IR540W - Греење GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот IR540W GORENJE во PDF формат.
Прашања на корисниците за IR540W GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Греење во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник IR540W - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. IR540W на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК IR540W GORENJE
Важни мерки на претпазливост
ПРОЧИТАЈТЕ И ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА Кога користите електрични апарати, секогаш треба да се преземаат основни мерки на претпазливост за да се намали ризикот од пожар, електричен удар или повреда. Таквите мерки на претпазливост го вклучуваат следново:
- Прочитајте ги сите упатства пред да ја користите оваа греалка.
- Не користете ја оваа греалка во непосредна близина на када, туш или базен.
- Предупредување : оваа греалка не е опремена со уред за контрола на надворешниот собен термостат.
- Не користете ја оваа греалка во мали простории каде има лица кои не се способни сами да ја напуштат просторијата, освен ако не е обезбеден постојан надзор.
- Децата помали од 3 години треба да се држат подалеку од греалката освен ако не се под постојан надзор.
- Децата на возраст меѓу 3 и 8 години треба да го вклучуваат/исклучуваат апаратот само ако е поставен или инсталиран во предвидената нормална работна положба. Ова е под услов да се надгледуваат или да им се дадени соодветни упатства во врска со безбедното користење на апаратот и да ги разберат включените опасности. Децата на оваа возраст не треба да го приклучуваат, регулираат или чистат апаратот, ниту пак треба да вршат никакво одржување.
- Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 и повеće години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недостаток на искусство и знаење, под услов да се надгледуваат или да им се дадени соодветни упатства за безбедно користење на апаратот и дека тие ги разбираат опасностите кои се включени. Децата не треба да си играат со апаратот, а чистењето и одржувањето не треба да го вршат деца без надзор.
- Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да биде заменет од производителот, неговиот сервисер или слично квалификувани лица за да се избегне опасност.
-
Внимание : некои делови од овој производ може да станат многу жешки и да предизвикаат изгореници. Посебно внимание мора да се посвети каде што се присутни деца и ранливи луге.
-
За да избегнете прегревање, не покривајте ја греалката
- Греалката не смее да се користи ако стаклените (керамички) панели се оштетени
- Апаратот не треба да го користат лица (вклучувајки деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недостаток на искусство и знаење, освен ако не се под надзор или не им се дадени соодветни упатства.
- Греалката е жешка кога се користи. За да избегнете изгореници, не дозволувајте гола кожа да ги допира жешките површини на апаратот. Чувајте ги запаливите материјали како мебел, перници, постелнина, хартија, облека и завеси на најмалку 0,9 метри од предната страна на греалката и држете ги подалеку од страните и одзади.
- Неопходна е голема претпазливост кога оваа греалка се користи од или во близина на деца или лица со попреченост, како и во случаи кога греалка е оставена да работи без надзор. Овој апарат не е наменет за употреба од лица (вклучувајки деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недостаток на искусство и знаење, освен ако не се надгледувани или ако не им се дадени соодветни упатства во врска со употребата на апаратот од лице одговорно за нивната безбедност. Децата треба да се надгледуваат за да се осигурите дека не си играат со апаратот.
- Секогаш исклучувајте ја греалката кога не ја користите.
- Не ракувајте со ниедна греалка со оштетен кабел или приключок и не користете ја греалката откако їе се расипе или ако паднала или ако е оштетена на кој било начин. Вратете ја во овластен сервис за испитување, електрично или механичко прилагодување или поправка.
- Само за внатрешна употреба, монтирана на сид и на таван. Не користете ја на отворено. (Не важи ако греалката е наменет за надворешна употреба.)
- Оваа греалка не е наменета за употреба во бањи, перални или слични внатрешни локации со висока влажност. Никогаш не ставајте ја греалката на места каде што може да падне во када или во кој било друг сад со вода.
- Не ставајте го кабелот под никаков материјал. Не покривајте го кабелот со теписи, килими, чаршави или слични прекривки. Не ракувајте со ниедна греалка откако ње се расипе. Не ракувајте со греалката ако алармот се огласува (или свети). Исключете го напојувањето од разводната табла и оставете ја греалката да ја провери овластен електричар пред да продолжите со употреба.
-
За да спречите можен пожар, не го блокирајте просторот помеѓу греалката и сидот на кој било начин бидејći овој простор дозволува воздухот да циркулира внатре и надвор.
-
Греалката внатре има грејни елементи кои искрат. Не користете ја во области каде што се користи или складира бензин, боја или запаливи течности.
- Користете ја оваа греалка само како што е опишано во ова упатство. Секоја друга употреба што не е препорачана од производителот може да предизвика пожар, електричен удар или лична повреда.
- Избегнувајте употреба на продолжен кабел бидејки може да се прегрее и да предизвика ризик од пожар.
- За да спречите преоптоварување на колото, не приклучувајте ја греалката на коло на кое веке работат други апарати. Не ставајте ја греалката под сидниот штекер.
- Нормално е приключокот да биде топол на допир; сепак, лабавото вклопување помеѓу штекерот (приключокот) и утичницата може да предизвика прегревање и изобличување на утичницата. Контактирајте со квалификуван електричар за да ги замените лабавите или изабените приключоци.
- Излезот на оваа греалка може да варира и неговата температура може да стане довольно интензивна за да ја изгори изложената кожа. За да избегнете изгореници, употребата на оваа греалка не се препорачува за лица со намалена чувствителност на топлина или задоцнети реакции.
- Во никој случај не покривајте ја греалката.
РАСПАКУВАЊЕ И УПАТСТВО ЗА СОСТАВУВАЊЕ
СОДРЖИНА НА ПАКУВАЊЕ
- Греалка: 1 парче
- 4x завртки (ST 4*35mm)
- 4x пластични типли
- 1x упатство за употреба
- 1x шаблон за монтирање на сид
НАСОКИ ЗА МОНТАЖА НА САМОСТОЕЧКИ ДРЖАЧ
- Отшрафете ги двете завртки на долниот агол на секоја страна од задната рамка на грејачот.
- Порамнете ја дупката на самостояниот држач со отворот на рамката така што надворешните агли на држачот и рамката на грејачот ќе бидат порамнети.
- Зашрафете ги претходно извадените завртки назад. Погрижете се да ги зашрафувате во подлошката за завртки на рамката.
- Почнете да ја користите вашата греалка.
НАСОКИ ЗА МОНТАЖА НА СИД
- Измерете го растојанието помеѓу центарот на секој држач на греалката и хоризонтално и вертикално за да се уверите дека ги дупчите дупките на правилното место. Обележете ги позициите на 4-те дупки на сидот. Можете исто така да го користите приложениот шаблон или табелата подолу.

