BOSCH GKS 55+ GCE Professional - Пила

GKS 55+ GCE Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GKS 55+ GCE Professional BOSCH во PDF формат.

📄 265 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GKS 55+ GCE Professional - page 181
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GKS 55+ GCE Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GKS 55+ GCE Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GKS 55+ GCE Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GKS 55+ GCE Professional BOSCH

mk Оригинално упатстро за работа

sr Originalno uputstvo za rad

s.l.izirma navodila

hr Originalne upute za rad

Македонски.... Страница 181

Srpski ...... Strana 189

Slovenščina ....Stran 197

Hrvatski ....Stranica 204

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел

соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.

▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.

▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
▶ Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

Безбедносни напомени за кружни пили

Постапки на сечење

▶ ОЛАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку од површината за сечење и од сечилото. Ставете ја другата рака на дополнителната рачка или на кујиштето на моторот. Доколку ја држите пилата со двете раце, нема да се исечете со сечилото.
▶ Не посегнувајте под делот што се обработува. Заштитниот поклопец не може да ве заштити од

сечилото доколку посегнете под делот што се обработува.

▶ Прилагодете ја длабочината на сечење според дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува треба да се гледа помалку од половина запчаник од сечилото.
▶ Никогаш не го држете делот што се обработува во рака, и не го поставувајте преку нога за време на сечењето. Поставете го делот што се обработува на стабилна платформа. Многу е важно правилно да ја изведувате работата, за да ја минимизирате изложеноста на телото, заглавувањето на сечилото или губењето контрола.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за сечилото да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со жица под напон, може да ги изложи металните делови на електричниот алат под напон и операторот може да добие струен удар.
▶ При процесот на сечење по должина, секогаш користете паралелен граничник или аголен граничник. Ова ја подобрува прецизноста на сечењето и ги намалува шансите за извиткување на сечилото.
▶ Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупките. Сечилата што не се совпағаат со монтираниот тврд дел на пилата, їе се поместат надвор од центарот и їе изгубите контрола.
▶ Никогаш не користете оштетени или неправилни подлошки за сечила или гвинтови. Подлошките за сечила и гвинтовите се специјални изработени за вашата пила, за оптимално и безбедно работење.

Одбивање и слични предупредувања

- одбивањето е ненадејна реакција на делот што се обработува заради приклештено, заглавено или нерамномерно сечило на пилата, предизвигувајки пилата да излезе од лежиштето и да отскокне кон операторот;

- кога сечилото цврсто се приклештува или заглавува поради затворање на лежиштето, тоа се гаси и моторната реакција брзо ја враćа единицата кон операторот;

– доколку сечилото се превитка или се измести за време на сечењето, запчаниците на задниот раб од сечилото може да се закопаат во горниот дел на дрвото предизвикувајки тоа да излезе од лежиштето и да отскокне кон операторот.

Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки наведени подолу.

▶ Цврсто држете ја пилата со двете дланки и поставете ги рацете така што ќе бидат отпорни на силите на одбивањето. Поставете го телото на едната страна од сечилото, но никако паралелно со

него. Одбивањето може да предизвика пилата да отскокне наназад, но операторот може да ги контролира силите на одбивање доколку ги преземе соодветните мерки за претпазливост.

Koga сечилото се навалува или кога прекинува сечењето од која било причина, отпуштете го активаторот и држете го уредот неподвижен сё додека сечилото целосно не запре. Никогаш не ја отстранувајте пилата или не ја вметнувајте додека сечилото е во движење бидејки може да дојде до одбивање. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за навалување на сечилото.
▶ При рестартирање на пилата додека се наоћа во делот што се обработува, насочете ја кон центарот на засекот така што запците да не го зафаќаат материјалот. Ако пилата се навали, може да се приближи или да се одбие од работното парче додека е во процес на рестартирање.
▶ Потпрете ги големите делови што се обработуваат за да го намалите ризикот од приклештување или одбивање на сечилото. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под двете страни на делот што го обработувате, покрај линијата на засекот и покрај работ на делот што го обработувате.
▶ Не користете тапи или оштетени сечила. Ненаострени или несоодветно поставени сечила прават тесни засеци создавајки прекумерно триење, извиткување на сечилото или одбивање.
Длабочината на сечилото и рачките за прилагодување на косината мора да се прицврстат и да се осигураат пред да се направи засекот. Ако прилагоденото сечило се подигне за време на сечењето, може да предизвика навалување и одбивање.
▶ Обрнете дополнительно внимание при сечење во постоечки сидови или други празнини. Испакнато сечило може да пресече предмети кои може да предизвикаат одбивање.

