BOSCH GGS 30 LPS Professional - мелница

GGS 30 LPS Professional - мелница BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GGS 30 LPS Professional BOSCH во PDF формат.

📄 253 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GGS 30 LPS Professional - page 175
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GGS 30 LPS Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GGS 30 LPS Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GGS 30 LPS Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GGS 30 LPS Professional BOSCH

Македонски...... Страница 174

Srpski ...... Strana 182

Slovenščina ....Stran 189

Hrvatski....Stranica 196

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност на електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност.

Грешките настанати како резултат

од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, ће доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.

▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата,алиштата и ракавиците треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или сетот на батерии од електричниот алат, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на моćните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични

резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

Безбедносни напомени за сите примени

Безбедносни предупредувања за брусење, жичано четкање, полирање или резбање

▶ Овој електричен алат е наменет да функционира како алат за брусење, жичано четкање, полирање или резбање. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции приложени подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/или тешки повреди.
▶ Операциите како на пр. шмирглање или сечење, не се препорачува да се вршат со овој електричен алат. Операциите за кои не е наменет електричниот алат може да предизвикаат опасност и лична повреда.
He користете дополнителна опрема која не е специјално дизајнирана и не е препорачана од производителот на алатот. Само затоа што дополнителната опрема може да се вгради во вашиот електричен алат, не значи дека може да се обезбеди безбедно работење.
▶ Утврдената брзина на дополнителната опрема за брусење, мора да биде најмалку еднаква на максимальната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема за брусење која работи побрзо од утврдената брзина може да се скрши и да се распрска насекаде.
▶ Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се контролира.
▶ Големината на осовината на дисковите, брусниот валјак или другата дополнителна опрема, мора правилно да се вклопува во вретеното или затезната чаура на електричниот алат. Дополнителната опрема која не е соодветна на хардверот на електричниот алат не може да одржува рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да предизвика губење на контрола.
▶ Вретенаста брусна четка, брусен валјак, резачи и другата дополнителна опрема мора целосно да бидат вметнати во затезната чаура или полугата. Ако вретеното не е довольно зацврстено и/или валјакот премногу стрчи, валјакот може да се олабави и да отпадне со голема брзина.
▶ Не користете оштетена дополнителна опрема. Пред употреба проверете ја дополнителната опрема, како на пр., абразивните дискови за иверки и струготини, брусниот валјак за отвори, стружење или претерано абење, жичаната четка со олабавени или пукнати жици. Ако електричниот алат или дополнителната опрема падне, проверете дали е оштетена или инсталирајте неоштетена

дополнителна опрема. По проверката или инсталирањето на дополнителна опрема, вие и лугето во близина поместете се подалеку од рамнината на ротирачката опрема, и включете го електричниот алат на максимальна брзина без оптоварување една минута. Оштетената дополнителна опрема вообичаено се расипува во текот на овој тест период.

Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка, којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи спречување на остатоци што се распрскуваат при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на слухот.

Луғето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчиња од делот што го обработувате или расипана дополнителна опрема може да експлодира и распрска и да предизвика повреда надвор од непосредната работна површина.

▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина само додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.

▶ Секогаш цврсто држете го алатот со раце за време на включувањето. Реакциониот вртежен момент на моторот се забруза до максимум, и може да предизвика искривување на алатот.

Користете менгеме за да го прицврстите делот што се обработува, секогаш кога е можно. Никогаш не држете мал дел што се обработува во едната рака, и алатот во другата рака за време на сечењето. Ако го прицврстите малиот дел што се обработува, со рацете ће можете да го контролирате алатот. Тркалезниот материјал, како на пр. дрвени прачки, цевки или цевчиња, може да се тркалаат за време на сечењето, и да предизвикаат сечилото да се навали или да отскокне кон вас.

▶ Тргнете го настрана кабелот од ротирачка дополнителна опрема. Ако изгубите контрола, кабелот може да се пресече или закачи и вашата дланка или рака може да влезе во ротирачката дополнителна опрема.

▶ Не го оставајте електричниот алат долу додека дополнителната опрема не запре целосно.

Ротирачката опрема може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша контрола.

По менување на сечилата, или по нивно подесување, уверете се дека навртката на затезната чаура, полугата или некој друг дел се безбедно прицврстени. Олабавените делови може ненадејно да се поместат, да предизвикаат губење контрола, и олабавените ротирачки делови їе бидат силно отфрлени.
He го вклучувајте електричниот алат додека го држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка дополнителна опрема може да ја закачи вашата облека, со повлекување на дополнителната опрема кон вашето тело.
▶ Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Вентилаторот на моторот повлекува прав во кукиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електричен удар.
▶ Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали.
He користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар.

