GPT 18V-19 Professional - мелница BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GPT 18V-19 Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GPT 18V-19 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GPT 18V-19 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GPT 18V-19 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GPT 18V-19 Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navpdila
hr Originalne upute za rad
Македонски...... Страница 166
Srpski ...... Strana 174
Slovenščina ....Stran 180
Hrvatski ....Stranica 187
(8) Ригел гнездо за работен инструмент
(9) Гнездо за работен инструмент
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВА
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за преси

Никогаш не држете ги прстите или другите делови од телото во работната површина на цилиндарот и вилиците за преса, вклучувајки ги и средните вилици или
прстените за преса. Како резултат на тоа може да дојде до гмечење на прстите или другите делови од телото.
Носете заштитни очила при работа со електричниот алат. Ова ги штити вашите очи од излегување на хидраулична течност и летечки делови во случај на дефекти.
▶ Електричниот алат може да го ракува само обучен специјализиран персонал на возраст над 16 години.
Ова го намалува ризикот за лугето.
▶ Електричниот алат може да го ракува само едно лице. Упатете им на другите лица да ја напуштат опасната зона на електричниот алат. Ова го намалува ризикот за лугето.
Работете со електричниот алат само кога главата на алатот е видлива и кога може да се осигурате дека ниеден екстремитет не е во опасната зона. Така ќе избегнете повреди.
Работете со електричниот алат само рачно. Копчето за включување/исклучување и копчето за ресетирање мора да бидат на дофат за да може да се притиснат во итен случај.
▶ Пресата може да се користи само со вметната вилица за преса. Вилицата за преса мора да биде во беспрекорна техничка состоитојба. Никогаш не обидувајте се да ги поправите расипаните додатоци за преса (вилица за преса, прстен за преса, прстенеста вилица и др.). Фрлете го комплетниот додаток за преса. Додатокот за пресата што е заварен, издупчен или изменет на кој било начин може да се скрши за време на процесот на притискање и да предизвика сериозни повреди. Ако не се замени комплетниот додаток за преса, компонентите да се расипат и да предизвикаат сериозни повреди.
▶ Користете ислучиво соодветни вилици за преса и системи за преса препорачани од Bosch.
Несоодветните комбинации на вилици за преса и преса може да доведат до нецелосно заптивање.
Откако ће ја вметнете вилицата за преса, погрижете се резето да биде заклучено на место. Ова спречува вилицата за преса да се олабави ненадејно за време на работата.
▶ Веднаш прекинете со работа ако електричниот алате толку многу оштетен што електричните делови или деловите под напон се изложени. Извадете ја батеријата и однесете го електричниот алат на поправка во Bosch сервисен центар. Несоодветните поправки може да го доведат корисникот во сериозна опасност.
▶ Откако ће завршите со поставување, проверете дали протекува од системот за цевки со помош на опрема за тестирање.
▶ Никогаш не вршете операции на притискање во мрежите на гасоводните цевки, освен ако давателот на системот изречно го одобрил овој електричен алат со специјално тестирани преси за оваа намена.
▶ Почитувајте ги насоките за инсталирање на производителот на пресата и на цевките.
▶ Користете го електричниот алат за најмногу 4 заптивања во минута. Ова спречува електричниот алат да се прегрее.
▶ Не заптивајте делови под напон. Постои опасност од електричен удар.
Koga работите во подигната положба, соодветно прицврстете го електричниот алат со опрема за заштита од паѓање и погрижете се да нема лица под работната површина. Носете заштита за глава кога работите над глава. Ова спречува материјални штети и лична повреда ако електричниот алат случајно падне.
▶ Несоодветните поправки може да го доведат корисникот во сериозна опасност. Пресата користете ја само ако е во беспрекорна техничка сostoјба. Неисправните делови однесете ги веднаш во Bosch сервисен центар за поправка.
Несоодветните поправки може да го доведат корисникот во сериозна опасност.
▶ Одржувањата и поправките мора да се вршат само во Bosch овластени сервисни центри. Несоодветните поправки може да го доведат корисникот во сериозна опасност.
▶ Ако се појави дефект за време на процесот на притискање, притиснете го копчето за ресетирање веднаш и отпуштете го прекинувачот за вклучување. Притиснете и задржете го копчето за ресетирање додека моторот не се ислучи. Вентилот се отвора и цилиндарот се враćа на почетната позиција. Ова ќе ви помогне да избегнете лична повреда или оштетување на опремата.
▶ При губење на маслото, електричниот алат мора да се врати на производителот.
▶ Избегнувајте контакт со хидрауличното масло што истекува. Темелно исчистете ја кожата со сапун и вода по контактот. Плакнете ги очите веднаш со многу вода најмалку 10 минути по контактот.
