер делови. // Отворите за издувни гасови не треба да бидат блокирани за време на чистење со правосмукалка. // Користете го апаратот исклучиво за домаќинство и затворени простории. // Чувајте ги отворите за смукање чисти и слободни за да обезбедите оптимална и непречена моќ на смукање на апаратот. Препорачуваме
редовно чистење на отворените делови на цревото за смукање и отстранување на прашина, влакна или друго нешто што може да го блокира протокот на воздух. // Пред чистење на држачот или основата за полнење, исклучете го од штекер. // Никогаш не користете ја правосмукалката за чистење на пепел или земја, отпушоци, кибрити, течности (пр. вода, пена за чистење на теписи), или остри и шилести предмети (кршено стакло итн.) // Чувајте ја цевката за смукање или отворениот дел на апаратот подалеку од лицето и телото. // Никогаш не користете го апаратот за чистење на градежен материјал (како што е ситен песок, вар, цементен прав, прашина од тонер итн.). Ова може да го оштети апаратот.
Проблеми и решенија
| Проблем | Можна причина | Решение |
| Правосмукалката не работи | Батеријата е празна. Рачната правосмукалка не е правилно приключена. | Наполнете ја батеријата. Правилно включете ја рачната правосмукалката во струја. |
| Намалена моќ на вшмукување. | Садот за прав е полн. Филтерот е закукан. Закукана цевка за довод на воздух или закукан цилиндар на електричната четка. | Отстранете ја прашината. Исчистете го или заменете го филтерот. Исчистете ја електричната четка. |
| Правосмукалката не може да се наполни | Полначот не е приключен на штекер. Утикачот на полночат не е приключен во штекерот на држачот на трупот. Рачната правосмукалка не е включена на трупот. | Приклучете го полночат во штекер. Приклучете го полночат во држачот на трупот. Включете ја правосмукалката во струја. |
| По полнење апаратот работи многу кратко време. | Апаратот не е наполнет довольно. Батеријата е стара. | Полнете ја батеријата во согласност со упатствата. Сменете ја батеријата. |
Околина

По завршување на животниот век, не фрлајте го апаратот со обичните домаќински отпадоци, туку оставете го во официјалното збирно место за рециклирање. Така ќе придонесете кон зачувување на околината.
Оваа опрема е обележана согласно европската насока 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Насоката ги определува барањата за собирање и постапување со отпадната електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска унија.
Гаранција и сервис
За информации или во случај на проблеми, обратете се во центарот на Gorenje за помош на корисници во Вашата држава (телефонскиот број ќе го најдете на меѓународниот гаранциски лист). Доколку во Вашата држава нема таков центар, обратете се на локалниот продавач на Gorenje или одделот на Gorenje за мали апарати за домаќинство.
Напомена: Гаранцијата на батеријата на правосмукалката важи 12 месеци.
Само за лична употреба!
За полесен транспорт, некои делови од апаратот се посебно и безбедно ставени во главната опаковка. // Пред првата употреба, прочитајте ги и следете ги упатствата за склопување и безбедност. // Апаратот е наменет за суво смукање во домашна средина и за употреба во домаќинството.

ДЕЛОВИ
1 Куќиште со мотор
2 Батерија
3 Црево за правосмукалка
4 Моторизирана подна четка за смукање на сите површини
5 Четка „2 во 1“
6 Тесна млазница
7 Моторизирана четка за текстилни површини
8 Еластично црево
9 Четка за чешлање домашни миленици
10 Моторизирана мека подна четка со валјак за смукање на тврди подни површини
11 Четка со чички за чистење на деликатни предмети
12 Батерија
13 Паметна повеќенаменска станица (2 дела)
СКЛОПУВАЊЕ

Ако батеријата на правосмукалката сè уште не е наместена во куќиштето, правилно ставете ја. За ова, следете ги илустрираните упатства во делот за батеријата. // Поврзете го горниот дел од цревото со моторната единица, а долниот дел со четката за подови. Местењето е правилно кога апаратот ќе се прицврсти во отворите (се слуша кликнување при секое поставување). // Поради чувствителноста, препорачуваме да не го оставате апаратот без да го потпрете на нешто. // Резето на четката овозможува кратко самостојно стоење, но потребна е исклучителна внимателност, оти правосмукалката во секој момент може да падне и да се оштети.
Склопете ја паметната повеќенаменска станица според илустрираните упатства. // Склопете ги горните и долните делови. // Чувајте ги основните додатоци на означените клинови за да бидат секогаш достапни кога ви се потребни. // Странично на горниот дел од долниот дел има капак од кеса за ѓубре. // На другата страна има простор за дополнителна батерија, што ви овозможува да ја користите правосмукалката подолго време. // Вметнете ја дополнителната батерија во отворот. Батеријата се полни автоматски. // Ако батеријата на правосмукалката се испразни, едноставно заменете ја. // Ставете ја правосмукалката на повеќенаменската станица. // Паметната повеќенаменска станица мора да биде оддалечена најмалку 1 метар од сите извори на топлина.
Напомена: На станицата, батеријата вметната во правосмукалката се полни како приоритет, а потоа се полни батеријата вметната во долниот дел од станицата.
УПОТРЕБА