функција на долен заштитен поклопец

▶ Пред секоја употреба проверете дали е правилно затворен долниот штитник. Не работете со пилата доколку долниот штитник не може слободно да се движи и веднаш се затвора. Никогаш не го стегајте или не го врзувајте долниот штитник додека е отворен. Ако пилата случајно падне, долниот штитник може да се извитка. Подигнете го долниот штитник со повлекување на рачката, и уверете се дека слободно се движи, и не го допирајте сечилото ниту некој друг дел, на аглите и длабочината на засекот.
▶ Проверете ја работата на пружината на долниот заштитен поклопец. Доколку заштитниот поклопец и пружината не функционираат правилно, мора да се сервисираат пред употреба. Долниот заштитен поклопец може добавно да работи поради оштетени делови, лепливи наслаги или наталожена нечистотија.

▶ Долниот штитник може рачно да се повлече за одредени засеци, како што се „убодни засеци“ и „аголни засеци”. Подигнете го долниот штитник со повлекување на рачката, и кога сечилото Ѽе го пробие материјалот, долниот штитник мора да се отпушти. За сите останати засеци, долниот штитник автоматски Ѽе работи.
▶ Секогаш внимавајте долниот штитник да го покрива сечилото пред да ја спуштите пилата на работна маса или на под.Незаштитено, разлабавено сечило ће предизвика враćање на пилата наназад, и сечење на сè со што ће дојде во допир. Внимавајте на времето што му е потребно на сечилото откако прекинувачот ће се ослободи.

Дополнителни безбедносни напомени

▶ Не ги факајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови.
▶ Не работете со пилата над глава. Тогаш немате доволна контрола врз електричниот алат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување и може да предизвика електричен удар.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Не го фиксирајте електричниот алат. Тој не е предвиден за работа на маса за сечење.
▶ При „длабински рез“ и неаголни резови треба да се постави водилката на пилата за да го спречи страничното поместување. Страничното поместување може да доведе до заглавување на листот на пилата и до повратен удар.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
▶ Не сечете железни метали. Струготините би можеле да го запалат вшмукувачот за прав.
▶ Носете маска за заштита од прав.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GKS 55+ GCE Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за правење на должински и напречни резови на дрво со рамни и коси резови. Со соодветни сечила за пила може да се сечат и тенки обоени метали, на пр. профили.

Обработката на железни метали не е дозволена.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на вртежи (GKS 55+ GCE)
(2) Прекинувач за включување/исклучување
(3) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
(4) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(5) Копче за блокирање на вретеното
(6) Скала за аголот на закосување
(7) Пеперутка-завртка за паралелниот граничник
(8) Пеперутка-завртка за претходно избирање на аголот на косо сечење
(9) Ознака за сечење 45°

(10) Ознака за сечење 0°
(11) Паралелен граничник a)
(12) Осцилаторен заштитен капак
(13) Лост за подесување на осцилаторен заштитен капак
(14) Основна плоча
(15) Пеперутка-завртка за претходно избирање на аголот на косо сечење (GKS 55+ G/GKS 55+ GCE)
(16) Исфрлувач на струготини
(17) Заштитен капак
(18) Рачка (изолирана површина на рачката)
(19) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(20) Затезна завртка со подлошка
(21) Стезна прирабница
(22) Сечило за кружна пила ^a)
(23) Приключна прирабница

(24) Вретено на пилата
(25) Завртка за прицврстување на адаптерот за всисување ^31
(26) Адаптер за всисување ^a)
(27) Затезна рачка за претходно бирање на длабочината на сечење
(28) Скала за подесување на длабочината на сечење

(29) Пар стеги b)
(30) Шина-водилка a)
(31) Црево за издувни гасови ^a)
(32) Сврзен дел a)

a) Овие додатоци не се включени во стандартниот опсег на испорака.

b) комерцијално (не е содржано во обемот на испорака)

Технички податоци

Рачна кружна пила GKS 165 GKS 55+ G GKS 55+ GCE
Број на дел3 601 F76 1.. 3 601 F82 0.. 3 601 F82 1..
Номинална јачина W 1100 1200 1350
Број на вртежи во празен од min-14900 4900 2100–4700
макс. длабочина на резот
– при агол на закосување од 0° mm 66 63 63
– при агол на закосување од 45° mm 47 47,5 47,5
Блокада за вретеното ● ● ●
Одредување на број на вртежи –– ●
Константа електроника– ●
Ограничување на стартната струја– ●
Сопирачка за исфрлување од брзина– ● ●
Димензии на основната плочаmm235×138×8252×194×8,5252×194×8,5
Дијаметар на сечилото за пилаmm165165165
Отвор за прифатотmm 20 20 20
Тежина ^a) kg3,63,83,8
Класа на заштита☐/II☐/II☐/II