Одбивање и слични предупредувања

Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга дополнителна опрема. Приклештувањето или закачувањето предизвikuва брзо маневрирање на ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна, предизвikuва присилно насочување на неконтролираниот електричен алат во спротивен правец од ротирањето на опремата.

На пример, ако абразивен диск е закачен или приклештен за делот што го обработувате, острицата на дискот која влегува во приклештената точка може да се зарие во површината на материјалот и дискот да се помести или ослободи. Дискот може да скокне или да се одбие од операторот, во зависност од неговата насока на движење на точката на приклештување. Абразивните дискови, исто така, може да се искршат под овие услови. Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветно работење или услови, и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки наведени подолу.

▶ Цврсто држење на електричниот алат и позиционирање на вашето тело и рака за да се овозможи отпор на силите на одбивање.

Операторот може да ги контролира реакциите на силата на одбивање, доколку се преземат соодветни превентивни мерки.

▶ Обрнете посебно внимание при изработка на агли, остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и закачување на дополнителната опрема. Аглите,

острите ивици или отскокнувањето може да доведат до закачување на дополнителната опрема и да предизвикаат губење на контрола или одбивање.

▶ Не закачувајте назабено сечило за пила. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола.
Секогаш вметнувајте го сечилото во материјалот во истата насока од која острицата на сечилото излегува од материјалот (а тоа е истата насока во која ивериците се исфрлаат). Ако го вметнувате алатот во погрешна насока, тоа може да предизвика острицата на сечилото да излезе од делот што се обработува, и да го повлече алатот во насока на делот што се обработува.
▶ При користење на ротирачки стругови, сечила со голема брзина или волфрамкарбид сечила, секогаш безбедно прицврстувајте го делот што се обработува. Дисковите може да се заглават ако малку излезат од жлебот, и да создадат повратен удар. Ако ротирачкиот струг, сечилото со голема брзина или волфрамкарбид сечилото се заглават, истите може да се одвојат од жлебот и може да изгубите контрола врз алатот.

Безбедносни предупредувања специфични за брусење и абразивно сечење

▶ Користете само видови на дискови коишто се препорачуваат за вашиот електричен алат, за препорачана употреба. На пример: не користете диск за сечење за странично брусење. Абразивните дискови за сечење се наменети за периферно брусење, страничните сили што се применуваат на овие дискови може да предизвикаат нивно распарчување.
▶ За навојни абразивни конуси и клинови, користете ислучиво неоштетени дискови за вретено, со нерамни прирабници и со правилна величина и должна. Соодветните вретена ќе го намалат ризикот од кршење.
He ro „притискајте“ дискот за сечење и не применувајте прекумерен притисок. Не настојувајте да направите прекумерно длабок засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и закачување на дискот во засекот и можноста за приклештување или кршење на дискот.
He ja ставајте вашата рака во линија, или зад ротирачкиот диск. Кога дискот, во текот на операцијата, се движи подалеку од вашата рака, одбивањето може да го придвижи ротирачкиот диск и електричниот алат директно кон вас.
Koga дискот е приклештен, закачен, или кога го прекинува сечењето заради некоја причина, исключете го алатот и држете го неподвижен додека дискот целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го извадите дискот за сечење од засекот додека се движи или може да дојде до одбивање. Проверете и поправете го за да ја

178 | Македонски

елиминирате причината за приклештувањето или закачување.

He започнувајте повторно со сечење во делот што го обработувате. Почекајте додека дискот да достигне целосна брзина и внимателно влезете повторно во засекот. Дискот може да се навали, придвижи или одбие ако го рестартирате електричниот алат во делот што го обработувате.
▶ Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го обработувате за да го намалите ризикот од приклештување и одбивање на дискот. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под делот што го обработувате, покрај линијата на засекот и покрај ивицата на делот што го обработувате на двете страни на дискот.
▶ Користете дополнителни мерки за претпазливост кога правите „цебен засек“ во постоечки сидови или други слепи површини. Испакнат диск може да пресече цевки за гас или вода, електрични жици или предмети коишто може да предизвикаат одбивање.

Безбедносни предупредувања специфични за жичано четкање

▶ Внимавајте бидејки четката исфрла жичани влакна дури и за време на вообичаени операции. Не ги преоптоварувајте жиците со преоптоварување на четката. Жичаните влакна може лесно да навлезат во лесни алишта и/или кожа.
▶ Оставете ги четките да работат на соодветна брзина најмалку една минута пред да почнете со нивно користење. За ова време, никој не треба да стои пред или во линија со четката. Олабавените влакна или жици може да се откачат за време на работата.
▶ Насочете го вртењето на жичаната четка подалеку од вас. Може да излетаат мали честички или делови од жицата, со јак интензитет за време на користењето на овие четки и можат цврсто да навлезат во кожата.