Правосмукалката не е наменета за смукање течности, стакло, пепел, орган или остри предмети, коишто може да го оштетат апаратот. // Секој вклучен додаток има различна намена. Додатоците овозможуваат разновидно чистење на вашиот дом.
- Моторизираната подна четка се користи за смукање на сите видови подни површини (смукање на суви подови). Избегнувајте теписи со долги влакна, бидејќи може да се заплеткаат во валјакот на четката и да ја оштетат правосмукалката. Четката е прилагодена и за рачната единица и за фиксното црево. // Валјакот е дизајниран така што косата и другите остатоци да се собираат кон центарот на четката за време на смукањето. Ова го намалува ризикот од оштетување на валјакот. // За уште полесна употреба и последователно чистење, во внатрешниот дел од четката додаден е чешел, кој ги собира долгите влакна во реално време и ги отстранува од четката.
- Тесната млазница служи за смукање на потесни, тешко достапни места (кошиња, софи, пајажини, простор зад радијатори и др.).
- Додаток за четка „2 во 1“, со влакненца (погоден за рамки на врати и прозорци, фиоки итн.).
- Помалата моторизирана четка служи за чистење на текстилни површини.
- Еластично црево
Прикачете го еластичното црево на моторната единица на правосмукалката. Цревото се растега и се користи за разни типови смукање, при што треба да внимавате моторната единица да биде безбедно поставена кога се користи, за да не падне на подот. Со ова црево може да се користат само одредени додатоци.
- Четка за чешлање домашни миленици. Прикачете ја четката на еластичното црево. Копчето на четката овозможува полесно отстранување на влакната. Кога ќе се стисне копчето, четчето на долната страна се собира и правосмукалката ги смука влакната.
- Четка со влакненца за чистење понежни предмети (погодна за рамки на врати и прозорци, фиоки и сл.).
- Ако сте купиле правосмукалка со дополнителна голема моторизирана четка со мек валјак, ја препорачуваме за смукање на тврди подни површини. За уште полесна употреба и последователно чистење, во внатрешниот дел од четката додаден е чешел, кој ги собира долгите влакна во реално време и ги отстранува од четката.
Паметна повеќенаменска станица
Паметната повеќенаменска станица служи за чување додатоци, празнење на садот за прав и полнење на правосмукалката. Кога ќе ја поставите правосмукалката на паметната повеќенаменска станица, таа ќе почне да се полни по неколку секунди. Кога садот за прашина е полн, поставете го на станицата, притиснете го копчето на горниот дел каде што е поставена правосмукалката на станица и станицата автоматски ќе го испразни садот. По чистењето, правосмукалката е подготвена за понатамошна употреба.
ПОЛНЕЊЕ

