Unlimited 7 BSS715FRSH - Прашка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Unlimited 7 BSS715FRSH BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за Unlimited 7 BSS715FRSH BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Unlimited 7 BSS715FRSH - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Unlimited 7 BSS715FRSH на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Unlimited 7 BSS715FRSH BOSCH
Безбедносни напомени


Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Користете го полначот само откако ће ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако ће ги добиете потребните упатства.
▶ Овој полнач не е предвиден за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искусство и знаење. Овој полнач може да го користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со полночат и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
▶ За време на користењето, чистењето и одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со полночат.
▶ Полнете само Bosch литиум-јонски батерии или батерии од POWER FOR ALL системи тип PBA 18V со капацитет од најмалку 1,5 Ah. Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на батеријата на полначот. Не полнете батерии за повторно полнење. Инаку постои опасност од пожар и експлозија.

Користете го полначот само во затворени
простории и држете го подалеку од влага. Навлегувањето на вода во полнач го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.
▶ Пред секое користење, проверете ги полначот, како и кабелот и приключокот. Не го користете полначот, доколку забележите оштетувања. Не отворајте го сами полначот и оставете го на поправка само кај Bosch или кај овластен сервисен центар кој їе користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот полнач, кабел и приключок го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива околина. Постои опасност од пожар заради затоплувањето на уредот што произлегува при полнењето.
▶ Не ги покривајте отворите за проветрување на полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не функционира правилно.
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
Опис на производот и перформансите
Употреба со соодветна намена
Полначот е наменет за полнење на Bosch литиум-јонски батерии или батерии од POWER FOR ALL системот, тип PBA 18V.
Илустрација на компоненти
(1) Отвор за батеријата
(2) Зелен приказ за состојба на наполнетост
(3) Црвен приказ за контрола на температура/грешка
(4) Sидна суспензија
Технички податоци
| Полнач AL 18V-44 | |
| Класа на заштита | ☐ / II |
| Струја за полнењеA) | 4,4 A |
| Напон на полнење на батеријата (автоматско препознавање на напон) | 14,4–18 V --- |
| Тежина (вклучувајки го мрежниот кабел) | 0,475 kg |
A) Во зависност од температурата и типот на батеријата
Процес на полнење
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот.
i Проверете дали отворот за полнење (1) и контактите на батеријата се без груба нечистотија. Проверете дали батеријата е целосно ставена.
Полнењето започнува штом мрежниот приклучок на полначот се приклучи во приклучницата и батеријата се стави во отворот за полнење (1).
i Полнењето е можно само кога температурата на батеријата е во дозволениот температурен опсег на полнење (0–45 °C).
Паметниот процес на полнење автоматски ја открива costoјбата на наполнетост на батеријата и ја полни со оптимална струја за полнење во зависност од температурата и напонот на батеријата.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
При континуирани или последователни циклуси на полнење без прекин, полночат може да се затопли. Ова е безопасно и не значи дека постои технички дефект на полночат.
Времиња на полнење
Следната табела го прикажува приближното време во минути потребно за целосно полнење на батеријата, во зависност од типот на батеријата. Времето на полнење може да варира. За повеće информации, посетете ја: www.bosch-diy.com/wac
| Батерија | mm |
| PBA 18V-1,5 Ah W-A | ≈ 30 |
| PBA 18V-2,0 Ah W-B | ≈ 34 |
| PBA 18V-2,5 Ah W-B | ≈ 43 |
одговара на целосна состојба на наполнетост
Значење на елементите на приказот
Трепкачко светло (брзо) на зелен приказ за состојба на наполнетост

Процесот на брзо полнење се сигнализира со брзо трепкање на зелениот приказ за наполнетост (2).
Батеријата може да се извади и користи во било кое време.
Веднаш штом се достигне 80 % од капацитетот на батеријата, се забавува трепкањето на зелениот приказ на наполнетост. Сега процесот на брзо полнење е завршен. Доколку батеријата остане во полначот, процесот на полнење єе заврши со помала брзина.
Непрекинато зелено светло на приказот за состојба на наполнетост на батеријата

Непрекинатото светло на зелениот приказ за состојба на наполнетост (2) сигнализира, дека батеријата е целосно наполнета. Конечно батеријата може веднаш да се употреби. Откако їе ја извадите батеријата
непрекинатото светло на приказот за Costaјба на наполнетост сигнализира (2), дека струјниот приключок е се уште прилучен на прилучницата и полначот е подготвен за работа.
Непрекинато светло на црвениот приказ за контрола на температурата

Непрекинатото светло на црвениот приказ за полнење на батеријата (3) сигнализира, дека температурата е надвор од дозволените граници на полнење (0–45 °C). Веднаш штом се постигнат дозволените граници на
температура, започнува процесот на полнење.
Трепкачко светло на црвениот приказ, грешка

Трепкачкото светло на црвениот приказ (3) сигнализира друг дефект на процесот на полнење (види „Батеријата не се полни“, Страница 74).
Сидна монтажа
▶ Пред каква било интервенција на полначот, извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.

text_image
56 mmПолначот може да се користи или исправен (употреба на маса) или закачен на сид.
За прицврстување на сид: Дупчете 2 дупки на растојание од 56 mm. За прицврстување користете само завртки со полутркалезна глава со дијаметар од 5 mm до макс. 6,5 mm.
Справување со грешки
Батеријата не се полни


Батеријата не се полни; црвениот приказ (3) трепка и зелениот приказ за состојба на наполнетост (2) свети постојано.
Причина: Полначот детектираше внатрешна грешка
Помош: Осигурете се дека сите батерии се целосно вметнати. Повлечете го струјниот приклучок и повторно вметнете го. Доколку повторно се појави грешката, полночат оставете го на проверка во областена сервисна служба за Bosch -електрични алати.
Причина: Батеријата не е правилно вметната
Помош: Вметнете ја батеријата правилно во полначот.
Причина: Батеријата и контактите за полнење се валкани
Помош: Исчистете ја батеријата и контактите за полнење; на пр. со повторено вадење и ставање на батеријата.
Причина: Батеријата е дефектна
Помош: Заменете ја батеријата.

Батеријата не се полни и приказот (3) свети црвено.
Причина: Температурата на батеријата е надвор од дозволениот опсег на температура на полнење
Помош: Почекајте додека температурата на батеријата не дојде повторно во рамки на дозволениот опсег на температура на полнење (0–45 °C).
Приказите не светат
Не свети приказ, батеријата не се полни.
Причина: Приклучницата, струјниот кабел или полначот се дефектни
Помош: Проверете го мрежниот напон. Доколку е потребно, проверете го полначот кај овластен сервис.
Причина: Струјниот приклучок на полначот не е (правилно) вметнат
Помош: Вметнете го струјниот приклучок (целосно) во приклучницата.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба će одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така će најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Полначите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте полначите во домашната канта за ўубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски стари уреди и нивна национална употреба, получачите што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.