Дополнителни безбедносни напомени

▶ Не ги допирајте брусните дискови, пред да се опадат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување и може да предизвика електричен удар.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,

тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.

▶ Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GGS 30 LPS Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Наменета употреба

Електричниот алат е наменет за брусење и отстранување на остатоци од метал со корундни брусни тела, како и за работење со алати со брусна лента.

Електричниот апарат има дополнителна намена за четкање и полирање на метали.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Затезна чаура
(2) Затезна навртка
(3) Брусно вретено
(4) Грло на вретеното (изолирана површина на рачката)
(5) Прекинувач за включување/исклучување (GGS 30 LS / GGS 30 S)
(6) Копче за контрола на бројот на вртежи
(7) Рачка (изолирана површина на рачката)
(8) Вилушкаст клуч на брусното вретено ^a)
(9) Вилушкаст клуч на затезната навртка ^a)
(10) Внатрешни димензии на држачот L_0
(11) Прекинувач за включување/исклучување (GGS 30 LPS)
(12) Блокада при включување за прекинувачот за включување/исклучување (GGS 30 LPS)
(13) Блокада за вретеното

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.

Технички податоци

Рамна брусилка GGS 30 LS GGS 30 LPS GGS 30 S
Број на дел3 601 BB5 0.. 3 601 BB5 2.. 3 601 BB5 1..
Номинална јачина W 750 750 750
Излезна моćност W 400 400 400
Номинален број на вртежи min-133000 33000 33000
Подраче на подесување на бројот на вртежиmin-17000-33000 7000-33000 7000-33000
Макс. дијаметар на затезната чаура mm 8 8 8
Површина на клучот на
– Затезна навртка mm 17 17 17
– Брусно вретено mm 15 15 17
Дијаметар на грлото на вретенотоmm 43 43 43
Макс. дијаметар на брусното телоmm 50 50 45
Макс. внатрешни димензии на држачот L0mm 10 10 10
Макс. должина на вратилото за прифатmm 35 35 35
Константа електроника
Одредување на број на вртежи
Исклучување при повратен удар
Заштита од рестартирање
Мек старт
ТежинаA1kg1,71,8
Класа на заштита☐ / II☐ / II☐ / II

A) Тежина без кабел за струја и без приключок за струја
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информации за бучава/вибрации

GGS 30 LSGGS 30 LPSGGS 30 S
3 601 BB5 0..3 601 BB5 2..3 601 BB5 1..
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60745-2-23.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува
Ниво на звучен притисокdB(A)8080
Ниво на звучна јачинаdB(A)9191
Несигурност КdB3,03,0
Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-23:

Брусење на површини (груба обработка со дијаметар на брусното тело 25 mm):

a_h m/s^2 6,06,63,0
K m/s^2 1,51,51,5
Брусење на површини (груба обработка со дијаметар на брусното тело 50 mm):
a_h m/s^2 21,013,4-

GGS 30 LS GGS 30 LPS GGS 30 S

Km/s

2

1,5 1,5 -

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.

Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој уредот е исключен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Монтирање брусни алати со вилушкаст клуч и со помош на блокада за вретено (види слика А)

▶ Користете само соодветни и неоштетени вилушкасти клучеви (види „Технички податоци“).

– Исчистете го вретеното за брусење (3) и сите делови за монтирање.
– Притиснете ја блокадата на вретеното (13) и свртете ја рачно затегнувачка навртка (2) додека не се блокира.
– Држете ја притисната блокадата за вретеното и олабавете ја затегнувачка навртка (2) со вилушкаст клуч (9) со вртење во насока спротивна на стрелките на часовникот.
- Ставете ја затегнувачката дршка на брусното тело до крај во затегнувачката чаура (1).
– Притиснете ја блокадата за вретеното (13) и прицврстете го алатот што се вметнува со вртење на вилушкастиот клуч (9) на површината на клучот со вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот.

Брусните тела мора да се движат беспрекорно кружно. Не ги употребувајте нетркалезните брусни тела, туку заменете ги со нови.

▶ Во никој случај не ја затегнувајте затегнувачката чаура со затегнувачката навртка, доколку не е монтирано брусно тело. Инаку, затегнувачката чаура може да се оштети.
▶ Користете само брусни клинови со соодветен дијаметар на држачот. Брусниот клин, чиј дијаметар на држачот не одговара на прифатот за алат на електричниот алат (види „Технички податоци“), не може да се зацврсти добро и ја оштетува затегнувачката чаура.
▶ Алатот за вметнување мора да се затегне најмалку 10 mm. Со помош на внатрешните димензии на држачот L_0 од податоците на производителот може да го дознаете максимальниот дозволен број на вртежи на алатот за вметнување. Тој не смее да биде под максимальниот број на вртежи на електричниот алат.