Адаптерот за кабелот за полнење на правосмукалката е вклучен во пакувањето. Полнете ја правосмукалката на растојание од најмалку 1 метар од извори на топлина. Апаратот не може да се вклучи додека се полни. Правосмукалката може да се полни на ѕидниот држач или самостојно. Следете ги илустрираните упатства за монтирање на адаптерот во ѕидниот држач. Извлечете го предниот долен дел од горниот дел. Вметнете го полначот во дупката и вратете го назад долниот дел од држачот. Монтирајте го ѕидниот држач доволно високо за правосмукалката да има добар контакт со адаптерот при полнење. Правосмукалката може да се полни на рачниот уред или независно. Притиснете го копчето на батеријата и извлечете ја од рачниот уред.
Кога батеријата ќе се наполни, сите светла ќе светат, а во случај на дигитален екран/дисплеј, процентот на наполнетост се прикажува со броеви. Светлата се исклучени кога се користи, а во случај на дигитален дисплеј, преостанатата наполнетост се прикажува како процентна вредност (во зависност од моделот што сте го купиле)
Паметната повеќенаменска станица доаѓа со вграден кабел за напојување. Приклучете ја во електричниот штекер на растојание од најмалку 1 метар од грејни површини. Поврзете го кабелот директно со електричната мрежа; не користете разделници или продолжни кабли. Паметната повеќенаменска станица е дизајнирана исклучиво за овој модел и не може да се користи со други модели со поинаков дизајн. За време на полнењето, екранот на правосмукалката го прикажува процентот на наполнетост на батеријата. Уредот не може да се вклучи додека се полни. Напомена: На станицата, батеријата ставена во правосмукалката се полни како приоритет, а потоа се полни батеријата вметната во долниот дел од станицата.
ФРЛАЊЕ НА АПАРАТОТ
Ако сакате да го замените апаратот или ако веќе не ви е потребен, ве молиме земете ја предвид и заштитата на животната средина.
Пред да ја фрлите правосмукалката, батеријата мора да се отстрани. За безбедно отстранување на батеријата, проверете дали е целосно празна. Ако апаратот нема батерија што се вади, следете ги упатствата во сликовната брошура. Следете ги илустрираните упатства за правилно фрлање на батеријата.
РАБОТА
На екранот се прикажани различни функции:
- Со притискање на копчето лево, ја вклучувате и исклучувате правосмукалката.
- Со притискање на копчето десно, го менувате степенот на моќност на вшмукување.
- При избор на напојување, екранот го прикажува преостанатото време за смукање пред да се испразни батеријата. Правосмукалката има повеќе брзини што може да се изберат:
ECO (режим за заштеда на батерија, максимално време на работа со едно полнење),