A) Тежина без кабел за струја и без приключок за струја
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информации за бучава/вибрации

GKS 165 GKS 55+ GGKS 55+ GCE
3 601 F76 1..3 601 F82 0..3 601 F82 1..
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-5.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува:
Ниво на звучен притисокdB(A)949494
Ниво на звучна јачинаdB(A)102102102
Несигурност КdB333
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласностсо EN 62841-2-5:
Сечење на дрво:
a_n m/s ^2 4,04,0< 2,5
Кm/s ^2 1,51,51,5
Сечење на метал:
GKS 165 GKS 55+ G GKS 55+ GCE
a_h m/s^2 < 2,5 < 2,5 < 2,5
K m/s ^2 1,5 1,5 1,5

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Монтажа

Употребувајте само сечила за пила, чија максимально дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.

Ставање/менување на сечилото за кружната пила

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.
▶ Во никој случај не користете дискови за брусење како алат за вметнување.
▶ Користете само листови на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.

Бирање на сечилото за пила

Прегледот за препорачани сечила за пила єе го најдете на крајот од ова упатство.

При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на моторот.

– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (5) и држете го притиснато.
▶ Копчето за блокирање на вретеното (5) активирајте го само доколку вретеното на пилата е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
- Со клуч со внатрешна шестаголна глава (4) одвртете ја затезната завртка (20) во правец на вртење ①.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (12) и држете го цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница (21) и сечилото за пилата (22) од вретеното на пилата (24).

При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од кукиштето на моторот.

– Исчистете го сечилото за пила (22) и сите стезни делови што се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (12) и држете го цврсто.
– Поставете го сечилото за пила (22) на прилучната прирабница (23). Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да одговара на стрелката за правец на вртење на заштитниот капак (12).
– Поставете ја стезната прирабница (21) и затегнете ја затезната завртка (20) во правец на вртење ②. Внимавајте на правилна положба на монтирање на приклучната прирабница (23) и стезната прирабница (21).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (5) и држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (4) затегнете ја стезната завртка (20) во правец на вртење ②. Затезниот момент треба да изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегнување плус ¼ вртење.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат,

средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Монтирање на адаптер за всисување (види слика В)

Ставете го адаптерот за всисување (26) на исфрлувачот за струготини (16) додека не се вклопи. Обезбедете го адаптерот за всисување (26) дополнительно со завртка (25).

На адаптерот за всисување (26) може да се приклучи црево за всисување со дијаметар од 35 mm.

▶ Адаптерот за всисување не смее да се монтира без прилучено надворешно всисување. Инаку каналот за всисување може да се запуши.
▶ На адаптерот за всисување не смее да се приклучува єеса за прав. Инаку системот за всисување може да се запуши.

Заради обезбедување на оптимално всисување, адаптерот за всисување (26) мора редовно да се чисти.

Надворешно всисување

Поврзете го цревото за всисување со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Електричниот алат може да се приклучи директно на приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред за далечинско вклучување. Тој веднаш їе стартува при вклучување на електричниот алат.

Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

Работа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Начини на работа

Подесување на длабочината на сечење (види слика С)

▶ Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запците.

Олабавете го затезната рачка (27). За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (14), а за поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча (14). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезната рачка (27).

Доколку по отпуштањето на затезната рачка (27) не може целосно да се подеси длабочината на сечење, повлечете ја затезната рачка (27) од пилата и навалете ја надолу. Повторно отпуштете ја затезната рачка (27). Повторете ја оваа постапка, додека не ја подесите саканата длабочина на сечење.

Затезната сила на затезната рачка (27) може дополнително да се подеси. Притоа одвртете ја затезната рачка (27) и повторно затегнете ја поместена за најмалку 30° во правец спротивен на стрелките на часовникот.

Доколку по затегнувањето на затезната рачка (27) длабочината на сечење не може целосно да се фиксира, повлечете ја затезната рачка (27) од пилата и навалете ја нагоре. Повторно отпуштете ја затезната рачка (27). Повторете ја оваа постапка, додека не ја фиксирате длабочината на сечење

Подесување на аголот на закосување (GKS 55+ G/GKS 55+ GCE)

Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (17).

Олабавете ги пеперутка-завртките (15) и (8). Навалете ја пилата странично. Саканата димензија подесете ја на скалата (6). Повторно затегнете ги пеперутка-завртките (15) и (8).

Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (28).

Подесување на аголот на закосување (GKS 165)

Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (17).

Олабавете ја пеперутка-завртката (8). Навалете ја пилата странично. Подесете ја саканата димензија на скалата (6). Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (8).

Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (28).

Ознаки за сечење
BOSCH GKS 55+ GCE Professional - Подесување на аголот на закосување (GKS 165) - 1

Ознаката за сечење 0° (10) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за

сечење 45° (9) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при сечење под 45°.

За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез.

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.

Вклучување/исклучување

▶ Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За ставање во употреба на електричниот алат најпво активирајте ја блокадата при вклучување (3) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете го притиснат.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2).

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за включување/ислучување (2) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

Претходно бирање на бројот на вртежи (GKS 55+ GCE)

Со вртливото копче на бројот на вртежи (1) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.

Потребниот број на вртежи зависи од употребеното сечило за пила и материјалот што се обработува (погледнете го прегледот на сечила за пила на крајот од ова упатство за работа). Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на сечилото за време на сечењето.

Сопирачка за исфрлување од брзина (GKS 55+ G/GKS 55+ GCE)

Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го намалува вибрирањето на сечилото за пила по исклучување на електричниот алат.

Ограничување на стартна струја (GKS 55+ GCE)

Електронското ограничување на стартната струја ја ограничува јачината на струјата при вклучување на електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од 16-А.

Константна електроника (GKS 55+ GCE)

Константната електроника држи постојан број на вртежи при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Ширината на сечењето варира во зависност од користениот сечило за пила.

Заштитете ги сечилата за пила од удари.

Насочете го електричниот алат рамномерно и со мал притисок во насоката на сечење за да добиете добар квалитет од сечењето. Прекумерното движење значително го намалува работниот век на алатите за вметнување и може да го оштети електричниот алат.

Работете секогаш со константа стапка на напојување и погрижете се брзината на сечилото на пилата да остане константа. Избегнувајте зголемување на стапката на напојување (на пр. при обработка на влажно дрво, дрва обработена со притисок или отпадно дрво) и поврzanото намалување на брзината со цел да се спречи прегревање на запците на сечилото на пилата.

Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително зависит од состојбата и формата на запците на сечилото за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила за пила за делот што го обработувате.

Сечење на дрво

Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот, квалитетот на дрвото и од тоа дали їе се прават должински или напречни резови.

При должински резови на смреки, настануваат долги, спирални струготини.

Правта што настанува при обработка на даб и бука е особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач за прав.

Сечење на обоени метали

Напомена: Користете остро сечило за пила погодно ислучиво за обоени метали. Ова овозможува чист рез и го спречува заглавувањето на сечилото за пила.

Водете го включениот електричен алат на делот што се обработува и внимателно сечете го. Работете на крај со мало движење напред и продолжете без прекини.

При сечење на профили, секогаш започнувајте со сечење на потесната страна, кај U-профили не почнувајте на отворената страна. Зацврстете ги долгите профили, за да избегнете заглавување на сечилото за пила и повратен удар на електричниот алат.

Паралелниот граничник (11) овозможува прецизни резови по должината на делот што се обработува, како на пример сечење на ленти со исти димензии.

Олабавете ја пеперутка-завртката (7) и турнете ја скалата на паралелниот граничник (11) низ отворот на основната плоча (14). Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на скалата на соодветните ознаки за сечење (10) одн. (9), види дел „Ознаки за сечење“. Повторно зацврстете ја пеперутка завртката (7).

За обработка на големи парчиња или за сечење на прави равови, на делот што се обработува може да зацврстите една даска или лајсна како помошен граничник и да ја водите кружната пила со основната плоча по должината на помошниот граничник.

Со помош на шината водилка (30) може да правите праволиниски резови.

Гумената лента на шината-водилка служи како заштита од кинење, што го спречува кинењето на површината при сечење на дрвени материјали. Затоа сечилото за пила со запците мора да лежи директно на гумената лента.

Пред првото сечење гумената лента мора да се подеси со шината-водилка (30) на кружната пила што се користи.

Притоа, поставете ја шината-водилка (30) со целата должна на делот што се обработува. Поставете длабочина на сечење од околу 9 mm и правоаголен искосен агол. Вклучете ја кружната пила и водете ја рамномерно со лесно поместување во правец на резот.

Со сврзниот дел (32) може да се спојат две шини водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите завртки што се наогаат на сврзниот дел.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш слободно да се движи и да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде чист. Отстранете ги прашината и струганиците со четка.

Необложените сечила за пила може да се заштитат од корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на дрвото.

Остатоците од смола и лепак на сечилото за пила го нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги сечилата за пила веднаш по употребата.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GKS 55+ GCE Professional - Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под: - 1

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Електричните алати кои повеке не се употребливи мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GKS 55+ GCE Professional

Категорија : Пила