text_image
A B| МОДЕЛ А (cm) В (cm) | |
| IR540W29,2 24,4 | |
| IR800W 42,4 39,6 | |
| IR1200W 64,4 36,6 |
- Дупчете ги дупките со соодветна дупчалка за материјалот на кој го монтирате грејачот.
- Вметнете ги пластичните типли во дупките.
- Зашрафете ги 4-те завртки во пластичните типли. Оставете ја завртката прибл. 4 до 5 mm надвор од сидот. Ке бидат потребни мали прилагодувања на завртките кога ке го ставите грејачот на место.
- Прицврстете го грејачот на панелот на завртките и поместете го грејачот налево, така што завртките ње влезат во отворите за прицврстување.
- Koga će ја поврзете греалката на напојување, притиснете го црвениот механички безбедносен прекинувач во положбата ON. Прекинувачот се наога на страната на оперативниот панел.
- Копчето за вклучување/исклучување ќе ја активира греалката да почне да работи со претходно поставена амбиентална температура на 37°C. Ако вашата собна температура е пониска од 37°C, грејачот ќе почне да работи веднаш.
- Поставете ја саканата собна температура користејки ги копчињата „+“ и „-“.
- Копчето TIMER CLOCK їе ви овозможи да поставите време на одбројување за греалката. Прилагодите го саканото време на одбројување користејки ги копчињата „+“ и „-“.
ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ СО АПЛИКАЦИЈАТА
- Ha Google Play или Apple Store, преземете ја следната апликација:
a. Android https://play.google.com/store/apps/details?id=com.con.sec
b. Apple https://apps.apple.com/us/app/connect-life-robot/id1613312684

- Отворете ја апликацијата и извршете го процесот на регистрација користејки важечка е-пошта или друг предложен метод за верификација.
- Включете го грејачот и проверете дали сигналот за Wi-Fi брзо трепка (3 трепкања во секунда). Ако не, притиснете го копчето Wi-Fi 3 секунди за да ја промените состојбата на трепкање.
- Включете Wi-Fi и Bluetooth на вашиот телефон.
- Допрете „Add Device“ на почетниот екран на апликацијата.
- Ако не се препознае греалката автоматски, пронајдете ја картичката „Small Home Appliances “на левата страна и допрете ја опцијата „Heater“ (Wi-Fi).
- Следете ги чекорите што ги бара апликацијата за рачно да ја додадете греалката.
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Ако вашиот грејач не работи, ве молиме следете ги овие упатства:
- Осигурете се дека вашиот прекинувач или осигурувач работат правилно.
- Уверете се дека грејачот е включен во струја и дека штекерот работи правилно.
- Ако прекинувачот за вклучување/исклучување не свети во положбата „ON“, испратете го директно во сервисен центар за поправка.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако имате проблеми со вашата греалка, погледнете ги информациите за гаранцијата за насоки. Не се обидувајте сами да ја отворите или поправате греалката, бидејки тоа може да ја поништи гаранцијата и да предизвика штета или лична повреда. Ако проблемот продолжи, ве молиме контактрајте го дистрибутерот.
ЧИСТЕЊЕ И ЧУВАЊЕ
Пред да ја чистите греалката, ислучете ја греалката и оставете ја да се излади. Исклучете го апаратот од напојување. Надворешноста може да се исчисти така што ће ја избришете со мека влажна крпа и потоа ће ја исушите. Не користете абразивни прашоци за чистење или лак за мебел бидејки тоа може да ја оштети завршната обработка на површината.
За краткорочно складирање, само исключете ја греалката и оставете ја; за долгорочно складирање, можете да ја демонтирате од сидот.
СПЕЦИФИКАЦИИ
Напон:
220-240V, 50/60Hz
Мо́кност:
540 вати за PH-ET540E1
800 вати за РН-ЕТ800Е1
2 години гаранција на производителот. Контактирајте го вашиот продавач заедно со вашата сметка од купопродажбата за детали за гаранцијата.
Правилно отстранување на овој производ

Оваа ознака покажува дека овој производ не треба да се фрла со друг отпад од домаћинството низ ЕУ. За да спречите можна штета на животната средина или на здравјето на луғето од неконтролирано депонирање на отпадот, рециклирајте го одговорно за да промовирате одржлива повторна употреба на материјалните ресурси. За да го вратите користениот уред, користете ги системите за враќање и прибирање или контактирајте со продавачот каде што е купен производот. Тие можат да го земат овој производ за еколошки безбедно рециклирање.