BOOST (кратко време на работа со едно полнење, најголема моќ на вшмукување),
Функцијата AUTO се активира веднаш по вклучување на правосмукалката (функцијата AUTO и овозможува на правосмукалката да ја прилагоди брзината и моќноста во зависност од подот или од количеството нечистотија)
- Апаратот има дигитален дисплеј за наполнетост на батеријата. При употреба или додека се полни, дигитално го прикажува нивото на батеријата.
- Икона на екранот што означува полн сад за прашина. Иконата за полн сад свети кога правосмукалката ќе открие дека веќе нема проток на воздух. Кога оваа икона светнува, правосмукалката се исклучува за да се спречи оштетување на апаратот. Отстранете ги сите туѓи предмети од четката, цревото или садот. Откако ќе го отстраните туѓиот предмет, светлото повеќе нема да свети кога повторно ќе ја вклучите правосмукалката.
Празнење на садот за прашина и чистење на влезниот филтер
Вадење на садот од моторната единица на правосмукалката:
Извадете го цревото од моторната единица. За чистење на садот за прашина, стиснете го копчето на предната страна од садот. Прво, подигнете го садот за прашина на делот каде што се наоѓа копчето за отворање. Извлечете го прстенот за филтер од садот. Повлечете ја рачката на филтерот за безбедно да го извадите од прстенот. Може да ги избришете, истресете или да ги исплакнете садот и прстенот за филтер со млака вода, но бидете внимателни, бидејќи неправилното ракување може да оштети делови од правосмукалката. Протресете го и нежно исчеткајте го филтерот за да ја отстраните целата нечистотија што се насобрала за време на смукањето. Филтерот може да се исплакне со млака вода и нежно да се исцеди. Филтерот содржи микрофилтер и може да се оштети ако не се користи правилно. Пред повторна употреба, мора темелно да се исуши (најмалку 24 часа пред повторна употреба). Пред пак да го составите садот за прашина, проверете дали сите компоненти се целосно суви. Влажните делови може да предизвикаат оштетување на правосмукалката. За да ги наместите внатрешните компоненти на садот за прашина, повторно склопете ја правосмукалката по обратен редослед од расклопувањето. При местење на садот за прашина, прво проверете дали е прикачен на долниот дел, каде што има мала спојка за оваа намена, а потоа под агол прицврстете го назад на моторната единица. Правилно е наместен кога ќе слушнете мало кликнување. Никогаш не смукајте без вметнат филтер за прашина. Чистење на излезниот филтер
Вртете го екранот спротивно од стрелките на часовникот. Кога ќе се отвори капакот на екранот, внимавајте да не го оштетите екранот, бидејќи тоа ќе значи дека правосмукалката веќе нема да работи. Извадете го филтерот од внатрешниот дел на моторната единица. Филтерот може да се избрише или да се истресе. Не треба да се мие. Сите делови мора да се целосно суви пред пак да го наместите садот за прашина на апаратот. За да ги ставите внатрешните делови на садот за прашина, повторно склопете ја правосмукалката. Никогаш не смукајте без вметнат филтер за прашина. Следете ги илустрираните упатства за детали.
ЗАМЕНА НА ФИЛТЕРОТ
Ако забележите дека филтерот е оштетен, веднаш заменете го. Со редовна употреба, се препорачува филтерот да се менува на секои 6 месеци за да се обезбеди најдолг век на траење на правосмукалката.
По чистењето, поставете ја правосмукалката на станицата. Со притискање на копчето на страната од станицата каде што е монтирана правосмукалката, започнува процесот на чистење на садот за прашина. Потребни се неколку моменти. // Долниот дел од капакот на садот за прашина на правосмукалката се отвора и се празни. // Доколку е потребно дополнително чистење на садот, повторно притиснете го копчето на станицата и процесот ќе се повтори. // Откако ќе заврши процесот, правосмукалката е повторно подготвена за употреба. Ако долниот капак на садот не се затвори автоматски, затворете го рачно додека ја вадите правосмукалката. // Долниот дел од станицата има простор за кесата, каде што се собира прашината од садот. // Извадете ја кесата од отворите и фрлете ја. // Ако ви снема кеси за прашина, кодот на кутијата за кеси е отпечатен на внатрешната страна од преградата, којшто може да го користите за купување кеси и филтри во продавница или за нарачка преку интернет. // На страната каде што се наоѓа просторот за кесата, има и надворешен филтер, кој се препорачува да се замени. // Се препорачува замена откако ќе ги искористите сите вклучени кеси од комплетот и ќе ги замените со нови. Ова ќе помогне да се постигне максимален век на траење на правосмукалката и станицата.
ЧЕТКА ЗА ПОДОВИ
На задната страна од четката има копче што се притиска за да се извлече валјакот од четката. Валјакот е дизајниран така што косата и другите остатоци се собираат кон центарот на четката за време на вшмукувањето. Ова го намалува ризикот од оштетување на валјакот. // Бидејќи поголемиот дел од влакната се собираат во центарот на валјакот, полесно ќе се исчисти. // Избришете ја долната страна на куќиштето со крпа. // Исчистете го цревото за вшмукување на четката. // Потчукнете го валјакот на четката за да ги разлабавите остатоците и внимателно исечете ја заплетканата нечистотија и влакната со ножици по означениот жлеб. // Не влечете влакна или конци, бидејќи така може да се оштетат влакненцата на валјакот. // // Вратете го валјакот во четката. // Валјакот е правилно наместен кога ќе слушнете меко кликнување и кога страничната игла е безбедно прицврстена на куќиштето од четката.
На страната од четката има мало копче кое се врти за да се ослободи и да се извлече четката од отворот. // Потчукнете го валјакот на четката за да ги разлабавите сите остатоци и со ножици внимателно исечете ја заплетканата нечистотија и влакната што се насобрале на четката. // Не влечете влакна или конци, бидејќи така може да се оштетат влакненцата на валјакот. // Вратете го валјакот во четката. // Валјакот е правилно поставен кога ќе се слушне мало кликнување. Потоа, свртете го копчето за безбедно да го прицврстите валјакот на куќиштето од четката.

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
| Абнормалност | Можна причина | Постапување |
| Електричната подна четка не работи | - Свиено е големо ўубре (фолија за пакување и сл.)- Во четката е заплеткана коса и сл. | -Отстранете ги влакната завени околу четката- Отстранете го ўубрето |
| Времето на работа се скратува | - Батеријата е стара-Превисока или прениска температура на околината-Батеријата не е целосно наполнета | - Контактирајте со продавачот или персоналот од постпродажната служба за да купите нова батерија-Користете во соодветна средина-Наполнете ја правосмукалката |
| Губење на вшмукувачката моќ | - Премногу прашина во садот за прашина- Затнат памучен филтер за садот за прашина- Затнати се отворите за вшмукување на подната четка или на додатоците-Не е целосно исушено по миењето | -Исчистете го ўубрето навреме-Чист памучен филтер-Отстранете ја блокадата- Исушете ги измиените делови на ладно место пред употреба |
| Не може да се полни | -Прениска или превисока температура на околината при полнење | -- Полнете ја правосмукалката во средина со соодветна температура (5°C-40°C) |
| Протекување на батеријата | - Батеријата не се користела долго време | -- Заменете ја батеријата |
| Влезот на базната станица е блокиран | - Има прашина или многу ўубре во влезот за вшмукување на базната станица | - За детали околу чистење на вшмукувачкиот отвор на базната станица, видете „Чистење на базната станица" |
Само за лична употреба!