Контактот со хидраулично масло може да доведе до иритација и алергиски реакции.
▶ Не ракувајте со електричниот алат во експлозивна средина.
▶ Не вадете ја батеријата додека електричниот алат не се исклучи безбедно.
▶ Не отворајте го електричниот алат. Безбедното работење тогаш повеće не е гарантирано и барањето за гаранција станува неважечко.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за компресирање системи за цевки. Може да се притискаат само цевки и фитинзи за коишто е наменета вилицата за преса.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Вилица за преса ^a)
(2) Прекинувач за вклучување
(3) Рачка (изолирана површина на рачката)
(4) Приказ за статус
(5) Батерија ^a)
(6) Копче за ресетирање
(7) Работно светло
(8) Прифат на алатот со резе
(9) Прифат на алатот
(10) Копче за отклучување на батерија ^a)
(11) фиксна точка на спојување за делот за заштита од пагање ^b)
170 | Македонски
(12) Дел за заштита од пагане ^b)
(13) Поле на прицврстување на делот за заштита од пагање за електричниот алат
a) Овие додатоци не се включени во стандартниот опсег на испорака.
b) Овие додатоци не се включени во стандартниот опсег на испорака и од програмата за опрема на Bosch.
Технички податоци
| Преса GPT 18V-19 GPT 18V-32 | |||
| Број на дел | 3 601 JM2 000 3 601 JM2 100 | ||
| Номинален напон V 18 18 | = | ||
| макс. сила на притискање F_max | kN 21 34 | ||
| Време на притискање ^A) | s 3 5 | ||
| Ротационен опсег на држачот за алат° 360 360 | |||
| Опсег на притискање | |||
| – макс. дијаметар на пластични цевки ^B) | mm 40 110 | ||
| – макс. дијаметар на метални цевки mm 35 54 | |||
| Тежина ^C) | kg 2,5 3,4 | ||
| Димензии (должина ^D) × ширина × висина) mm 395 × 105 × 150 486 × 105 × 136 | |||
| препорачана околна температура при полнење °C 0 ... +35 0 ... +35 | |||
| дозволена околна температура при работа | °C | +5 ... +50 | +5 ... +50 |
| дозволена околна температура при складирање | °C | -20 ... +50 | -20 ... +50 |
| препорачани батерии(2,0–8,0 Ah) | GBA 18V...ProCORE18V... | GBA 18V...ProCORE18V... | |
| препорачани полначи | GAL 18...GAX 18...GAL 36... | GAL 18...GAX 18...GAL 36... | |
A) измерено со вилицата за преса SV18 или SV28
В) Фитинзите од 110-mm може да се притискаат само со батерии од 4,0 Ah.
С) без батерија, без вилица за преса
D) со навртен држач за алат
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
| GPT 18V-19 GPT 18V-32 | |||
| Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-1. | |||
| Нивото на звучниот притисок на електричниот алат оценето со А, типично изнесува: | |||
| Ниво на звучен притисок | dB(A) | 78 76 | |
| Несигурност К | dB | 3 | 3 |
| Нивото на звук при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот! | |||
| Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласностсо EN 62841-1: | |||
| ah | m/s2 | < 2,5 | < 2,5 |
| K | m/s2 | 1,5 1,5 | |
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава. Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , вода се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
| Трајно светло 2 × зелено 30–60 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–30 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување постои опасност од повреди.
172 | Македонски
Ставање/менување на вилицата за преса (види слики A–E)
Изберете ја вилицата за преса според дијаметар и контура за да одговара на пресата.

Користете го QR-кодов за да најдете преглед од системите за притискање фитинзи и вилиците за преса што се одобрени Bosch за овој електричен алат. Може да се користат cite вилици за преса од R-системот.
Проверете дали вилицата за преса е чиста и технички исправна.
Свртете го резето (8) на држачот за алат нанапред како што е прикажано на сликата А ① и извлечете го од држачот за алат (9) ②. Лизнете ја вилицата за преса (1) на држачот за алат докрај ③. Притиснете го резето (8) за да се врати во држачот за алат ④ и свртете го за 180°, за да ја заклучите вилицата за преса ⑤.
▶ Откако ће ја вметнете вiliцата за преса, погрижете се резето да биде заклучено на место.
Ова спречува вилицата за преса да се олабави ненадејно за време на работата.
За да ја извадите вилицата за преса, постапете по обратен редослед.
Режим
▶ Држете ги рацете и другите делови од телото настрана при поставување на вилицата за преса.
Постои опасност од згмечување.