▶ Користете само соодветни и неоштетени вилушкасти клучеви (види „Технички податоци“).
– Исчистете го вретеното за брусење (3) и сите делови за монтирање.
– Држете го цврсто брусното вретено (3) со вилушкастиот клуч (8) на површината на клучот. Олабавете ја стезната навртка (2) со вилушкастиот клуч (9) на површината на клучот со вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот.
- Ставете ја затегнувачката дршка на брусното тело до крај во затегнувачката чаура (1).
– Држете го цврсто вретеното за брусење (3) со вилушкастиот клуч (8) и затегнете го алатот што се вметнува со вилушкастиот клуч (9) на површината на клучот со вртење во правец на стрелките на часовникот.

Брусните тела мора да се движат беспрекорно кружно. Не ги употребувајте нетркалезните брусни тела, туку заменете ги со нови.

▶ Во никој случај не ја затегнувајте затегнувачката чаура со затегнувачката навртка, доколку не е монтирано брусно тело. Инаку, затегнувачката чаура може да се оштети.
Користете само брусни клинови со соодветен дијаметар на држачот. Брусниот клин, чиј дијаметар на држачот не одговара на прифатот за алат на електричниот алат (види „Технички податоци“), не може да се зацврсти добро и ја оштетува затегнувачката чаура.
▶ Алатот за вметнување мора да се затегне најмалку 10 mm. Со помош на внатрешните димензии на држачот L _0 од податоците на производителот може да го дознаете максимальниот дозволен број на вртежи на

алатот за вметнување. Тој не смее да биде под максималниот број на вртежи на електричниот алат.

Всисување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Употреба

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
▶ Пред секоја употреба, проверете дали затезната чаура (1) и затезната навртка (2) имаат видливо оштетување.

Вклучување/исклучување

GGS 30 LS/GGS 30 S

За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред.

За фиксирање на прекинувают за вклучување/исклучување (5) притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (5) нанапред надолу додека не се вклопи.

За да го исключите, електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) наназад надолу и потоа отпуштете го.

Вклучување/исклучување

GGS 30 LPS

За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете ја најпрво блокадата при вклучување (12) наназад и на крај притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (11) и држете го притиснат.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (11).

Константна електроника

Константната електроника држи постојан број на вртежи при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.

Одредување на број на вртежи

Со копчето за подесување на бројот на вртежи (6) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.

Потребниот број на вртежи зависи од материјалот којшто треба да се обработи и дијаметарот на алатот што се вметнува. Придржувајте се кон максимально дозволениот број на вртежи на алатот за вметнување.

GGS 30 LS/GGS 30 LPS

При максимальна брзина, максимальниот дозволен дијаметар на додатокот е 40 mm.

GGS 30 S

При максимальна брзина, максимальниот дозволен дијаметар на додатокот е 45 mm.

Ако користите додатоци со дијаметар од 50 mm, внимавајте брзината да не надминува 30000 min ^-1 .

Позиција на копчето за подесувањеБрој на вртежи во празен од (min ^-1 )
1 7000
2 9500
3 15000
4 19000
5 25000
6 33000

Исклучување при повратен удар

BOSCH GGS 30 LPS Professional - Исклучување при повратен удар - 1

При ненадејна пречка на електричниот алат, на пр. блокирање на резот при глодање, доводот на струја до моторот електронски їе се прекине.

За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5)/(11) во ислучена позиција и одново включете го електричниот алат.

Заштита од рестартирање

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.

За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5)/(11) во ислучена позиција и одново включете го електричниот алат.

Напомена: при брзо исклучување и вклучување може да се активира заштитата од рестартирање и електричниот алат да не стартува со работа и покрај активираниот прекинувач за вклучување/исклучување (5)/(11). Прекинувачот за вклучување/исклучување (5)/(11) ставете го во ислучена позиција и одново включете го електричниот алат.

182 | Srpski

Фин старт

Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на моторот.

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Заштитете ги брусните алати од удари.
▶ Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
▶ По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
▶ Брусните тела за време на работењето стануваат многу жешки. Не допирајте ги пред да се оладат.

Движете го брусното тело напред-назад со рамномерен лесен притисок, за да постигнете оптимални работни резултати. Преголемиот притисок го намалува учинокот на електричниот апарат и резултира со брзо изабување на брусното тело.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

▶ При екстремни услови на примена, доколку е возможно секогаш користете уред за всисување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приключете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот алат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот алат.

Складирајте и третирајте го приборот со внимание. Доколку е потребно користење на прилучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ke Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GGS 30 LPS Professional - Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на: - 1

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Електричните алати кои повеке не се употребливи мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.

Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GGS 30 LPS Professional

Категорија : мелница