Може да го свртите држачот за алат (9), за да ја порамните монтираната вилица за преса (1) со местото за користење.
Притиснете на задните краеви на вилицата за преса ① за да ја отворите. Поставете ја вилицата за преса по прав агол на пресата ②.
Погрижете се да нема страни тела меѓу пресата и вилицата за преса. Тоа може да доведе до неправилно притискање.
За вклучување на работното светло, (7) притиснете кратко на прекинувачот за вклучување (2). Може да го користите работното светло (7) за правилно поставување на вилицата на пресата.
▶ Погрижете се да може да го притиснете копчето за ресетирање во секое време без да ја испуштите рачката.
Ако течноста излезе од приклучокот што треба да се притисне, погрижете се да не навлезе и во електричниот алат.
За започнување на процесот на притискање, притиснете и задржете го прекинувачот за вклучување (2) додека работното светло не започне да
трепка по 1,5 s (7) и додека не започне присилното притискање.
Откако ће се достигне максимальната сила на притискање, моторот ће се ислуччи автоматски. Работното светло се исклучува по околу 10 s.
Погрижете се вилицата за преса да биде целосно затворена. Ако притискањето не е успешно, повторете го со нова преса.
Напомена: включениот зелен приказ за статус (4) и затворената вилица за преса на крајот од процесот на притискање не гарантираат соодветно заптивање. Тестирајте го заптивањето на системот на цевки со соодветна опрема за тестирање.
За отстранување на електричниот алат, притиснете на задните краеви од вилицата за преса (1) ① и извлечете го електричниот алат од пресата ② (види слика I).
Откажување на процесот на притискање во случај на грешки:
– Откажување на процесот на притискање пред да започне присилното притискање: притиснете го копчето за ресетирање (6) и отпуштете го прекинувачот за вклучување (2). Притиснете и задржете го копчето за ресетирање додека не се исклучи моторот. Цилиндарот се повлекува и вилицата за преса може да се отвори.
– Откажување на присилно притискање во тек: притиснете го прекинувачот за вклучување (2) повторно. Моторот се ислучува. Потоа притиснете на копчето за ресетирање (6). Цилиндарот се повлекува и вилицата за преса може да се отвори.
– Напомена: ако процесот на притискање се прекине, притискањето не е загарантирано. Повторете го процесот на притискање со нова преса.
Напомена: не включувајте го електричниот алат додека цилиндарот се повлекува на крајот од процесот на притискање или додека копчето за ресетирање (6) е притиснато.
Прикази за статус
| Приказ за статус (4) | Значење |
| По притискање на прекинувачот за вклучување: | |
| 0,5 s свети во зелена боја | Електричниот алат е подготвен за користење |
| 3 s свети во црвена боја | Батеријата е премногу слаба за процесот на притискање, заменете ја |
| Батеријата е надвор од работната температура, оставете ја да се олади | |
Koga прекинувачот за включување е притиснат:
| свети во црвена боја | внатрешна грешка Однесете го електричниот алат во овластен сервисен центар Bosch за одржување. |
| Приказ за статус (4) | Значење |
| 3 s свети во зелена боја | при процесот на притискање се достигна максималната сила на притискање |
| 3 s свети во црвена боја | Процесот на притискање не е завршен |
| Постојано: | |
| свети во жолта боја | достигнати се 40000 циклуси на притискањеОднесете го електричниот алат во овластен сервисен центарBoschза одржување. |
По процесот на притискање:
Прицврстување на електричниот алат за да не падне (види слика J)
Прицврстете го електричниот алат за да не падне кога работите во подигната положба. Користете дел за заштита од пафање за вкупната тежина (12) со максимальна должна од 1,8 m (комерцијално достапен, по можност јаже коешто треба да се закачи со кука за прицврстување или дел за заштита од пафање со амортизери). Почитувајте го упатството за употреба на делот за заштита од пафање.
Прикачете една страна од делот за заштита од пагање (12) на електричниот алат во дозволената област за закачување (13).
Прикачете го другиот дел од делот за заштита од пагање (12) на фиксна точка за прицврстување (11), на стабилна структура (на пр. објект или скеле). Изберете ја точката за прицврстување така што електричниот алат да може слободно да падне во заштитната ограда во случај на пад без да се наврти околу вас или да ве загрози.
▶ Секогаш прикачувајте го делот за заштита од пагање на стабилна структура, не на луге.
▶ Делот за заштита од пад мора да може постојано да се движи слободно меѓу приклучоците на фиксната точка на прицврстување и електричниот алат.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните алати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Електричниот алат содржи масла и подмачкувачи. Фрлете го електричниот алат во согласност со важечките закони и прописи.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
174 | Srpski
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеće не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 173).